[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Боже мили..
    Мајка ми го седна дедо и му прафви муабет, ако некој умрел од него и баба, да се спремеле алишта и да седеле спремни за кога ќе умрат. :| Чиниш на пат ќе ги праќа..
    Толку ми е језиво вакви работи, чудо едно..
    Боже мили..
     
  2. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа новата колешка. Многу! Така одма ваму, таму, ова, она, бројче. Оп пријателство. :emo:
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски

    Не сакам вака да се мешам, ама добро е кога постарите си имаат спремено се што е потребно за кога ќе починат. На денот што попрво да се заврши, а купување на алишта е најмачно. Дедо ми кога почина ни фалеше само капче ама за тоа капче изгубив два саат дур да отидам и да се вратам. А работа околу спремање погреб има многу.
    Не се чуди, мене и ми е чудно што немаат, барем јас луѓево што ги знам над 70 години сите си имаат.
     
    На Micheleljubov, rosebush и pamelche им се допаѓа ова.
  4. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Ако било што добијам,сакам тоа да го заслужам.
    Каде е возбудата,да се качуваш на планина кога со џип одиш нагоре и таму вртиш 2-3 кругчиња? Клише.

    Убав ден,врнежлив,погоден за размислување....за жал.
    Испаднав многу проста,ама вака сум посреќна. А додека се гордеев со својот песимизам - наводниот показател за мудрост,длабоко во себе се борев за трошка среќа.
    Празна глава,полно срце.

    За првпат кај мене чувствата го сотреа разумот,и баш ми е убаво.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    We dance like a marionettes,swaying to the symphony of destruction....
     
  6. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Искрено, секогаш пред да легнам ми се врти една мисла во главата. Што ќе биде со нас после смртта?
    Многу ми е језиво кога ќе помислам дека човек после умирање го ставаат во земја, и таму да му скапува телото со години. Рано е за размислување за вакви работи, у осталом не знаеш што ќе биде утре..задутре..
    Многу прашања но без одговор.. :worried:
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Абе се е тоа океј , ама мајка ми почна да збори морничави работи, да се имало спремно се, зашто кога ќе умреле одма ако не се избањале, ќе се здрвеле.. Колешките на работа имале смртни случаи, и ја подучиле да си спреми за сите гардероба, полесно да и биде.
    Ми падна лошо од муабетот и и подвикнав малце пошо, многу сум сугестивна, и одвратно ми е да слушам за вакви работи. Најверојатно ќе бидам од корист само формално во такви моменти, инаку ако треба да помогнам, попрво ќе си легнам јас.. :|
    Така што мајка ми е сама во ова..
     
  8. yanartgoth

    yanartgoth Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Леле и ја од такт се вадам со прашањево уште појезиво ми е што н аеднаш те сменува не гледаш не знаеш..језиво брр...Ептен имам страв од смртта, си живеел и крај..језиво :worried:
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека дигнати девојки воопшто не ги приметувам,незнам вероватно ми се одбивни,колку и да е убава,секси со самото нејзино понашање станува обична мивка за мене.
    Патење од коплекс на повисока вредност,и мислат дека светот се врти околу нив.
     
    На Serafima, blond, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Moretti

    Moretti Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.051
    Конечно ставивме крај на нашата глупава врска :clap:
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Дека правам највкусни пуканки на светот.
    Повелете!
     

    Прикачени фајлови:

    • pop corn.jpg
      pop corn.jpg
      Големина на фајлот:
      32,6 KB
      Прегледи:
      337
    На Cacy, kravce, Umbrella22 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Размислувам и никако не можам да дојдам до заклучок што јас постигнав за моите ете скоро уште еден месец 26 години.Хмм да видиме :?: .Успеав да станам факултетски образована личност-Ок тоа скоро секој го постигнува ,имам успешна врска-хм па и тоа не некој голем успех,имам пријатели ,па денес сите имаат,сум работела на две работни места кои што немаат врска со мојата струка и....што понатаму? Ме застрашува фактот што после тоа нема ништо друго понатаму,постои само празнина и бесконечност,што следи по тоа и не знам.Секогаш сум велела дека треба да се зграпчи животот бидејќи ни е еднаш даден и мора да го искористиме до максимум,а јас што правам?Сосема спротивното,живеам во некоја монотнија која што самата по себе се манифестира со збунетост,горчина,досада.Морам да го сменам тоа под итно,морам да направам нешто за себе.
    Сега повторно ќе работам една од тие работи кои што воопшто не ме исполнуваат туку едноставно морам од причина што ако седам дома ќе паднам во голема депресија.Едноставно морам,тоа е единствен начин да ги исфрлам овие грди чувства од себе.
    Се прашувам зошто учев јас факултет,за да работам во бутик,маркет,се секој ден да одам на работа затоа што морам,а не затоа што сакам.Немам намера да кукам што на денешно време барем имам некаква работа.За жал многу од нас го работат тоа што не го сакаат,туку бидејќи мораат.Не ни се пружа шанса да се истакниме во тоа што го знаеме ,туку сме приморани да животариме и да се снаоѓаме како што можеме.
     
    На kravce, Serafima, NoellePage и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Си симнав албум од Срѓан Јул, и екшли Кокета е само еден од мноштвото добри хитови на албумот! И сега зобам чипс и се чудам на изданиево.

    Денес сум чадор.
    Сите оние изгубени мои чадори кутри... Којзнае кој си штити глава со нив. Размислувајќи за тоа, сфатив дека треба да се измислат чадори со сензор. Кога си одиш од некаде, а не врне веќе, по автоматизам го забораваш чадорот. И тој треба да ти викне Земиииии мееееее.... И така.


    Ме фаќа предновогодишно депре, мака, главобоља, стрес, личната карта ми е истечена, треба и тоа да го завршам, тотално меланхолично се чувствувам и најголема радост ми беше вчерашното возикање, пиењето чај инкогнито на Фонтана и мачорот што го најдов кај него во дворче. Пуфлест, со ремче, веројатно комшиките го чуваат, ми се измјаука и ме разнежни. Дознав како се прават сараевски мантии, земав да читам еден текст од Вајлд и му го проникнувам нежниот и нужен дел од мислата што се граничи со женственост и збунка. Цела ја, сум една голема збунка. Ко отворен чадор среде дневна.
    Туку, сакав да кажам дека чекањево е себерастеж и голема болка. На моменти се прашувам како би се однесувала во поинаква ситуација, состојба. И не можам да си дадам одговор, а можеби и не треба. Времето само си кажува. Редењето мисли само ми ја влошува емотивната крвна слика. :|

    Бев кај него да проветреам низ собите. Му ги местев некои од блузите што ги оставил на креветот во спална... Нурнав со носот во нив и се разлипав како мало дете. И после се сепнав, си викам - Ано ај доста, жив и здрав е, за три месеци од сега тука ќе се љубите и ќе јадете пица на парче! :!:
    И се прибрав, ама чувството си остана. И го набркав со дождот накај дома, кога го чистев неговиот и мојот точак, потпрени еден до друг. Да појаснам. Мојот точак го чувам кај него во двор, зошто кај мене во влез крадат се’ што може да се украде. И вчера кога бев на посета кај неговите, ете така, емотивно се растресов, ко којзнае што да се случило.
    Во меѓувреме, ми пиша :inlove:
    Дека ќе ме сонувал вечер, а јас му пратив слика од нас на точаци.
    Станувам досадна веќе со моиве кенкања, ама некако, некогаш најголемите емоции полесно се доживуваат кога ќе си ги запишам. Веќе и песна имам во глава, во срце.
    Лудост.
    Љубовта е една голема лудост.

    Но, зарем би било интересно да беше обично нешто. Ко чадор на пример.
     
