[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Памела е у право. Кој закон? Закон за домашно? Аман бе, :lol: и домашното е вид одговор за оценка, ако е така и за усен одговор треба да викаат родител? Секој учи колку што му фаќа црпката, и работи на училиште онолку колку што му тежи интересот кон истото.
     
    На Glossy-girl, LittleFairy и pamelche им се допаѓа ова.
  2. Caliopea

    Caliopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    61
    Јас денес цело време си испробувам, дали ракопис на приборот, на клупите, и на чет си пишав калиопејке, од сега така ке си се спомнувам во мислења 8)
     
  3. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Постот на Вајлд ме потсети на некои мои професори од основно и средно. Јас и ден денес се нервирам затоа што кон некој предмет сум имала одбивност ради некои професори, како на пример хемија и историја и криво ми е што знаењето од овие области ми е сиромашно, и дури сега ги барам книгите од основно и средно за да ги препрочитам, и гледам дека уствари било лесно и интересно, ама ете ради некои професори ..
    Исто и по македонски во средно - сите дела ги читав со мерак, и многу сакав кога имаме дискусии, да слушнам различни мислења од моите соученици, и јас да го споделам моето мислење, за да на крај бидеме прекинувани од професорката, со навреди како ние не сме знаеле да дискутираме, сме филозофирале и незнам што.. И после неколку навреди јас сосема се повлеков, повторно ги читав сите дела, ама никогаш не се јавував кога таа прашуваше кој ги има прочитано, си велев читам за мене, за матурата ќе сум спремна, што има да и го кажувам моето мислење кога таа не го почитува и ме навредува.
    И така, Вајлд гледај да имаш поразличен пристап кон предметот, обиди се да заборавиш дека таа професорка ти предава, стави си во глава дека си учиш за себе, не учи со страв поради тестот или испрашувањето, туку гледај да ти биде порелаксирано и позабавно, и ќе има добри резултати :)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Чекор по чекор по патеката на созревањето е процес кој порано или покасно го минат поголемиот број од нас.
    Созвревањето можеби не, но стареењето секако ќе не стаса сите.

    Годините си минат, еден квартал или фаза од животот се завршува и започнува нова. Неминовно е да се запрашаме дали сме оствариле дел од своите цели и соништа.
    Најстрашното нешто е човек да нема цел,да нема сопствени соништа. Да лута низ животот како низ темен сокак носен од туѓите желби и интереси.
    Да се задоволи со нештата такви што се, и да се предаде дури и пред да започне со борба.

    Верувам дека силната воља, големата упорност и спремноста на нова авантура и предизвик, макар и во непознатото се неопходни за успех.
    Желбата секако зависи од капацитетот на личноста, која најчесто е пропорционална со неговите способности.
    Да сакаш нешто не е доволно за да го добиеш, но треба да биде барем основен двигател на онаа внатрешна моќ и да ни даде цврстина која ни е неопходна да се издржи и да не се потклекне.

    Јас имам обичај да си поставувам потгодишен план со кој ги поставувам основните контури на моите планови, замисли и цели.
    Користењето на ретроспективата, како средство за самоанализа и евалуација на сопствениот развиток, секогаш ми дава одговор на прашањето дали сум сеуште на вистинската патека.

    Моментот кога завршив средно го поставув мојот прв петгодишен план, верувам сличен на повеќето на таа возраст -да дипломирам. Сонот беше погрешен, но планот сепак успешно реализиран.
    Веднаш по него следеше и вториот кој верувам е клучен за да се постават темелите на животот, посебно ако првиот ви бил утка.
    Никогаш не е прекасно за нов почеток со друг партнер или било каков вид на стручна преквалификација.
    Не за џабе рекле вистинските партнер, струка и работа се основните за успех во животот.

    Човечки е да се греши, но нема потреба цел живот да се плаќа за грешките само поради страв дека доколку чекориме по патеките на животот сами, нема да најдеме нешто подобро.
    Секогаш се заборава дека доколку сме презафатени со нештата од кои не сме задоволни, не си оставаме простор да биде слободни за сите поубави кои секој ден ги пропуштаме.

    Сега истекува последната година од овој, па можеби затоа и го пишувам овој пост.
    Кројам уште сега темелите за третиот петгодишен план, се надевам на уште поголеми промени и авантури дури и од вториот.
    Верувам човечки е, а и корисно да се запрашаме дали сите поголеми одлуки и промени во нашиот живот се чекор кон зацртната цел, кон нашиот сон.

