[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Бато ми заминува во друга земја на недела дена.. буу!
    Леле колку ќе ми е чудно.. навикната сум да ми е дома, иако ретко и се гледаме. Тој излезен или на работа, јас нашкола.. ама бар знам дека тука ми е. Млад е и еве, се труди да постигне нешто. А ова е навистина големо, не е воопшто за потценување. Којзнае, можеби ќе стане и познат во околниве земји.
    А кога ќе се врати, одма оди пак во друг град.. на работа. Засега пробно. Сакам да си најде пристојна работа, ама од друга страна ако истата ја најде во друг град - многу ќе ми биде тешко. Еден член отиде далеку.. па сега и тој.
    Ама ајде.. важно да успее и да ги оствари плановите и желбите. Само нека даде Господ.. :)

    Јас.. си седам, пијам благ Нес и слушам Рејдиохед.
    Ме потсеќаат на него, иако никогаш не го гледам така меланхоличен. Впрочем, тој ме научи на нив..

    No alarms and no surprises, please..
    http://www.youtube.com/watch?v=peLiLUIpNvM
     
    На Chocolate.me, Tenkai, Anabelle и 16 други им се допаѓа ова.
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк во изминативе две недели колку разочарувачки вести слушам, повеке не ми се ниту слуша.

    Ќе затнам уши и нема да слушам веќе.

    Ох, барем да беше едноставно и тоа.


    :x
    Од сабајле па се до легнување постојано си викам: Трпение спасение, трпение стрпение... но до кога ќе имам сили за ова :?:
     
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Скопје се дави во прашина, па ќе се дави кога и 100 метра се возат со кола, велоспиеди и јавен превоз постојат алооо мамини мазииии!

    П.С ова повеќе се однесува за твитерџии отколку тука..еколошка култура 0!
     
    На Hipster, senza.parole и LilBaby им се допаѓа ова.
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.749
    Допаѓања:
    17.711
    :hai:

    Кај сте бе луѓе мои, шо праите, добри сте?
    Јас еве добра фала на питање.

    Имам ногу за учење, како по обичај ама не учам, неможам едноставно.
    Вчера пак не фатив на спортска, денес пак пишав. Не дека ќе уплатев денес него еден другар ми рече дека е сигурно, е ај ќе видиме :)
    Мразам втора смена на школо, имам пишано веќе. Ете, дојде и прва смена, и нејзе ја мразам. Баш сабајле кога ѕвони алармот, мене ми е најугодно, најтопличко. Ај, за 2 недели пак прва.
    А за 5 недели, па-па школо на 20 дена.
    Предновогодишна еуфорија. Целиот град украсен, во домовите убаво, украсено. Елка, сијалички, балони. Само кај мене дома не е така. Имаме една милиметарска елка и 2-3 пара сијалички. Ај, биче боље. Додека одиш на школо или шеташ, снегчето ти крцка под нозете :mm:
    Празнични филмови. Исто и нив многу ги сакам. Посебно ако семејството има куче.
    Нова година. Сакам да ја дочекам со другарки и другари, ама поголемо друштво. Ние три само ќе се гледаме у очи. Плус, оваа година немаме кај да чекаме. Јеј, биче интересантно.
    Коледе. Вечерта цело маало кога ќе се собере. Се пали оган. Пинџури, колачиња, туршија од сите комшии (само на јадење мислам), се крши погачата и кај се падне паричката-тој е кум, наредната година тој вари грав. Оваа година кај мене се падна, ние ќе спремаме.
    Бадник. Јас, мама, бато, тато, баба и дедо. Во собата на баба и дедо се собереме. Вечерата со баницата и погачата на баба. Белото гравче. Убавини. Пупето се крши и кај кој се падне паричката има среќа цела година. Искрено, сакам кај мене.
    Понатаму останува зимскиот распуст. Верувам убаво ќе го поминам, па ќе видиме. :)
    Ви кажав дека имам многу за учење? Е, ако не сум ви кажувам.
    Ајде чао. :hai:
     
  5. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    ехх, мизерија луге. со скриен број јас во 3то одделение си звонев :D Два пати од село излезени ... :(
     
  6. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940

    Мора да искоментирам.. Незнам дали станува збор за некрофилија, збунка, или луѓево ги помешале брзините пследниве години.
    Пример моја добра другарка, ме праша каде ќе одам вечерта, и кога и кажав на Боб Марли ( мислев на денот на регето што го одбележуваме) типкава ме праша- Што Боб доаѓа во Скопје? :^) :^)

    Случно ми се случи, за Авалон нели носеа групи едно време, сега не сум во тек, и една другарка исто праша кога Курт Кобејн ќе дојде во Македонија??

