Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Од денес ќе почнам да си правам листа на работи кои ми биле позајмени, а не ми се вратени.
    Ќе почнам да си запишувам кога и кому сум ги позајмила.

    Периодов кога заладува, задолжително си имам проблеми со синусите бидејќи имам кревко здравје и слаб имунитет. А кога дома ја побарав ламбата со инфра-ред зраци за да се „посончам“, дознав дека татко ми ја позајмил некому и уште не ни е вратена. Трагично е што дома имавме две такви ламби, уште потрагично е што и двете ги нема, а најтрагично е што татко ми не се сеќава кому му ги позајмил.
    Да не почнам да зборувам за тоа колку книги ми фалат дома (некои од нив се прекрасни книги за фотографирање, купени уште пред да се родам).

    И ете, истите тие луѓе кои ми позајмиле а не ми вратиле, утре пак ќе ми се појават пред врата без никаков срам и пак ќе побараат нешто. А нај awkward момент ми беше кога после едно 5-6 години, дојде другарка ми за да ми врати книга за која јас тотално сум заборавила дека ја имам.
    И си викам: Еееееј, имам нова книга!
     
    На Buttterfly, kravce, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  2. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    232
    Одамна ме немало, напорен период... два дена слободна, од кревет не се одлепив, како најголема мрза, храна, тв, храна и само храна. Фино било и вака, ама два дена доста се, од утре со нови сили пак јово на ново што би се рекло. :)
     
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Не e лесно кога некој во животот ти кажува збогум, зошто не си гледал пристрасно кон ситуацијата туку реално, едноставно некои луѓе не знаат да прифатат совет а бараат од тебе.
     
    На kravce, tweety26, Neytiri и 4 други им се допаѓа ова.
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Сува кожа, сува коса, а од денес и суво грло!
    Затната и напната, Декстер во позадина официјално од денес.
    Манијак по серии и филмови, од некоја страна, (на нас ваквие) мораме да признаеме дека и ни прија самото боледување, пошо имаме поголемо оправдување за целодневното зјапање во мониторот :)

    Викнедот во Неготино и Гевгелија, не можеше да не испадне подобар.
    Со добро одбрано друштво, насмеани и игриви луѓе, нема утка.
    Возот во 5 часот наутро беше топол пекол.
    Јас и он, еден спроти друг, со вино во вени, оговараме како две другарки циганки две и еден пијан дедо.
    Па едно време почна струја да снемува во возот, и мене секундарно дремката ме надвладеа, а он, грејниот, ме снима, мислам подосадно амин, па ме малтретираше да не спијам, досадно му било, а јас со едно око го гледам, а со другото два како него гледам, па ќе замижам, се замаглено, па пак ќе го погледнам едвај гледам, како во тунел и на крајот он!
    Дома, шише вода на екс двајцата го стопивме, гледам мајка ми постелила мене на земја да спијам на душек, ма мамо молим ти се, каква камуфлажа :D
    Си се спикав на кревет кај него, со здивчињата на вино и без желба ни едниот да стане заби да измие, среќни и задоволни како пандиња си заспавме.
    Утрото, како што кажав, едно од најубавите во мојот живот.
    Прво, дома си, мама, татo, бато.
    Второ, он е тука, задоволството дупло и преслатко.
    Пити за ручек во избилие, вино на маса, ама на Ана ^ најслатка и беше водата.

    И на крај, само ќе кажам дека страшно и жално е кога пред очи гледаш како твоја најдрага личност се бори секојдневно за преживување за бедни 200 евра плата, нонстоп 3 смена, не пријавен, и еве најново од денес, местенка за Нова година, да е 3 смена, а не требаше.
    ...а кога ќе ни текне колку најсреќна бев, колку детално и совршено го планирав нашето зимување во Маврово, срце ми се кине...
     
    На Moira, kravce, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сдк па и не е тешко да се дава љубов.

    Само прво да се тргне целиот инат и гордоста настрана. Лесно е, само некои личности не го признаваат тоа поради гордост, си се шетаат така во заштитен меур наоколу.

    Не ми иде многу со зборовите, не излегуваат, од премногу мисли. :|
     
    На Moira и kravce им се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК прекрасно е чуството да си повторно меѓу старото друштво кое во се те подржува и секогаш те мотивира за само напред да тераш. Супер ми е. Уживам во периодов. Многу сум среќна што конечно си најдов ЕКСТРА спонзори. Најдобрите во Македонија. Се иде по нагорна црта. Само со Господ напред овие идни 32 недели ..
     
