[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629

    Е ова веке ми се допаѓа,да си ми жива и здрава и да даде господ све што сакаш да ти се оствари. ;) :hai:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Не е петок, ама има гравче со сланина.

    Теа Модерна и еден фантазија бенд на рипит - Моp Mop. Kој ги знае, нека ги сака уште повеќе, кој не, нека ги засака уште одма! :lol:
    Испратив неколку трудови до професорката ми, чекам одговор да ми каже дали ќе ги објават. Денов забарикадиран во магла и сонце што пробува да извади гласни жици на виделина.
    Ќе одам НаТочак и се надевам дека годинава нема да капитулира ами ферски ќе заврши.

    Чисто онака, како визија.
    Сакав да кажам дека едвај чекам да китам елка. И да ми замириса собата на старите дрвени лампиони и коњчиња со кристали, купени од Словенија пред милион години. Некоја тивка меланхолична магија ме обзема тогаш. И да. Снег. Кога сите ќе се претворат во временски прогнозери и ќе штанцаат статуси СНЕЕЕЕГ, снееееег! *******, јас ќе си дремам на прозорец како мачка и ќе дишам во прозорец, мислејќи на моментите завалкани во музика и топло вино, верувајќи дека Љубовта ни расте како кокиче под снегот.

    Ако ми верувате, никогаш постабилна не сум била во животов. Коцките ако се заредат, на Рубикон ќе му покажам среден прст.
    Ви посакувам мека среда, не како Среда од Адамсови, гушнете си се себеси и ветете си нешто убаво и остварливо, заради вас.
    Дали топол шал, дали нова книга, дали глетки низ прозорец. Мали нешта што ќе ве прават уште поголеми.

    Да тргне денов, со песна:
    http://www.youtube.com/watch?v=jEArrLvYlKQ
     
    На ines.h, Peppermint, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Пред малку во темата геј напишав:

    “Ако некој тебе ти го дал правото ти самата да бираш за својата иднина за да бидеш среќна, и ти треба да му го дадеш на своето дете. Тој ако е геј, не значи дека не ја доживува убавината на животот. Знаеш како е муабетот на крај, па никој не може на сила да те натера да му бидеш родител на твоето дете, или ќе бидеш или не. А завесата ако сакаш сама ќе си ја тргнеш пред очи, ако не ќе живееш со табуата, па со среќа тогаш.“

    Значи сериозно, не можам да сфатам зошто луѓето преферираат да ги затворат очите пред реалноста и да се преправаат некои работи дека не постојат. Не е лесно да кажеш дека ќе се откажеш од детето дека станало геј или лезбејка, ти како родител си должен уште од мал да му објасниш како течат работите по некои природни правила, ама не можеш ти да му кажеш што да го прави среќен. Кога ќе почне народов да живее за сопствената среќа и на децата, не за комшиите што кажале, можеби се ќе беше поинакво.

    Туку како и да е, денов почнува убаво со - 3 кила, со одговарања на прашања кои ми ги испрати И. Шопов од Окно а и ме изненади искрено, досредување информации за хуманитарната изложба и надеж.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Решив да си го испланирам викендов, иако свесна сум дека Марфи мене ми го има фрлено меракот за вакви работи, и просто е невозможно мене некој план да ми се оствари, јас пак ќе си планирам, додека не го разбијам баксузот.
    И така, за разлика од многуте, би рекла нормални ама не се нормални, луѓе на планетава, што викендот си го планираат за да дувнат некаде на одмор, планираат каде ќе излезат и што ќе облечат, јас си испланирав дека ќе станам од сабајле и ќе гледам цртани. Ете така. И ќе јадам палачинки.
    Онака, цела недела ќе бидам сериозен академски граѓанин, работи за возрасни и шит, а викендов ќе си бидам дете. Само преку ден, ама пак се брои. Е сега дали ќе станам или ќе останам до рано сабајле, тоа не гарантирам, а воедно и Марфи се согласува по тој член.