    Музичко образовање задолжително. :!: :D
     
    На blaa, kravce, Ella.313 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.751
    Пол:
    Женски
    Секоја личност е на свој начин убава .Од надворешната убавина многу е поважно да се поседува одредена харизма,таа е таа која пленува на долги патеки.Сите ние сме просечни ,сите сме исто вредни и способни да донесеме на овој свет еднаков допринос низ своете дела и зборови.Само што одредени луѓе имаат склоност кон потценување на оние кои се помалку успешни,богати и оние за кои мислат дека имаат погрда градба на телото и лице од нив самите.
    Лесно е да се каже ,тоа сите го правиме,ама таа реченица не не оправдува.Да се скрати јазикот,да се отвори умот и малку да се ѕирне во сопствениот двор,тоа би ни било од поголем корист.Можеби и повеќе успех на сите полиња.
    :!:
     
    На bittersweet, Moira, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  8. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Тринаесет години, а ние во седмо, пубертетот. Тоа е возраст во која се наоѓам јас и моите соученици од одделението. Најубавите, најлудите и најнезаборавните години во животот. Години во кој сме „најголеми, најсилни и можеме сè“. Незапирливи сме во она што сме го наумиле и покрај разубедувањата на нашите родители и наставници дека тоа не е во ред. Тоа се години во кои правиме многу грешки, а можеби и учиме од нив. Време во кое од нас зависи каква ќе ни биде иднината, по кој пат ќе зачекориме. Време од животот кога сакаме сè, освен… учењето! Ги сакаме они возбудливи вечерни прошетки низ населбата или градот. Кога сме заедно ги исполнуваме улиците и парковите со врева и смеа. Ѕвонлива смеа која се излева само кога се има тринаесет… Се случуваат многу пријатни, но и непријатни случки и настани. Низ нив се радуваме, но често и тагуваме, барајќи си го сами излезот од лавиринтот во кој сме се изгубиле. Покрај сите овие пресврти што настануваат во овој п
    ериод на животот, има еден кој е поинаков, кој е толку сладок, но може да нанесе и болка - првата симпатија, првата љубов. За првпат чуствуваме како е да си заљубен, какво е чуството да си на „седмо небо“, да леташ во облаци. Само физички да си присутен на часот, а со мислите да лебдиш некаде низ просторот, заедно со својата симпатија. Овие чуства и настани мора некаде да се забележат зашто, кога малку ќе избледнат ќе можеш да се потсетиш на оној кој ти ги крадел првите погледи, на првата лудост направена во училиште, првата слаба оцена... Но, сепак, сè е ново и за првпат се случува, па мора да се запише. Ќе го скриеме во својот дневник што толку грижливо го чуваме за да не дојде до рацете на некого. А најмалку до нашите родители. Се прашувам зошто толку недоверба? И зошто не можам да си одговорам на прашањето!? Тринаесет години, седмо одделение, пубертет, прва љубов, првиот дневник. Тоа е мојата генерација, можеби поинаква од минатите, со поживи, понемирни деца… или...? Но јас ја сакам таква каква што е, зошто и самата сум дел од неа.
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    На татко ми очигледно му годи боледувањето - од ден на ден станува се подобар готвач :wasntme:
    Ама никако не може да ми ја сфати дневната рутина во исхраната, па само трча по мене низ дома и ме нуди со се и сешто. Па ваква не беше ни баба ми :D

    Изминатите неколку месеци откако престана да оди на работа, мајка ми ни беше дома министер на финансии. Сите трошоци ги покривавме со нејзината плата, бидејќи како и вообичаено, во социјално бараа секакви документи, а платата на татко ми доцнеше. Пред некој ден отишол на банкомат да провери случајно да не стигнала плата, и кога што ќе види - наеднаш му префрлиле 3 плати! Сиротиот, целиот од возбуда не извадил ни денар, а картичката си ја заборавил во банкомат :lol:
    Фати викенд, а тој целиот во очај дома врти по телефони за да му ја блокираат. Го фати паника дека некој ќе го погоди пинот, па отидоа и трите плати и минусно салдо од 80 000... За среќа го решија проблемот во брзо време, па му дојде срце на место.