    Да сакам и да бидам сакана.
    Не патам за онаа филмска љубов, напротив сакам дури да ме боли до коска.
    Да чуствувам дека живеам и дишам, да ме треска од земја и да ми дава крила... да биде bittersweet.

    Да не мирувам.
    Светот е толку голем и има толку многу да се види, секое делче е еден нов предизвик за мене.

    Да учам.
    Вистина е дека се додека човек е жив учи. Дипломата не ми дава гаранција дека се сум научила ниу пак е знак дека треба да се прекине било каков понатамошен вид на надоградба.

    За мене не е најголем успех во животот да имам дете, а најмалку трофеј.

    Детето не е средтсво за лечење на сопствени фрустрации, замена за сопствениот неуспех во некое поле ниту средство да се врзе партнерот.


    Детето е она посебното, специјалното... кога ќе имам да дадам нешто повеќе од само живот.
     
    На bittersweet, Hipster, sesilija и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    197
    Денеска денот ми е некако нервозен,не знам зошто но за ништо нешто се нервирам и морам да си го кажам тоа,абе ај да не речам како некој автобус кога ме прегазил и сега сите ми се криви,и што викаме ние струмичани ни крив ни дужен некој ќе си го изеди денеска од мојата нервоза,се надевам дека убавото сонце до после ќе ме расположи и така една добра прошетка низ град за да може малце да се оладам инаку крај,се на се веќе мислам дека почнува да ми спласнува нерв озата
     
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Возбуда и огромна доза на исчекување. Секој нареден пат понетрпелива од претходно. Нови надежи врз урнати обиди, а јас и глува и слепа за нив, одам пак, одам повторно. Дали е доблест или мана, не знам. Само знам дека сонот ќе биде зграпчен, впиен, живеен. Една желба веќе ја живеам и понизно и служам, оти е целиот мој свет. Да се надеваме оти и она малку што преостана Тој ќе ме удостои да бидне, па да бидам јас-ЈАС во целост соодветсвувајќи со мојот немирен дух и желба за подобро и поголемо себе.
     
    На bittersweet, ilipili, ljubam и 6 други им се допаѓа ова.
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Денов шарен а истовремено и толку монотон што ми доаѓа да вриснам.
    Особини препознатливи за некои луѓе од кои благо речено се ежам, многу цинизам и кретенизам испреплетени во едно, и хаотичност стигнат до максимумот! Се видов себе и останатите околу мене во поинакво светло, и доволно ми е тоа. Знам дека еден ден ќе се исплати.. Ма, мора да се исплати! :D

    ***

    Сабајлево денот ми го направи тетка ми.
    Работи со дечиња склони на умерена и тешка ретардација и многу е среќна што ја има можноста да поминува дел од денот со нив, вие немате поим со каков ентузијам збори за тие деца, каков сјај има во очите кога ќе ја прашам што правеле дента! Просто ги обожава и не ретко знае да ми рече дека она повеќе научила и се`уште учи од нив, него ли они од неа! Многу ја сакам!


    А мојава улица се повеќе е склона на осаменост и сивило.
    Се сеќавам на времето кога оние што сега шетаат низ населбава со бастунчиња и тешки болки на себе или во краен случај повеќе ги нема за жал, енергично трчаа и викаа по внуците. Чудно ми е како времево минува така неприметно. Ми се лизга низ прсти, а јас сум тотално игнорантна кон него.

    И аман од оние чаршиски приказни и муабети, така бесрамно филувани - што ми доаѓа да си дадам еден facepalm. Понекогаш ми е срам дури што сум дел од овој менталитет.

    ***

    Во име на празниците што следат, за сите по едно.
    (Добро де, за некого ќе има и две - мојот дел, јас на диета сум :D )

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Hipster, teddybear и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Понекогаш додека спијам заборавам да дишам и кога ќе се разбудам земам воздух како да сум била во вода долго време и како да ме давел некој не знам зошто така. Убаво беше кога ги кренав ролетните и оп сонце и така ми започна денот.
    Сакав да кажам дека секој си прави како што му одговара, колку и да критикувате ќе се прави како што секој си сака. Некој ќе има последици можеби и ќе изгуби се а можеби и нема тоа никогаш не може да се знае затоа престанете да бидете такви. Мојот живот си е моја работа ако сакам ќе се фрлам во Вардар, ако сакам ќе бидам слаба ако сакам ќе бидам дебела вие не можете ништо со тоа. Мојот живот си е мое право нели ?? Ако сакам ќе се дружам со сите ако сакам ќе имам само една пријателка сето тоа зависи од мене.
    Убав е животот само треба да знаеш како да си ги наместиш топчињата дали горе, доле, лево, десно.
    Прави како што сакаш затоа што ако правиш како што сакаат другите кој ќе биде задоволен ти или тие??

