Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266



    има вакви лакови. имав јас летоска. зелени, портокалови, жолти се вакви јаки бои. ама од кај ми беше појма неам. провери низ парфимерииве или поголемите маркети како Веро 100% ќе најдеш. ;)
     
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    СДК дека многуууу си ја сакам мама,оти сега ми испржи кромпирчиња со кашкавал :P
    Епа повелеле :)
     

    Прикачени фајлови:

    На barbie-hilton, Divinebutterfly, nenuska и 2 други им се допаѓа ова.
  3. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Лош викенд, лоши денови, лоша година...
    Едвај чекам да заврши и оваа.

    http://www.youtube.com/watch?v=M5t6ALqG ... re=related

    Od losi vesti gubis nervi,
    Sakas samo da se stemni,
    Ljubov nema samo vikas omraza vo tebe grebe,
    Sakas vremeto da zapre,
    Ednas da si sreken,
    Vednas sto da pravis koga nema sreka,
    Samo cekas a koga vrne istura
    I togas samiot od sebe begas,
    Tolku mnogu sjeban sto ni doverba vo sebe nemas,
    Dali nejkes da sakas I dali nejkes da si sakan,
    Dali dusata te boli,
    nema pravda,
    ima zborovi koj bodat kako igli pod nokti,
    a loso detstvo I motiv na ulica od kopilj,
    pa ne me svakaj pogresno na nikoj ne mu e lesno,
    toj sto misli e sovrsen denes togas misli gresno.
    :x
     
    На Rubiii и WildCherry им се допаѓа ова.
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Долга ноќ ќе биде и оваа..
    Мразам кога времето ме гази. Мразам..
     
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Чупе, ме тераш сега да си пржам компири :o ..фрли наваму бре. :doh:
     
    На CIA и barbie-hilton им се допаѓа ова.
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    И викенд шемата не е веќе тоа што беше. Толку проклето досадно, да не ти се излегува од дома. :envy: Паметни се тие што си седат дома на топличко пред компјутерот или телевизорот. :lol: Зборот ми беше, уште еден пропаднат викенд. Ништо подобро нема да биде ни наредниот .. Да можев сега да се стрчнам до New York, таму да си поминам еден викенд, ах убавинки. :rofl:
     
  7. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Мнооооооогу убаво си поминав,сакам повеќе вакви викенди! Добро друштво,малко алкохолче и се е пуно рамно :D И кој ја ставил сликата со компирите,па стави ја во спојлер има гладни луѓе кои неможат да си пржат компир у 2саат
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.791
    Машина за перење во 2! Јухии! А што да прави домаќинка кога утре е на работа, а после работа трча на мекици, па до кај љубовта, па до библиотека? Нема време! Мора да се пере :)
    Се смеам, праќам мејлови кај стигнам, се надевам дека ќе си го решам проблемчето што којзнае од каде како се задеси и го вчудоневиди дури и мојот мил програмер. Лакирам нокти од немајкаде. Си купив шеќер боја пижами и сега тазе испрани ќе си ги облечам, небаре во нив полесно се сонува.
    Многу мирна убава сабота си имав. Спиев кај него, утрово ме разбуди како што најмногу си го сакам! :devil: Лошко! Цел ден легачење, храна и љубов. Разговаравме на многу теми, дури и за бивши, за ситуации покрај нив, искрено до крај. Ми раскажуваше, му раскажував, за секоја моја болка, сомнеж, тага. Му верувам, ми верува, доволно ми е. Сонце ме огреа, повторно.
    Кој би рекол дека толку студен декември мене ми го грее срцето ко печка. Сакаме да идеме у Мароко и да склепаме 16 деца, да може да има доктори, уметници, гикови меѓу нив. Од пуста радост!

