1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК дека многу од луѓето го сваќаат животот како чекање на нешто што никогаш нема да дојде :talk: :talk:
     
  2. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    А јас, верувам и многу други феминки не сФаќаме како сеуште пишувате сВаќа по толку многу корегирани грешки :^) .
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека цел ден ми е со полна куќа гости :) :^) + сега чекам други....живот живот :)
     
  4. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    проклета да е љубомората!! :x :tmi:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.544
    Допаѓања:
    289.134
    Перцепција.

    Со блиските често се поставувам самокритично, што ќе им снимам филмови кога ми ги знаат маните. :D

    И така јас на другарка ми и кажувам за своите контрол фрик епизоди, и она на мене нееее бре Дани не си контрол фрик, ти само покажуваш вишок сестран интерес.

    А јас за малку ќе помислев дека имам сериозен проблем :D
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.215
    Допаѓања:
    124.931
    Е сега ми дојде преку глава од книги! Доста бев во студент фазон,не,не не сакам ни маркери,ни тефтери,ни книги,нит презентации :@
    Ееее,кога студирав и кога дипломирав ми беше мерак што конечно нема веќе дебели книги.Ама таква ми била судбината,оп вработување-и оп -истите такви дебели книги,презентации,истражувања и слично........зошто не бива само да си работам :geek: :D

    Меѓу другото,се прашувам,дали за некои работи оставам на
    ......
    Ако почнам да размислувам ќе нема крај :shake:
     
    На kravce, lunicka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Дувна ветре развигорче :D
     
  8. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    На секое едно решение,постојат 10 нови проблеми...


    Сега што сакате,машка или женска казна? :D
    [​IMG]







    [​IMG]
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Еден паметен момак на твитер напишал, дека има денови на кои да им истуриш и сто кила боја, пак ќе бидат тмурни. Несомнено, бил инспириран од ваков ден.
    И баш на ваков ден, се прави дома нешто зашеќерно, ултра благо, за да ти измами барем малечок осмех на лице. За жал мене наместо тоа благичко, ми се послужи рендано цвекло. Убаини, како да кажам... |(

    Го гледам мачоров, како ме прати со поглед низ собава, и како му се затапува истиот тој поглед во секундата кога ќе излезам. И сфаќам колку е пустиот тој, беспомошен, и како животот му зависи само од мене. Жал ме фаќа кога ќе помислам на тоа што поминал надвор, затоа што погледов во очињата му е сменет, целиот е жален, а нема ни глас за да мјаукне.
    Едвај дочекав да го избањам за да можам на раат да го изнагушкам. Сега и он е под терапија, а потоа пак на мојот режим, да се врати во прасето кое беше.
    И така, јас и мојот дебмел, предпразнично ќе се лекуваме со антибиотици. И ќе се дебелееме со домашна храна.
     
    На eli25, kravce, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  10. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    8.437
  11. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Од прегеска пишам, бришам...никако да го објаснам ова што ми се случува...и како се чувствувам.
    Па случајно наидов на мислава, и да тоа е токму тоа што сакав да го кажам а незнам да го речам :D

    „Ако ме сакаат сите тогаш нешто не е во ред со мене! Ако ме мразат сите тогаш повторно нешто не е во ред со мене! Затоа најдобро е да бидеш некаде на средината...“ :)
     
    На kravce и Hayley им се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Зошто на некои личности им е толку важно или можеби убаво да чепкаат во нечиј живот? Особено таа наводна „искреност„ со која како со маска се прикрива негативноста која произлегува длабоко од нивното срце.
    Какво е тоа задоволство што ги исполнува кога ќе ја видат тагата на туѓото лице?!
    Убаво е да се потенцира негативното во другиот, се со цел да му се помогне. Тој да ја сфати својата грешка и да ја поправи, но буквалното вербално удирање е многу тешко.
    Не е сечија душа силна. Не сечија душа знае како во тие помалку груби зборови да го пронајде доброто.
    Човечката душа е како стакло. Како тенка кристална чаша. А таа само од едно малечко зрно песок може да распука. Можеби нема целосно да се изрони и скрши, но таа шара на неа ќе остане засекогаш.
    Зборовите болат многу повеќе...
     
