[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Се чувствувам „евентуално“ :?: . Нит сум тажна, нит среќна. Во моментов. Веројатно тоа што сум на работно место во моментов ми влијае. Иначе би била среќна. Или така ми се чини? Не знам.
    Четврток. А мене ми е петок. Знаете, еден од оние денови кога психата ви е изморена и со душа чекате одмор, па мозокот не ја прифаќа реалноста и се теши дека за брзо време ќе стигне очекуваното? Денес се чувствувам ко да е петок. Ко утре да ќе се наспијам за сите пари и нема да мора да се замарам со станување во 5 ипол сабајле, со кои алишта ќе ги облечам, што ќе земам за јадење... Ме истоштуваат секојдневните банални размисли и двоумења. Ме изморуваат површните муабети и куртоазните насмевки од неискрени луѓе. Ме исцедија.
    Си бев дома викендов. Саботата и неделата. Убаво ми беше. Ама и мачно. Секогаш кога и да си одам, се враќам меланхолично расположена. Не дека не можам да живеам без нив и дека ептен ми недостигаат, туку заради фактот дека не можам да им помогнам. Цел живот во тој мал град, цел живот во таа куќа...каков одмор, какви бакрачи. Ќе се чека свадба за да се купи нешто ново. Само штедење и шпарање и пресметки и пак немаат. Кутрите, од каде? Од социјалното? Или од пензијата што не ја земаат? Мака ми е кога на 200те грама кафе купени за дома ми викаат зошто сум се трошела. Да ти се плукнам во државата. За 80 денари да се нема? Гнило општество...

    Си купив два пара чизмички :) . Со платата, де. И ме изеде грижа на совест дека сестра ми нема ниту еден. Се изедов и со солзи во очи и се јавив на мајка ми. Ама, пак, и дадов и на сестра ми од платата кога ја земав. Нејсе, таа си купи 2-3 пара пантолони (од кредитот студентски), а јас ни еден. Се тешам. Уште не ми е убаво. Ајде од наредна плата ќе и купам едно најголемо чоколадо. И ќе ја однесам на кино. Не била на 3D досеа. Ќе се радува ко мало дете. Ја сакам.

    Ми закажаа одбрана на дипломската :D . Фала Богу!!! После две години бавтање по администрации и чекање одобрение на молбите...редно време беше. А, и моите се израдуваа. Мајка ми со душа чека.На времето не дипломирала за сосем малку. За испит-два. Свекрва и не и дозволила :swear: :swear: :swear: . Да, да, баба ми. И само можам да замислам колку ќе и биде ќеф коа ќе дипломирам. Само се плаши татко ми да не направи некој екцес. Знае да си пивне понекогаш. Почесто. Секој ден. Проблем кој се обидувам да го игнорирам. Ама не ми успева. Барем не сум дома да го гледам цело време. Не дека не го познавам по телефон. И се познава во гласот на мајка ми. Не е лош, ниту пак агресивен. Само зборува.... Многу зборува. И коа ќе стане утредента не се сеќава на ништо. Баш заради тоа и не сум му ни кажала дека живеам со дечко ми. Мајка ми ќе си го изеде дебелиот крај. А не заслужува...И не знам како да му докажам некои работи. Не ни можам. На педесет и кусур, не можеш да го смениш. Ниту да му докажеш. Тој е возрасен, а ти си му дете. Во никој случај нема да ме дослуша. И да ме дослуша, утре пак ќе си продолжи по свое. Сепак, ќе се израдуваат.


    Ќе ми се симне планина од градиве. Уште сега ми е полесно,а не пак ли коа ќе дипломирам. Само некако ко се да ми загуби смисла. Што потоа? Можеби и затоа и не сум дипломирала досеа. Сум се плашела дека ќе нема што да правам. Не. Одамна знам што ќе правам. Ќе барам стипендии за постдипломски. Секаде, само во Македонија не. Сакам што е можно побрзо да се иселам од тука. Се угушив во проклетово гето. Сакам слобода. На облекување, на изразување, на медиуми, на избори. Кај нас само навидум ја има. ама ја нема. Не! За жал.