    Си купив едночудо шарени чорапи, блузон и ситници за по дома. На другаркиве вечерва им приредив диско буги, им ги покажав новите шарени патики за ич пари, купени од втора рака продавница, со кои шизев на подиум во Менада. Дојде и братучед ми, вареното вино не вцрвени и сите ко непрскани јаболка урлавме до пред малку. Во такси, во живо Таксират. Колку се смеевме! Да имав 14, ќе отидев, макар и не јадела ништо цел месец. Сега? Смешка ми е. Уште ме боли прстето, си го акнав онака идиотски, на ќошот од биро. Паднаа договори за Нова Година у Маврово, што е супер опција ако Скопјево отапи, а за надвор немам нерви ни кеш да размислувам. Плус тоа, си имам на што да се радувам и ако останам дома, сериозно скроз.
    Нова Година. За некои е целосна меланхолија. Добро знам кои се тие некои. Вујко ми, кој слави сам. Тетка Вики, која копнее уште еднаш да го слушне гласот на мажот и. Куп луѓе кои немаат каде да одат и на тој ден, едвај собираат храброст да му се спротивстават на студот.
    Ние, умни, себични смртници што сме на топло, ете. Аздисуваме.
    Живи сме, но, кој може да ни го потврди тоа... Огледалото сигурно не.

    Посакувам скромна и мирна, љубовна Нова Година, чисти мисли и 2012 да ни донесе пред се’ здравје, радост и ум. Другото ќе си се нареди. Ко сложувалка.
    Добра ноќ саботниковци.
    Се читаме.
     
    На la-chicka, MandyLane, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99
    Полека ама сигурно се си доаѓа на свое место...Факултет...Треба да дипломирам годинава...Дечко...Љубовта на мојот живот-едвај чекам да си дојде и официјално да ја објавиме нашата веридба...тргнав на работа-мојата работа од соништата...и другарките, конечно и тие се тука-сплотени и блиски како порано.... не ми се верува дека се е како што треба, понекогаш толку ми е убаво што се плашам, се плашам дека кај и да е ке се разбудам, а не сакам, верувајте...ај нека ме штипне некој, да знам дека навистина дочекав да ги видам моите најмили среќни...и можеби ќе звучам себично, ама знам дека заслужив...среќна сум...

    Од се срце, на сите вас ви ја посакувам мојата среќа, затоа што убаво е, на душата е убаво...
    Добра ноќ.
     
    На julie77, Divinebutterfly и Libera им се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Џабе нервозите, џабе стравовите...
    На крај краева, што и да се деси, јас и тој секогаш го изнаоѓаме патот за да бидеме заедно...
    Овојпат го најдов со кола... Тато ми ја даде колата, после 4 години ... Неговата кола... И баш затоа, татко ми ми е нумеро унo маж во животот... :D
     
  11. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    сдк.. пак неможам да заспијам |(
     
    На Smileeee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Хахаха не бе срцко не си ме разбрала :D Пишав дека се тргам, зашто 3 пост веќе ми беше во денот во темава, да не ви здосадам :D А ти напишав „Еј“ зашто и мене корисничкото име ми е со точки :D Како можам јас да не пишувам повеќе кај можете вие без мене :wasntme: :D
    СДК Имам нешто паметно да кажам, ама ќе го чувам за утре, не е време сега за делење памет :geek:
     
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    4.679
    На чатот се осеќам Forever Alone :D
     
    На Smileeee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    СДК денес немаше кој да ме разбуди сабајле, моите си отишле на пазар, па во тинекс, па кај тетка ми на гости,спуштени ролетни,мртва тишина,а јас уморна и еве уште трпам последици од преспаност.
    Ако спијам повеќе од 8 часа рачунам дека сум преспала, мене и толку многу ми се.
    И сега? кога ќе легнам, кога ќе станам. :^)
    Али добро, веќе е недела па можам пак до покасно да останам со спиење.
     
