[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека многу луге викаат ти заслужуваш подобро да имаш,но дали е стварно така во реалноста,секако дека не е,значи не секогаш го добиваме тоа што го заслужуваме.
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Да не се повторувам , истото СДК ... од збор до збор :D
     
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Колкава е вероватноста во 5 милионски град, денот кога си решила да излезеш на ручек со снашката и другарката да прославиме дека не сме веќе заразни, можеме да шетаме меѓу народ, да наидеш на бившата на братот :^)

    Девојkата е piece of work, оние кои ги опишува беспрекорно Lilit во нејзините постови, фадр ишујс, мадр ишујс...целата е ишујс :)
    Само што седнавме ја видов (ѕирнав што би рекла Срцекршачка :lol: )ама ај си викам нема да дозволам да ми го расипе одличното расположение, кога ете ја цуп, цуп и вика на снаа ми:
    Можеби се оженил со тебе ама засекогаш ќе ме сака само мене :puke:
    Јас сум против насилство ама во моментот како ми се идеше да и акнам една, не во одбрана на снаата тука онака to knock some sense into her, таа и после 8 години е сеуште сама, братов се оженил и има 3 деца ама види мајката сеуште ја сака нејзе |( ,seriously bitch get over yourself,and move on with your life
    Драматикус, патетикус :x
    Снашката ми е шампион само и се насмевна, си ги погали малите и си продолжи со муабет онаму каде што ја прекина драма квинот, позелене дотичната и си отиде, разочарана дека не успеа да и изнуди негативна реакција на снаа ми.

    Уживавме во остатокот од ручекот, муабети до 101 и назад, сонце, море..што повеќе да посакам, убаво е да си опкружена со луѓе кои ги сакаш, те полнат со позитивна енергија, тоа е најбитно во животот се друго е споредно.

    Детево мое (да, да знам дека сум досадна :D ) каде и да одиме мора да е во центар на внимание, сосема спротивност од мене е, сам си изнудува комлименти, шармерче како татко му е, седиме,тој врзан во количката, ги тапша по раце тие до нашата маса, им збори нешто на кинески и тие погрешно проценуваат дека детево е :angel: и почнуваат со леле колку си сладок, убав итн, тој со осмех од 3-3 :D
    Си викам абре луѓе ако го откопчам од каишите кога ќе ви се растрча тука гол, ќе видите колку изгледот знае да лаже, ќе си плукате во пазувите место да му гугате :rofl:
     
    На Monna.Monna, CIA, slavica999 и 51 други им се допаѓа ова.
  4. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Се извинувам однапред за долгиот пост што ќе следува, во чекор со некои настани што претстојат...


    Во петок моите баба и дедо прават 50 годишнина од брак. Алал да им е,навистина,секогаш сум ги замислувала како совршен пар,секогаш се разбирале,се поддржувале во добро и лошоне им било се розево но останале заедно,кога имало побогати и посиромашни времиња. Пред одреден период ја прашав баба ми дали чува стари слики од времето кога таа била девојка,од нејзината свадба,кога мојата мајка ,тетка ми и вујко ми биле мали...ми извади преку 200 слики,навистина,богатство.

    Знаете,јас навистина секогаш сакам да го видам најдоброто во луѓето,а она другото го препишував на моментална глупост и непромисленост. Но не било баш така. Кога ќе ги погледнам сите на сликите од баба ми, тие како помлади, мајка ми и вујко ми кои се близнаци, како да гледам една личност,една душа,сум го сакала многу и секогаш сум се гордеела со нив,но како што растев и како што разбрирав одредени работи кои ми биле несфатливи додека сум била мала...сфатив дека фотографијата е се што останало од тоа безгрижно време додека биле деца,време кое не знаело за алчност,завист,лицемерие.

