[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    ке си легнам сега,прво ке си се туширнам малце па ке си пуштам серии и уффффф мераци,има ли поубаво нешто од гледанње и гушкање у кревет :lol: :lol: :lol:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... Понеделников некако мирен, заспан ... бавен. Ама и форумов ко да е во фаза на предизборен молк м? :wasntme: Денот Д е утре лејдис ... :!: :D
     
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Кога се осеќате тапа отворете Googe translate пишете I love you и стискајте Listen едно 60 пати :)
     
    На Cacy, martinuska, Kathlin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.530
    Пол:
    Женски
    Пошто Ангел денес беше исклучително фина и добра, може ли да се одјави? Морам луѓе, со кокошките, иначе мачки ќе ми го изгребат стомакот од што ми се јаде. Се одјавувам со добро четиво за добра ноќ, три мушмулки и многу илузии за подобро утре. Ма утре мора да биде подобро, имам за ручек протеини, тоа значи пиперки со урда, деликатес на векот :rofl:
     
    На thinkerbell и anabel-a им се допаѓа ова.
  5. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Сакам вакво запросување. И никакво поинакво.
    Но не сега, за неколку години :D

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ми дојде пред некој ден ретка инспирација, како што ми немаше одамна дојдено и ми текна дека одамна немав ништо пишувано, и така.. Ако сте во добро расположение, слободно скролајте, ако сте во бедови, читајте, можеби и ништо нема да се смени.. Можеби ...

    Патетики у ноември

    Не знам за ништо друго во мојот живот освен за нив двајца. Со едниот пораснав, а со другиот се запознав. Едната беше посреќна, другата неповторлива приказна. Едната траеше подолго, другата пократко, но тоа не ја направи помалку полна со љубов. Едната беше тој, другиот беше Иван. И колку е болно некој да го именуваш како тој, а другиот како Иван? Како Рихтерова скала. Ако е над девет, ако не и помалку од девет, веќе сте во дупката. Како алкохолот. Ако дојдеш до шише на ден, тогаш си во шише, што би рекол Џамбазов.

    Е јас дојдов до Иван на ден. А сум зависник и од кутија цигари на два дена, од нескафе на сабајле, од бокал вино на недела дена, од нервози на саат, но порок како Иван не сум имала во животов. Мислам дека не постои ни институција за да ме излечи. Освен ако самата не решам да се излечам. Како и секоја една друга зависност, нели.

    Иван на ден. Е тоа е доза што не му ја препорачувам на никого. Дрогата гомна да јаде. Овоа ти влегува под кожа толку многу што ти доаѓа сам да се изедеш, не можеш да го поднесеш тој факт дека нешто толку многу допрело до тебе, ти го јаде секој нерв и ги слушаш клетките во телото како ти пукаат од фактот дека имаш огромна потреба од нешто, а неможеш да го добиеш. Се слушаш себеси како ти запира здивот и како срцето почнува да чука побавно само ако му го спомне некој името. Се напнуваш да изговориш било што во негова близина, но слабо ти оди. Скоро е невозможно. Го мислиш секој еден збор два пати, затоа што секој еден збор има многусмислено значење. Неможеш да оздравиш од таа негова насмевка. Почнуваш да ја држиш и ти цигарата како него, на средината на прстите, не на врвот. Ти се суши и тебе и на него устата, затоа што се што толку многу сакате заедно, не ви избива ни на ниедно друго место, освен на устата. Почнуваш да си поставуваш и да поставуваш прашања што во животот не си мислел дека воопшто треба да бидат прашани. Почнуваш да бараш и даваш одговори кои не ќе може секогаш да се изговорат, оти ако било едноставно и одговарањето ќе одело лесно. Откриваш дека со тактики и обратни психологии може да натераш човек на нешта на кој тој не ни знаел дека постојат. Откриваш дека тактиките и обратните психологии ти се единствен начин некој навистина да го запознаеш. Откриваш дека кога ќе ги откриеш тие тактики и таа обратна психологија, многу тешко ќе се вратиш назад. Откриваш дека веќе не го ни правиш тоа намерно, толку ти станало дел од секојдневието, што не ни чувствуваш кога го употребуваш. Откриваш дека тие тактики и таа обратна психологија те заебале во животот, оти веќе немаш чиста игра. Секогаш некој ти игра на некоја карта. И откриваш дека тоа е сознание кое не си требала да го откриеш.

