[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Само јас ли се плашам од грмотевици... :worried: Господе дождот романтичен е ама грмотевициве... Нема спиење вечерва, осеќам... т.е. веќе е утро, исто му доаѓа...
     
    На Mrs.Cuper, ines.h и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  2. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    ^ Не си единствена :doh:
     
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Си се изнаслушав се и сешто,запознав нови луѓе.Некои ми се допаднаа карактерно а некои не ги поднесував ни предходно но кога веќе се поставија добро спрема мене зошто да не се обидам и јас...
    На него му ја кажав ситуацијата бидејќи има проблеми со неговата љубомора.Не очекував позитивна реакција но ме изненади кога ја ценеше мојата искреност.Јас сепак му дадов до знаење дека ако ми се умеша во животот во недозволени граници и да влијае на мојата кариера ќе морам драстични одлуки да донесам,а него најмалку би му се допаднале.
    Пријатно друштво денес со батковците,уживаа во моето зготвено јадење и во алвата на мама...
    Мх мх мх денешното мени беше одлично. :P
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Од 6 станата... нашколо...
    само да ви посакам пријатен ден. :* :*
     
    На Gi.ir.ll му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.752
    Пол:
    Женски
    Денес превртувам очи на животов,дури и на она што е убаво...иронија.А велат дека иронијата е насоберена горчина од животот.
     
    На CharmedGirl, ludoto19, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Му помагаш некому, да биде повеќе самоуверен, да верува во себе, да воспостави некој углед, пример, почит што и да е, да излезе од сенката, а ти се враќа напумпан како балон со его, а со однесувањето како сељак, не селанец, сељак. Да ги гази другите, да се исмева, омаловажува, од завист, љубоморни, галамџиски кокошки.
    [​IMG]
    Можеби до моето однесување е, коректно со коректно, со сите со убаво, па кога доаѓаат ме гледаат како некој стабилен столб на кој може да си ги обесат прљавите зборови, се гураат меѓу себе, за глупости, омаловажување без крај. Ми се згади. До кога ќе опстојувам нормална во ваква средина? Сакаш објективно да ги погледнеш, да ја процениш реално состојбата, некогаш и да ум укажеш, ама не прифаќаат затоа што веќе ги надраснале сите, сега се егоистични балони што испуштаат само отров. :puke:

    И зошто кај мене немаше грмотевици? И овој дожд, дожд како дожд е убав во рана есен, пролет, сега тмурно по тмурно. После овој дожд знам дека сонце не доаѓа. Мислам...климатски гледано.
    И го направив првиот чекор, ама не сум сигурна што добив од истиот...некако ми се чини како да изгубив повеќе отколку што добив.
    Се прашувам дали ја губам желбата да верувам дека доброто со добро се враќа. Што и да верувам всушност, нема да ме промени, во мене расте потреба за поголеми нешта.
    Од друга страна, се чувствувам и сакана. Ми ја осетиле потребата од помош, па ми се појавија на врата. Со што ги заслужив овие луѓе да ми бидат пријатели? Пакет киндер јајца ќе им спремам за Нова година. Можеби ќе биде и нешто повеќе, можеби...
    На прагот на декември веќе си замислувам какво пакетче ќе му купам на она сонце од дете, да потрошам пари на планина, сама да си ги направам новогодишните украси...

    Ме потсетивте, рачно изработените честитки за мама за 8ми март. Мајка ми ми е херој, идол.
    Бидете себични колку сакате, ама и паметни, а не прости. Кој сака нека си гледа само за себе, ама устите понекогаш затворајте ги. Не ми се дише овој загаден воздух од лоши зборови.
     
