[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.751
    Пол:
    Женски
    Свадба....
    Како поминуваат годините се помалку се радувам на свадби.Така и јас вчера со фризура полу-тостерка ,нови чевли и црно обично фустанче,без шљокици ама со мидер високо подигнат.Не дека гевречињата нема да се гледаат ама барем нема да се тресат.На свадбата едно 15 жени со ист крој на фустани само различни дезени .Имаше и жени лампиони,нерасположени,безобразно куси фустани (како ли се движат во нив),вртоглави потпетици,длабоки деколтеа а богами и сосема обични како да пошле во продавница.Мажите секогаш исти ,вклучувајќи го и мојов,секогаш пред свадба кука дека нема што да облече си наметнува едно од двете одела ,протерува свадба до следната заборава дека треба да си купи друго. :o Храна одлична ,музика очајна.Раскопчани потпивнати мажи,им ѕирка љубовниот тепих,климавата торта неверојатно вкусна.Младоженецот на мои години,ја потврдува тезата никад није касно...и конечно ме сместија далеку од звучниците на музичарите и дома се вратив расположена и без оној притисок во ушите од напорните басови.
    Малку ме боли главата од коњакот и виното ама сега кога ќе се расфрлам со чистење се има да излезе до мене.
    А да ,не знам дали некои жени слушнале дека постои антиперспирант,кој се користи иако е ноември месец.
     
    На Peppermint, Chica.Loca, Sexybaby86 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.530
    Пол:
    Женски
    Луничка ова ко мојон пост после свадбата историска од минатиот месец ова време :rofl: Потполно те разбирам, малте не истата приказна, веројатно различен локал и различни глумци во претставата. Ал свадба је свадба и шта да се прича, парада пијанства и кича.... :rofl:
     
  3. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Нешто што најмногу ме вади од кожа е кога ќе ги изнервирам моите.
    Па зарем не е доволно што имаат цел куп проблеми од работа и им е отежната комуникацијата, па и јас во средина? Е во такви моменти ми иде да се треснам од земја и да занемам од шок.
    А знам дека безрезервно ме сакаат, се` би сториле за мене и даваат се од себе да бидат какви што се сега- прекрасни и посветени родители. Како што тие се трудат така од денес и јас.
    Ќе дадам се од себе да се подобрам на секое поле. За утре кога ќе разговараат со некој само да слушаат пофалби и гордо да кажат- Е да, тоа е моето дете.
    За почеток ми е доволно што имаме иста цел.. Утре да бидам човек кој може цврсто да стои на свои нозе и кога ќе погледнам назад да се насмевнам и гордо да продолжам напред.

    Ќе бидам таа.
    Еден ден.
    А до тогаш ќе вложувам, ќе се трудам. Ќе паднам многу пати, сеуште сум мала и имам толку за учење. Но, за што се тие тука? Ќе ме поттурнат, ќе ми подадат рака, понекогаш и ќе ме клоцнат.
    Кога и да ги видам како си седат двајцата со документи и пенкалце во рака, си разговараат, си се мешаат во работата па ќе се спукаат, па пак си разговараат, па ќе се насмевнат за нешто... Тогаш сфаќам како се чувствуваат кога ме гледаат мене спокојна, среќна и опуштена. Во тие моменти ги гледам како најкревки, можеби затоашто ретко се случува да има опуштена атмосфера. Е тогаш, чувствувам како да ги имам на дланка и најмалото ветре може да ги одвее. Тогаш сакам да можам да ги заштитам од светот на возрасните до кој не сум ни на пола пат. Ми изгледа страшен, нив ги прави страшни. Чудно е како сум свесна дека тие ми се се` и дека постои некоја ситуација или икс персона која им влева нервоза и страв за работата па следствено за опстојувањето. Уште почудно е колку ме нервира и повредува тој факт мене.
    Па добро кога почнав да и согледувам и сфаќам овие работи?
    Не сакам сеуште да пораснам. А како да ме влече нешто, не ме остава да си бидам дете.