    Колку се радувам што пристигнуваат многу убави денови леле леле мамичке, сакам да запре времето и да си уживам :)
     
  9. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Моите си доаѓаат од работа,а јас сеа се будам.Незнам што ми станало денес :? ??? СКД за мене сеа почнува денот...Ќе бидам добра керќа набрзинка по дома ќе замаскирам демек сум чистела и ќе направам по некоја палачинка :).Не за друго ај нека помине неделава во најдобар ред - мама ми вети нови штикли во петок :))).
    Љубов до сите :*
     
  10. offtopic15

    offtopic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    102
    СДК дека лугето немат ни грам свест.Се се бре али да дојдеш на школо и да труеш да се онесвестуваат сите околу тебе ,не еден ден не два .. со недели .Секој ден ми стана како емисијата ПРЕЖИВЕАН .. се трудам да не се онесвестам од мирисот.Ке почнам да донирам слободно туширање и сапун кај мене :^) :lol:
     
  11. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Oф, и кај нас е така, се можно ни фарбаат, копа цело школо, ме гуши веќе и ми се гади, па аман бре мислат ли малце со тоа тиквите, 5 годишни деца има таму, требало да си средат се додека не одевме. Нездрави :fubar: :fubar: :fubar:
     
  12. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Само еден месец не дели од најубавите денови во годината!
    Ги сакам сите празници кои следуваат, можеби затоа што се единствените денови во годината кога фамилијарно ќе се собереме на празнична трпеза.
    Тогаш и сите да молчиме, душата ќе ми биде исполнета.. Живи сме, здрави, среќни во својот топол дом, едни покрај други.
    Што друго би посакала?
     
    На Moira, kravce, Chocolate.me и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Направив ручек и си ја чекам даде од работа за да седнеме, да си се видиме.

    Моиве со гости нека се расправаат во дневна. Ако нешто презирам, тоа е ненајавени гости! Си готвиш си правиш мерак ден, и ќе ти дојдат од никаде нигде. Само добровечер реков од култура и киднав. Ме нервираат тие ситуации. Да се немало свест ни грам. А што очекувам ја од пензионери што едвај чекаат да му ја здувнат од дома, зошто ни синот ни снаата не ги сакаат. Страва. :x

    Туку, сакав да кажам. Како што си врви времето, сфаќам дека со некои луѓе што се знам пократко, муабетот ми оди подолго. Се разбираме. Не се вергламе. Нема цинизам и судење. Опуштено е. Со поблиските, секогаш можеш за се’ да се р’чнеш, да фатиш теми што не ти е пријатно да ги повторуваш, сакаат да судат, да препричаваат. Кога го сфатив ова?
    Откако си направив во глава весела математика дека некогаш најблиските луѓе не ми фалат. Т.е дека се одалечувам од нив, и ме боли, а не знам зошто боли. Како некоја лекција од времето. Утре ќе имам свое семејство, ќе имам обврски, нема да можам да се гледам со сите што сакам, и како тие релации ќе опстојат? Само ако двете страни се потрудат за тоа. Па, баш така, си реков, дека во мојот случај веќе и двете страни се откажале. Веројатно така и треба да биде за некои луѓе...
    Не е фер. А се случува. Животот прави приказна, а ти само и додаваш парчиња во мозаикот. Ако некое не ти се допаѓа, го заменуваш со друго. Ако имаш со што. Но, некои празнини ќе останат. Секако.

    Сакав да кажам дека со сестра ми одново си го реоформуваме пактот на близина. Веќе сме возрасни, вработени, смислуваме начин како да си го подобриме секојдневието, да помагаме дома, но и да бидеме независни. И тешко е. Особено во фамилија каде што климаксот е до плафон, платите ниски и кредитите пролонгирани до бескрајот. Но, има надеж.
    Има надеж во љубовта што се случува и во оптимизмот кој го тренирам да не се претвори во наивност. Навистина, ако веќе созревам, не сакам да се трујам со глупостите и неизживеаноста наоколу. Ќе бирам со кого и како ја делам тагата и среќата. Дури, и начинот на кој сето тоа се менува, ме вознемирува. И продолжувам, нема застанување.

    Животот е краток, зезнат. Не сакам да го поминам во пресметки. Сакам да дишам слободно, а под тоа подразбирам да бидам Јас пред оние што ме знаат. Доволно глумат сите и без театар во себе, а што останува за оние со талент.
    Тешко варливи мисли, да.
    Сепак, најубаво е што го имам и ова парче простор да се олеснам. И си ја имам даде.
    Ја имам и фемина, и, сум благодарна.