    На Hopeful, L-enna, ljubam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Мајка ми ме опиша како неодговорна и мрзлива, е може да се каже, ја заборавив ринглата денес, вклучена цели пет саати. Аа е нема она така мене, па за инат ја исчистив цобата и измив садови, па направивме една тура околу станот. Задоволна беше, значи нема скратување од време за излегување 8)
    И богами, после сетоа тоа раскревање, си се почувствував исполнета, само уште музиче ми фалеше, и ќе беше преубаво.

    Втора смена сум, такашто планирам да станам во 8-9, и да си трчкам на кеј саат-два. Ми треба, искрено, се навикнав на вежбање и ми годи. А после тоа, ќе напишам хемија, па на хор. Па шест досадни часа, па раскревање кај дедо, па пливање... Исполнет ден :clap: Браво - како што вика тој од рекламата за кафе на сител. Овој период си се радувам на мали нешта, убаво ми е. Да си леткам подолго. :D

    Ај имајте убава вечер!
     
    На Jagoda123 и Hopeful им се допаѓа ова.
  8. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Сакам да кажам дека премногу пати ми се има случено да загледам некого од далеку, да верувам дека тоа е личност што ја знам и сакам, за која се би направила, но тогаш забележувам дека има нешто чудно во одот и начинот на движење. Во грешка сум. Тоа е само личност што сакам да ми е блиска, а не си дозволувам затоа што никогаш нема да се привикнам на чудните движења.

    Во реалноста, видот ми е заминат во -3. Среќа што си купив нови леќи, сега подобро е.
    Во метафора има премногу објаснувања.
     
  9. BonnieTop

    BonnieTop Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    118
    Одам, одам по улица, чекорам и внимателно разгледувам. Чекор напред па два назад. :D Се вртам лево па десно, па повторно еден напред, два назад. Си пејам песничка Никола Никола нешто чудно ми се случува тоа тана танаа ... и наеднаш чкрипење од кола!
    Се избезумив и викам Ух, што е ова!

    човекот ме прашува како да испадне од град па да се усмери во другиот град.
    Занесена така му велам, чичо врати се назад, по 300 метри врти лево, на втората уличка заврти десно, па лево и право! па цепиииии!
    И човекот ми вели, Девојко како да се вратам назад по оваа улица, не е едносмерна!??!

    Јас целата :o ААААААААААА. заборавив! многу се извинувам, ве молам извинете, јас тотално изумив.
    Пробувам да се оправдам а устварност се удавив уште толку и му велам, Чичко, ве молам прашајте друг жител на градов, јас сум само случаен минувач. не сум од тука! :!: :$
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Не знам што ви е филмот со ова

    Ние по толку ги чекаме професорите и асистентите од Скопје да дојдат да ни предават. ;)
     
  11. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Јас се уште верувам во невозможното ... во сопствената сила ... Не е важно колку време ќе помине ... но знам дека тоа ќе биде како што јас ... СОНУВАМ.. како што ПОСАКУВАМ... И покрај сите бури и ветрови во животот се уште имам трпение... ...надеж и желба... Ќе Чекам ...
    Сите големи работи се чекаат ... Јас Верувам.... и тоа е доволно...
     
    На Lilliana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Јас не сум човек што умее да ги опише своите чувства со зборови..
    Никогаш не сум можела да објаснам како се чувствувам.
    Понекогаш не знам како да се изразам.. не знам како да ја опишам состојбата во која се наоѓам.
    Многу често ми се случува некој да ме праша Како се чувствувш ? Што ти е ?
    Јас после долго размислување едвај пронаоѓам соодветен збор за чувствата..
    Најчесто и ги избегнувам темите поврзани со емоции, но некогаш се напрегам самата на себе да си објаснам што ми е, :lol: и полека полека да се отплеткам во мислите.

    Многу често, влегувам во некои свои филмови кога ќе слушнам музика што ги опишува моите чувства.
    Во последно време опседната сум во звукот на виолина, ми се допаѓа, но сепак немам навика да слушам.
    Е ова се обидувам да го објаснам, но си признавам ова не се објаснува. Толку многу ме исполнува, не можам да опишам затоа што не постои збор што може да ја изрази таа убавина.

    Обидов повторно неуспешен..
    Морам да поработам на тоа.

    :worried:

    http://www.youtube.com/watch?v=caVr-Vde ... re=related
     
    На imelda, Glossy-girl, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.081
    Допаѓања:
    26.275
    Пол:
    Женски
    И овој ден пропаднат. Во последно време сум премногу пасивна. Ништо не ми се прави, никаде не ми се оди. Одам на факултет оти морам, собрав веќе доволно минуси годинава.. излегувам во град оти морам, да се видам со некои луѓе со кои се подзаборавивме. Вчера татко ми ме почасти со 20 евра, фатил на спортска таму, и ми рече оди, поднови се нешто. Денес бев по продавниците, разгледував оти морам, не дека сакав. Не знам како да поминам преку оваа монотонија која ме обземала.
    Имам млион обврски за на факултет, семинарски, домашни, ама ич не се замарам! А не бев таква. Баш напротив, од секогаш сум била организирана за се, дури и претерано. Сега демек одмор си дадов самата себе, ама некако тој одмор премногу се оддолжи.

