Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Значи песната ја знаев дека постои и дека е глупа но спотот не бев го гледала, ама сега кога го изгледав, :o I shit bricks. :puke: Дебело мрсно створење мајката, ефтин спот :puke:
    http://www.youtube.com/watch?v=EeFZB5VmO6I
     
    На tinkerbelll, Dulce, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.550
    Допаѓања:
    42.927
    Пол:
    Женски
    Колку одамна немам кажано ништо тука...додуша и ретко кажував, немам ни сега што да кажам...само сакав да ве поздравам иако ова не е тема за тоа. :)
    А и песнава
    http://www.youtube.com/watch?v=8unFeXlv ... re=related ја сакам и како ми ја вклопиле со серијата...две во едно.
     
    На MandyLane, Trendafilka, tinkerbelll и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
  4. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Последниве два дена у љубовно поле ми се.....Ако кажам дека не е љубовно него факинг БОЈНО поле,мислам дека ќе е доволно јасно.
    Koга ќе се научат,кога?! :devil:
    [​IMG]

    Плановиве викендов по присила пензионерски излeгоа.Саботнава вечер ќе ја поминам со пита од вишни и телевизија.Мислам...одлично... |(
    Може вечер ќе ја заменам Н.А.Т.А.Ш.А. па ќе бидам мртва..чисто од досада.Ама за утре ветувам,ВЕТУВАМ дека ќе се појавам со нов профил,за да не ви фалам.Пинки промис. ;)
     
    На BoaVista, tinkerbelll, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  5. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    N.A.T.A.S.A од трето тли
    ова што се деси со нејзе ме натера да подразмислам за тоа какви чеовечиња арни неарни убави грди психопати итн стојат зад никовите и позади секој пост дали е реално или не дали некои премногу време трошат за фантазирање и забораваат на реалноста или реалноста ја преточуваат у букви
     
    На Cynthia, BoaVista, Ann.94 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сабота, сабота, сабота.
    Дааааа бе, стварно сме биле сабота.


    Последниве 2 саботи, претходната и оваа денес, си ги поминувам штуро. И ко да не е сабота. Абе поим за сабота беше нешто друго. Беше водење љубов, чипсче, филмче, топла прегратка, страсни бакнежи. Е сега ништо. Труба. А од црвената тетка ни трага ни глас. Изгледа пак ќе касни месецов, а таман се израдував кога претходниот дојде точно до ден. Дури немам ни нес во рака. Но ќе имам за пола час, да да.
    Ќе дремам ко мисир пред ТВ, ќе шмркам топло кафенце, и ќе наоѓам забава по каналите. Бар книга да си земев вчера, да ми помине викендов, бар онака, некако. Бар да кажев дека книга сум прочитала, а не дека сум овенала пред лап-топ. Бар да фатев книга! Некако немам мерак ни за БДП, ни за религија, ни за ЕУ. За ништо.

    Штуро е сеуште. :yawn:
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Ова моево не е ПМС, ова моето е кравјо лудило! :devil:
    Полудев, збрлавев, се шекнав, скренав, оооо мили Боже, колку само сум отидена.
    Како петарда. :x
    Дома сите си го окркаа од мене, па не се луѓето криви, Боже мили, кога ќерка им е во ПМС!!!! Ма они се криви, не сум јас! :fubar:
    Оти нема вакцина, оти??

    Сакав да си направам и да јадам помфрит со сирење, супа со кнедли и парченца мевце (никогаш во живот не сум правела кнедли, сега ќе правам, јеа рајт), сендвичи со сирење пржени во тавче, тост со печеница, шпагети со печурки и кашкавал, бурек и сукано со сирење, а за десерт да си направам палачинки со еурокрем и банани!!!!

    А за ручек јадевме пити, питишта, велешки, олкави мрсни, тешки, да се претапаниш и да умреш од јадење. :devil:

    Фала Богу што ми дојде паметот, малкуцка само ми дојде. МОРИ во Африка вака не јадат на годишно ниво, еј! ЦЕЛА проклета година не јадев јаболка за џабе, сега не си жртвувам два оброка дневно за да се пикнам во величина факинг ЕЛ, па исконтролирано изедов САМО еден тост. Се превртувам како кит од три тона на креветов, ми испадна уште еден федер од душекот. Се ПРАШУВАМ ЗОШТО ?! ЌЕ пропаднам кај и да е во подрум, или евентуално ќе ја надминам мачката во големината на нејзиниот ценет газ. :envy:

    СТО луѓе ми се јавија и со сто души направив сто различни договори за излегување, сега ми пукна филмот, не најдов што да облечам и не испаднав. До после не се знае, може ќе се акнам некаде сама, на журче некое или свирка. Или ќе си легнам, што порано, тоа подобро, да го преспијам периодов.