    И така. Ми олесна откако ви изнакажав се. И доста е за денес. Се одјавувавм. Аааааааааааааа, да. Насмејте му се на некој непознат денес и посакајте му убав ден. На пример, на продавачката во локалната продавница, на банкарот, на колегата со кого ретко разговарате. Ќе се изненадите колку убаво ќе ви повлијае нивната насмевка на расположението.


    Вишинг ју а вери хепи деј :* . Оувр енд аут.
     
    На marama, Noemi, anabel-a и 12 други им се допаѓа ова.
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Многу работи ми се сличија во животот овој изминат период.Отварав да напишам,но секогаш како да немав што да кажам,а секогаш имав многу за кажување.Веројатно бидејќи сум расеана,како и времево.
    Но штом напишав две три реченици до сега,ќе има пост од мене.

    Искрено имам многу луѓе околу мене,луѓе кои ми се нови.Луѓе од кои секојдневно учам многу нови работи.Денес кога се вратив од факултет мртва уморна и накисната од дождот воопшто немав променам на расположението,убаво ми е.
    Декември е на повидок,а мене овој месец секогаш ми предизвикува носталгија и мали пеперутки во стомакот.Сакам кога во градот се случува онаа пред новогодишна еуфорија.Во овој период сакам само да шетам,со друштво или сама,сакам да ги освојувам улиците.
    Сите собрани дома,опколени со топлина...Многу ја сакам ваквата атмосфера.Кога дома ми мириса на печена тиква,кога ми мириса на штотуку испечено месо.

    До пред малку со брат ми се разубавувавме,дремевме на пареа од камилица и се смеевме како мали деца,експериментираме.Пред некој ден му ја искривив едната веѓа,ама ако,не ми е лут :D

    Имам и нов маж во животот,добро сеуште не влегол официјално,ама ќе биде работа.Одлучив.Иако во вакви ситуации многу размислувам,со многу непотребни работи се оптеретувам,ама овој пат одлучив.
    Ќе пробам.

    Имам уште многу да кажам,ама пак ми ги снема мислите.Не знам што ми се случува.
     
    На Ognenija, kravce, ljubam и 7 други им се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Се верува дека постои, но никој не ја видел.
     
    На Monna.Monna, ceca-1, teddybear и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Во суштина, многу е тешко да му се спротиставиш на светот.
    Многу работи ни се наметнати па ти сакал или не, или ќе ги прифатиш или не, или ќе одиш со текот на настаните и пасивно ќе се влееш во реката која оди во еден правец.

    Тргнувајќи од најобични и небитни работи. Музика. Ни ја наметнуваат. Дали на радио или на ТВ, што и да вклучиш се едно исто. Додека едно време ги игнорирав истите, немав поим што е Гангам стајл, и ете, се случи. И се прашувам зошто некој би пуштал нешто вакво?! Ама сериозно зошто? Или некоја друга глупава песна, во моментов само на овој Кореецов ми текна.
    Мода. Човек да не може и да сака да си купи нешто друго, се едно исто. Па се чудам зошто девојчињава се облекуваат чопоративно ко војничиња.
    Чипкани тесни фустани, фустанчиња со карнерчиња на колковите, платформи односно 20 сантими висока чевла (Росоњерка си го кажа муабетот да не се повторувам ама ми се повраќа од чевли кои делуваат толку евтино плус што не знаат ни да ги носат девојчињава денес), патики со внатрешна платформа (сеа патика ли е што ли е?!), шеширите и наочарите со дебели рамки веќе да не ги ни спомнувам....здодевно е. Сакам разновидност и не сакам некој нешто да ми наметнува. Не сакам да имам 2 метри, благодарам, овие штикли не се за мене, не сакам патиките да ме прават повисока, и не сакам тесни фустани со чипки. Сакам да имам избор и да ги носам ЈАС кога ќе сакам.
    Книжари. Влегуваш и сакаш да си купиш нешто ново и добро за читање ПАП - најчитани книги за послениот месец, Трилогијата од Ел Џејмс... |( Не сакам, дали разбирате дека не ме интересира што правеле 1698 луѓе пред мене. Дајте ми луѓе избор.
    - Ја имате ли...?
    - Ау не, не ја нарачавме, никој не ни ја купува.
    Епа шмрк.