    Баба ми целиот живот го посвети на другите,нив да им биде се погодено и наместено,за неа не е важно. Таа практично ме порасна,ми ја дари љубовта кон убаво пишаниот збор иако има завршено само основно училиште затоа што нејзините во тоа време немале финансии да ја школуваат,а имала уште 5 помали браќа и сестри за гледање,кои,секако,сега некои се факултетски образовани,слободно можам да кажам- благодарение на неа. Ми ја дари љубовта кон готвењето и рачните изработки,ме научи да бидам трпелива и вредна,и сега можам да го помирисам ручекот на баба,додека јас лежам на каучот,гледам приказни и и кажувам што имам за боење во боенката од градинка :) таа неретко знаеше да седне со мене небаре гледа телевизија, да се замисли некаде далеку,со очи полувлажни и лице нежно заруменето.- „Зошто плачеш бабо?“- често и велев. Таа ми велеше дека од старост и солзеле очите. Јас и верував,нејзе најмногу и верувам.

    Никогаш не разбрав зошто вујна ми и вујко ми воопшто не ме сакаа како малечка,вујна ми често знаеше да ме истепа кога баба ми не гледаше,а вујко ми да ме плаши додека не останам без здив.Нешто што моите никогаш не го правеле,ниту мене ниту пак на брат ми. Ми велеа дека сум била многу непослушна,а чудно ми беше затоа што сите го велеа спротивното,дури и сум била многу мирна за дете од 3 годишна возраст. Тоа го бев заборавила,сепак поминале многу години,се додека моите не ме потсетија на некои моменти кои ми се вратија како одамна сонуван лош сон.
    Јас бев товарот во нивната „идилична“атмосфера,заморчето,затоа што од 12 до 4 и 30 немало кој да ме чува бидејќи моите работеа од јутра до сутра што велат,затоа што моите денес го имале тоа богатство и имот оти „фрчеле тенџерињата“ од мене и мајка ми што понекогаш сме ручале чинија компир манџа кај баба ми пред да си одиме дома,додека татко ми со недели бил на пат.
    Вујко ми долго време немаа деца,подоцна на свет дојдоа и мојот 10 години помал брат и исто толку мојата братучедка. Мајка ми во доверба и низ солзи ми рече- на сон и дошло да остане бремена за да може нејзиниот вујко ми да има потомство и да ги измие своите гревови преку невините деца што ќе се родат. Камоли да беше толку лесно...

    Тркалото се сврте,среќа во несреќа,денес моите се на многу подобри работни места на кои не ни сонувале дека ќе бидат,сите сме здрави и среќни и што е најважно- никогаш поради тоа што имаме,нема да направи да заборавиме дека некојпат ни било тешко,и дека луѓето се за да си помагаат. Мајка ми и вујко ми не зборуваат веќе со месеци,што се однесува до мене - требало да прекинат со нив во моментот кога со години ме малтретирале физички и психички,поради што до пред неколку години се соочував со огромни проблеми со говорот.

    Дедо ми знае често да заплаче на 77 годишна возраст,затоа што вујко ми му се заканувал дека ќе го убие ако не му ја препише нему куќата,а на мајка ми и тетка ми не им следувало ништо.Се молам секоја вечер да не дојде до таков немил настан. Деде,нам не ни треба ништо,одамна со тетка ми му имаме кажано и него и тебе,но кој има уши да слушне,и памет да разбере. Вие никогаш не сте ни помогнале парично иако имало моменти кога навистина ни требала таква помош, но доволна ни била љубовта и пожртвуваноста,што секогаш сте биле тука,што постоите.

    Затоа,ви спремам едно убаво изненадување кога ќе си дојдам дома во петок,ќе ви се тупосам пред врата изненадно :). Се надевам дека нема многу да ме карате затоа што сум се трошела :) и иако на моменти сте како мали деца и знаете да ме извадите од памет со некои ваши постапки и мислења,тоа ви го препишувам на староста и сенилноста. Да,вас не можам да ви замерам за ништо :) Единствено ќе ве замолам во наследство да ми ги оставите вашите фотографии,за секогаш пред мене да биде вашиот лик,и тогаш кога ќе ве нема. Ви благодарам за се. Вие ми бевте и сеуште сте моите втори родители.
     