    Иван на ден. Е тоа беше возење. Тоа беше телепатско и ретко, многу ретко поврзување на две души, толку ретки како што се чесните политичари, а толку гадни како што уствари политичарите, поврзување како што кој знае уште колку малку се по светот, ама поврзување кое беше краток спој. Се си ебува мајката. И внатре и однадвор. И во нив двајцата, и околу нив.

    Иван на ден. 200 грама среќа на ден. Каква што среќа не верувам дека има некаде веќе таква.

    Ден. Недела. Месец. Година.

    Без Иван.

    Е и тоа беше возење. Ама во слепа улица. Кај што нема радост. Кај што не наоѓаш ни една доволно добра причина да те потсети на себеси пред него. Или барем на тоа додека си била со него. Каде што во ниту една таканаречена радост во твојот живот не наоѓаш радост. Каде што обидите на сите околу тебе да те вратат се залудни. Каде осаменоста ти станува прва другарка. И најлошото, кога ќе се навикниш да сте си сами со таа осаменост. И кога ништо друго не ви треба. Полошо, амин.

    Без Иван. Прв изговор да не станиш од кревет насабајле. Прв изговор за одразот твој во огледалото. Жив мртовец. К – 15 си во лицето, црн хумор. Прв изговор за да запалиш уште една цигара. Иако претходната си ја изгасила пред една минута. Прв изговор за да не одиш на факултет. Прв изговор за да не фатиш книга. Прв изговор да се упропастиш себеси. Прв изговор за “ стави уште една ”, за да го измалтретираш црниот дроб максимално, за и тој да се откаже од тебе, како што се откажа и Иван.

    Без Иван. Прв изговор за сите твои проблеми. Прв изговор да не продолжиш. Ни понатаму, ни да се вратиш. Прв изговор за избегнување средби. Ни со мажи уопште, ни со другарки. Прв изговор за твоите лични, неконтролирани изливи на бес и нервоза, кои нели, невини луѓе треба да ги трпат. Прв изговор за да им се извиниш на тие луѓе заради неконтролираниот бес. Прв изговор за проѕирниот изглед на твоето лице. Прв изговор за тагата во твоите очи.

    Без Иван. Прв изговор за барање изговори.

    Без Иван.

    Прв пат.

    Бев Иван.

    Втор пат.

    Без Иван, n –ти пат.

    И да ја цитирам сестра ми – со него ти е n – ти крај, кога n тежи кон бесконечност.

    Без Иван.
    Гомна. Тешки гомна.
    А гомнава се гомна и се тешки оти нели, се без Иван. Да беа со него можеби ќе беа полесни..
    Да ти ебам патетиките ... Ноември, заебан месец.
     
    На monni.t, SOVRSENSTVO, CaperucitaRoja и 35 други им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Јас сум повеќе за ваков. После добар, жежок секс :wasntme: :D Па не мора ни да станува од кревет :rofl:
    [​IMG]
     
    На bittersweet, kravce, Umbrella22 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Денот ми е Љубов.
    Тоа сакав да кажам. :)
     
    На Monna.Monna, bittersweet, Mishela и 11 други им се допаѓа ова.
  9. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк дека сакам да гледам наоколу парови што се сакаат, онака искрено. Им се познава светкањето во очињата, им се гледаат топлите дланки една над друга.

    Им се восхитувам.

    И вас вака кога ве читам со љубовни мислења, ви се се восхитувам, уживајте.
    Собирајте и давајте љубов не ставајте ништо во резерва, има доволно ;)


    Еден ден се надевам ќе имам можност да напишам барем едно мислење полно со Љубов и топлина.
    Еден ден...тлее во мене надежта,дека ќе го држам за дланки само јас, дека и мене ќе ми светат очињата.
    Верувам !

