[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Сдк дека живееме секојдневие со лицемерие... Листата продолжува со таканаречените "добри другари" кои едвај чекаат да ти забодат нож в'грб..Додека се со тебе зборуваат за некоја трета личност, а кога се со таа трета личност зборуваат за тебе...
    Немаат храброст да ти кажат се во лице, па мораат да се исповедаат на друг..
     
    На mjauuuuuu му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Абе колку не треба да се суди според изгледот, си сватив по не знам кој пат.
    Едно куче, сопственичката си го шета секое утро, така дебело со свиснати муцки, ниско, скрвавено во очите...не знам што раса е ама никогаш не ме бендисуваа ваквите кучиња.. И така со мајка ми фатени под рака, кога го видовме си велам леле ама ич не ми се убави ( а обожавам животни значи, обожавам!) ама ете едноставно лошо ми беше на изглед, многу луто изгледаше.
    Добро...
    После неколку дена повторно ги сретнав, сама. И како што одев значи накај нив, да се разминеме, се доближив, кога го гледам кученцево застана и ме гледа. Ама буквално застана значи. Го гледам, па не можам да ви опишам кој момент. Сеуште ми е фацулето пред очи. Абе тие очите скрвавени во моментот ми беа нај слатките очиња. Се насмевнав, и сопственичката благо се насмевна кога ја виде ситуацијата...Знам само дека многу ама многу сакав да го гушнам.. И дома додека им раскажував, та и на мајка ми, и велам Ти текнува на тоа кучето ниското, дебелото што зборувавме? И откако и кажав и таа се разнежни..
    И сега ми доаѓа да го гушнам бе, како ми е мило додека пишувам...
    А додека го гледав од далеку се си мислев што раса е оваа жити мајка.
    Не можам да најдам слика, би постирала, ама сега многу сакам да го видам повторно...
    Не знам зошто ама животинчињава ептен ми прираснуваат за срце...
    И така, го изнавикав дебело вакво такво а тоа да ти било едно слатко буце!
     
    На imelda, Moira, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Бон Џови прават 3 концерти по ред,од кои парите ќе бидат донирани за жртвите во ураганот Сенди.Отворена е и ЏБЏ Соул Фондејшн,кој сака да донира,за децата без родители.Во ЏонБонЏови Соул Кичн ресторанот,пред некој ден биле дадени 600 и нешто ручеци и вечери без да наплатат,а кој можел оставил пари и се е донирано во хуманитарни цели.Турнејата се вика Because we can,и дел од собраните пари ќе бидат исто донирани добротворно.Браво,браво. :clap:
    А не има некои познати што имаат 100 пати повеќе пари од Бон Џови и само купуваат глупости,место паметно да ги искористат :x :fubar:
    Браво,уште 100 пати браво.Освен што се еден од најдобрите бендови,тие се едни и од најголемите хуманитарци,посебно Џон.
    За ова да го направиш треба да имаш срце и душа. :clap: :clap: :clap: :clap: :clap:


    Симнувам капа. :nod: :l:
     
    На Monna.Monna, blaa, imelda и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Сакам кажам, незнам речам ми е работава деновиве.
    Се нешто неможам да се доискажам, да се изјаснам. Дали дека предменструалниов синдром ме зафатил па се наоѓам во некое бунило. Ништо не ми е јасно.
    Изгубив сила, некако ме фатија некои неубави расположенија, па ме држеа добри 5-6 дена. Ништо продуктивно од мене тој период. Само го арчам времето така без врска.
    Си имам јас вакви периоди. И да сакам неможам да бидам продуктивна кога ќе ме зафатат ваквите денови.

    Си ги бројам деновите. Дури и на календар означив. Колку ќе испадне точната дата незнам, ама деновите околу сигурно ќе биде. Се радувам. Овие денови живеам само за тоа.
    Следната недела ќе бидам во нечии прегратки.
    Си помислувам и топло ми доаѓа на душичкава.

    http://www.youtube.com/watch?v=-lUQs_TF9yE

    Ве поздравувам со песничка за весели мисли и љубовно расположение.
    Бидете ми со здравје Феминки.
    Анабел ви праќа кош со прегратки и бацки.
    Онака од чиста мира.
     
    На Moira, kravce и L-enna им се допаѓа ова.
  5. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Хахахахах колку иронични личности |( умрете бе ... :fubar:
     
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Понекогаш силно посакувам да се вратам во детството кога изгребаните колена ми беа најголемата болка во животот.
     
    На srcekrsacka, Katerinceee и Christina.A им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Многу ми е закон кога некоја цуца става профил пикчр на фејсбук,а е кропната од некоја групна или со другарка и, па онда некоја друга другарка прашува зошто ја кропнала другарка и?! :D И што да ти одговори?! За да немам компетенција у лепота?! За да бидеме на чисто за кого се шибаат лајковиве?! :D А со јасна цел е поставено прашањето...
    Леле жени,комедии сте! :D
    Да се одваљаш од смеење значи!