  15. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Ухххх како ме нервират поставувањето на вакви (или слични) статуси на фејсбук:
    Ама ... сфатив дека имат и полошо.
    Со КОЈ УМ скоро сите што го објавуваат ова, си ставаат сами лајк? :fubar:
    Што сега, си стегна лајк и ќе си пратиш сама на себе порака во инбокс, каде што ќе ги одговориш овие ... т.н. прашања на најубав начин? Што, ќе се се бациш в образ или в уста сама? Абе ајде ...
    О Господе, ум да се немало! До кај ќе тераме вака со вакви особи, убиј ме, ама пак незнам! :x
     
    На barbie-hilton му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СДК дека фатив на спортска :P парите ке ми дојдат како добредојде.Денес сум како нова и нема да жалам за ништо повеке.Клубот ми победи и ми ја исполни душата.А за некое време ке се пакувам зошто ме следи долг пат.Ке одам да гледам во живо Манчестер Јунајтед.Не се фалам :wasntme: само ја искажувам радоста :D
     
    На la-chicka, Lady-Cha, Hopeful и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека како ќе станувам, секое сабајле над креветот ќе си ставам цртки. Ајде уште 20 дена, нека поминат, пошто ќе пукнам!
    Морам да го загреам столчето овие четири недели. А колку само не ми се учи... :(
     
    На Buttterfly, Hopeful, Smilly и 6 други им се допаѓа ова.
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    ..недела.
    Недела не е ден ако не започне со топло чајче засладено со мед, добро кафе и цигара(за пушачите).
    ..недела.
    Ден за одмор. Релаксација. Па користете го рационално. Или мрзеливо. Изборот е ваш.
    ..недела.
    Ден за чистење. Кој на овој ден не чисти?! Сите ја фаќаме барем правосмукалката и крпата за чистење прашина. Ако сме повеќе работни го потсредуваме и шкафот кадешто во петок и сабота паднало атомска бомба.
    ..недела.
    Ден за шетање. Ми се полни срцето и душата кога излезам и сретнам повеќе од еден пар над 70год. фатени за рака и шетаат. Нели е ова убаво?
    ..недела.
    И денес измами сонце во ова доба од есента, да не кажам веќе зима.
    Шалот околу врат, капут на себе и излезете. Денеска е убава неделата.
     
    На bittersweet, Hopeful, Cynthia и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Многу сакам да учам и имам голема и огромна желба за учење кога ке имам оценки за поправање.
    Абе со мерак учам тогаш.Една по една да си ги поправам,па друго не ми е гајле.
    Еве сега ке одиме на слава кај баба ми,а јас со историја во рака ке сум и таму.
    И не се секирам! Ке си ја поправам оценката утре и плус на слава ке си седам цел ден...

    Сега си ја слушам - Љубав ти и ја и уживам во Гоца Тржан.

    Ах бе мили,па не само љубовта може да ве направи најсреќни. Мене сега школата,музиката и другарките ме прават најсреќна.Ме исполнуваат и ги сакам бре.
    Ме нервираат извесни другарки и ме вадат од такт,.ама ако Лорита сепак сите си ги сака.. :lol:

    Ве поздравувам и нека ви биде неделава сончева и убава.Организирајте си го времето и прошетајте се додека сонцето не се скрие :P

    :hai:
     
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Жалосно што ти прави човештвото, 1000000 бебиња морски лавчиња удавени поради топење на мраз.
    Скопје прв во светот за најзадагден град, политичариве наши знаат само да градат бетони, и да ставаат момчиња и девојчиња од бронзи, не знаат да ги обноват и насадат нови дрвја во целото градско подрачје, каде што најмногу и треба. Мамините и татините мази, синчиња и ќерки им купуваат коли на своите дечиња кои не знаат ни 2 километри да ги изодат, или да се качат на велосипед, туку запали колата и ај..Има повеќе коли по глава на жител, одколку се останато. Жалосно е, додека не си ги смениме навиките нема да се смени ни воздухот. Ама Македонија сакаше да биде прва во нешто, еве ви го јадете го, први сме во светот за најзагаден град.. жалосно..
     
    На la-chicka, Hopeful, Bright и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.