[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Симпатичен ден...
    Симпатичен, не поради нешто друго...туку бидејќи едноставно неможам да си дозволам да биде досаден или летаргичен. Си ветив самата себеси дека нема повеќе да се нервирам, и да збудалувам за се околу мене.
    Вчера почнав убава книга, завршив многу работи во времето кое го имам само за себе. Денес сакам денот да ми мине во таа насока. Во пријатна дружба со себеси, покасно со моите најблиски и оние кои ме сакаат и ги сакам.
    Почнав и да комуницирам со бебушот. :) И чудно е како се повеќе се адаптирам на улогата мајка се чувствувам поубаво, благородно. :angel: Среќна сум заради тоа, бидејќи на почетокот ми беше екстра чудно кога отидов во апотека да купам МАМАВИТ. Откога и побарав на апотекарката, ја погледнав другарка ми со широкоококорени очи, и реков `Мамавит бе! Јас!` :wasntme:
    Влегувам и свечано во второто тромесечие, па стомачето се повеќе ме издава... :)
    Многу сум си смешна сбеси, слабичка сум со топчесто меше. Како да имам глисти :D
     
    На bittersweet, kate21, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    ВЕТЕНО-СТОРЕНО!
    Во многу ситуации си останало ветеното, а никаде го нема стореното!
    Дури и кога човек е сигурен во себе не треба да вети, зошто секое ветување за некого е исчекување.
    На дете нема да му замериш, ќе се обидеш да го натераш да сфати колкава е тежината на ветеното и дека не треба да ветува, туку треба да делува.
    Не можам да ги разбирам возрасните, сериозните, одговорните луѓе кога не си стојат на дадениот зборот!
    Не е во ред да дозволиш некој да се потпре на твоите празни ветувања и да го оставиш така.
    Во што ли се претворивме ние луѓето?
     
    На imelda, kravce и julie77 им се допаѓа ова.
  3. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Се чудам како ме трпат сите околу мене. Па јас самата со себе не можам на крај да излезам.
    И после се жалам. :^)
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.752
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сум ви кажала ама имам една домашна мачка и 4 надворешни.Е сега тие надворешните не ми се постојано во дворот ама збирно место им е чергичето пред мојата врата.Е нели при толку мачки обично знаеш каков им е табиетот и однесувањето,ама овие :swear: И ако некој каже дека се парат само во февруари,има да му ја зашијам устата хирушки.Овие аспиди се парат во сите годишни времиња.Прво се бркаат ,па после се провоцираат,женките се истегнуваат пред мажјаците ,тие ги гледаат без да трепнат.......и тогаш она нивно мрњааааАААААААаааУУУууу од кое добивам нервен слом.Ги сакам јас нив ,ги хранам ,и мазам ама бре ова нивно однесување нема крај... :talk:
     
    На Doozy, imelda, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Читам една многу позитивна книга, и на пракса сум кај една многу весела девојка, секој ден ми е убав поради неа, ми влева самодоверба, желба за живот. Девојкава цело време се смее, збори, и дел од нејзината сила и активност ми влева на мене па кога ќе си дојдам дома, не сум заморна, ни депресивна, него сакам да зборам, да учам, да играм.. Имам сила.

    Сега во моментов се водам по едно мото, I believe i can fly
    Се што сакам, доколку доволно го сакам, го можам.
    И сега вака оптимистички сфаќам, дека се зависи од мене. Вака расположен, ја уништувам мојата метеопатија, и се осечам феноменоменално. Не, се извињавам, евентуално.
    :D



    Кога ќе сфатите дека има луѓе кои со намера ви ја земаат енергијата и ве плашат, застанете и размислете дека никој и ништо не ви може. Ако нешто сакате, направете го, и заборавете на вчера и утре. Сега сте тука и овде.

    Имајте убав ден добри луѓенца, и верувајте во себе.
    Едно чајче од мене :coffee:
     
    На bittersweet, Doozy, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.452
    Допаѓања:
    143.742
    Вчера целата теорија за опстанок на посилните видови ми стана кристално јасна.

    Сцена: некаде тетовско, работен состанок, обид број 2. Првиот одложен поради немање превед дневен ред во писмена форма. Знамиња на туѓа држава на сите страни, и со секакви димензии. Знаме колку цела куќа, неколку знамиња на гајтан, коли со 4 знаменца, 2 напред, 2 позади, знамиња на верски објекти, и сите во празнично расположение поради големите празници овие денови.
    Мала дигресија: на интернет гледав фотки и од спална со постелнина со мотиви од знаме. Јас не би можела да легнам на знаме, а камо ли да исполнувам брачни должности. Пу, пу, одма ќе ми дојде да почнам да ја пеам Денес над Македонија се раѓа... а тоа повлеквит станување од кревет и стоење мирно, значи ништо од бизнисот (т.е. брачните должности).