    Прича број два. Кој што прави во земјава,моја фамилија собира шољи од кафе... Собравме три сервиси...Да,да... од Гранд кафе... Оној шарениот со сонценца,уснички и срценца, црниот де лукс и сега белиот со кафенца на него. Мислам дека доживотно треба да ни испраќаат по 10 кг кафе месечно. Се отрувме више!

    Прича број три. Ја сакам другарка ми зошто е манијак со добра душа и не ми замерува кога сериозно ја карам и кога ќе ми дојде и ќе ме гушне како мало детенце,иако е постара од мене,па онда ми рече, па зошто си во право па секогаш?! :D И не ја сакам зошто ми рече дека сум во право,туку зошто ме слуша за нејзино добро! :!:
     
    На teddybear, sesilija, Anabelle и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Сакам да се доскажам по темата која ја начнавме пред некој ден за копирање на туѓите дела, т.е нарушување на авторско право.
    Да се разбереме,далеку од тоа дека го подржувам копирањето и присвојувањето како свои туѓите авторки дела,не само што е морално недозволено и правно, но само ако делото е заштитено.
    Секоја процедура за заштита на авторските делата се плаќа,и само така може да се гарантира и да се избегне злоупотреба.
    Се потрудив малку, го најдов ова,за да не копирам членови од закон, како пример на како се заштитува правно фотографија, ако некој се занимава со тоа, мислам дека на љубам може да и користи.
    http://fotosojuz.mk/?p=745

    Мене ми изиритира случката само што се нагласи дека е преземено од таму и таму, а никој не може со сигурност да гарантира дека таа е оригиналниот автор на реченицата, или и таа си ја позајмила од некаде.Случајот можеше да се заврши само со едни наводници и толку, дека е цитатат.
    И да не испадене дека напразно си се замарам, учам за ова на факултет, баш сега, и е нешто што ме интересира и што мислам дека можам да го гледам понатака како мое занимање.
    Да не ја тупам, секој кој е автор на некое дело, било текстуално, аудо-визулено,слика или фотографија, ужива права и мислам дека може лесно да се информира како да си го заштити своето право.
     
    На thelittle17, anabel-a, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    ^ Ти дете не ми стоиш за одамна тепано! :rofl:

    Абе јасно ми е тоа,впрочем имав сега скоро таква ситуација која ја решавав и си ...платив солено. Ама малце на моралот и етиката,личната самосвесност и почит кон туѓиот труд,на тоа мислев. Значи нас ни треба само да платиме за нешто за да бидеме свесни дека не смееме да го крадеме... само тоа не мотивира значи...за жал.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Ќе раскинеме ама ќе останеме другари, тоа е исто како - Ми умре кучето ама ќе си го чувам ..
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    ^последната реченица твоја се си кажува!
    НЕ треба, не викам дека треба,ама додека не платиш неможеш никако да си го докажеш правото,за жал така иде.
    Дискутабилна ми е целата ситуација со статусот,твитот или што и да беше,инаку и мене ми смета тоа ужасно кога некој од некого копира па и без заштита.
    Мислам дека беше твит посебно ми смета дека го сметаат за божјо дело,али нмв.
    Поентата, не крадете,ама ако сакакте да не ве крадат, заштите си,за жал само тоа може стварно да ве заштити да си ги видите своите дела си има на друг.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Е да не не?! Јас сум на пример од верверица и ок сум со тоа! Ама за такви задници,мора да дело на нешто надземно бре!!!
    Ништо,почнаа нероѓенава сестра да ми ја шират масовно некои твитер безвезалици,да и се пикаат у задник... се плашам дека ќе потпадне под глупите влијанија на кои им пркоси! :D

    Туку ме додаваат другари на бившиот од врска пред милијарда години,кои поим немаат која сум пошто не се дружеа тогаш... И ај сега?! Втор месецов?! И што треба јас вас да ви правам сега?! :^) Што заебанција е ова да ми је да знам... ми прави некои мучки...
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Дојде и времето на неписмените. Не знаеш дали навистина е неписмен/а, или се обидува да биде „кул“ со новиов начин на пишување :o :x :tmi: Страшно.
     
    На Ella.313, sunfemina и mjauuuuuu им се допаѓа ова.
  14. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    СДК во овие часови сум седнала да читам смешни мислења, многу сум ја запоставила темава, имам уште 50 страни за читање, ама :!: морам да кажам нешто...Мислам дека треба цел форум да се заблагодари на Господ што ја моделирал :!: нашата срцекршачка, патем поздрав маче. :hai: Посакувам на еден ден барем да и сум во главата, онака да се одморам и да си се забавувам со самата себе.

