[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Безвезе е она чувство кога човек останува без зборови за одредени нешта во животот.А фантастично е чувството да го оставиш некој без зборови само поради тоа што воопшто не ни очекувал да слушне некаков коментар, за кој смета дека не е достоен да го чуе.Веројатно, чим го слуша, го заслужил, не е толку заради коментарот, туку колку што е заради суштината на истиот.Заради некои личности, човек вреди три дена да зборува и три дена да го слушаат, а потоа да незнаат што да одговорат на тоа.Ама тој човек веројатно има причина зошто би зборувал така, што, како и зошто, не е нешто што други би требало да ги интересира.Мислам, зарем некој има право така да реагира? Има и тоа како.Секој човек може да остро и сурово да ги кажува работите онакви какви што се, само разликата е во начинот на кој ќе ги каже.Но, некои не се замараат со се и сешто, па си го живеат животот, бидејки предвреме знаат дека ништо корисно нема да добијат со тоа ако се замараат.
    Ми рекле у живо, многу сум знаела....да знам, има некој нешто против?
    Па и уште ко ќе чујат дека имам завршено факултет, па тоа така намќоресто знаат да гледаат луѓево |( , како божем човек сум убила :x |(
    Него, единствено што ми е криво, што Тоше за се, ама апсолутно за се беше во право, ама џабе...Драго и мило ми е што се уште постојат луѓе кои ги имаат и почитуваат вистинските вредности во животот, секоја им чест.
    Па ме заболе главата....
     
    На kravce, ilipili, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Да ви кажам, многу е лошо кога преведуваш на компјутер, 15 минути си во Ворд, пола саат си вклучен на фејсбук, па ќе си пишеш со некој, па ќе се замуабетиш, па сто работи ќе ти истекнат да направиш... абре на крај ќе и речам на цимерката да ми го скрие кабелот за интернет. :D

    Имам ново омилено смајли - ]:)

    Додека си каснувам црно чоколадо, кое си го купив во наплив на досада, фала на прашање :D , си размислувам за некои работи што сум ги правела порано. Некако, сум била повоздржана, и емоционално, и финансиски и секакво... мислам дека не знаев порано да уживам толку многу во некои работи како што знам сега. Да можам да се вратам назад, не би се замарала толку околу некои работи, мислам, не вреди, едноставно не вреди.

    Ако ми се јаде надвор, ресторан, сендвичара, пекара, уатевер, ќе отидам и ќе јадам, без око да ми трепне, макар и да треба наредниот ден да си намачкам лепче и маргаринче дома. И нема да зажалам, затоа што во моментот тоа ми се правело и сум го направила, и некако психички сум си се усреќила, ете најпросто објаснето. Или ако сакам да одам некаде, ќе отидам и точка, мораш да си даваш некој поттик во живеачката. Порано многу ќе се изнервирав за некои глупости, сега нема ни да трепнам...

    Ете, не сфаќам луѓе кои се караат за скршени чинии, филџани, огледала, се скршило, се скршило, ќе си купиш поубаво. Исто како јас со ташната летоска, будалче :D , какви главоболки имав за 50 евра во кеш и таму мобилен, новчаник... Минатата година не ми беше баш сеедно кога не ми ставија 10ка за 0.3 поени |( , не дека животот ќе ми се смени ако не ми стават/ми стават. Пфф, ма не вреди бе, не вреди. Мора да се ужива и да се намали стресот, посебно во нашава државичка.

    Одиш по линија на помал отпор?
    Да, одам, фала на прашање, од одење по поголем отпор во нашава држава па видов аир. :geek:

    Едино вреди, ова го заклучив, да се потрудиш во животот атер за твоите дома. Што вложуваат време, живци и пари за тебе. Атер за нив ќе учам и ќе се трудам, не од што сакам или од што имам желба да бидам којзнае што. А имав порано, имав многу големи амбиции, ама ми ги утепаа, ми ги згаснаа. Тоа е реалноста, за жал. Сега само сакам да си работам некоја работичка што ја сакам, да не ме замараат, да шетам по светот и да уживам во животот, по можност далеку од тука. Само така ќе си направам услуга на самата себе.