    На NoellePage, lunicka и Sara123 им се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе би сакале да го имаат она што го имаш ти :) А и работата ќе си дојди,ќе видиш :) Можи таму кај дечко ти баш за таа работа се бараат :) За 25 и тоа е добро постигнато :)
    А и патем,дали си слободна сабота,недела? :sun:
     
    На Moira, kravce, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Да ви кажам, здрава сум како дрен :sun:
    Тук таму со некој дефект што ќе го опраам, ама ништо страшно, битно не сум за ремонт :D
    Утре чекам уште едни резултати и ај чао.
    Кога ми рече една докторка соблекувај се скроз... ми идеше да фатам да бегам трчајќи до кај што ќе ме држат нозете ама пројде се. :D

    Многу напорен и долг, ама многу убав ден... ни требаше со мајка ми така некое време сами да се издуваме. После се и во маркет си бевме и си јадевме заедно, мерак бе мерак. :angel:

    Имајте Хубава вечер :hug:
     
    На sweet-cherry, Cacy, Moira и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Убав ден денес, полн со убави вести, фала Богу :) .
    Сестра ми ги положи сите колоквиуми, со мајка ми се е во ред - супер е, братучеда ми се вери, една пријателка доби синче, братучед ми се смири со девојката, викендов ќе го видам него, а и нему му е добро таму, вели напредува. Уште уверението за диплома да го земам побрзо и конечно да ми олесни. Се надевам дека и тоа ќе е за брзо :) .

    А видете го и ова. Замислете се за миг на едно од овие места. Од каде попрво ќе почнете? :)
    http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/na ... metropoli/
     
    На bittersweet, kravce, Serafima и 9 други им се допаѓа ова.
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Секој е творец на сопствената среќа! :)
     
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    24.405
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е на душата. Само собирам во мене цело време. Веќе со години. Не сум таква да се жалам на секој, па ниту на најблиските. Не сакам да ги замарам другите со моите проблеми.. И така си собирам, дел по дел.. Ама некогаш ќе пукнам одвнатре.
    Мразам денови како овој. Полн разочарување, солзи, тешки зборови и тивки воздишки.
    Осамена сум. Како никогаш порано.
     
  19. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Дека другарка ми има сипаници,ја немам видено 2 недели.Ни јас,ни никој друг.И денес после школо,спремна јас,одам кај нејзе да ја видам.Цело време фантазирам за средбата,каква ќе биде,што ќе правиме...И доаѓам,ја исгушкав едно 234 пати,правевме пуканки,овишна салата,игравме,глеавме филмче и така.Навистина ми влеа позитивна енергија,ме насмеа и расположи.Душичка моја :* Накај дома,уморна бев многу и за првпат во мојот живот,јас заспав во автобус |-) Ме разбуди тресокот на мојата глава во прозор на една дупка.Се возев во стар де,и на дупка ооп-главата трас у прозор.Среќа беше пред мојата автобуска.Мајка ми беше и те како расположена,и така јас со нејзе малце математиче си повежбав,не за друго,тест праиме утре :) Вчера почнав една книга и денес ја завршив Толку е убава,баш за девојки на мои години,се чита во еден здив и толку многу е опишан нашиот типичен живот што и таа ме расположи и така денов ми е :up: Многу оптимистична сум 8) ;)
     
  20. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Некогаш ни се случува да се задлабочиме во нешто толку многу, желно се обидуваме да се надогратиме на таа тема за на крај да успееме. Но, кога ќе дојде практичниот дел - мозокот се блокира и сета напорна изгледа залудна.

    Само така можам да ви објаснам како се чувствувам јас. Дека потрошив многу време. Дека навистина бев уверена дека убаво имам научено. И, дали е можно дотолку да сум тапа?
    Или јас или тестот беше неубав.
    Но, не ми е прв тест вака да го утнам.
    А нели се запишав на математичко за да научам математика... Зошто пак, после толку многу учење?
    Денес се тешам дека не бев единствена што се пожали од тестот. Беше уверливо обемен.
    Кој има концентрација во 7 на сабајле да реши обемен тест по математика во рок од 40 без грешка слободно нека ми се пофали. Ќе му се восхитувам до крајот на животов.

    Утре му е на татко ми роденден. Уште еден месец - Нова година. Два месеци - мојот роденден. Колку брзо помина годинава.

    Годиниве минуваат многу побрзо него деновиве, така ми се чини.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.