    Денеска денов, главата нема да знам кај ми е, зафатен до крај.
    Не сфаќам луѓе што се жалат за нешто, а не прават ништо за да го променат истото. Ризик малку, што беше тоа? Си ја заслужуваат моменталната позиција. Мене ако ми е досадно земам шетам или викам некого на кафе, не седам и фучам само за тоа колку е досадно. Разбирам има моменти, денови со склоп на околности, ама ти цел период да преседиш во досада и само да се жалиш, епа си ја заслужуваш. Јас циркуз не знам да правам, кловн не сум, слон уште помалку.

    Не сфаќам како може целото време во денот и како го поминуваш да ти зависи од партнерот. Разбирам караници, па нерасположение и слично, ама ти да не најдеш занимација во ништо без дечкото, треба да се преиспиташ малку. Немање свое јас, или што е проблемов? Толку да не можеш да уживаш со сам себе, или со било кој друг освен златната половина што во конкретниве случаи не е половина, целина е. Има ли двајца во такви врски или се е оптичка варка, односно едниот цело време го вози другиот, ама толку кренал прашина што ни тој ни другите не гледаат дека само едниот има корист од врската.
    Никој нема право да суди бидејќи никој не го искусил совршенството, ама некои работи бодат очи и вриштат од претеризам.

    Патолошки врски, патолошки умови и емоционална зависност. Cheers :d:
     
    На bittersweet, CoverGirl10, Noemi и 10 други им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Денес ми се прават глупости, постои опасност денов да го убие досада, а јас морам да го спречам тоа.
    Решив, денес ќе одам на работа со кола, ќе ризикувам да ме сопрат затоа што немам возачка. Ако ме фатат, ќе фатам врски за да не платам казна, затоа што и онака системот така си фукнционира, а и греота е врските да си останат неискористени. Ќе си рокнам музиче и ќе си тргнам, што ќе биде нека биде :)

    http://www.youtube.com/watch?v=zvpeBPxyZAY
     
    На kravce, srcekrsacka и anabel-a им се допаѓа ова.
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Утнав нешто и се нервирам.Како смеев?Како можеше тоа да ми се случи во олку важен момент?
    :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear:
     
  7. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам дека иако не сум баш активна во темите , уставри ич бе не сум , ве читам постојано.
    Се надевам се сеќавате на мене . :^)

    Имајте убав ден, а јас ќе јадам пуканки :)
     
    На CoverGirl10, Doozy, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Конечно да стигнам до форумов.Ми фалеше издувен вентил,многу!
    Помалку обврски деновиве,повеќе време за шкрабање тука. :)

    А само сакав да ви кажам...Не се плашете да сонувате големи сонови феминки!Голема е можноста да ви се остварат кога не се плашите да размислувате за нив.
    :hai:
     
    На CoverGirl10, Smilly, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Многу пати сме биле во прилика да здогледаме пар каде што жената е многу попривлечна од својот маж. Научниците сега потврдуваат дека жените и тоа како знаат што прават.

    Најновите истражувања велат дека жените кои се во врска со помалку атрактивни мажи се посреќни и нивните односи се повеќе емотивно задоволувачки.

    Истражувачите од UCLA универзитетот во Тенеси собрале 82 парови кои се во брак година дена и кои се познаваат минимум три години за да ги снимаат за време на решавањето на личните проблеми.

    Во меѓувреме, група на луѓе го оценувала степенот на привлечност на двата партнери за објективно да се потврди кој во врската е попривлечен. После прегледувањето на видео снимките, увидени се одредени причини за однесувањето.



    Попривлечните мажи додека го решаваат проблемот со жените имаат став "тоа е твој проблем, ти сама носи се со тоа", додека оние помалку атрактивните повеќе се трудат да дадат до знаење дека жените им се на располагање и секогаш се со нив во случај нешто да им затреба.

    Постои можност помалку атрактивните мажи повеќе да се трудат да ги задоволат своите жени бидејќи на тој начин го надоместуваат недостатокот на физички квалитет. Од друга страна, атрактивните мажи се свесни за својот изглед и знаат дека се привлечни и кај другите жени, па така помалку се трудат да им дадат емотивна поддршка.