    Уште ова и се враќам на преводот на една моја многу сакана книга (море камоли да ги плаќаа асално преведувачите на книги, само едно биро, куп книги и трчајќи ќе одев на работа :D ) - решив да не бркам просеци за кои освен главоболка може па и пари да не ми дадат, наводно сум пребогата за најголемата стипендија. |( Седи си мирно, трај си, земи си тоа паричињата од среден просек, изводливо е да си го одржиш три години, за мали пари е разликата, не вреди замарањето, пак ќе речам ;) ... Ем и волкот сит, ем и овците на број.

    Само така во државичкава, колку поарно сфатиш, толку поарно ќе си минеш.
     
    На Antolinaa, green.eyes, Ana.Jones и 40 други им се допаѓа ова.
  3. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Натпревар во декември, чувствувам како ќе биде. Нема да можам да спијам од што ќе бидам возбудена. Оф цвеќе. Одвај чекам нова година, па распустот после - уживанција бе, уживанциуја. На крај, кој чека, ќе си дочека. За сабота имам убаво претчувство, дај боже да сум во право, ме чека нешто многу важно.

    Да иамте убава вечер!
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Така, а како поинаку?
     

    Прикачени фајлови:

    На Cacy, Trendafilka, Lepaaa и 15 други им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    баш прееска кога се вракав од активноста размислував што ми се случува во последно време-сватив дека се вртам во круг, не важно колку се обидувам да го сменам тоа-давам се од себе внесувам промени ама џабе е
    не да ми е тешко, ми се плаче ми се рика :@ ;(
    нормално и бесот владее во мене
    на сите полиња катастрофа-барем да се вработев арно ке беше, убаво е чуството кога знаеш дека си корисен како дома така и во општеството.
    можеби некои од вас ке речат-нека си најде дечко, ке биде срекна-ГРЕШКА ако една девојка/жена не е срекна во својот живот, нема маж/партнер да ја направи срекна и затоа и се дистанцирав од посилниот пол-не сакам некој да го унесрекам, колку што сум и јас ;( ;( ;(
    КАПАК на се, се загледал во мене еден од партија во мене-вчера ми се лепеше ко фластер-сакав да му речам те молам тргни се, барај си ја среката на друго место, за твое добро

    да не беше медитација, јас незнам што ке правев-најискрено-сега за сега едниствен спас-колку-толку
     
  6. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Постот на Шелеа ме потсети..
    Сакам, затоа што храбрите сакаат, а кукавиците чекаат да бидат сакани. :)
    Да ве поздравам заљубени, одамна немам шкртнато на Фемина наша.. :D преграткиии :hug: :hug:
     
    На srcekrsacka и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    катастрофа е,знаЧи не можам да разберам или јас сум нетокму во главата или тие,во моменти ми викас дека не сум добра дека сум никаква и сите тие грди зборови а потоас ми кикас ние да баравме како тебе немасе да најдеме,мило ми е сто си со нас :x стварно сто луге ке бевте вие не можам да разберам...и после тоа сакас јас да бидам како порано сто бев :!: не бе жено нема да сум!!...
     
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.749
    Допаѓања:
    17.712
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Иронијата како во моментите кога имаш милион и една работа за правање, гледаш слики на пинтерест од коса во боја. Си мислам како би ми стоеле сини праменчиња.

    После стискање ентер тука се бркам од креветот. Да се припакувам, да си ги средам материјалите за учење. Ми се спие, а знам дека три дена нема да спијам. На моменти имам чувство дека животот ми тече премногу брзо, а на моменти е бетер од шалтер во банка. Или пошта. Или на лекар. Да резимираме секој шалтер.

    Шилеа пишува за чадори јас немам ниту еден. Накиснав 4 пати до сега и не ми доаѓа памет чадор да си купам. Прееска на сред град елката почнаа да ја китат. Природена е бре луѓе, уште не можам да се изначудам. Како ја пикнаа во тоа цементот :?: Ми ги објаснуваат празниците, сто и еден ги имаат, се думиме дали утре ќе има или нема да има штрајк. Неработење како главно мото. Кафичите полни, новчаниците празни. На крај краева, не е тоа така различно од Скопје мило е ем драго.