    На kate21, thelittle17, teddybear и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... 2 дена по ред како се будам со тапа главоболка, која не ја оправа ни бокал кафе, ни утринска гимнастика, ни птички под прозорецот, ни рецептите на Рудолф.
    И општо, енергијата ми е под нула, а (пре)наспана сум, перницата ли е, креветот ли е, апатија ли е, што?
    Креветот веќе го мразам од дното на душава, Прима мебел ќе горите во пеколот, има да ви запалам оган од даските што ме глодаат во `рбетот. И кога ќе слушнам - па купи си нов.
    Еве, веднаш, уште колку кревети за самец треба да купувам во овој живот? :D

    Решив, следниот кревет има да ми биде брачен, па макар се извиткала како Квазимодо дотогаш
    (да се надеваме сепак, дека нема да е толку далечна иднина).

    Еднаш Лилит напиша дека го мрази вторник заради тоа што излегуваат огласи, богами и јас, кога ќе го видам огласникот и колку работа имам вторнички, црева ми се вртат, сакам да ги кастрирам сите што огласуваат.

    Мала светла точка во овој јасно грд ден - Nouvelle Vague во Колосеум, либето ме снабди со карти, дека јас сум навистина агилна... да не зборуваме дека прогласив веќе официјален банкрот, па до крајот на неделава ќе живеам со трошки и главоболки.

    Кулминација на шашма вторникот - после две недели активно јавање, на орбитрекот му се откачи педалата - повторно ! |(
    Да не знаеш дали да плачеш или да плачеш, останува да скрпам план како да ја одржувам мојата физичка активност, за да не го постигнам ефектот ѓуле во декември.
    Толку еуфорично закажав и пити и пици и дружби и мужи, сега веќе ми доаѓа се` да откажам, да се пикнам под ќебе и да колнам се` по ред, како некоја стара, злобна, штрбава баба, и пензии и јсп, и партии и споменици и пичке си материне...

    врска нема муабетов, ама ајде де.
    Вие си знајте!
     
    На Johny, teddybear, lunicka и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека не било до мене.
    Го најдов никулецот од кој произлегла мојата одбивност кон решавање задачи по математика - професорката што ми држи часови по математика. Факт е дека не можеш да го сакаш нештото доколку ти објаснува некој што си нема појма од тоа како се работи со ученици. Отсекогаш ми урлала како не знам и немам основа, па фала Богу, да знаев се` немаше ни да дојдам! Главата ми е испомешана, ги научив последните задачи кои ми ги објаснила погрешно и сега секоја квадратна равенка излегува дека е нерешлива - yeah, sure.
    Најлошо е кога тој што „те учи“ те демотивира дека најмногу што можеш да извадиш е двојка, дури и тоа едвај. Со која цел би учела тогаш, за едно шугаво двојче?
    Цело сабајле се нервирам и плачам. А можев да имам и петка или четворка, само да не ме демотивираше вака уште од осмо одделение.
     
    На Chica.Loca и Anja98 им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Набрекнат ден, ко дојка за бебе.
    А богами и моиве се такви :lol: Сакам лето. Сакам боси нозе и шлапкање низ морски бранови, мохитце, песок и исончан грб. Сите клишеа на летото ги сакам. Некако, ми се поврзаа емоциите со љубовта исклучиво со есен, со зима, со меланхолија, со мокри прозорци, со снег на нос и јазик, со пропуштен авионски лет, вино во Париз, гушкање под јорган. Летото, како да го испуштивме. Да. Некои љубови се исклучително зимски, некои летни. Мојата е првата.
    Наспроти потребата од топло лето и прости желби за сладолед на Кеј, срцево ми се вознемирува и стоплува кога ја слушам Strangers in the night од Френки. Веднаш ми се појавуваш Ти пред очи, танцот, мекоста на допирите, едноставноста на постоењето. И си знам. Ми фалиш, си правам ретроспектива на слученото, наученото, допреното, стореното. Дали сме добри луѓе, си се прашувам. Дали успеваме да направиме подобро утре за Нас, за идното нешто што ќе биде само наше? И зимата почнува...