    Почнав искрено да ја разбирам љубовта во семејството, која порано мислев дека ја нема.
    Созревам. И го побивам тоа дека не секоја куќа е дом.
    Дом е и те како. Сите си имаат проблеми, нервози и кавги.. Ама ако барем на ден ги тргнеме ќе се изненадиме од многу работи за кои сме мислеле дека не е можно да постојат.
    Ете, како јас сега. Преплавена од емоции поради утринската слика кога двајцата заедно си се спремаа за на работа, си пиеа кафе, си се изнасмеаа слатко на утринскиве програми и глупавите коментари само за да добијат пакет вода, си собраа парталите и си излегоа. А што е уште поубаво, ја оставија таа атмосфера за мене.
     
    На bittersweet, green.eyes, tweety26 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.416
    Допаѓања:
    13.322
    Пол:
    Женски
    Ретко се тресам пред испит. Претходниот ден ми е повеќе релаксација, читање 5 минути, одмор 30.
    А сега навистина не знам што е работава.
    Вчера денот отиде пред да трепнам. Скоро и да не станав од фотелја, освен за физиолошки потреби нели, и да каснам нешто.
    Ама таа фотелја е најубавото, најудобното нешто што мојата задница го искусила. Најрелаксирачка за учење. Мое место, што кога учам е резервирано за мене. Значи секогаш.
    Таа фотелја е вдлабната на средината од седење. Од мене, од мајка ми кога студираше. Брат ми не се замара, тој и на глава да се заврти ќе учи. Не дека учи многу.
    А јас уште од 7 часот со листовите во рака.
    Буквите почнаа да ми играат танго пред очи.
    Не ми се излегува од врата, од капија, патот накај факултет не го можам моментално.
    Што се мора, мора се.
    Да си положам сакам, да не правам еци-пеци-пец на некои прашања од Бога не видени.
     
    На tweety26, LilBaby, ludoto19 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Ме очекува еден долг ,напрен ден ,изполнет со премногу обврски.
    Се молам се да заврши како што треба ,па утре со мирна глава да започнеме со проектот.
    Со душа чекам ,огромен предизвик е и сакам да вложам максимум во него!
     
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Понеделник.Аgain.

    Која правда е бре ова,од 12,15 во школо,а од 9 сабајле на англиски ?? Никоја. :rofl:

    П.С-Се надевам дека денес се ќе биде ок. :)


    Имајте убав ден ! :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=lVjb5ojnEfk
     
  7. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Си уклучувам јас фејсбук,и нормално,ете се статусите.Само еден ми привлече внимание.Не дека беше добар,туку дека беше напишан од 11 годишно девојче.И гласеше вака: Ах,да можев да го вратам времето.Кое време бе,коа си била у пелени,коа си ја барала цуцлата?Имаш само 11 год. и цел живот пред тебе,ти тука време ќе враќаш :^)

    Туку...ете болната денес не е во школо,но затоа дреме на фемина :devil: Па интересно ми е да ве читам,затоа :) Си станав сабајле,си јадев еурокрем,млекце... мх,мх 8) Си напраив муабет со една другарка на телефон и сеа сум среќна.Стварно. :rofl:

    И сакам да кажам дека више не ми е гајле којшто мисли за мене.Јас сум среќна вака.Не брзам да пораснам,уживам во детството :D Ве позрдавувам сите,имајте најубав ден :* :hug:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Кому требаш-ќе те најде.
    Кој сака да те види -ќе најде макар минута за тоа.
    Се останато е само изговор :)
    [​IMG]
    Тетка Озбилна, ви посакува убав ден :) :hai:
     
    На antonina, CaperucitaRoja, bittersweet и 29 други им се допаѓа ова.
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    48.602
    Пол:
    Женски
    Денов тмурен , никаков, а ни јас не се осеќам нешто поубаво од него. Го испратив ханито во туѓина, плачката во мене се јави па така јас бев единствената што плачеше на аеродром :(
    Кога ќе се врати не знам, а не знае ни тој. Колку го сакам овој човек, со сета моја душа го сакам, го сакам повеќе од се, ваква љубов се случува само еднаш и трае засекогаш :inlove: :inlove:
    Сега ми останува да се врткам низ дома и да чекам да ми пише дека стигнал, а потоа да се спремам за на работа, иако радо денов би го минала пред телевизор завиткана во ќебе...
     