    НЕКОЈ спомна германски ??? Аха, ќе горат книгите, ќе горат мајке ми. И јас со нив, ќе се самозапалам да си го исконтролирам темпераментот малку.

    Их.
    Гревови кој ме чита, срамови.
    Ама секој си заслужува пет проклети луди денови месечно. Па бајт ми, бааааајт, бајт ми. :rock:
    Како змеј сум бе луѓе, чудовиште. :(

    п.с. КАКО не ти е СРААААААМ Феминаааа, да не си го копирав постот ќе летнеше во етерот и вечното непостоење. Е дури тогаш, е, е е, дури тогаш... :swear:
     
    На la-chicka, SilverGirl, Elennaa и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Еј што баксуз сум. Кога излегувам во сабота обавезно има комедии или интересни филмчиња на телевизија, штом решам да останам дома, ќе ја поминам цела вечер во вртење канали :yawn:

    Денов ми беше некако празен, безвезен. Се надевам дека вечерва ќе се поправи :)

    Убаво да си поминете каде и да одите вечерва, а ако останете дома уживајте во филмчињата :)
     
    На KrystalTears му/ѝ се допаѓа ова.
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Неможам и не сакам да простам . Да , злопамтило сум и тоа големо . Доволно е да ми направиш една лоша работа и засекогаш да те прецртам од мојот живот . Јас сум личност која што во животот се води според правилото - ''Не прави му го на друг , она што не сакаш да ти го прават тебе'' . Јас не сум безгрешна , направив многу грешки во животот и им згрешив на луѓе кои најмалку го заслужуваат , но сепак останав човек , си ја признав грешката и искрено се извинив . Но мојата интуиција ми вели дека вашето извинување не е искрено , па всушност тоа и не беше извинување туку пуста желба повторно да се вмешате во мојот живот . Шкорпијата во мене ми велеше да ви се одмаздам - но нема , сакам само да ве снема од мојот живот за да немора никогаш повеќе да ги гледам вашите лица , не сакам неискрени луѓе и еден по еден ќе ве избришам сите од мојот живот , ќе останат многу малку луѓе околу мене , но не жалам , подобро да ја споделувам својата несреќа и радост со двајца пријатели отколку со сите вас лицемери, кои што единствено сакате да ме видите поразена , но за ваша несреќа ви гарантирам дека јас нема повторно да паднам !
     
  10. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Сакам да избегам од градов, се ми е досадно, се ми е еднолично. :hai:
     
  11. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    СДК внуката си доби и име :)
     
    На MandyLane, zhap4e, Marcey и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека се` тече, се` се менува...
    Чудно е како сите се жалиме дека ја имаме истата рутина. Се будиме во точно време, стануваме и ги извршуваме нашите дневни обврски, за потоа повторно да заспиеме... Еден круг кој постојано се врти. Секој ден зборуваме како животот ни е едноличен, без широк спектар на бои, тече по еден едноставен пат без да скршне од истиот, а кога би застанале и би се свртеле назад би воочиле дека всушност ништо не е како што било порано. Се` е толку многу изменето.
    Се повредив себеси повторно. Си поставувам цели кои се недостижни за моите можности. Безброј ветувања кои ги прекршувам по неколку минути.
    Сите планови кои ги имавме зацртано, она за што мечтаевме целото лето одеднаш се сруши. Лошо е да знаеш дека некои личности ќе си заминат на некое време од твојот живот... можеби и засекогаш. Себично е да ја спречиш нивната среќа и нивниот успех само поради твојот егоизам и желбата да ги имаш крај себе, но многу е болно да знаеш дека некој што ти бил толку близок одеднаш ти станал двојно подалечен.
    Викендов ми е многу морничав и темен. Многу гласови, работите се сменија „преку ноќ“. Не знам повеќе што да мислам, но доволно добро знам што чувствувам и тоа ми е огромен проблем. Можеби моите чувства не заслужуваат да бидат покажани кон некој кој не ги заслужува. Сите лаги, прикривања, одложувања... Се` е премногу. Треба да заборавам и да почнам од почеток. Тотално нов и празен почеток. Ние четири... три, можеби...
    Уште едно празно ветување.

    http://www.youtube.com/watch?v=HpAIDSSc ... re=related
     
    На TeddyGrey, sugar, starbucks и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК се заразив од играва:

    http://apps.facebook.com/farklepro/?ref=bookmarks&count=0&fb_source=bookmarks_apps&fb_bmpos=6_0
     