    Останете заљубени. ^_^

    http://www.youtube.com/watch?v=XiSSJnk1 ... ure=relmfu
     
    На bittersweet, kravce, Umbrella22 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    10.464
    Не знам за вас ама мене искрено ми е здосадено од клише муабети. Посебно од луѓе што не поместиле лажичка во нивниот живот ниту имаат желба за тоа.
    До бескрај може да се лажеме дека не е важен физичкиот изглед, кешот, работното место, стереотипите стари со децении.
    Ама мене ми се смачи од општеството во кое високо образована девојка на 27години се смета за стара мома. Општеството во кое е сосем нормално да си маж со 30 и кусур и уште мама да ти купува чорапчиња и прави кафе.
    Ми се смачи од грстот луѓе заради кои сме генерализирани сите.
    Чуму тоа осудување на разведени луѓе пошто ете решиле да не остарат сами туку со некој крај нив?!
    Родители кои на децата им го насочуваат погледот од проодување, да се омажат "богато", да се запишат на тој факултет, да внимаваат како се однесуваат оти, што ќе кажат комшиите и роднините?!

    Изместени вредности ли се или јас имам извратена претстава?

    Кафето во картонска чаша пред театар, додека си ја чекаш придружбата може да те инспирира,мхм.
     
    На Monna.Monna, bittersweet, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  11. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426

    Јас би после запросувањето еден добар, жежок секс :wasntme:
     
    На martinuska и marama им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ете ми се исполни желбата да бидам протокол-во превод нозете да ми ти отпаднат од стоење :doh:
    имаше интересни фаци за друштво, ама имаше и една фаца баш од мојот општински комитет што ме изненади многу :x
    фала му на подпретседателот што ми го овозможи ова :)
    инаку сами си се покажаа од кои треба да се чувам и тоа баш од партија ама јас се ставам на игнор 8)
     
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.416
    Допаѓања:
    13.322
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасна очајната потреба за внимание на луѓево. Разголување на интима, покажување ранливост, поттик за сожалување пред тотален странец.
    Чудна е новата мода на фејсбук, сликање и постирање на моменталната активност. Јадење, спиење, учење. Колаж од слики на кои првата е со расфрлани книги, втората со маркери во боја и кафе, а третата со особата што слика, која притоа е со разбушавена коса. Затоа што нели уморна е, ненаспана.
    Очигледно е во мода да знаат сите дека учиш. Чудно. Во мода е да седиш до зазорување, да кажуваш дека учиш, а притоа играш бриџ. Или подобро, цугопол.
    Што сум јас што во 11 сум во кревет вечерта пред испит? Изрод.
     
    На simoncelicius, Doozy, CoverGirl10 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Татко ми, и оваа вечер остана сам, во дневната соба...
    Знаете ли зошто? Бидејќи наместо причина за радост, тој бара причина за расправија, наместо насмевки, тој дели смуртени до срж погледи, наместо благ, топол збор, тој вреска, затоа што му смета се што е живо на планетава...
    Правејќи го тоа, не знае што се има околу себе и колку не го заслужува истото. Како слепец се движи во прекрасна светлина која нит може нити сака да ја види, ја засенил, ја зацрнил. Има прекрасни деца (не се фалам, тврдам), жена-жена која секој маж би ја посакал, силна, вредна, жена со карактер, жена која не ја заслужува секој. А тој, тој го гази сето тоа без срам.
    Вечен намќор кој секој ден се потешко ми е да го гледам во очите бидејќи се плашам да не го почувстувам она што не смееш да го почувствуваш за еден родител - омраза.
    Отсекогаш сакав да бидам татина принцеза, да имам некој на кој ќе се огледам, да речам Види, ете го татко ми..
    А јас, додека го гледам, го гледам сето она што не смеам да бидам, гледам едно големо разочарување...
     
    На Inna5, teddybear, crazylady и 10 други им се допаѓа ова.
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Ете вака оваа вечер, само што ние трчавме по мачка :tmi:
    Хммм не се отвара јутуб линкот, нема веза, важно се истрчав како ненормална.

    http://youtube.com/index?&desktop_uri=% ... GRSbr0EYYU
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Не сум спремна на оваа игра,чекање,чекање,чекање,измачување.
    Чувствата ми зависат од секундите,минутите,часовите.
    Не ми е најпаметно ним да им дозволам да го управуваат мојот живот,многупати ме изневериле.

    Местото каде што никогаш не сум почувствувала ваква празнина,сум била или тажна или среќна.
    Телото ми е тука,душата таму.
    Го сакам мирисот на мувла во старата куќа.


