[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Не можам да му се лутам нему. Барем не повеќе од 5 минути. Еве денес не ми беше денот и му се налутив за глупости. И седам јас на едниот крај од креветот, тој на другиот. Он гледа телевизија, а јас во него. Ме погледнува од време на време. Ми вика: Ко ќе престанеш да се лутеш, кажи ми. Ме фаќа смеа, се смеам под мустаќи. Не можев да се воздржам повеќе. Почнав да се смеам гласно. Почнува и он да се смешка и ми вика: Шо сеа ногу ли е смешно? Јас уште толку. Се држам за стомакот, солзи ми течат. Се смее и он. И одеднаш.. ме зграпчи така силно, ме припи до него, бакна. Се стопив. Пеперутки ми летаат како луди во стомакот. Претеруваат пеперутките. :D Беснеат. И они како нас. :wasntme:
     
    На Mrs.Cuper, L-enna, Lov3 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Севево покрај тој блоу .... :D морам да признаам ептена е грациозна убава и тренди бе.
     

    Прикачени фајлови:

    На Oxymoron и marama им се допаѓа ова.
  3. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Раскинавме, го мразам!
     
  4. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Чувствувам дека се претворив во луѓето кои ги мразам!?
    -Знаете оние на кои to do list секогаш им е nothing.Се чувствувам празно,бескорисно...како амеба!ѓ
    Qu'est ce le point?
    :^)
    Деновиве и фитнесот го запоставив,а богами и почетокот на часовите по гимнастика го одложувам со недели.
    Уф,не се сакам ваква!!!
     
    На MandyLane, Hipster, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК преубаво е чувството кога човек посакува другите луѓе да се среќни ^_^ ^_^ ^_^
    Кој го знае тоа чувство, знае како е :D Нали? :D
     
    На Moira, kravce, Mishela и 9 други им се допаѓа ова.
  6. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека времево е преубаво за спиење што убаво си врне надвор па уште кога и љубовта е до тебе убавини чај,кебенце,филм и романтики ;)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    [​IMG]

    Еве вака се чуствувам во моментов.Сто мисли ми летат низ главата.Матура,каква,што,каде,кој.....Па потоа фалкутет,каде?со кој? А да не зборуваме за матурската вечер,и за тоа што некои веќе се спремаат.Е абе Нова година доаѓа....Кај ми е крајот мене?
     
  8. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Јас и мојата единствена другарка која што знам дека никогаш нема да ме изневери имаме неверојатна телепатија.Секој ден пред да и ѕвонам таа ми ѕвони или пак обратно.Преѓеска и пишав порака а таа ми вели дека ме сонувала ноќеска :D .Таа е единствената на кој што можам да се потпрам во било кој миг.Знам дека каде и да сме,колку и километри да сме оддалечени сепак секогаш ќе сме блиску една до друга и нашата поврзаност никогаш нема да ја снема.Таа е од оние тип на луѓе кои што секогаш се насмеани,ведри,позитивни,кога ќе ја погледнам или слушнам секогаш ми изнудувала насмевка колку и да ми било тешко.Секогаш знаела да ме удри од земја со своите искрени мислења,заедно сме плачеле во моментите кога ни било тешко н било кој од нас ,а богами заедно сме се смееле до бесвест.
    Многу пати сме се скарале од некоја безвезна причина, бидејќи двете сме инаетчивки,но веднаш ни поминувала лутината.Не можеме да сме лути една на друга подолго од 5 минути,до душа и тоа е многу за нас.Се дружиме константно веќе 12 години и знам дека никогаш нема да престане и згасне нашето пријателство.Тоа е едно од оние видови на пријателства кои што се ретки,но се но нераскинлива врска.ЌЕ се обидам вечно да го зачувам тоа пријателство бидејќи ни треба и на двете.
     