    Куќната слава ни е на прагот, а бидејќи мајка ми е зафатена со работа, годинава јас и татко ми ќе бидеме задолжени за спремање на трпезата. Колачињата и кифлите се готови, а јас почнав да се чувствувам како вистинска домаќинка. Патем, добрата домаќинка секогаш го погодува правото време кога да го чисти дворот. Денес цел комшилук ме пофали колку вредна сум била :wasntme:
     
    На Monna.Monna, bittersweet, CoverGirl10 и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Секој ден ај од денес,не од утре,не денес јас се спремам за диета.Ај си викам годишнина ќе правам со љубовта вечерта на Нова година и сакам да сум секси.Ама никако да почнам.Еве чесен збор пред сите вас дека од утре почнувам со здрав режим на исхрана и дека до нова г.ќе симнам барем едно 5 кила.
    :!:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Оно кога ке прочиташ на некоја членка првите постови, и ке и ги прочиташ потоа последните, и си ваков- WTF happened to you girl?!

    првите постови- мило душиче на мравка не гази, и ако згазне и се извинува.
    последните постови- атеншн хор, сарказам манијак, и потреба за самодокажување и понижување на останатата, според нив, проста раја.

    Пронајди се. :!:
     
    На Monna.Monna, CoverGirl10, Cacy и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    И официјално ја имам најзлобната баба на светот. Како можеш жено, како, да измислуваш такви работи?! Не сум јас ти, да бегам по папучи на 16 години од татко ми за да се мажам! Јас имам 18, и не, не сум верена, а не ни планирам да бидам! Барем не во идниве не знам колку години. Што жена ќе беше, што ѓавол? Браво, успеа да ми го уништиш денот и да ми го нарушиш планот, ама не си ни свесна колку си ти уништена за цел живот. А ти па дедо, те мислев за поарен. Ти, секоја чест на интелигенцијата и образованието, ама што ти вреди кога си само обична марионета на таа жена со години. Ве жалам... што не е вистина, не е и тоа си останува, ама вие отсекогаш ќе бидете само очајни луѓе што никогаш не ми беа вистински баба и дедо. Се надевам веќе никогаш нема да дојдеме во никаков контакт, поздрав.
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Не знам за вас, ама јас се нервирам кога во разговор со некоја личност го слушам следново:
    Пр.1
    -Бев излезена со Мила на кафе.
    Мила? :^)
    -Ако ја познавам во ред е да кажеш Мила бидејќи разговараме за личност која и двете/двајцата ја познаваме, но ако јас не ја познавам Мила тогаш реченицата треба да биде:
    -Бев излезена со една другарка на кафе.

    Пр.2
    -Денеска заедно со мама бев да си купам нов фустан.
    Мама? :^)
    -Ако ова ми го каже сестра ми, во ред е бидејќи имаме иста мајка нели? Но, ако ми го каже било кој друг тогаш реченицата ми нема никаква логика бидејќи истата треба да биде:
    -Денеска заедно со мајка ми бев да си купам нов фустан.

    И можеби јас претерувам, ама што да правам? Ушите слушаат, мозокот си регистрира а психата ми е алергична понекогаш на вакви работи. :|
     
    На Ella.313, innablood, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Вториот пример не ти е на место бидејќи едно добри 60% од дијалектите употребуваат мама наместо мајка ми.
    Ако се нервираш за вакви глупости каде ти е крајот? :?: :)
     
    На Monna.Monna, CoverGirl10, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Претераа со оние барања за игри на фејсбук |( :devil:
     
    На Katerinceee, Hayley и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Денес ако можев да пуштам балони со желби, едната ќе беше, мајка ми да имаше здравје како што заслужува, не е секој спремен за повторна борба..
     
    На Monna.Monna, Maya3112, Neytiri и 20 други им се допаѓа ова.
  17. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Искрено прв пат слушам дека е дијалект.
    Јас сум родена скопјанка но бабите и дедовците не ми се по потекло од Скопје. Со многу дијалекти се среќавам секојдневно, доста од нив и јас си ги употребувам. Наведениот пример не сум го слушнала од нив никогаш, па затоа и сигурна бев дека е грешка во изразувањето!
    Дали било така или не, за едно си сигурно во право.. Се нервирам за секакви глупости.. :)
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    СДК колку и да си нерасположена,колку и да имаш проблеми ФЕМИНА е решение за се :) :)
     
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.749
    Допаѓања:
    17.711
    Оти ми студе морам да седам у дневна, иначе оддамна би била горе у детска.
    Седам и се осеќам како најголем идиот. Значи - ДМ сат ми е пуштен у позадина и ме ежи едноставно. Незнам кај ми се слушалките, ама еве сега идам да ги тражам, оти температура ќе качам.
     
  20. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Кој има ново и здраво боди, нека го праќа кај мене. Одма ќе му го најдам крајот ]:)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.