    Мора да сменам нешто, и тоа под итно!
     
    На imelda, Glossy-girl, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.195
    Пол:
    Женски
    СДК којзнае како Обама стигнал онаму каде што е сега, којзнае дали воопшто постои...ама велат дека постои...Сте виделе мравка да зборува? Не? Ниту јас....ама велат дека наводно зборувала.Незнам како воопшто луѓето можат тоа да го велат, дека мравката зборува |( Не, ја немам проблем со реалноста, да ја гледам таква каква што е, која знае да биде страшно сурова, туку не сакам да ја гледам, онаква каква што јас сакам.Но ете некои преферираат да ја гледаат токму онаква каква што сакаат да биде, па после имаат проблем со другите луѓе.Незнам за нив, ама едно е јасно, чиста сметка, долга љубов.

    Него, се најдов маслинки, ги обожавам, убави и вкусни :mm: :mm: па и се забрзав, чиниш некој ќе ми ги земе маслинките :D
     
    На imelda, kravce и ilipili им се допаѓа ова.
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Од 1-12 ќе ме глеате како слабеам на кеј , како ме нема пред вили и како кажувам не на слатките

    А на 13 ќе ме видите на премиерата на Хобитот , како држам 2 големи паковања со пуканки+кока-кола
    А на 14 ќе ме видите со еден куп колачи и торти од роденденот што ќе го славам

    Понекогаш животот знае да биде многу добар :!:
     
    На Umbrella22, teddybear, Ella.313 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.389
    Допаѓања:
    68.434
    Пол:
    Женски
    Донесов одлука која ми симна голем товар од градите. Полесно се дише. А за понатаму што ќе се прави... Па, ќе му ја мислам понатаму. :)
    Премногу се самокритикувам, размислувам, анализирам, па цело време сум со некоја тмурна фаца. Морам да се олабавам малку, треба да го послушам маж ми за промена. Има човекот што да каже, а и секогаш е во право.
     
    На Katerinceee, teddybear, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Оваа година ке си го славам пак дома роденденот. Никогаш не сум правела којзнае колку големи рондендени но ете имам мерак овој 22-от да го прославам дома, со најубавата чоколадна торта на цел свет, и да знаете ке си купам и свекички. :!:
    Ха, баш ме брига дека сум голема за тоа, сакам и (точка).
    Уште само 2 недели, на денешен ден. И ако не ми честитате ке ви се налутам.
    Чао.
     
    На CIA, imelda, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера една козметичарка ми објаснуваше што треба да направам со вулканските камења за да бидат функционални за тој вид на масажа-па да ви кажам искрено, не е баш евтина :shake:

    се загреваат 30 минути-на скара, во рерна-по избор, се оставаат неколку миниту да се оладат, и се нанесуваат на грбот поточно кажано на рбетот и две на дланките :!:
    стојат неколку минути-се вади камче по камче и се масира-рачна масажа најдобра е
    и :!: се става пешкир кај тртната коска и на пешкирот се ставаат 2 камења
    за оние кои имаат проблеми со грбот нешто идеално :)

    сакам да пробам на мене-барем како би ми делувале, ама некако ми е страв :worried:
    а за на мајка ми постојан изговор е-не можам сега, преморена сум |( :yawn:
     
    На mjauuuuuu му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Ми фали летото :(
    Mи фали одморот со моите братучеди и соседи.
    Најубаво си поминав тогаш....
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ту бре, кога ќе ми каже некој дека риба сум се направила, што убаво ми доаѓа на душичкава. :D

    Па тоа детални анализи колку кила сум се здебелила вака од око, абре ајде, нек се нешто прича и о мени. Битно газните образи ги пуштив, а од напред црешки нерасцутени. Није проблем. :!:


    Еликсир на младоста не сум измислила. |( Јадам што сакам и во колку сакам количини, Џек ла Лејн пауер џусер не е мој изум. Фала лепо, и друг пат ако немаш некој посебен муабет со мене, не ни ми отворај уста.

    Во последно време вежбам тактика.Штедам на зборови. Не планирам да си ја трошам енергијата трудејќи се да размуабетам и насмеам намќор. Чим си решил цел свет да го мразиш - нека ти буде.
    Јас имам и други лица на кои им делам насмевка. :sun:
     
    На Monna.Monna, Elennaa, Sara123 и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.