    На bittersweet, teddybear, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    На Kathlin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Ете така.. Ме налути, се изнервирав и сега се мразам себеси! :@

    Зошто секогаш кога ќе се налутам и изнервирам јас сум на работ да заплачам???
    И зошто секогаш кога сум на работ да заплачам и давам се од себе да не се случи тоа гласот ме издава???
    И капак на целата нервоза е кога ЗНАЕ дека сум на работ да заплачам и за инает ќе ме праша: ТИ СЕ ПЛАЧЕ?
    Е тогаш веќе... Стварно ми доаѓа да го истепам... :@
     
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Како помала така слабечка, исушена, грдичка ,кога ќе видев некои дебели женички
    секогаш викав: абеее ај како можат да си дозволат да бидат такви дебели свињи ?
    па јас да сум на нивно место нема да јадам, абе секој ден ќе трчам ќе се потам и ќе се направам риба
    абе дали сте нормални виее !????
    И оп како и по обичај кармата знае мноогу да заебе и да биде голема кучка
    Не дека сум дебела свиња мнг ме критикуваат ако за себе речам дека сум здебелена
    Ама многу...многу било тешко да заслабнеш бе луѓе мои
    Мачно е чуството кога ги гледаш сите со хотдозите тостовите и сендвичите во раце
    а ти си крцкаш некои безвеза грицки и мислиш дека си најаден
    Ќе слезеш по скали и оп сваќаш дека си се зезнал самиот ,пак си огладнет пак цревата ти прават диско во стомакот
    И така секој ден не било лесно
    Дури сега ги сваќам таквите :)
     
    На eli25 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Понекогаш, едноставно љубовта не е доволна :)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Да, дебели се но сосема нормални!

    Нели мислиш дека епитетот дебели СВИЊИ е навредлив и звучи сурово?

    Не секогаш храната е причина поради која некој се здебелува. Гледам ти не си слушнала за тироидна жлезда и хормонални пореметувања, каде ниту физичката активност ниту диетите не делуваат.

    И немој да го изгладнуваш организмот сакајќи да станеш "риба" јади во нормални количини и јади здрава храна.
    Продолжи со спортувањето и научи да ги почитуваш луѓето кои во секоја смисла на зборот се поразлични од тебе.
     
    На Monna.Monna, Rubiii, starbucks и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.224
    Паѓам на луѓе со добра способност за екстремно добра реторика и ораторски способности.

    А како спротивност на тоа, одбивни ми се луѓе кои смараат со себе и се она кое го прават по дома и го пласираат по социјалните мрежи. Ал по оваа тематика имам уште 6 книги за читање,па ќе ви го опишам како глупите успеваат да ја наметнат вољата на паметните,односно прават обратен процес, паметните ги асимилираат у глупи и това е...ќе глумиме среќни.

    Ако сакате да ви кажам јас што правам сега... еве ќе ви кажам,[убедена сум дека многу ве интересира. Нозете ми се качени на биро, прокрастинриам едно пола саат и си викам кво вадис Лилит. Хммм... ау па да,тука треба да ви инстаграмирам шољата со кафе и колачот на мајка ми кој прекрасно мириса на цимет,СЛУШАТЕ ЛИ ЦИМЕТ!!! тоа вие обичните смртници не сте го вкусиле,може помирисале ако сте биле на гости кај некој божественик ко мене, а у позадина ќе глеам во фотографијата да биде мојата замашна колекција на книги и вие треба да отпаднете на гз од истата и ме тужите за тоа,пошто неподносливо е бре тоа колку сум јас умна и прекрасна!!! Ау па дааа...имам крема за раце и павловиќева до мене,пошто сум негована жена у сваки момент,дури и кога сум сама дома,над книга и све тоа...Мож и другар ми да го вметнам у сликава,ама аголчето негово,пошто голем е (да видите вие како јас сум широко образована од повеќе сегменти,чак што више и музички),а и нема да ми ја фати полицата со книги,ќе гледам опашот на мачорот да го вметнам и целата таа идила да ви објасни како јас живеам некако опасно и сакам животни и сум добар човек,кучето не може,пошто ќе се степаат. Ау дааа... дипломата уште си ја немам земено,уверението ќе го ставам и сите сертификати ( у име на секој испит положен што не сум ве известувала секој пат,а пола факултет на фемина го завршив), а и нешто од патувања сувенири (ова еден суптилен приказ ИАМ ПАРИ ПАТУВАМ!!!)... Ма неам јас време бре све поединечно да ви сликам,за да добие некој уметнички дојам. И онака е кич све она што се презентира...дај на една слика и да завршиме работа.
    Шо ми фали у фотографијата...некој шатфељај...ама не,други пут... да не дојде многу...

