[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Noemi, Жити мајка, сега би ги побарала сите постови каде што сум пишувала мисли и тоа цитирани ама имам живот да ти кажам право :hai:
    Китење со туѓи перја, божем луѓево нема да заприметат ако некој го прави тоа....
    Одма преминуваме на препукување. Па пиши ми лп кога ќе видиш дека се китам со туѓи перја де, искуби ми ги со задоволство! :*


    П.С. И ако јас напишам еве : Споделената радост е двојно поголема. Споделената тага е двојно помала (како пример го зедов од насловната на фемина), а притоа не е цитирано, туку обично така напишано, и одма Феминките ќе речат, браво за Ричи колку е креативна. Нема да знаат дека е цитат така?
    Па и јас задоволна, ќе билдам его и сите ќе ме сакаат...
    Kill me, вистина.

    Разлистај ми ги мислењата жити мене, само во последните 3 страни ќе најдеш 5 цитирани мисли или уатевер... :D
    Уствари што се мачам јас не ми е јасно
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Едно ќе кажам, за мене ужасно вистинито: на човека можеш само да му одземеш нешто, но не и да му дадеш нешто.
    Незнам до кога луѓево ќе се однесуваат така негативно, мислам и на Сибир се однесуваат исто, некогаш менуваат местоположба, мислејки дека со тоа е нешто подобро,но не е.Се она што го имаме во себе го носиме секаде, па макар и на Сибир би биле.Иначе, да земјата е убава, а луѓето не секогаш.Некогаш човек ќе сретне и такви, какви што воопшто не ни очекувал дека ќе сретне, па истите ќе му укажат дека животот има и убава страна.Не дека тој самиот не знаел, него заборавил мислејки дека постои само неубавата страна од животот, па тргнал некаде барајки ја убавата страна на животот, притоа не забележувајки дека таа не е некаде, туку во него.И зошто луѓето очекуваат некој да им укаже на истото? Зошто не им текнува на нив самите? А после велат, нема луѓе, па да нема, оти во нив ја гледаат мрачната страна, мислејки дека само тие ја поседуваат позитивната страна, до толку што дури и имаат за извоз.
    А ќе забележи човек дека се така се одвиваат во круг нештата.Никако поинаку, па макар и човек се трудел со сета сила да ги помрдне од мртва точка.Ами не може, сам ништо да направи, да смени, апсолутно ништо.И се додека така до бескрај луѓето се однесуваат, пропаста е неминовна.Сега за да не испаднат криви, велат ќе не удри некоја планета, пророштвото на Маите, што не веќе, ете го декември на врата, па одма мапа на трагедијата создаваат.Мајстори и то врвни.А како тоа некои нешта ги создаваат? Него, Бог е за се крив.Луѓето не се :wasntme: |( Потоа, во позадина пророштвата на бабето Ванѓа, па на Нострадамус, како демек ете и тие у право биле |( прво тие кажале, а после другиве, кои патем само ги копираат, ама по поинаква шема.Иначе, се во светот е понапредно, достигнат врвот, барем тие така мислат, а е сосем обратното, на дното се, не на врвот.
    И да, има и такво нешто, туѓите грешки се важат, ама сопствените не, никако, оти некој над нив, гледа, иако го нема, иако така велат.Е како гледа, кога рекоа дека го нема? Нејасно.Мислам се знае за кого зборам, за некој кој е вечна тема, на вечните дебати.Ама ете у последно време, така фино ме инспирираа, и нали кога некој не му е во близина на човек да каже што има да му/ и каже, си кажува тука.Така сега и јас.Штознам ми текна сега, во ниедно време, како и скоро секогаш.
    Секој човек си има своја вистина, без разлика како мислат другите за истата.
    Мож кажав дека не ме интресира кој, што мисли, зошто мисли.Не сакам да се замарам, ако се замарам, ќе треба да побелам во косава, ама не сакам, убава ми е ваква, црнуша :emo: Други работи ми се напамет, за мене битни, а ова што го кажувам, така ми дојде у моментов.
    Ај доста е за сега, кажав што имав да кажам :)
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Девојки relax малку...
    Што е битно кој како кажал, ицитирал и слично?
    Ова е форум, за слободно изразување, а не за доделување оскар за најдобар пост или слично.
    И онаа мала енергија што е присутна тука е 80% составена од негативно наелектризирани честички, таков период поминуваме очигледно сите, ама уште 35 дена ќе изгураме :)

    http://www.youtube.com/watch?v=RVmG_d3HKBA
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    И да си се доискажам всушност! :!:
    Мислам није у реду ради став,да не се биде реален! Промислете умно! Мислам тука нема ни простор за став. Има простор за ок и не е ок.
    И Форд го крадел Тесла...а Тесла си бил финичок чудак...а Форд лукаво ѓубре со многу пари!
    И замислете сеа како ќе и биде на Љубам некој да и ги дрпа сликиве од фемина или било каде или на Шилеа песните и текстовите или било која друга како и да се истакнала некако на тој начин на форумов!
    Исто е!
    Берете ум моми! Лоповџиството има повеќе различни димензии и не е убаво на ниту еден начин.
    Едно време мислев Каша се смени и тоа испадна дека краде статуси од по цел виртуелен простор... а имаше феминки кои се исполажаа и ја лајкуваа мислејќи дека се нејзини.
     