    Го поминувам патот со знамињата и се прашувам што една држава треба да направи за тебе, за да ја почитуваш неа, и нејзините симболи: знаме, химна, официјален јазик. Не викам да ја сакаш, туку да ја почитуваш, поради се што ти пружила, а тоа е многу, и незамисливо друга држава толку да ти пружи. Милион тези ми се свртеа во глава, дека сега е касно да се реагира, дека требаше тогаш кога беше време, или уште порано, или не знам кога, или ќе биде во иднина... И дека треба да ги прекинеме дипломатските односи со соседните држави кои не не почитуваат... а тоа се сите.

    Отсекогаш сум викала дека ако сите не се согласуваат со тебе, ако сите ти прават што сакаат, и сега и во минатото... тогаш болната вистина е дека не е до другите, до тебе е. Не може сите комшии да те мразат без причина. Не може баш па само кон тебе да се неправедни, и тоа и пред 500, и пред 100, и пред 50 години, и пред 20 и пред 10, и сега.

    Сите теории ми пропаднаа, остана само една. Дека опстануваат посилните видови, посилните примероци од видот, тоа е природен процес, а против природата не се може. Сме го виделе, го гледаме и ќе го гледаме се повеќе и повеќе, затоа што природата штотуку почна да враќа.

    И нема одговор, не може да има, се е тоа само привидна реакција. И да се бориш, не верувам дека ќе има успех, и да се отселиш - секаде е исто, само можеби нема толку да го чувствуваш затоа што не е твое, можеби помалку боли. Ама се е тоа привидно. Против природата не се може. Владее силата, покажано и докажано во милион случаи. Останува човек да се прилагоди најлесно што може. Ако може воопшто прилагодувањето да биде лесно.
     
    На Doozy, MandyLane, karenin и 16 други им се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.493
    Допаѓања:
    17.001
    СДК не верував во маѓии и такви безвезни работи...ова што ми се случува мене е ХОАС и МИЗЕРИЈА...тој што ми направил вакви работи ГОСПОД да го казни...да му се врати исто што и јас што го доживувам...,ма не ГОСПОД ДА ТЕ ПОЖИВИ да гледаш се како ти се распаѓа пред очи.Се изнувам што сум толку негативна..но 2 години ми поминаа :( АМА КЕ БИДАМ УПОРНА!
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Се враќаме со мајка ми од преглед и задоволна му врти на тато да се пофали што и кажала докторката. И збори мислиш појачало голтнала.
    Мама: Душо, се е во ред, ми рекоа уште 10 години најмалце ќе мастурбирам.
    Громогласна смеа сред клиника.
    Мамо, ќе менструираш, а не мастурбираш. :rofl:
    Мама: Ах, така ми кажаа?!? :lol:

    Си земав слободни денови. Викендот ќе поминеме заедно. Ми недостига :hug:

    [​IMG]
    Игноријате го в во сватите :|
     
    На Monna.Monna, bittersweet, CoverGirl10 и 33 други им се допаѓа ова.
  9. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    ...спиена сум само 2 ипол саати, *ако не се рачуна овој пола саат маткање во кревет со замижени очи* ,пиена сум 2 strong кафиња, мислам стварно стронг уште ги осеќам во желудникот....
    ... учењето за втора колоквиумска може да започне!
    Колоквиуми се ближат колоквиуми се ближат...... :Down:
     
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Колку мразам врски и улизување тоа чудо едно ,а денес ,е денес ме замешаа во такви идиотизми што ми доаѓа да земам и да утепам некого. Ни крива ни должна,се осеќам толку засрамено и мислам сите гледаат во мене. Никогаш нема да научам како функционира пола Македонија со врски. Ама моментално ми доаѓа да ја пикнам главата под перница.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Кога некоја ужасно саркастична иронична личност ќе ти рече Ау, Др.Хаус го гледаш? :o Саркастично иронично копиле |(
    Е па тогаш не знам што е по голема иронија :D
    Многу се соживуваат луѓево бе со замислениве ликови. И демек ако тој бил ужасно саркастичен и бесчувствителен не требало да се гледа. :D А тоа го вели личност која е далеку по забегана од опишаниот карактер.
    Пак ќе кажам, која иронија :D :D
     
  12. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Срцето ми е искршено на милиони парчиња.. Само тоа ќе кажам. ;(
     
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Сум го свозила :D денес пак точакот мој , и по стоти пат си потврдив на себе си дека јас сум
    сончево детуле.
    Не можам без сончко, без луѓе, без галами .
    Во есенско -зимска варијанта нараквици , палто чизми шал два пара хеланки :lol: и спремна за возење,и да ви кажам не ми студеше воопшто дури и се препотив .Туку ај да не ве гњавам со пот и ова она .Да кажам како сум во задно време дошла до констатација дека најубаво ми е кога си сум сама додека извршуваме некои обврски.

    Без разлика какви дури и она наједноставното на шопинг ....не ми треба друг да ми трие сол на глава (евентуално сестра ми ) мирно спокојно и со добар резултат ќе си ги завршам сите обврски .
    А не труди се да му одиш по кеиф и ти се е.. м се извинувам за речникот.