    "Во врските во кои мажот е позгоден, и двајцата партнери даваат помала поддршка. Тоа имплицира дека жената го копира однесувањето на мажот во случај да не чувствува дека се труди доволно, што доведува до круг во кој на крај никој не е среќен" - изјавил Бенџамин Р. Карни, професор по социјална психологија на UCLA.

    Бидејќи денес владее недостаток од привлечни мажи, барем така тврдат научниците од Универзитетот по Економија од Лондон, паровите од видот "убавицата и ѕверот" функционираат совршено.

    "Еволуциската стратегија програмирана во нашиот ДНК ланец го диктира правилото на раѓање на женски деца од страна на привлечните луѓе, па таквите парови имаат 36% повеќе шанси да добијат женски потомок отколку машки. Поради тој еволуциски процес во светот се раѓаат повеќе убави жени отколку мажи" - тврди докторот Сатоши Капазава, професор на лондонскиот универзитет.

    фали ви што ме просветливте,не сум знаел.
     
    На Ella.313, srcekrsacka и creshicka им се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Деновиве често слушам Абе ајде батали, љубов не постои, се ти е навика

    Јас ко војна да водам со сите околку мене за да им го докажам токму спротивното, дека љубов сепак постои.

    Добро ако не постои љубов, што е тоа што не врзува за некоја личност, што е тоа што не тера да останеме покрај неа и покрај сите несогласувања, и покрај сите негови маани, што е тоа што прави да чувствуваш топлина во срцето, треперења, што е тоа што те тера да се жртвуваш за таа личност, што е тоа ако не љубов.
    Јас сигурно нема да се трудам околку него, да се обидувам да ги решаваме проблемите, нема така лесно да заминам и да го оставам, ако не го сакам.

    Љубов сепак постои.
     
    На bittersweet, thelittle17, ines.h и 6 други им се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ах колку ме разнежни сликава. Еве ова сакам да ми се случи еден ден!
     

    Прикачени фајлови:

    На CoverGirl10, kate21, sweet-cherry и 16 други им се допаѓа ова.
  12. offtopic15

    offtopic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    102
    СДК дека денес се почуствував најглупава на свет.Моите секогаш се ми пружеле на свет и ме учеле не ги делам децата бла бла и секгаш гледав да им одговара.И другарка де и викам што и да биде ако не ти оговара цената и јас сум со тебе и ке ја нередиме некако ( девојчето во лоша парична состојба а тема за пари за Нова година) и и се наумило нешто на другава божем најдобра другарки не во кафана во локал ке било по ефтино а локал еден чини 10 илади денари а ние едвам 10 души сме ми узвученија ми друго... а тоа макаш што не кажува е бидејки дечко и незнае до последен момент дали ке биде на работа или не а сепак ние само девојки се собираме ( мајне битно не ми пречи) и слушам од страна почнале да се договраат дали по куки али по локали ... Питат дели на некој друг му е кејф тамуууууу ааа ? Јас гледам на сите да погодам а накрај тие не прашуваат дали на друг му чини.. па и јас сакам да се забавувам еднаш е нова година.. за се е така ! Поентата ми е дека лугето го носат епитетот СЕБИЧНИ а се сметат за ангели...
     