    Тоа не е доволно.
     
    На Moira и kravce им се допаѓа ова.
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Си седев пред малце со баба. Си викам, ќе доживеам ли некогаш и јас како неа?
    Со деца, опкружена со внуци, па да им пеам песни кои мојата баба мене ми ги пеела, да им месам зелник и кифлички, да им правам колачи, да им печам јаболки со мед, а тие да ме сакаат.
    Па да си седеме во зиме пред печката во круг, да играме карти, исто како што јас го правев со баба ми. Во лете да ги однесам надвор, да ги гледам како трчкаат, да му се радувам на животот и да уживам. Да ги гледам нив како растат, а мојот лик во огледало како старее. Да имам брчки, ама да покажуваат црти од смеење.
    Па да се јавуваме од скриени броеви, или ќе се зафркаваме со некоја такси станица. Да го прават она што јас го правев и го правам.

    But I might be going a little bit too far, don't you think so?
     
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    "Зошто бившите не се враќаат"


    Се враќаат бе како не, само не секогаш.

    Се враќаат преку соништа, а некогаш и преку кошмари.

    Се враќаат на истите кафичи, кафани и локали кај што одиме, оти не живееме во метрополи од по неколку милиони жители.

    Се враќаат непосредно после прекин на врската за да се доиспое*ат уште малку со бившиот партнер, за полесно да им помине сушната меѓуфаза од еден до друг к*р. Воедно ја користат таа прилика уште по 1001 ви пат да се докарат, дотепаат и дорасправаат за истите прашања овер енд овер аген.

    Се враќаат навидум преку некои нејзини другари и другарки да те дошпиунираат уште малку дали си тажен, дали те к*рац боли, дали рониш солзи и го врискаш нејзиното име во доцните полноќни часови додека во позадина слушаш некои жалопојќи од типот на Someone like you, Iris, Don’t wanna miss a thing и ним сличните и дали редовно ставаш вене сечем стаутси на фејсбук, песните спомнати од претходната реченица и црно бели фотографии од расплакани ангели и невести со готска позадина –

    http://brkajrabota.mk/lifestyle/zivot/12773
     
    На srcekrsacka и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Знам дека секогаш треба да се кажува вистината затоа што лагата носи тага, бла бла бла.. |(
    Арно ама, АРНО АМА, секогаш треба да се има едно другарче кое знае да лаже и да те вади од ситуации, да ти помага кришум да одиш со тој што сакаш.

    Штета што многу луѓе се преокупирани со вистината, па не ги знаат бројните начини на лажење. Има такви во нас, кои сакаме да се обучиме за лажење. Ама, АМА, само за ретки ситуации, кога се мора - мора се. Никако злоупотреба.
    :shake:

    Пример, една моја другарка, да беше сега упатена во лажењето, немаше да ме фати во лага.
    Вака беше приказнава. Да ви ја кажам или не ? Ќе ми се изнасмеете, знам. :)
    Денес е денот Д.
    Се јавувам кај една школска, која е воедно и моја комшивка, и давам упатство, нагласувам - " кажувај го само тоа што ќе те прашаат, никако додаток. " Како да реков кажувај друго. Ајде, бидна што бидна, доаѓам дома по брза интервенција, ја гледам мајка ми со јакна во раката. Ле - ле, си велам, сигурно ме барала. Ајде, Чоклет, биди озбилна, може нема да те сетат. :) Не, кај па ти. Подголтнувам. Знаете наваму што како, ме фати смеа, како и обично, и кажав се - под мал притисок. Најбитниот детал, посветата од мајка ми :
    http://www.youtube.com/watch?v=mFerLNdp ... ture=share
     
    На Christina.A, Cacy и starbucks им се допаѓа ова.
  20. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Мислењата во темата специјален поздрав до.. кои ште се напишани во стил ''СП до сите оние кои што'' сакаат да јадат сарма, едвај чекаат да дојде лето, гледале Том и Џери, собирале сликички од Касандра итн, ми личат на фејсбук, кога на страниците (па и некој од луѓето) пишуваа/т лајк сите кои . . . , па како таму ставаат лајкови, така и тука.

    Многу празен ми изгледа форумов денес :^) .
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.