    На bittersweet, marama, Jagoda123 и 14 други им се допаѓа ова.
  7. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    СДК времето си минува луѓето се менуват а најмногу се променив јас...
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк... Кравче те читав,и сакам да ти кажам ич да не ти е гајле каква е средината и какви луѓе те опкружуваат,како вика Мајка Тереза прави добро,иако не секогаш ке ти се врати со добро,но нема врска сепак прави добро.поздрав ;)
     
    На Hipster, srcekrsacka и kravce им се допаѓа ова.
  9. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Сакам да кажам дека некои личности треба да пораснат и созреат веќе еднаш и да прекинат со нивното детско однесување. Џабе имате 27,28 или незнам колку години кога сте заглавени некаде во својата 5-та или 6-та година,се однесувате како децата на таа возраст повеќе го цените материјалното од душевното богатство и се карате како тие за играчките,ова е мое ова е твое,си давате па си земате и дозволувате таквите ситни работи кои лесно губат на вредност,да ве разделат и омразат со оние со кои сте пораснале и кои ве сакале и почитувале. Сватете дека никогаш материјалните нешта нема да бидат повредни од луѓето,се надевам дека еден ден ќе ја сватите таа вредност,но се плашам тој ден да не биде премногу касно. Сигурно тогаш дека нема да ја вратите љубовта и почитта од некој према вас,или можеби ќе ја вратите,но нема да биде истата како претходно. Жалосно,каков е светов денес. :| ПРЕД ДА КАЖИТЕ НЕШТО РАЗМИСЛЕТЕ КАКВИ ПОСЛЕДИЦИ БИ ДОНЕСЛО ТОА !
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.653
    Пол:
    Женски
    И кај мене немаше грмотевици, но затоа пак истите ми ја мачеа душата цела ноќ :(
    Незадоволство, тага и безизлезно чувство. Но не се појавија со дождот, и пред дождот беа тука.
    А десното око ми трепери на долната ивица, дали ќе е на арно или не, прашање е сега, ту би ор нот ту би, д куесчн ис нау.
     
  11. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Те Мразам идиоту се од дното на душата ! ПОЗЗЗ :*
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Веќе е ден, а мене на утро ми мириса
    дождот надвор врне, истура
    а Лукс на фемина пишува со постови растура.
    Кафенце си пијам
    сега треба да станам и заби да си мијам...
    Слушам музика во овој час
    а треба да се спремам за на факс јас.
    Гласот на дождот како да ми говори
    ширум отворена балконската врата
    никогаш не е доцна за нешто да се твори.
    И така, сега, феминки мои убави и зрели
    јас ви испраќам бакнежи врели.
    Останете со здравје и весели мисли
    нека ве води среќата и разумот нека царува
    оваа феминка безброј желби за убав ден ви подарува!*
     
    На kravce, Glossy-girl, babymama и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Иако животов ми е борба и мака, бар Љубовта не ми е. Секој ден бар можам да сакам малку повеќе. Денеска ќе си се затворам во моето меурче нречено Љубов и фотографија, и ќе заборавам на се'.

    Туку еве ви песничка за дождот, слушајте ја со затворени очи, запалете си миризлива свеќа или стапче и уживајте.

    http://www.youtube.com/watch?v=cJC93aehXV4
     
    На bittersweet, Anabelle, Gordana10 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Ми се ;( за спиењеееееееееееее!!!!!!!!!!!!!
     
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Лажги со опашки се некои девојки. Дури и на форумов се претставуваат нешто што не се. И кога ќе ми текне колку се претставуваат дека се најсозреани и дека имаат (нај)добар социјален живот имам мачнини. Колку само огорчено зборуваат за сите познаници, па кажуваат дека некоја другарка вака, другата онака - сите не им се ОК. А зш така? Па најверојатно е дека тие (форумџики наши) може се пресовршени. И може не знаат да живеат со останатите риби во морето. Ова Чесен Пионерски Збор!