    Зошто бе ја нема во листата за форумџика на годината? Заслужи девојчето. :!: :)
     
    На popins, imelda, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Утринското кафе со мама.Станав многу рано па си решив да и сварам кафе па да си седнеме заедно да ги гледаме утринските програми и филмови...
    Решена сум да земам кученце со мал раст и да си го чувам дома...и ја кажав идејата ама никако не се согласува.А јас знам дека одкако ќе го види и ќе си поигра ќе го засака. :)
    Само што слушна на тв дека спомнаа руска салата,ете ми беља.Одма вика ајде стани руска ќе правиме.
    Е ајде кога веќе станав рано барем да бидам од корист.Додека да трепнеш салатата ја немаше,најомилена ни е па сите стрчавме кон неа. :D
    Цел ден наваму натаму растрчував со телефонот во рака и запишувам нарачки во последен момент.
    Денес роденден на малечкото што го чувавме,ама кој да ти знае...појма немав да знаев ќе отидев ама ај за утре одложивме.
    А додека пружав алишта наслушнав еден многу интересен муабет како свекрвата си ја оговара снаата и си кажува злобни намери.Веднаш потоа младата соседка дојде кај нас па решив да и кажам што слушнав,да ја предупредам.На страната на младите сум,а и башка не ја сакам таа свекрва и,што да и правам. :D
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК доброутро феминки :)
    Неутири, фала ти што ме насмеа утрово :*

    не за џабе се рекло-попаметниот попушта да, ама не секогаш нервно :!:
    кога ке ми текне пред неколку дена сакав Дијазепам од 2 мг да се напијам за да се смирав од нервозите со една личност која за срека или несрека е потпретседател во партијата каде сум член
    -како ли можев на тоа да помислам :o :tmi: каде ли ми беше паметот :wasntme:
    факт е дека двајцата сме слични по карактер и едно извини,неколку :) , и утешни зборчиња ја сменија целата ситуација , се разбира на подобро :)
    го свакам, тешко му е , страда за поранешната девојка -очигледно многу ја сакал а таа го изневерила

    и после ај да ве видам вас мажите да можете да живеете без нас жените :!:
    НЕВОЗМОЖНА мисија :rock:
     
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    -Луѓето кокодакаат без крај и конец. Човекот не настанал од мајмун, настанал од кокошка.-

    Зафон, со почит, јас започнувам сериозно да ја разгледувам оваа можност.

    едит: преводов наш :tmi: анализирајќи го конецот во реченицава :^)
    “People talk too much. Humans aren't descended from monkeys. They come from parrots.”

    како и да е, кокошки, папагали...
     
    На thelittle17, Mishela, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    srcekrsacka а вие можете без нас машките?
     
  19. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Чудо е тоа колку непостојана природа имам. Успевам да издржам се и сешто и само што ќе го видам крајот на работата да се наѕира се откажувам. Способна сум да одам 9 години на курс и 10тата да се откажам. Да вложам максимум од себе од учење и штом видам доаѓа крајот на годината да се оптегнам и да бидам бетер од најголемиот бегач од школо и да не се појавувам со денови.
    Вчера и денес поминав речиси цел учебник за на факултет,а денес ги тегавам последните 7 страници. И лошо е што факултетот ми бара долгогодишна истрајност и посветеност.

    Прост пример, вчера носев шолји кафе 3 спрата по скали,само што требаше да ги послужам на масата јас сите ги истурив. :wasntme:

    Трагач по предизвици сум и само што ќе видам дека нешто можам ,го знам и владеам целосно ич не ми е интересно. Така ми е на сите полиња. И мора да се смени,барем делумно.
     
    На kravce, anabel-a, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    едни без други не можеме :)
    мајка природа

    кога ке го вратам филмот за една недела наназад, имав шанса да присуствувам на многу интересна трибина-иако бев навистина исцрпена тој ден, сепак отидов и воопшто не се покајав-темата беше
    Влијанието на новинарите главен фактор за оформување на јавното мислење
    гостин беше госпогата милка Велиновска новинар, колумнист, и учесник во емисијата на Јанко Илковски-мислам се викаше Фрајдеј лајт шоу, или така нешто.
    многу паметна и пред се образована жена со 2 факултети завршено
    и во право беше кога кажа дека немаме како народ доволно самодоверба
    и баш се изјасни за невработеноста на младите-државата не е крива, криви се самите тие
    секогаш постои опција странство-во превод снајди се па живеј :)
    пример како да се стане човек на место-татко и ја избркал од дома кога била 7мо одделение за една четворка што имала-ке си помисли човек што монструм бил типов бе :fubar: и баш ни опишуваше како животот воопшто не бил лесен со неа-поминала низ сито и решето, но сепак станала човек на место :!:
    браво за унијата на жени што ја одбрале токму неа за една ваква трибина-ова не го пишувам како политички определена личност туку како млад човек пред се.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.