    И немам одговор, оставам да ме води денот, ноќта, миговите. Се полнам со музиката на Пиџеј Харви уште од 8ипол утрово, сите шалови ги пуштив на перење со Коколино од праска, и ќе мирисам пролет низ соба.
    Утре ќе има Наточак, ќе се натокмам со шал и капа и капут и ќе возам. Заборавија дека Илинденска ја прошируваат не само за автомобили, ами и за точаковозачи. Срамота. Да не може човек да скршне лево или десно, да изиграва Индијана Џонс, зошто ќе го акне некој камион или ќе се фрли директ во контејнер. Само ние имаме апсолутна оригиналност во избегнувањето на очигледните потреби! Ќе одам до кај бабето на љубовта моја, да и однесам кафе, некое благичко. Кога ќе ме погледне, со насмев од уво до уво, и ќе ми каже како го чувала како мал, ме растреперува, ми доаѓа да се расплачам, зошто и таа молкум плаче, ама се сепнувам, и велам да не се грижи, дека сме добри и со прост говор се разбираме.
    Да, душите летаат само ако ги гледаш крилјата со срцето. И нема посилно чувство од она на припадност некому и некаде.
    Мене, ме допира тоа секое утро кога газам есенско лисје и плуканици по автобуска за накај работа. Кога мирисам печени костени или чад од горени дрва низ маало. Кога сонувам со очи ширум отворени додека талкам пеш и си спомнувам колку сум среќна што си имам Дома.
    Што имам свое место тука, какво сакало било. И го гушкам, па го карам.
    На крајот - секогаш го барам.
    Натопен сентиментализам во скопски смог, ете тоа. Но не можам без него. Како и без Него. Тоа е.
     
    На anabel-a и NoellePage им се допаѓа ова.
  8. Savannah

    Savannah Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
    сдк
    дека учењето ме уби мене.-,-
     
  9. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Што е убаво да си живееш во село !
    Во Скопје се будев уште во 7, точно под зградата имаше голема раскрсница, па тоа коли, свирење, бучава, па уште понекогаш полицаецот со свирчето кога ќе почнеше да свири уште рано насабајле .. Секој ден се будев ненаспана, со главоболка.. Дома ми е рај, искрено ! Како помала се расправав со моите и често им префрлав што направија куќа во село, сакав или во центарот на градот или стан во Скопје .. и ми викаа кога ќе пораснеш ќе сфатиш, кое богатство е да имаш куќа на вакво мирно место, особено ако живееш и работиш во Скопје или некој друг град, ќе сакаш да дојдеш на викенд и да се одмориш.. и сега ги сфаќам и многу сум им благодарна што не ме послушале :) Па ова е рај, рај !! Се будам насабајле, штама .. отварам тераса, ветерче дувка, влегува свеж воздух, птици црцорат, прекрасна глетка, природа, се е тивко .. мирно (I kinda don't like people that much :lol: ).. Си седам на тераса, си пијам кафе, ме галат сончеви зраци.. Сега тако ми излезе и заборави да ми го остави телефонот негов, а чекав сестра ми да се јави, се дерам од прозор по него и тој отиден веќе, се дере од некаде "Еве ќе ти го оставам на овој камен тука, дојди земи го" :rofl: Утре да одам да го земам, пак таму ќе го најдам.