    Добро да скратам,напорна сум. Луѓе,одвратни сте. Сериозно. Дека сериозно ги сфаќате социјалните мрежи,а викате дека не, е приказот дека се трудите да извршите персонификација на себе си низ нив на секој можен начин,неможејќи вистински да се пронајдете. И после од ваква некоја очекуваш нормални работи или малце шлакнати ама позитивно...

    У секој случај...сите луѓе се ИСТИ сакајќи да ја истакнат својата различност и сите луѓе паѓаат на ИСТИ финти и прикаски...особено тука,во Македонија. Да смислам некој глуп производ и да ви трубам по цел ден со него,сите има да го купат и ќе станам милионер! Има бре да ве убедам дека е најдобар у свет,а тоа да ти биде обична одзатнувалка на канализација ама со пајче на врвот!
    После ќе се чудам како некој си Латас,некој си Јанко,некој си Миленко,некоја си Мирка,некоја си Јовковска уживаат внимание...у оваа држава само глупост предизвикува внимание и интерес и потврда и признание...

    Кога ќе почнам да твитам првиот твит ќе ми биде, ДА СИ ТВИТНАМ-ДА СЕ ШИТНАМ!
     
    На mims-89, Buttterfly, Ana.Jones и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... што да ви кажам, дај ѝ на жена ново фустанче и клик - магија, ѝ се осветлува ликот како во приказна на Џани Родари, оние По телефон, кога врнат бонбони од небото. :D

    Кога си малечок ти купуваат нови алиштенца за првиот училишен ден или за роденден, а старците се подновуваат кога треба да одат во болница, за жал.
    Со лесно нека помине операцијата дедо, јас сум ТУКА.

    Се враќаме повторно на фустанчето, што да ви кажам, јас сум практична жена и (секогаш) во тесно со парички, ама и да не бев, колку пати ги облекувате фустаните наменски купени за свадба?
    Па фино и културно си позајмив, и сега имам да бирам, тра ла ла, буџетот за фустан ќе оди во нешто многу попаметно. И ич не се срамам да си кажам дека сум позајмила фустан за едно облекување од блиска пријателка, мајка ми во целата немаштија се омажила во позајмен фустан (да, насмејте се, ама жива вистина), па ене ја, среќно броди 29 години во брак (додуша првата оригинална сопственичка одамна се разведе) :rofl: :rofl: , нема НЗС на ова кармата, или судбата, НЕМА! :D

    Гуска бр. 1 отиде да ака по белиот свет, и гускичка 2 е осамена, ама некако помила, попристапна, подругарски настроена, сега кога ѝ ја нема првава... не ја сфатив особината на луѓето кои се очајни да следат некого. Следи го умниот, оној што знае, ако има нешто да те научи, ама да талкаш по злобата и лицемерието, воодушевувајќи се на такви квалитети, и уште полошо - откако ќе ја снема, да се вратиш на старата обична ти... :^) сега не знам кого повеќе да жалам, првава барем на чисто си е - злобна е, и поправање на дефектот нема, гаранцијата истекла одамна.
    Ама што ѝ е филмот на вторава изгубенка, не сфаќам.
    Ни ваму, ни таму, во лимбо е женава, ти доаѓа да ја повикаш со ваква невина фацичка :wasntme: , а после да следи еден жесток :punch:

    Расеана сум до немајкаде, а колку поупорно се обидувате да се сосредоточите на некоја работа, толку помасовно ве мава склероза.

    Уморна сум од настани, средби и луѓе, а ме очекуваат уште толку, сакам само да се затворам сама во 4 ѕидови и да уживам во тишина, да молчам просто, колку меланхолично и асоцијално да звучи ова.