    Убава вечер имајте девојки.
    :*
     
    На bittersweet, Johny, Peppermint и 2 други им се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Пронајдов две нови продавници Second hand, не знам за вас, ама јас кога ќе влезам во таква продавница се губам, уникатни столчиња, грамофони, стари машини за куцање, предмети кои не сум знаела дека воопшто постојат, чашки во најразлични форми, свеќници, плочи со моите омилени изведувачи на џез музика, има приказна во таа продавница, се е мирно, луѓето тивко си разгледуваат, опипуваат, пробуваат.. дефинтивно влијаат смирувачки на мене..

    Денов како ден, помина Вероника ми вика запиши се Ирена на факултет за уметност, примаат само 12, а ти знам дека ќе бидеш меѓу нив и ќе пробам.. сакам, убаво ми рече не се расфрлај со енергијата насекаде сконцентрирај се на тоа што го сакаш. Има право уште да го сторам тоа. А таа леле каква станала прекрасна, ми беше гол модел лани и направив супер слики, а сега кратка коса, убав стил како Одри Хепберн беше.. ме частеше вегетаријанска лазања, и подарив кутија за накит во форма на планетата Земја, а внатре алка од делфини зошто знам дека ги сака, била на Филипини какви само доживувања секоја чест. Си го граба животв, вели не знам кај ќе заврашам ама го сакам животов.
    Убаво е да имаш луѓе кои знаат да те наполнат со енергија.
     
    На sweet-cherry, Moira, kravce и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    И влагаш во веце , т.е јавно веце и ....

    [​IMG]
     
    На CIA, lolita97 и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Се моли сестра ми да не ми го тарашва многу форумскиов лик :D зошто не можам раат да си се изразам ! :muscle:
     
  17. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Добро, само јас ли сакам големи чаши за чај, или пак за кафе?

    Омилени ми се, поготово кога ќе начекам евтини,а преубави! Чашите ми се опсесија, можам цел ден да ги гледам, да бирам кој сакам да ги купам, ама никогаш немам купено чаша. Само ги гледам и коментирам колку се најубави...

    Ама еве, бев денес во Базаро и имаат преубави едноставни но истовремено убави чаши за ништо пари.
    И готово, сликата ми дојде во паметот! Јас и моите две најдобри другарки, седиме во мојата дневна, пиеме топло чоколадо од ТИЕ чаши и си разговараме, кхм трачариме :$

    И така, Елена најде уште една опсесија и себеси се нарече Чашохоличарка :emo:

    Што се сум била до сега... Шопингхоличарка, Ајвароманка, еве сега и Чашохоличарка... Абре јас тука авторски неологизми си стварам!

    [​IMG]
     
    На kravce, Chocolate.me, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Да можам само да замижам и да се ослободам од оваа грпка..
    но мора да се бориме. :)
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Туфкав за ненадејниот дожд и добив превоз дома. Од професорче од 60 и кусур години со огромна страст. Во 10 минути возење се ме препраша за Македонија. И ми рече Утре обавезно да дојдеш на предавање, да те доиспрашам. Некои денови се оди, некои се кочи и не мрда. Како кола само проблемот е што јас не сфаќам кој вози, ние или некој друг. Се мислам и си викам, може подобро на совозачко да седнам. Ќе си зјапам низ прозорецот и ќе гледам зајдисонца. Затоа што возачот никогаш не може да погледне на страна. И ќе бирам музика. Ете доста ми е тоа.

    Планови за гости кои никако да се скројат. Или затоа што сите сме неталентирани шивачи или затоа што пробуваме да шиеме сите со една игла. Ми тргна со метафори денес. Тешко донесувам одлуки, двајца близнаци во мене си влечат на различни страни. Но на крај тоа е што е. Секогаш имаме избор само никогаш не го знаеме вистинскиот. Ако воопшто има вистински.

    Топам колачиња во нов чај со опоен мирис го жалам кучето што комшиите на дождот го оставиле надвор. Би го прибрала да не лаеше како лудо на се. Море декември, ќе биде полн со храна и пред новогодишни диети на новчаник.
     
    На Moira, Hipster, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Вистина било. Некои чувства сепак не можат да се вратат.
    Ни почеток ни крај,туку само една прекрасна средина во која бев,и во која се чувстував сигурно,среќно и сакано.
    Почнувам да живеам со тоа,да се навикнувам. Како е,така е.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.