    Би сакала и во наредниот живот пак тука да се родам :D
     
    На CIA, sesilija, Stoimenovska и 7 други им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Брекфест, во сендвич варено јајце со домат и свежо марулче ^_^ сама на себе си направив лиги :D Ах бре...сирење заборавив :( Пред некој ден јадев пита со вишни и сфатив дека горе доле и е рамна на штрудлата со јаболка. Не би да се откажувам од долгогодишната љубов кон штрудлата, ама питава беше стварно превкусна. Ах па какви кременадли јадев пред некое време...секоја чест на домаќинката, посочно свинско немам ми се чини каснато. И овај...што сакав да кажам :^)

    Сакав да кажам дека имам неверојатен вујко, вујче сештолог, мајстор за се', одличен хумор, татковска фигура за пример. Колку е дете, толку е и возрасен. Ни правеше како деца импровизирани базени, клацкалки, лулашки...што не. Еве, постов е за вујче, затоа што работи премногу, му се гледа исцрпеност веќе на лице, а сеуште се шегува, и кога е строг во очи му се провлекува насмевка. И кога ќе седнете со него на муабет...резервирајте си цел ден затоа што нема крај. Ќе ви биде интересно, колку има во раце има и во глава. Е таков е вујко ми. А на него слика, братучед ми. :) Толку слични со мајка ми.

    И тој ете го, си порасна, а мене сеуште ми е мал бре. Му се радувам на денов, на деновиве што идат, пробувам да зберам сила и да го истуркам овој товар од себе, и се терам сама на чекорите, а сепак можеби треба некој да ме гурне...воздишки...
    ај да одам да си го лапнам сендвичот :D
     
    На Johny, teddybear, lunicka и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.653
    Пол:
    Женски
    Уфф греотка се дечињава, не можам да ги слушам како плачат и викаат како да се пред колење, разбирам дека е за нивно добро и дека некогаш можеби не ни боли толку колку што се гласни, ама жал ми е бе кога плачат. Знам дека има такви разгалени кои на самиот преглед кај докторот вриштат, ама кога ќе слушнам некое вака да плаче како ова сега, во срце ме погодува :(
     
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.749
    Допаѓања:
    17.711
    Да ја е*ам државата и законите во неа.
    Закон за основните училишта: Кој не носи редовно домашни задачи, родителите на советување.
    Добро бе, божем мене дома ми викат „Памела, немој да пишуваш домашно, оти ќе те здрвам“.
    Ми викаат бе дома, ама ја кога нејќам шо тогај.

    Не дека ја не носам редовно домашни, него стварно законите им се без-врска.
    Се знаеше порано, 3 минуси една оцена помалку и чао пријатно.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  13. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    СДК дека денот засега си е орајт....ама да не го урочам,така да биди и до крајот :) и зошто,зошто мора некој луге да се тооооолку безобразни....уффф....многу се нервирам вака ама неможиш да ги смениш нив......а јас...јас одвај чекам да ми заврши работното време уште 1,5 сат и да ја киднам до Пренди,имало нова роба,па да се подновам :D имајте убав ден феминки мои..ве поздравувам :* :*
     