    Аа а Да. Да не заборавам! Знаете дека тие кои не ви се мешаат во животот и не ве оговараат наоколу се оние наЈголемите луѓе. И не треба да им љубоморите воопшто бидејќи не ги интересира вашиот социјален живот. Едноставно тие имаат свои хобиња во својот живот кои ги прават среќни! А не се како вас, некои, кои се удираат во гради и велат, Ние не оговараме, само критикуваме се што дише и се што потајно знаеме дека е подобро од нас, а не плаши помислата да си го признаеме тоа.
    Оф колку се па прости во душа оние кои сакаат да омаловажуваат. Пиф паф Пуф, леПотици убави на лик, вештачки и крволочни во душа -
    http://www.youtube.com/watch?v=V_EGn4a3R7E
     
    На julie77, sunfemina и Acerola им се допаѓа ова.
  16. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Го зграпчив денот од пред неколку часа. До времето е или не, настинав па морав да внимавам на себе.
    Сега седам покрај прозорот и го слушам дождот како истура надвор, како чука по олукот и како се слева по прозорот. Чувствувам длабока болка во грлото, но покрај сета убавина на природата што ја нуди надвор некако се чувствувам мазохистички.

    Промени се случуваат, а јас веќе сум дел од нив.
    Некако се чувствувам посебно, лесно, и без тешкотија.
    Изгледа тој делуваше врз мене.

    Го сакам човекот!
    http://www.youtube.com/watch?v=4XZkLmomNgA
     
    На L-enna, Tenkai, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.752
    Пол:
    Женски
    Сакам да ви пренесам една приказна ,ја најдов во некој заборавен фолдер :)

    “Кој сум јас?-го прашал еден младич Старецот
    Ти си она што мислиш дека си-одговорил Старецот-Ќе ти објаснам со една приказна.

    Една вечер ,покрај градските ѕидини,во темнината можат да се видат две личности кои се гушкаат.
    -Тоа се мајка ми и татко ми-помислува невиното детенце.
    -Тоа се љубовници-помислува чеовекот со расипана фантазија.
    -Тоа се двајца пријатели кои не се виделе долго време-мисли човекот кој живее сам.
    -Тоа се двајца трговци кои склопиле добра работа-мисли човекот кој е алчен за пари.
    -Тоа таткото си го гушка синот кој се вратил од војна-мисли жената со нежна душа.
    -Тоа е ќерката која ги гушка својот татко кој се вратил од далечен пат-мисли човекот кој е ожалостен од смртта на својата ќерка.
    -Тоа се двајца вљубени-мисли девојката која сонува за љубов.
    -Тоа се двајца кои се борат до смрт-мисли убиецот.
    -Кој знае зошто се гушкаат-мисли тесноградиот човек.
    -Како е убаво да се видат две личности кои се гушкаат-мисли човекот Божји.

    Секој мисли-заклучува Старецот-зависно за себе што е .Проникни во своите мисли-ти можеш да кажеш за себе многу повеќе отколку било кој друг”

    ...за сите феминки кои ми пратија пораки со подршка....ова е за вас,секој за себе има одредено мислење..
    Ви благодарам ,ве сакам. :l:
     
    На antonina, marama, green.eyes и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Кога ја читам Старбакс, ме враќа во нај убавите времиња од досегашниов живот мој.. За тие моменти живеам... Незаменливи се..
    Љуби и уживај, моментално си на најубавата фреквенција :)
     
    На Libera, LilBaby, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Убаво е кога имаш некој кој те прави неизмерно среќна, некој кој се труде околу тебе, кој ти посветува внимание, те засмејува. Убаво е да имаш некој кој секој ден те прашува: Дали ме сакаш? Некој кој ќе ти рече: Знам дека ти е нешто, не ме лажи, те знам. Некој кој ќе познае дека не ти е добро, дури и тогаш кога си пишувате на фб. Некој кој ќе те гушне силно, во чија прегратка се топиш.
    И знам, ова не е како претходното. Ова е поубаво, ова е тоа.

    Епа, јас Мис.Ричи се надевам ќе доживееш нешто поубаво од она што си го доживеала тогаш и од она што јас го доживувам моментално. :)
     
    На Monna.Monna, Trendafilka, Mrs.Cuper и 4 други им се допаѓа ова.
  20. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Мора да ни се случуваат и лоши работи, за да знаеме да цениме кога нешто добро ќе ни се случи!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.