    И така се роди желбата да ја земам машината за шиење од кај мајка ми и да почнам самата да си креирам работи. Така се роди желбата повторно да душкам книги по библиотеки за да пронајдам нешто што ете во дадената книжара не го нарачале. Така си ги најдов повторно четките и темперите. Додуше не го наследив талентот ама ја наследив желбата, да имам воопшто желба и ако таа се разликува од сето она што ми се наметнува однадвор, да можам да ја реализирам.

    Мене не ме интересира што се очекува од мене, што треба, што се носи, што се чита, или што се слуша ако моите желби и интереси се разминуваат со истите.
    Јас сакам да им дадам слободен тек на моите мисли и да дојдам до израз јас таква каква што сум а не како што би можела средината да ме направи.
    Наводно во една студија се открило, дека школскиот систем постепено ја убива креативноста кај децата. Следеле една група деца од најмали години и биле дел од експериментот се до подоцна. Откриле дека креативноста ја снемало затоа што системот си направил војничиња од нив, онакви какви што и се потребни на државата. Значи се раѓаш креативен а потоа го правиш она што ти го велат родителите (што и не мора секогаш да е исправно), па учителите, и на крајот претпоставениот.

    И после ете го муабетот, во жили ми тече крв титовска врела. Не дека сум имала поим што тоа значи тогаш. Само ми беше чудно како тоа крв на починат дедо влегла во моите жили :D

    Не сакам! Ич не сакам!
    Ете тоа :)
     
    На rossonerka, bittersweet, marama и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.410
    Допаѓања:
    262.311
    Пол:
    Женски
    Една година подоцна мама е делумно здрава а златното девојче е златно ѓаволче :devil: :D
     
    На ana-banana, Monna.Monna, sweet-cherry и 34 други им се допаѓа ова.
  6. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Од секогаш сакам долга и негувана коса и со години се обидувам да ја одржувам мојата која нажалост не покажува резултати какви што јас би сакала, но затоа имам некој покрај мене го има тоа што мене ми недостига и го посакувам.

    Туку да си ја кажам маката...
    Се најдов во ситуација да морам да измислувам оправдувања за дечко ми да не се шиша. :tmi:
    Да се разбереме, ја има најпрекрасната коса што може да постои: долга, густа, виткана, одржувана, квалитетна и сега сака да ја скрати. Ви се верува дека кај и да оди(ме) не останува незаприметен, сите му ја пипкаат, го прашуваат како ја одржава, фрчат комплименти, ја фалат...
    Срце ме боли како да е моја, не ми се дава.

    Што се не измислив за да го одложам тој момент се до сега.
    Денес ако имам барем малку среќа нема да има место во салонот и нема да успее сам да закаже.
    Ми треба време да се помирам со фактот дека повеќе нема да биде истата.

    И додека го пишував ова ми јави... I am lucky today :whew:
     
    На Monna.Monna, mims-89, marama и 10 други им се допаѓа ова.
  7. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.635
    Добро бе само јас сум во банкрот или има уште некоја душа без скршена пара? :(
     
    На Monna.Monna, Cynthia, Tenkai и 12 други им се допаѓа ова.
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Колку сум среќна кога успешно си ги завршувам должностите!
    Освен пофалби и бакшиш добив :rofl:
     