  14. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    goodbye my lover, goodbye my hair.
    Уф што мака ми е што ќе се шишам ! ;(
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.237
    Допаѓања:
    111.531
    Пол:
    Женски
    Памелче, да си ми дете коа ќе ти врзам една. Многу те засакав на почеток, ама почнуваш да ме нервираш мајке ми, а ти не си такво дете, се осеќаат таквите деца. Ти удриле некои бубачки у глава и сеа нешто леташ и ти ко нив. Седни си фино лепо, научи си и глеј да го поправиш ова лошо однесување кое го имаш кон образованието воопшто. Јас сфаќам дека си дете и дека ти лета паметот, ама ако на 14 викаш дека не ти се учи кај ти е крајот, знаеш ли колку имаш за учење во средно, знаеш ли на факултет колку имаш за учење. Тие професори кои ти ги мрзиш и на кои секој ден им мислиш најлошо, ова карикирам бидејќи и јас сум мислела како тебе ама многу бргу сум сфатила дека не сум била во право, тие професори за разлика од тебе седнале да учат, ако имаш некој идол кој вреди во животот потсети се на него, каде тој стигнал со своето образование, што направил и слично. Намерно те карам вака јавно, инаку можам и во ЛП да ти пишам, бидејќи знам дека има луѓе на форумов кои сметаат дека си паметна исто како што јас сметам, и знам дека бубачкиве во глава многу бргу ќе си отидат. Јас мила моја на 14 години знаев што сакам во животот и еве 11 години подоцна сеуште целам кон истото, јас на 15 години сама си ги повлеков документите од гимназија и дојдов во овој за мене тогаш огромен град да си запишам нова приказна во животот која значеше започнување на гимназиско образование од почеток, додека онаа една година требаше да ја избришам, како да не постоела. Не, не се фалам, не сакам да бидам како баба некоја која ќе ти труби дека она успеала, дека ти треба сега на мене да се огледаш, и јас сум направила неколку круцијални грешки и сум направила мали чекори настрана, како во салсата, ама пак сум се вратила назад и еве ме денес, на 25 сосема самостојна, си ја работам работата која ја сакам и знам дека сум на добар пат да успеам. Имаш од мене едно виртуелно шамарче за да седнеш еднаш, да ги напишеш домашните и да им се извиниш на наставниците и да ветиш дека до 10ти Јуни нема да ескивираш, со тоа нема да се понижиш пред другарите туку ќе им покажеш на наставниците дека си се опаметила. И јас бев арогантна на моменти, застанував пред професорите и се бунев, ама моите ставови беа цврсти, со јаки темели кои не се основуваа на детски инат, по ѓаволите јас натерав цело школо да не оди на часови затоа што избркаа еден професор, кој патем ни беше класен, излегов пред професорката да и докажам дека 13 есеи за домашна за еден месец се премногу, па наместо за еден месец ни ги одложи до крајот на полугодието. И пак ќе ти речам, не сакам да се фалам со тоа колку успешен ученик сум била, ама моите 4 години управување со класот како претседател мислам дека докажуваат колку зрела сум била за тие години, иако сум била од сите постара за една година, сакам да ти покажам и докажам дека и на тие години “дете“ може да се однесува зрело и со став. :!: :x
     
    На Monna.Monna, SexiLy и pamelche им се допаѓа ова.
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.749
    Допаѓања:
    17.711
    ^ Си носам ја редовно домашни, фала Богу. Туку, коменитрам за законите, дека стварно се без-врска. :)
     
    На Chica.Loca, Glossy-girl, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Толку многу луѓе има околу мене, а јас се чувствувам толку осамено...
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.237
    Допаѓања:
    111.531
    Пол:
    Женски
    Во тој случај извини, ама морам да приметам дека во последно време премногу гнев имаш насобрано во себе кон школото. И да, законот си е супер, затоа што се вика домашна работа и затоа што родителите се тие кои, сеуште, ве контролираат, иако мене никој не ме контролирал никогаш. Малку насмеј се, малку развесели се, батали ги сите тие негативни мисли, па Празници се ближат бе Памелке :rofl: Извини пак ако сум утнала, ако грешам во констатацијата дека си малку тмурна деновиве, едноставно таков впечаток сум добила. И не се лути, сакам вакви деца ко тебе, да се двојат од средината, но во добро, не во лошо, а таков беше мојот прв впечаток за тебе ;)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.749
    Допаѓања:
    17.711
    Не се лутам, напротив.
    Него, мене дома секогаш ми викаат „учи и пишувај домашно, за тебе е“ па сега, мое е дали ја ќе учам или не. Неможат они мене со сила да ме натераат :)
    И зошто не е енкој редовен на настава.
    Па фала Богу дека од дома сите не испраќаат на школо, а сега дали ние идеме у школо или кај дечковци/женски неможат родителите да знаат.
     
    На anabel-a и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Што да прават луѓето,мора нешто да превземат кога денес поголемиот дел од младината не сака воопшто да пишува домашни,ќе ги испуштат конците иначе...Мора некој закон да стават,па макар изгледал и глуп :D Не се сите ко тебе Памелче да си ги носат редовно домашните.Плус ај да заборавиш еднаш,два пати,ама некои забораваат цела година. И ако не се вклучат и родителите,ако незнаат што се случува, неможат на крај да излезат со учениците.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.