  14. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Офарбај си ги ноктите со тие маркерите, светли што ги има. :rofl:
     
  15. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    После кој знае колку дооолго време домче пред ТВ и компјутер во сабота навечер :?:
     
  16. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    СДК дека си го сакам братчето мое најмило и најмало и најубаво на цел свет ... ВчерА наполни 10 месеци :)
    А кога ми е во прегратка се осеќам ко 20години да е до мене :)
    Душичкава мала ја чуствувам ко моја втора половина дефинитивно... Осеќам дека ке бидеме многу поприврзани еден за друг ... Тоа е сонце мое кое животот ми го разубавува кога ке ми се насмее и ке му се здогледат запчињата мали негови две одоздола и 4 горни :) Срце на дада да би знаело само колку го љубам на овој свет . Ама во едно сум сигурна ! Никој не може да ме разубеди дека и бебињата чуствуваат кога некој ги сака , едноставно осеќам дека брат ми ми ја осеќа љубовта моја која е за него ... Посебно е детево кога е до мене, така мирно убаво мало БЕБЕ :*

    Како само не ми е криво што живот оставив во Мкд и што дојдов овде да расте со мене. Како само сум исполнета кога е до мене .

    Душа моја...

    Ми те сака дада највише на цел свет :*
     
    На Hopeful, Marcey, MacaLove и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Сите почнале со новогодишна еуфорија, епа и јас, бе!

    :D

    Убаво е вака, кога се почнува со вакво темпо. Порано знам, 20ти декември дошло, никој за НГ не спомнал.

    Епа дечки, си заминува оваа 2011 и брзо некако да ви кажам. Ко да сака да полета! И убави моменти и неубави. Неможам да издвојан посебни, бидејќи сите се такви. Можам да речам дека во оваа година се чувствувам многу поинаку отколку во предходните. Созреав токму сега, во златната 2011. И да, ми се допаѓа. Не сум веќе она мало, наивно девојче. Баш ми е убаво.

    Сакам да го живеам месецов, затоа што е единствен таков, повеќе нема да има декември 2011. Никој ден нема да се повтори. Ниту денес, ниту утре. Затоа јас ќе лудувам за денес, а ќе живеам за утре.
    Имајте пријатна ноќ. :)
    [​IMG]

    Ќути. За малку и мене ќе ми се случеше истото, а мразам кога ќе ми летне пост, па не е истиот филинг, мајке му! :swear:
     
    На Monroe и ludoto19 им се допаѓа ова.
  18. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Будалетинка :wasntme:
    Пуштив зона радио, чочек од ферус.....свири ми брате цигане :rofl:
    Едно е сигурно, јас сум талент за стомачен танц (и да не сум ќе бидам) и следно одење на битпазар, право кај тие марамите со парички, ќе си врзам една на задников и со мерак ќе мешам по дома.....па и по надвор :D :D :D
    Не дека нешто многу се радував на изборов да седам дома во сабота навечер, ама другата опција беше по тапа :tmi:

    Едно е сигурно....блазеси му на дечко ми, ќе си гледа циркузи, стомачни танци, стриптизи....мерак ми е бре да играм :$
    Па може и ќе се усовршам додека го најдам, пардон - додека ме најде 8)
     
    На Cynthia, Divinebutterfly и Mishela им се допаѓа ова.
  19. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    125
    Дали има нешто лошо во тоа да сакаш сабота вечер да ја поминеш дома?Се разбира дека нема.

    Не можам да сватам, некои личности како можат да искачаат само колку да бидат видени во кафичиве и дескотекиве само колку да стават статуси на фб од стилот ,,леле колку прекрасно си поминав вечерва,, а притоа ја поминале вечерта со луѓе кои и не им се баш омилени кои јадат едни за други г***а а за време на викенд они се најбоље другарки.До кај може да стигне човечката желба за тоа да бидеш виден. :?:

    И после мене ќе ми зборат аууу снејк зашо неќеш да искачаш со нас зарем сабота вечер дома ќе ја поминеш?Па ако една или две саботи пропуштам да не искочам нема сигурно рогови да ми никнат.
    А што треба да искочам да глумам лудило колку ми е најтоп да седам со луѓе кои не можам органски да ги поднесам? Не фала.

    Ќе искочам мене кога ми е кеф со луѓе со кои јас сакам да се дружам пред кои не морам да глумам лудило и да се правам работи кои не сакам да ги правам само колку да ме задржат у друштво.
     
    На Trendafilka, Miss-Angie92, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    сдк епа најсреќна сум бе :)
     
    На crazylady, MandyLane, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.