    На Glossy-girl и Elenuskaa им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.215
    Допаѓања:
    124.931
    .......Убав ден :)
    Проблеми еден куп,ама со оглед на тоа што ваквото време ми прија супер е :)
    Конечно наспана до 9 часот ^_^ ,па кафенце,компјутер,чајчиња,овошје и многу благо (ПМС :envy: ) |( .
    Новите прекривачи со бои на есента,ептен ми направија мерак утрово,нонстоп си ги гледам со насмевка.
    Дома,на топло,залепена до парно,мераци :rain:

    Следи пакување на куфери и радост за дружба и учење :)
     
    На blond, Doozy, starbucks и 5 други им се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.749
    Допаѓања:
    17.711
    ^^^ и ја сум иста[​IMG], кој има вишка пари нека праќа. :wasntme: :rofl:
     
    На Glossy-girl и starfish им се допаѓа ова.
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Луѓето очигледно повеќе споделуваат тага, гнев, нервоза, омраза, закани... |(
    Фемински пример ми е темава, која изобилува со такви изливи, побројни од оние кои можат да мотивираат или да усреќат и насмеат. :( Можеби и така ги доживувам, зошто јас така се осеќам..
    Клише е да говорам за дождот кој некој многу си го сака, а некој не го сака (во оваа група сум и јас).
    Се враќам дома со расипана фризура од него, таква ќе биде уште долго време поради влажниот воздух и поради употребата на капчиња ]:) (мој неомилен дел од зимската облека).
    Есен ме тера да мислам на распад, како што секоја моја врска се распаднала во тој период од годината. Може и сега да ми се случи, но и онака навикнав :doh: .
    Тмурноста ме тера да се осеќам безизлезно.
    Одамна не сум си приуштила некакво задоволство. |( А и кога ќе направам или добијам нешто што би требало да ми го подигне нивото на хормонот на среќа јас го потиснувам. :worried:
    Одамна не сум почувствувала слобода. :?: Она чувство кога не чека на ред некоја задолжителна обврска веднаш по некоја штотуку завршена. :Down:
    Одамна не сум добила некаква желба. :worried: Навикнав да не ми се остваруваат, односно да не успевам да си ги исполнам, па престанав да посакувам. :x
    И немам каде да си се искажам, освен делумно да си извадам некој збор од душата тука виртуелно.
    Темни мисли ве преколнувам одете си...и од мене и од сите други кои ги мачите!
     
    На marama, slavica999, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Отварам пред 15 минути факлутетскиот сајт, да си видам што бодови сум собрала информатика, и гледам линкче 'Оцени'
    Срценцево ми се разлупа, рацеве треперат, терам со маусов накај линкот, абе споро ми иде како цела вечност ми се виде. Се препотувам кутрата, правам зелени фаци, мислам дека се испалшија луѓево во читалнава што седат околу мене..
    И така кликам и ми се врти филм колку време потрошив работејки, колку саати си го потев газов пред компјутеров, колку труд и непреспиени ноќи вложив.
    И така скролам надоле, си го барам бројот на индексот, се ѕверам во компјутерот, и оп стигнувам до него и што да видам, макс поени, сите до еден.
    Да можев ќе врискав од радост, ама ептен да не го реметам мирот, па да ме исфрлат со се партали.
    Почнав да си се кикотам тивко. Ми се чуди дечконо што седи карши мене ама ако, убаво ми е.
    Радосна сум. Мотивирана до бескрај. Барем од еден предмет да видам резлутати. И тоа совршени резлутати.
    Ама кратко ми траеше среќата кога видов дека објавил инструкции за нова вежба.
    Ама сега полна со инспирација и мотивирана до бескрај ќе се фрлам на работење.

    Споро се исплаќа вложениот труд, ама чувството е незаменливо.
    Никогаш од ништо што го посакувате не се откажувајте. Кога знаете дека сте добри во нешто покажете го тоа. Борете се за вашето место меѓу ѕвездите. Ќе ви се исплати секоја капка пот, секоја непреспиена ноќ, секоја пролеана солза.