    Баш ме интересира што боја ќе биде годинава елката во Скопје? Пак таа болната циклама боја...
     
    На Shelea, LilBaby и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк понекогаш си велам: е веќе немам сили за ништо.
    A од друга страна нешто ме тера да станам и да си речам дека можам и од инат го правам.Но емоциите дотолчуваат.

    Од каде волку стрес и нервоза во мене се чудам.
    Знам дека сето ова е само збир од нешто длабоко во мене, но никако не можам да откријам од што произлегува целава оваа негативна енергија. :|

    Недостасува нешто во мене за да се чувствувам целосна, имам пречувство дека тоа е тоа што ме прави ваква изминативе неколку недели. Недостасува а не можам да дознаам што, можеби е премногу очигледно, можеби ептен ми е пред очи но не го гледам тоа.
    Ми требаат малку повеќе позитивни луѓе околу мене, помалку проблеми но од друга страна си викам која сум јас за да барам помалку проблеми кога во денешно време луѓето се справуваат и со полоши работи во секојдневието. Но од каде пронаоѓаат сила ?
    Велат: Верувај Кенди, само верувај во Господ.
    Верувам јас,верувам и знам дека секој ќе го добие она што му е пишано, секој ќе го преживее она што треба и знам дека ова е само период во кој сум турната за да се пронајдам самата себе си низ проблемите и грижите. И тоа е можеби едно од нештата кои ме туркаат напред да продолжам, барем ќе успеам можеби да пронајдам еден дел од мене кој би ме правел малку по исполнета.

    И еден период викав: Сакам само успех не ми треба љубов, можам и сама.
    Но сега го негирам тоа, бидејќи гледам дека не е така. Без љубов не бива ништо.
    Ако нема љубов џабе е се`.
    И затоа отворам нови врати со многу страв од тоа што ме очекува но со надеж дека е нешто подобро, си давам сили да се впуштам во непознати нешта со надеж дека таму е нештото што ќе ме направи подобра личност со по отпорна душа.
    Гледам некои стари фотографии и се навраќам на тие моменти се радувам што некои личности биле покрај мене и заедно сме ги создале тие мигови кои и ден денес ме потсетуваат дека сум била сакана, сум и ќе бидам сакана дека вреди се` да се направи за она што искрено се посакува. Па макар тоа било и само да се кажат неколку реченици на некои битни личности.
    Затоа решена сум наредните денови да споделам некои битни чувства, да споделам со С.некои мисли да си олеснам, а и со надеж дека можеби со тоа ќе ја променам сегашната ситуација, со надеж дека заедно нешто можеме да променеме.


    И понекогаш вака како сега ќе пишувам,ќе пишувам па ќе го избришам мислењето со страв дека ширам негативна енергија, но ова ќе го оставам бидејќи знам дека можеби некој од вас ќе одвои време ќе го прочита и така ќе знам дека со некој сум ги споделила овие чувства дека не стојат во мене.


    Има нешто што недостасува, мора да отворам четири очи, не две за да го воочам тоа.
    Или пак можеби премногу гледам,размислувам па поради тоа се ми е така исто,безлично, празно и болно.

    И извинете ми за долгиот пост, морав да ги напишам некаде мисливе, чувствата.
    Имајте убава ноќ, и доколку саканиот е до вас гушнете си го силно, кажете му колку го сакате, покажете му и бидете благодарни што го имате крај себе, со тоа ја имате најголемата потпора во секојдневието, животот.
    Толку од мене, ве гушкам. :hug: :hug:
     
    На 1209, Moira, lunicka и 8 други им се допаѓа ова.
  11. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Зборовите се вишок...