    На Micheleljubov, slavica999, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.223
    Се прашувам цел ден дали денешниве ученичиња прават календар на времето?
    Се сеќавам во прво - второ одделение кога го правев со татко ми. Па тоа уметност беше бре. Ама беше смешно кога немаше да го потсетам едно две недели да ми помага да го правиме,а и јас ќе заборавев, па навечер паниките,фамилијарно собрани и сите се присеќаат какво било времето минатиот понеделник за да го нацртаме како што треба. :D
    Па и на училиште имавме еден заеднички на огромен хамер...до душа и на наставничката и се случуваше да заборави,па да ѕирка од нашите и да го црта. :D
     
    На Monna.Monna, Neytiri, Ana.Jones и 14 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.238
    Допаѓања:
    111.538
    Пол:
    Женски
    Лилитке кај ти текна жити све, не ми се верува дека си запамтила, а ме присети и мене. Уф, колку сакав да го правам оваааа...... Омилен дел од домашната ми беше :D
     
  15. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Седам дома, слушам вести со милиот мој и не ми се верува...
    6 годишно дете најновиот регистриран случај на ХИВ/СИДА во Македонија :o
    Се рашири чумава и тука, не бира ни пол ни години...
    :(
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Затоа што едноставно им се допаѓа некого да уништуваат, а го прават поради тоа што или нив некој некогаш ги повредил, па дозволиле нивното его да стапи на сцена, второ, сосем обратното, поради превисоко его, трето затоа што дозволиле други да им се мешаат ( да им го контролираат) во животот, четврто затоа што како одмазда тие истото го прават на други луѓе, бидејки едноставно не успеале да ја реализираат својата цел, која можеби во суштина не била да повреди никого. Затоа за да немат никакви проблемас, едноставно човек треба да не дозволи истите да им се мешаат и тоа да го потенцира, нагласи.
    Иначе ако човек им дозволи, готово.И едноставно игнор, подобро од тоа здравје, кога човек ќе запримети вакво нешто.Не треба човек да си дозволува да им биде рамен, оти ќе се случит обратното, а и да ти кажам, не ни вреди, воопшто, да вредело, немало да прават така.
    Не зборам од што така ми текнало или напразно, не, не, не...
     
    На zarah, Serafima и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.752
    Пол:
    Женски
    По милионити пат,зготвената вечера оладена,насмевката смрзната и спакувана,студенило во душата како Сибир да се преселил во мене...залудно е...некои луѓе не созреваат никогаш....се нешто и се некој друг е поважен од мене и домот...ова не е живот,не е брак...овде нема љубов...
    :( :( :(
     
    На Stoimenovska, mal.ecka и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.223
    Ихиии,а множества со овошки кои ги правевме од тврда хартија, позади залепено шпирт хартија,па на посебна мека табла со волница правевме множества,а во нив ги полневме со овие овошки, крувчиња,јаболчиња, јагодчиња! :D
    Не знам дали во сите училишта било така.
    Па креди во боја,иха сензација беше тоа бре! Ти се чини ќе ги изедеш од ќејф! :D
    Миризливи гуми со пчеличка...
    Ех ние знаевме што се мали радости...а сега...пфффф...
    Леле колку сакав општество,ама последните лекции беше македонска историја. Уф! Е тоа го мразев.
    Па работните тетратки...лелеееееее...убавини! Па везеш у нив,бре,бре...

    Ги чувам сите книги и тетратки на таван. Еден ден ќе ги отворам кутиите да ме обземе безгрижност бар на момент! Сега скоро во една папка најдовме цртежи по дома,па толку ми дојде топло на душава..значи ги памтев во моментите кога сум ги цртала.

    Тато и Мите местат антена! :D Тревата моли, не гази ме,боли! :D Каде одат облаците?! :D Баба меца во зимски сон...оооооооооо убавоооо...
     
    На Monna.Monna, BeYourself, Neytiri и 23 други им се допаѓа ова.
  19. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК каков муабет ми направи еден мој другар...никогаш нема да го заборавам !!! Во животот, уназад 3 години...секој негов совет го памтам. Останав збунета од толку подршка што ми даде. Просто не ми се верува дека секогаш бил тука за мене.
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    ^ А како одеше она... Дедото за репата, бабата за дедото, за мачето, кучето, зајчето, глувчето...

    Мислам дека беше: Дедото за репата, повлечи-потегни, нејќе. Ја викнал бабата.
    Бабата за дедото, дедото за репата, повлечи-потегни, нејќе. Го виканле кучето.
    Кучето за бабата, бабата за дедото, дедото за репата, повлечи-потегни, нејќе.

    Абе, да не имаше и внучка? И ремикс направив. :D
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, Neytiri, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.