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, sweet-cherry, L-enna и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК велат се што е ваше ќе си дојде...а некои со сила ќе ви го украдат, уште пред да дојде....
    Сакам да врне снег, да истура непрекинато.Некако е тивко и преубаво, некако им прави на луѓето малку да подзабават со своето постојано брзање за некаде.
    А песната што ја постира Љубам, за дождот, страшно е убава, релаксирачка.
     
    На anabel-a, Miss.Ricci, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.413
    Допаѓања:
    260.148
    Ве молам не го викајте снегот оти мразови ќе дојдат, па потоа ќе ве видам колку ќе ви биде романтично.
    Како жалопојки ќе плачете по сонцето :D .
     
    На Hipster, BoaVista, 2036 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    ЗНАЧЕЊЕТО НА ЖЕНАТА...

    Еден мудрец го запрашаа:
    -Мудрецу, можеш ли да ни кажеш кое е ЗНАЧЕЊТО НА ЖЕНАТА ???
    Тој им одговори:
    ЖЕНАТА е како површината на СТАКЛОТО, проѕирна за да можеш јасно да и ја видиш нејзината внатрешност... Колку повеќе нежно го бришеш, толку повеќе тоа ќе БЛЕСКА... Можете да го видите својот одраз во него, како да држи слика од Вас во Неа... Ако еднаш го скршете, потоа ќе ви биде многу тешко да ги соберете скршените парчиња... И ако ги соберете сите парчина, нема да успеете да ги склопите како што беа...
    И ЗАПОМНЕТЕ:
    ...Секој пат кога ќе помине вашата рака кај скршеницата... РАКАТА ЌЕ ВИ БИДЕ ПОВРЕДЕНА !
     
    На MarchelineAmaru, Miss.Ricci и Serafima им се допаѓа ова.
  16. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Оваа атмосфера ме инспирира, да не постоеа болките во стомакот кои ги имам благодарение на тоа што сум жена ќе земев лист и пенкало и се она кое се собрало во длабочините на душата ќе го пренесев таму. По краевите од листот ќе направев и рамка со цветови како завршница. Тоа му доаѓа нешто како потпис на уметничка слика.
    Сама сум, но не осамена.
    Денеска уживам во самотијата. Се дружам со самата себеси, се преиспитувам и влегувам се подлабоко и подлабоко во сопственото битие.
    Ретко имам прилика да го правам ова и среќна сум поради денешните околности.
    Во моментов ми недостасува само нешто што ќе ми ја стопли душата во вистинска смисла на зборот.
    Можеби е време да сварам чај кој ќе го пијам сама и во потполна тишина. Денеска успеав да си го пронајдам сопствениот мир и спокој и среќна сум поради тоа.
    Убав ден, драги мои!
     
    На MarchelineAmaru, marama, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Вчера за прв пат му се израдував за ветрот,за прв пат спокојно се почуствував :wasntme:
    Има ли нешто подобро од шеткање по жолтите лисја ,а ветрот ти ја дува косаата... ??! :inlove: Вчера кога за прв пат се израдував на ветерот ,тогаш сфатив дека нема. :wasntme:
     
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Гледајте на сите работи со убавина...
    Дождот не го гледајте како упропастувач на забави,препрека да излезете надвор туку седнете си покрај прозорот пуштете си тивка музика и уживајте по прекеасната гледка и жуборот на дождот...Па тоа е толку прекрасно и убаво чувство :)
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    @Џикица и памелче
    [​IMG]
    Пак земав плата :rofl: озбилно :!: :D

    Ти благодарам временце, убаво е кога вака грешам :sun: Есен полна изненадувања
     
    На Micheleljubov, lunicka, mims-89 и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.653
    Пол:
    Женски
    За момент си помислив, што и е на оваа кравче, мора да забегала, пред некое време погледнав надвор и ништо не видов освен тешки сиви облаци и сега одеднаш се вртам и што да видам-силно светнал ден.
    Значи само кај нас во еден ден може да ги имаш сите годишни времиња. Очекувам вечер уште снег да завее.
    Патем кравче честито плата, па да частиш кога ќе отидам натаму на гости.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.