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    European Training Foundation бара специјалисти во пазарот на труд и полиси за вработување за работа со договор на три години. Кандидатите мора да имаат завршени универзитетски студии и најмалку 6 години професионално искуство, со одлично познавање на англискиот јазик.

    Месечната плата изнесува околу 5500 евра. Рокот за аплицирање е до 6 декември. Аплицирајте на ЛИНКОТ
    Еве ви солидна плата. :)
     
  11. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Решив овој период да се радувам на мали нешта. Бар еднаш во денот да се насмеам вистински од срце. Пробав, навистина, но неуспешно. Како да бидеш среќен кога искачаш од зграда и гледаш мали деца, исушени, гладни питаат. Гледаш стари лица кој не можат во пензија да одат се мачат да одат по ладно време на работа, а едвај имаат сила од дома да искочат. Луѓе се истураат на најблиските, кавги кои не би постоеле да беше друго време. Домашни животни исфрлани на улица поради тоа што тие што ги чувале веќе немаат можност да ги чуваат. Да не набројувам понатаму. Џабе сакаме да ставаме розови наочари кога ќе ги тргнеме сепак се е сиво, црно, тажно.

    Денес денов ми е катастрофа. Се лоши мисли ме тераат. А и вчера не беше подобро.
     
    На Tenkai, blaa, ludoto19 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    После цела година за првпат ја извадив бундичката, а сум летно расположена :^)
    сакам убав ден!

    http://www.youtube.com/watch?v=AbVzvy7h11M
     
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    На Ella.313 и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  14. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Нов почеток,
    Отчукување 00:00,
    Внатре елката накитена лампионите ја красат.
    Атмосферата празнична, сите сме под еуфорија.

    Грмат статуси на фејсбук, а ти или лајкуваш... смислуваш некоја поетична порака или чисто превртуваш очи, демек не знаеме ние што датум е. :D
    Обавезно пуштена некоја емисија што ја водат некои водители и се пеат најразлични песни, не се гледаат песните, битно е да се веселиш. :D
    Дали може да се замисли софрата без винце(за големите де :$ ), салатиче и мевце?
    Илјада прегратки, честитки, насмевки и желби.
    Надеж за поуспешна и подобра година.
    А и огнометите, петардите, сијаличките и прскалките спаѓаат во Новогодишна традиција. :D
    [​IMG]
    Не дека е нешто посебно, ама ја обожавам атмосферата, посебно за празници како Нова Година... онаа вистинската атмосфера, семејната и топла со личностите што ги сакаш најмногу.
     
    На Monna.Monna, sweet-cherry, gothchick и 10 други им се допаѓа ова.
  15. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    .
     

    Прикачени фајлови:

    На marama, tigerlady, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Ми треба мала помош, некоја ако е слободна нека ми пише во ЛП! :hug:
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Ако сака се, се може, ако не се наоѓа изговор :)
    Шо убави се цвеќенцава на сликава, само да беа црвени :inlove: најубави се тие :angel: :inlove: :wasntme:
    Иако сега пишувам, оти сега гледам, имај и ти убав ден :*
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Не плаќам, од школото е и е обавезно.
    На друга тема:
    Денеска, сите поспани само јас комплетно будна и залетана во мислите. Цела ден сум со песни во глава, смислив можеби сто можни сценарија и кога си дојдов дома си пеев дует со компјутерот. И сега си јадам и се одмарам на фемина и се мислам што да му се случе на карактер во шумата. :D
     
    На SnowWhite91 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Зошто постојат некои луѓе? Зошто ти се нарекуваат другарки кога само гледаат да се укаже една можност за да те згазат и понижат? :@

    Едноставно не можам да сфатам некои работи врз основа на кои функционира светот ... :headbang: Еднаш посветив еден викенд за себе, без да се грижам како ќе се снајдат другите и одма тоа мораат да ти го плеснат у фаца :doh: :fubar: Ах, како ли да научам да не земам се при срце? :u:
     
  20. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    превртувајќи по станиве наназад наидов на исти љубовИ , како и феминките Rainbow, Abeja gordana10....сакам да кажам за мојата најголема љубов во спојлер :) ;)

    [​IMG]
    [​IMG]

    поздрав феминки ми го разубавивте денот
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.