    И така во подготовка за роденденот му ...како страчка од седело во седело сум, ќе пролетам таму ќе пролетам онаму.Сум засукала ракави месам , правам .....па нели тој изиграваше бармен за мојот роденден, сега јас се во едно пекар готвач организатор , и поклоно набавувач .
    Инаку смрдлото ми ги разоткри поклоните и сега сум без сапрајз- фазон :fubar: :lol: си го пика носот кај не му го бери , детективот Мамли не му е рамен .....инаку остаре :rofl: покрај него и јас .Ај отидов да доправам започнато држете ми среќа да испадне тортево како треба .
     
    На bittersweet, kravce, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Знам дека воопшто не сум активна ама ке надокнадам за тоа.Ме дрма пмс...Што да правам...кога сум таква сум лично гаволот.Не можам да се смирам.А во секој период сум спремна за кавга.
    Вака не иди повеке.Мора да се смени нешто . Одамна променив се уште тоа фали. :)
    Се надевам дека останатите сте добро. :hai:
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... како може енергијава да ми падне одеднаш тоа е едно чудо!? Плус пропратено со ПМС, тмурни облаци, тмурни денови и тук таму по некои иритирачки и нервозни моменти и личности кои ги носат истите со себе ... таман за да ме фати лудило. :|
    Сфаќам дека кругот врти цело време, нема скршнување. Сепак се се враќа на истата точка. Што години и времиња ќе беа ова?? Се повеќе безличност, себичност, затвореност, променливост, несигурност ... Драстична разлика од порано и сега. Сега колку повеќе и да имаш на избор толку повеќе не можеш ни да го направиш. Затоа што што и да избереш некогаш, некаде ... истиот ќе испадне дека е погрешен.
     
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Колеги слободни сте , можете да си идете дома

    [​IMG]
     
    На antonina, Neytiri, teddybear и 7 други им се допаѓа ова.
  17. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Ги сакам старите луѓе многу, многу ми се мили :)

    Можеби еден ден ако живеам со свекор и свекрва косата ќе ми се крева од нив ама сега за сега многу ги сакам .
    Во очињата ми се полни со приказни , со некаква несогорена надеж, со некоја посебна топлина , мали желби во нивните остарени душички.
    Огинчето до нив во студените денови , елечето на нив , љутеница и парче сирење и ете ги се смејат.
    Прашај ги за како млади што правеле на се се сеќаваат , а за нешто од вччера забораваат . :D

    Одам да го гушнам дедо ми. :)

    [​IMG]
     
    На CuteEva, CoverGirl10, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.238
    Допаѓања:
    111.538
    Пол:
    Женски
    Глуп директоре, јас можеби сум поглупава од тебе, можеби сум дури и со помал коефициент на интелигенција, но јас сум човек за разлика од тебе, имам во мене човечко кое тебе ти недостасува. Додека јас те жалев заради починатиот татко, ти се издераваше на мене како да е крај на светот, ме рамнеше со второкласни мајстори и празноглави плавуши. Епа нече мочи, или ќе се смени односот или ќе ми ги видиш петиците, друго нема. Јас навистина не разбирам од каде им толкава сила на директориве да се докажуваат кога не знаат каква била ситуацијата, кога не знаат и не биле присутни. Што, ако ми кажеш 5 пати да ја преправам куќата која не ми е по мерак да ја работам бидејќи личи на мики маус во основа мислиш дека ќе ми згрешиш? Не, нема да биде готова на време, само тоа, а тоа мене не ме тангира, јас ќе исправам ѕидчиња и ќе кривам оградички до задутре, ама клинетот тебе ќе те праша зошто не е готов проектот не мене. Ах што мразам прости луѓе, единствено од нив повеќе мразам прости и лоши луѓе, а таков ми е директорот. Не, не мразам простодушни луѓе, тие едноставно не знаат како поинаку, јас мразам прости луѓе кои се прават дека се паметни, е баш ко мојот директор. :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
  19. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Добро, што им вреди мобилниот телефон на некои луѓе кога никогаш не можеш да ги добиеш??? :fubar:
    Е, многу се нервирам... МНОГУ!!!
    Па и јас не сум роб на мобилниот телефон, ниту пак очекувам некој да биде. Не го носам постојано со мене, ама па и не го забаталувам со саати на нечујно или на вибрации и да не ми текне ниту еднаш да го погледнам.
    Деее, по гулаб писмо да не треба да пратам? |( Ццц..
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Го знаете она чувство кога најмалку сте се надевале на некаков успех за некоја работа? И кога изненадно (БАМ) резултатите се повеќе од подобри! ^_^

    А го знаете и она чувство кога ви доаѓа сами да се потчукнете по рамо дека во тој момент нема кој тоа да го направи?!
    Е, баш така се чувствувам. 8)
     
    На bittersweet, zarah, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.