    На anabel-a, crazylady, Neytiri и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сите знаевме на Каша дека и се цитати и превземени текстови,само што многу се пронаоѓаа во нив па ставаа лајк.
    Никој не сака да му кратат негови работи,но кога некој ќе се пронајде во некој цитат и го каже,а и си ја објасни ситуацијата,не гледам лошо да го пиши цитатот. Тие цитати се напишани за да се шират низ јавноста,но сега немора па некој да ги злоупотребува нонстоп. А иначе шо корист од нив,ако не се употребуваат и не бидат прочитани? Некои автори не си ни оставаат име кој ги напишал цитатите. Кај тие што веќе има,ако се знае авторот,можи да се напиши.И ако нема име не значи дека треба да се присвои текстот и да се речи јас го измислив.Но кога си се пронашол во некој цитат и го напишиш,немора да значи дека го крадиш,сите употребуваме понекогаш цитати,пошто полесно ќе се сфати што си сакал да кажиш. Повеќето цитати ги знаеме и ги читаме секојдневно,се знае кое е искористено за опишување на состојбата или дадено како совет,кој вреди да се пренесе и прочита.
    Против сум присвојувањето,ама не и против споделувањето :)
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Сите мисли му припаѓаат секому. Се нешто мислам оти беше Кафка кога во еден пишан текст кажа оти се што некогаш некој кажал, е веќе претходно кажано-и нека е среќен оној кој сам дошол до истиот заклучок и едно исто кажал поинаку, оставајќи свој белег, своја емоција.
    Од мене, дајте немојте форумов заминува во друга насока бре, се само манџи и чорби се варат и зачини се фрлаат во се и свашта. Гретока е. Ако си дошол сам до некој заклчок, ок бре, никој не бара да си поетеса да споделиш. И најлаички даден ум пак си ум. И не знам каде среќата и задоволството во ситење на туѓ труд. Не знам веќе, глупаво ми е да погодувам и зошто, а и како. Седни напиши ако имаш што да напишеш, претварање џабе кога е анонимен колку толку, форум.
    Од што како луѓе, со предност на солиден рацио не можеме да разврземе убави дискусии по другиве теми и испаѓа коси кубење на овој или оној начин,па голем бр на стереотипи, било за жени, било за нас како нација само се потврдува.
    И едно ќе кажам, радо ќе си се држам до нашиве народни поговорки, од автор анонимен, а лесно препознатливи, оти која од прва до последна се чиста вистина. За некои се радувам, а за некои само издивнувам оти се жална и сурова вистина.Се ла ви женички, се ла ви
     
    На Hipster, LilBaby, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Големава среќа ме плаши... никогаш нека не мине .... :inlove:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223

    Изгледа не ме разбра. Нема ништо во цитирањето се додека истото е потенцирано дека е цитирано.
    Он на пример денес се уби од праќање цитати од Балашевиќ и после видов дека има статија на Кафе пауза,арно ама ми кажа уште вчера дека денес ќе ме бомбардира и чии се зборовите! :D Ова си се пофалив малце,ама шо да правам,што ми шири љубов,ама еден убав пример. Не значи дека ако не го напишал не се чувствува така или не се пронашол,само не е негово и ми кажа.
    Сите се пронаоѓаме во нешто и ок е на соодветен начин да го интерпретираме и потенцираме чие е доколку знаеме.
    Од каде знаете дека некое ваше генијално дело понатака нема да биде препознаено од некого? Мислите дека сите прекрасни дела од прва биле препознаени? Не! А денес се повеќе има неквалитет од овие причини,сите крадат,ретко кој твори било што.
    Некој можеби наивно ќе направи копи пејст,ама верувајте почесто има луѓе што крадат идеи и ги препишуваат ко свои.
    Конкретно и на твитер многу често препознаваат преведени твитови од сите страни и се караат за истото,зошто тоа веќе не е пронаоѓање туку глумење лудило и болно его кое бара да биде излечено.
    Мислам дека се дообјаснив,не си ме разбрала убаво.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Како што станав сабајле поспана воопшто не ми падна на памет дека денес ќе одам некаде.
    Дури сакав да се вратам во кревет.
    Така лежерно си јадев,си се туширав,си направив кафенце и седнав да ги гледам филмовите зошто ми беше веќе досадно на фб.
    Помина повеќе од еден час а јас сум заборавила дека воопшто си сварив кафе... :?:
    Наеднаш телефонот зазвоне и добив покана за прошетка со уште еден пар.
    Секако прифатив,што да правам инаку дома.
    Релацијата била веќе испланирана и наеднаш се најдов во сити мол...ги прошетавме скоро сите бутици...
    Не сакав таму да одам,избегнував таа тема да се спомне...
    Се плашев од моите емоции,и се случи толму очекуваното...влегов и "таму"...
    Некое чудно чувство е тоа ни јас не се разбирам...но бидна,и како сенка ме пратеше...Зошто де? :?:
    Само А знаеше за што се работи но незнаеше како да помогне и таа...
    Излегов од таму конечно,пропратена се до излезот. :^)
    Си се качивме го ре и си седнавме на муабет и гиро.
    Накај дома ја сретнав И...мноогу одамна ја немав видено,блиски бевме а сега не знам ништо за неа.Најискрено ми недостига она,сите прошетки и разговори со неа, и незнам дали е подобро вака или да се зближувам пак...но оставам на времето...
    А за крајот на оваа ноќ и заблагодарувам на мојата драга пријателка што ме врати повторно со мислите на југ...местото за кое мечтаам секој ден...за таа повторна средба...со југот де. :lol:
     