  13. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Убав ден денес м? :) Рано започнат, мрзеливо, со несакање, со пцуење на ладното време, и на сонцето што го нема ама сепак излезе убав ден :) Не најубав сончко ми фали и ќе ми фали до крајот на зимата.
    И покрај тоа што денот ми почна со предавања по најглупиот предмет, од професорка на која незнам дали да и се восхитувам или да ја жалам, ете и тоа помина. После малку шетање и мрткање низ чаршија со надеж дека ќе си најдам убава капа, ама ништо и од тоа, очигледно денес не сум била ни расположена за да купам нешто па за тоа на се сум превраќала очи. Па едно набрзинско кафе со вкусен чоколаден колач смачкавме со колешките, малку оговараќе (ама мнооогу малку) малку лаф муабет, и мене ми помина времето. Не ми се стануваше ама морав. Туку деновиве нешто татко ми многу ми фали. Му се јавувам по 5 пати на ден за да го слушнам. хххх а само еден ден го немам видено бре :?: И едвај чекам да си одам дома за да го гушнам. Тато мој. Срцка бе, сестра ми ми кажа дека ми спремал изненадување за нова година. Сакал да ми купи кола :D А јас замислите некам. Неќам да ми купува. Му кажав многу пати. Имаме и не ми е дојдено до тоа, кога гледам дека човекот по цел ден не е дома прибран за да ни даде се шо ќе посакаме и за ништо да не ни рече не. Неќам веќе големи работи. Не барам ништо веќе :) Сакам само да седне малку дома, до мене, да го видам. Краток е животот и не ми треба ништо ако него го гледам уморен, нервозен и нерасположен. Е така ќе му кажам вечер пак дека неќам ни кола, ни зимување ни нов телефон :D Добро и некња му го кажав истото и само вака ме погледна :^) :o Очигледно не ме сфатил сериозно, па ќе мора пак да му објаснам. Туку да, и мајка ми ми недостига, ама тато повеќе :$ Ете така одам јас да си ги спакувам куферите и да се испогушкам со моите најмили :hai:
     
  14. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    [​IMG]

    ... единствено што сакам е некој кој ке може да ја препознае тагата позади таа насмевка!
     
    На kravce, blaa и julie77 им се допаѓа ова.
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    На sadangel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Срцекршачке женава се вика МИРКА и да новинарите имаат најголем удел во формирањето на јавното мислење. Зависи која телевизија ја гледаш. Уствари имаме барем избор да го гледаме или читаме тоа што сакаме да го слушнеме или прочитаме, без да се плашиме дека некој поинаку размислува од нас.
     
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.749
    Допаѓања:
    17.711
    Луѓее..многу сум среќна, морам да ви се пофалам.
    По се изгледа ќе чувам куче, ама по се изгледа.
    Лабрадорот на чичко ми се окучил и татко ми рекол да чува една женка за нас.
    Леле ако е стварно..дај Боже.
    И така, многу сум среќна. :)
     
    На Monna.Monna, Doozy, sweet-cherry и 12 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.413
    Допаѓања:
    260.142
    Денес сакам да кажам многу, баш многу, ми лежи на душава, како грутка.
    И тоа заради лицемерни створенија кои чиниш постојат само за да наштетат некому.
    Ми велеа биди добар, ќе ти се врати со добро. Кое добро бре, кое.
    Ве молам не ги лажете децата со вакви глупости, денес никој не е добар.
    Лицемерие, гнаси и болни умови. Се ужаснувам со кого го делам воздухот.
    На човек ќе се трудеш да му помогнеш, да бидеш негово рамо за плачење, за на крај да си го добиеш ножот во грб. И боли, ма колку и да игнорираш, боли. Зборовите болат. Налет нека е и пријателство и роднини, ме болат некои зборови и дела, бидејќи не ги заслужив.
    Но има такви олоши од најлош тип кој буквално ти го отежнуваат животот и се прашуваш зошто.
    Олоши, расипници, самобендисани лицемери, на крај сами ќе останете.
    Маските паѓаат, љубомората и зависта ќе ве изеде.
    Пазете се луѓе, ваквите не јадат, ваквите голтат. Аждери.
     
    На Monna.Monna, bittersweet, CoverGirl10 и 22 други им се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК не е важно што човек доживува, туку важно е дали тоа ќе го преживее, ако преживее, уште една успешна битка за него, ако не, ќе научи, тоа едноставно ќе му биде како обука за она што би можело да му се случи во животот.
    Човек треба да бидете горд на себе си, за се она што го направил тој самиот, бидејки и онака никој тоа не го направил наместо него.Со тоа добива, не губи :)
     
  20. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека во моментов сакам да појдам на некоја планина да се изнаразвикам без никој да може да ме слушне и да си ја потрошам енергијата. Милина.
    :wasntme:
    [​IMG]
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.