    Не знам како толку многу може да се жалите дека имате за учење.
    Половина од трудот посветен на жалење да го вложевте во читкање на лекцијата, ќе бевте кандидати за првенци.
    Што ли ќе правите ако еден ден се вратат старите добри приемни и стариот начин на полагање испити, само еден бог знае. Единствено знам дека ќе рипне цената на обичните јажиња.

    Нувел Ваг донесоа шарм, прекрасни вокали, ненаметлив сексапил и дрскост која му е потребна на женскиот род, да ги опамети. Врза прекрасна шлаканица на сите кои се плашат од себе, од мислите и чувствата кои скришно ги гаат, се срамат од сопственото тело, од целулитот, се плашат да викнат, да рикнат, да заживеат веќе еднаш.
    Ниту една не беше ултра лепотица во вистинска смисла на зборот, а сите беа прекрасни.

    * авторот е ленкав и кенкав. и расеан. доцна е, да си легнеме сега сите.
     
    На bittersweet, L-enna, mims-89 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Декември ме асоцира на депресија...
    И оваа моменталнава меланхолија не знам дали ми е сугестивна, за дочек на најгрозниот месец....Или пак, можеби е реална...
    Некој, има ли некој, постои ли тој некој, што би ме сослушал, уште поважно, што би ме сфатил... И би ми посочил ШТО ЈАС САКАМ ОД ОВОЈ ЖИВОТ???

    Можеби ќе помине Декември, па ќе си сфатам само по себе...

    Не знам како ќе се преживеат последниве 30тина дена од оваа година... Од оваа МНОГУ тешка година за мене!!!
    Најбитно, преживеав!!!
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Не си ме сватила доволно добро јаготче
    текстов беше со конотација дека сега ги сваќам и се сваќам најпрво јас како дебела свиња,без никаква лоша критика
    на крај краева оваа е тема сакам да кажам,па секој си има право да си каже што сака без непотребно цитирање ;)
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.224
    Сериозно мислите дека јас треба да сум нормална?
    Речиси декември е,врне и ГРМИ. Од памет ме извади!!!
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Лелеле колку грмииии се извадив од памет па колку долго помислив на комшијата куќата му се срушила!
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Мислам дека ова циклонов надвор се вика Перислав, мислам, што очекувате од циклон со име Перислав? :D Зошто би крстиле циклон Перислав, онака гледаш на сателит мало, убавко циклонче и го крштеваш - Перислав бе. :fubar:

    Да заврнеше вчера многу ќе спиздев, ќе требаше да и праам екстра-спешл-дабл-трабл-тритмент на косава за да стои како праз на ветриштава, ќе требаше да се опцујам неколку пати на семафори додека прерипував вирови и ме плискаа коли, и ако продолжеше дождот од сабајле, ќе колнев додека одев накај факултет како наврнато маченце.

    Наместо тоа, заврна вечерва ]:) , кога утре имам слободен ден, ќе треба лично кран на АД Бетон да дојде да ме извлече од кревет пред 12-13 часот... Ќе спијам, ќе го слушам Перислав како дивее надвор и тек после ќе правиме што ќе правиме.

    А ви спомнав дека имам еден од најудобните кревети на свет?

    Мек е, ама не е премек да пропаднеш и да те боли кичма наредното утро како да си седел на цименто и како да те шибала промаја од лево... Тврд, ама не е тврд да исправам грб. Некако, средина е... И тоа потпирачот е така наместен, кога ќе се свртиш, мислиш некој те гушка. Се занесуваш во спиењето, кога бев поодморена негдека октомври, се разбудував сама по 8-9 часа сон. Магичен кревет. :rofl: Само ви викам, деновиве толку ме боли глава и сум преморена и толку не ми се замара со ништо а имам не НЕШТО, туку НЕШТА за замарање, што креветов иде како кец на десетка. :D

    И да, ќе си одам дома. Ноу плејс лајк хоум, ноу мани ту фил лајк хоум. :rofl:
     
    На bittersweet, marama, Mishela и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.