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    И Леси се врати дома. Овај, дембелиот мој мачор. :inlove:
    Морав да ставам едно вакво смајли иако имам аверзија спрема него, ама едноставно душава ми скока од среќа.
    Да знаете низ што поминав да го најдам, стигнав и подруми да обивам, и со нови панталони да клечам врз тони прашина. И еве го дембелиот, видно ослабнат, исчупан и накострешен не може да се одлепи од неговото омилено столче.
    И така наеднаш дома ми стана поубаво... :wasntme:
     
    На Tenkai, JuLleE, LilBaby и 15 други им се допаѓа ова.
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    периодов сум баш agitated, ама само кога сум на работа ... незнам што ми е но се ми смета, не ми се работи не ми се зборува, не ми се прави ништо, секој ден размислувам да си најдам рачка да си идам порано или да отсуствувам а ској ден останувам до крај... се чуствувам како предавник кон фирмава иако си ги обавувам сите должности едноставно рутинава ме уби...
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.751
    Пол:
    Женски
    Е навистина не сакам кога се разбудам со главоболка,која во последно време е се почеста.Нема да ми помогне ни шољава кафе ни кафетинот што си го кркнав во 5 сабајле,зашто болката беше неподнослива.

    Туку сакам да кажам,ич не сакам кога некој ме користи.За било што.Тука не го вклучувам моето семејство.Ама и овие ретки пријатели што ги имам знаат да претераат.Зошто сега по ѓаволите ми вртиш по 6 пати дневно прашувајки ме за мислење и помош а до сега кога се јавуваше беше само да се фалиш.И никогаш немаш време да ме сослушаш мене,или не дај боже да излеземе на грст муабет.

    Искрено ми доаѓа да напишам на транспарент барам искрен пријател/пријателка.И да се качам на оние ѕидчиња на плоштадот.Или на некој жардињера доволно висока сите да ме видат а доволно ниска да не паднам.

    Е сега ако се најде некој/а да ми помогне со транспарентот ,тој е сигурно вистинскиот пријател/пријателка.Ако некој се качи и ми го украде тој мора да е очаен како мене.Сите кои те одминуваат а не те удостојуваат со поглед,не се нормални.Такви веќе имам околку себе.

    Или вистинските луѓе се веќе изумрени видови.Штета за мене.
     
    На kitty.lover, Johny, teddybear и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.653
    Пол:
    Женски
    Ноќва ми беше страшна, поима немам што сонував, ама битно се изнасонував, па се будев неколку пати, се откривав и покривав, го гушкав мажето до мене, па се тркалав од десно кон лево и обратно, дури и за 360 степени. Дури еднаш кога се разбудив си мислев дека е време за станување и го земам телефонот да го исклучам алармот, кога тоа да ти било 02.08 часот. Со измачување, но некако повторно заспав.
    А пред некое време ми се случи да се исплашам во сон, што ми се нема случено уште од пред можеби 8 години, кога бев во Охрид на одмор :lol: Сонував некоја страшна жена, не знам ниту дали беше жена, сакаше да ми нанесе некое зло и одеднаш срипав, почнав со некои крикови, дури немав глас да викнам силно. Сешто ми се случува во последно време. Изгледа ми се одлемиле некои спроводници :lol:

    И така, во недостиг на поетично утринско изразување и со глава која едвај стои на моиве раменици, и уште повеќе натежнати очи, иако си легнав како некој пензионер уште во 9.30 часот, се обидувам да го истуркам и овој тежок ден.
    А ми недостига муабет со другарки, и тоа оние од основно и од средно, тие двете блесави со кои се разидовме за ич ништо и кои од време на време страшно ми недостигаат, зашто знаевме добро да одлепиме во секој муабет, да се смееме до момент кога не можевме да земеме воздух. Тоа се времиња кои е многу тешко, скоро невозможно да ги вратиш, затоа би ги советувала помладиве генерации, да ги негуваат и чуваат тие друштвени односи и квалитетни другари, за да им траат во животот.
    Ми требаат такви личности со кои можам да се смеам за се и сешто, ми треба дружење, некако во последниов период тоа ми недостига. Мораме да најдеме време за дружење и ослободување од стрес, некако почнав да се чувствувам удивено, ми треба нешто за истурање на негативната енергија или на нејзино претопување во убаво расположение.
    Мислам дека ќе почнам да пишувам нешто, не зборувам за овде во СДК, можеби евентуално во други теми :lol: , доста е лелекање за се и сешто, време е нешто да се преточи и на хартија.
     
    На LilBaby, Umbrella22, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК к-15 генијални како и секогаш
    една од рекламите за рибешко

    девојка оди на доктор и му вели
    кога пракам СМС исто ко да сум во ПМС, а кога сум во ПМС исто ко да пракам СМС
    да не сум за СОС? :^) :D и секако тој и вели рибешко :rofl:
     
    На LilBaby, JuLleE, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Вежбање математика до смрт! :sweat:

    Термос со кафе до мене...за да не заспијам на тетраткава.

    Од колку часот ли сум станата да вежбам? -Хмм... а што ако кажам дека цела вечер не заспав. :tmi:

    Изгледа ние поголемиот дел од Феминките сме имале лоша вечер. Јас само што заспав, ме исплаши некој глас. Срипав како ненормална и потоа веќе неможев да заспијам. Па си се дружев со ''саканата'' математика all day, all night. :swear:

    Ама еве сега сонот ми дојде на очи...баш кога треба да сум најмногу свежа...расонета.

    Толку труд вложувам во нештата. Се жртвувам јас самата, секогаш кога има предизвик пред мене.
    Но, целта не ги оправдува средствата. Абе, јас ли...кај мене се` е наопаку...туку си велам затвори уста, доста пишувај...собери уште малку енергија и оптимизам ако останало нешто и фрли му се на задачките повторно и повторно :doh:
     
    На Abeja и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.653
    Пол:
    Женски
    Ќе ти ја преформулирам реченицата:
    Вежбање математика со уживање 8)
    Ах ми недостига математика, кога си решавав задачки, со другарката спомената во горе споменатиот пост во основно ако ви текнува на оние тетратки со тестови, си ги решававме заедно, па си ги проверувавме. Жал ми е што во средно имав само 2 години математика. Ми се решаваат задачи сега, да го уклучам мозокот и да го помачам додека не ги решам сите :lol: Што не кажа дека имаш тест, ако се сеќавам на нешто ќе ти помогнев, па и ако не се сетев ќе научев пак :rofl:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Знаеш не ми е тешко да решавам задачи. Баш напротив интересно е. Поинтересно ми е отколку да седнам и да бубам некоја лекција на памет.
    Во основно по натпревари одев. А овде во средно еве веќе четврта година и неможам да и го најдам крајот на професорката. Не убива жената. За секој тест сите задачи ги вежбам и од учебник и од збирка и на крај на тестот гледам она ставила задача што нема врска. Па ќе и текне на часот ќе ти шкрта, ќе ти преправа...т.е си се мачела да излезеш на крај со задачата за на крајот да ти каже дека згрешила таа некоја бројка во пишувањето. Па цело време ли греши? :^)
    А и цела вечер вежбање без одмор ....па и ќе ти дојде преку глава веќе :lol:

    Требаше да кажам порано дека правам тест....ќе те зафатев и тебе малку со математика :rofl: Да те вратам малку на прекрасните денови во средно, затоа што ствано е преубаво... :P
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    Ми поминуваат последните денови на работа, и сега кога ги собирам моите лични работи ме фаќа носталгија, колку се радував дека девет месеци нема секојдневно да минувам низ оваа осумчасовна одисеја, а сепак не било сеедно. Всушност кого лажам, прашајте ме насабајле кога морам да станувам, пред два саати се жалев дека не ми се оди веќе на работа. :)
    А овој период и нема работа, па имам слободни активности, муабети, чајче, Фемина, читање книга. Сега ќе почнам да ја читам 1Q84, си ги добив на поклон од Сончко сите три книги, беше тоа среќна сабота и за мене.
    А вечер сум на мекици, вчера на свет дојде една малечка душичка, а јас сум кумата. :P
     
    На anabel-a, bittersweet, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Wish me luck :hai: :)
     
    На kate21, Divinebutterfly, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.