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На miss.ella, Monna.Monna, anabel-a и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    184.596
    Пол:
    Женски
    СДК... и ја така си тапкам во место периодов... неам нешtо ни многу воља да го сменам тоа..
    некако... и можда чекам да замине нова година... па да се вртат нови страници и да се почнуваат нови приказни... а и треба конечно да погледнам назад во тетратките.. и да ги завршам оние приказни шо веќе се почнати... може така ќе може конечно да продолжам напред... кој знае... времето сигурно...
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сакам да се надоврзам на пис. Кој може да го слушне нивниот глас?Знам , немора сите да ми кажуваат дека милиони луѓе умираат дневно.Знам и затоа.Ама тие луѓе не умираат со мачење, како кај животните:
    [​IMG]
    Несакав да пишам зашто мислев дека ке има “бунт’’ дека умирале многу луѓе, па ние за животните ке сме се секирале.Неможам да издржам да видам слика да не заплачам.И секојпат, секојпат кога ке видам нешто вакво, ги колнам, ги колнам сите оние кои имаат храброст, да направат вакво нешто, притоа гледајќи ги во очи како се мачат, зар не сфаќаат дека и они имаат срца и они дека плачат,најтешко е кога плачеш тивко, секојпат кога ке си помислам како некои со задоволство ги мачат, смеејки се, ги колнам со се најлошо, да им се врати на најмилото.Еднаш пред мене едни “фраери’’ маче тргна да преминува улица, па се врати, се качија со поршето нивно дајбоже на парчиња да им се распадне и го згазија, дали 1 годинка имаше мачето. Се му се разлета, а они смеејќи се си поминаа. Маваше другар ми и со камења по нив,ама попусто.И во истиот момент реков - “да не стигнат таму каде што тргнале’’ .Имаат ли малку совест?Само клуч за Вардариште. :@ ;( ;( ;(
     
    На pamelche, zhap4e, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сдк...добро до кога,до кога ке постојат трети личности кои се мешат во туѓ љубовен живот?А нивниот е растурен па ке гледат еј ке и го земам на оваа?Зарем немаат воопшто малку осет,малку памет како ке им биде ним да им растурат нешто?Еееееееееј во какво време живееме.Срамота. :envy:
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    А што можам да додадам нејќам да го расипам моментот .... :tmi:
    не се сеќавам на форумов дека сум барала маж :D

    zdr
    Испратена на: Вчера, 18:57
    Од: draodacum
    До: vendiii

    zdr
    dali moze da se zapoznaeme
    i jas sakam da ja izneveram zena mi
     
    На Nightwalker, FortuneTeller.xD, Monna.Monna и 24 други им се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Можеби наликувам на неарна кога ме гледа некој оддалеку како му зборувам на кучето и се смеам со него ама ме прави среќна бе. Вечерва е создадена за пешачење, небото е ведро, има некој убав студ. Населбава ми е толку мирна и тивка, распослана со жолти лисја и влажни улици, топли домови и свеж воздух, а од Водно се слушаат језиви звуци на ветар кој си игра со дрвцата. И јас како Љубам им ѕиркам во домовите на луѓето, а најчесто се со дигнати ролетни, уклучено светло, уклучен телевизор, некој дреме на каучот, а некој работи во кујна. Домче бе.
    На една слепа учичка има многу костени, а листовите на костените од секогаш ми биле најубави, посебно кога се жолти и паднати на улица. Големи шушкави листови, ми се идеше да им се фрлам и ко мало дете да се ваљам у нив. Има толку многу работи, толку многу ситници на кои човек може да им се радува, толку многу секојдневни работи што може да го направат човекот среќен, а тој пак се запнал за „големите„ работи, пак е нерасположен и несреќен. Излези и подиши чист воздух, не дреми дома пред комјутер, насмевни му се на животот за да ти се насмее.
    Денес сфатив една многу голема разлика помеѓу мене и него, мене може секој да ме сака, а јас тешко можам да засакам некого, кај него е обратно, може било кого да засака, а тешко некој него да го засака. Ах...
     
    На SparkyAngel, anabel-a, 1209 и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Јас плачам само за мртви, а ако заплачам за тебе значи дека си мртов за мене !
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Има еден чичко што многу често, скоро секој втор ден, го гледам во дворот на МНТ како си игра со кучето. Епа сакам да кажам, тој чичко и тоа куче многу знаат да ми го разубават денот некогаш, се воздржувам да не ги гледам со насмевка, од страв некој да не помисли дека сум некоја манијакална лудача.
     
    На Serafima, kravce, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Нека ме затворат овде ]:) Нема да се бунам ветувам :!: :D
    [​IMG]
     
    На Serafima, teddybear и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  20. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Сакам да кажам дека имаме ист потпис со Umbrella22 :) :up:
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.