[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    И кога устата сака да излаже, додека лицето сака да скрие, очите полека но сигурно издаваат што лежи искрено во душата.
    Не за џабе викаат очите се огледало на душата.
     
    На Mishela, L-enna, LilBaby и 22 други им се допаѓа ова.
  2. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.392
    Не можам да поверувам колку брзо поминува времето..
    Мојата малечка денес полни 2 месеца..
    Секоја твоја насмевка и секој твој поглед ми дава желба за живот.. :) :)
     
    На Umbrella22, LilBaby, Glossy-girl и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    СДК навистина сме чудни ние женските бре како може да сме толку љубоморни, не дека машките не се но многу вешто го сокриваат тоа свака им част за тоа ама и на нас човек неможе да ни удоволи кога се љубоморни се нервираме зошто да е љубоморен кога не е одма си праиме филмови леле не ми е љубоморен па не ма сака офф леле женскии хаха абе женски се женски нема ни рамни тука ептен интересни суштества сме :D :D
     
  4. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    СДК дека настинкава ме убива неможам ни да заспијам
     
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Ништо не е како некогаш... па дури ни форумов.

    Еднаш барем да не постоеше период кога мора да се мислам помеѓу неколку работи...се ќе беше полесно.
     
    На Cacy, Lov3, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    дали со гласна музика ќе му дадеш до знаење на некој дека ти смета нивната галама, или пак со својата гласна музика ќе му покажеш на тој некој дека тој некој може да прави уште поголема галама? м? па што ако ми се примо*а ебате? да ви влезам на сред... или да стискам? епа небива!
     
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    СДК дека денес е ПЕТОК конечноооо ,ќе си се одмориме малце за викендов и ќе си поспиам до покасно 8)
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.752
    Пол:
    Женски
    Силно светна ден луѓенца... :D

    Не,не сум добила на лото,не фатив швалер,не се вработив.Едноставно утрово коцките во мојов мозок се поинаку наредени.Знаете она кога чашата се полни ,полни и прелие.Е мојата денес се прели.Денес ќе си биде мој ден.Да поштракам уште малку на компјутеров,да потсоберам по дома,и таман ќе почнат моиве да се прибираат јас ќе излезам.Нека ми простат ама денеска не ми годи нивната близина.Се договорив со една пријателка да се видиме,ќе си купиме костени...можеби на кафе некаде и не се враќам до вечер.А да, не готвам денес,и го исклучувам телефонот.Не сакам за никого да сум достапна. :rock:

    И не читам повеќе хороскоп.И ако пак сатурн ми прави журка со венера,како деновиве ,има да го гаќам со базука. :devil:

    Туку се размислувам да се јавам во агенција за работа како чистачка.Само можеби и таму требаат врски?Ако може да се заработи некој динар зошто да не.Се дури образот е чист не разликувам метла од пенкало.


    Баш е фино кога човек рано наутро ќе полуди :geek:

    п.с. ви праќам нежност и љубов ,уживајте во денов...
     

    Прикачени фајлови:

    • срнче.jpg
      срнче.jpg
      Големина на фајлот:
      48,1 KB
      Прегледи:
      325
    На Sexybaby86, Umbrella22, green.eyes и 23 други им се допаѓа ова.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Кога запознаваме некоја девојка која ни се допаѓа и со која ќе започнеме да се гледаме, сè е супер и ние сме маѓепсани, но веќе следниот момент започнуваме да размислуваме што таа девојка правела пред да ја запознаеме, со кој, каде, кога, како итн.
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    После неколку месеци мислење, и пак уште една цела вечер соул серчинг, кураж од луѓе вредни да ги слушам кои ги удавив со денови, ајде мечка страв! :o

    Нема врска дека е помудро утрото од вечерта. Бабини диветини! Веќе три саата се ударам по гради, ајде, а пола саат си ја читам реченицава погоре. Оти ја немам таа одлучност која сум ја имала во раните дваесети? Сама на себе ми иде да си ритнам клоца каква сум станала. Хипокрит. На секој знам да посолам памет, паметната она, да речам ако правиш нешто стани направи, не туку седи и кукај. Дека е бе смајлито што си удара прст од слепоочница? Аха! :fubar:

    Какво е убаво времето надвор. Ладно, чкрипе, и сонцето излегло. Имам заборавено како изгледа оваа година. Да се замота човек топличко, да излезе и да не се враќа. Крцкање на помрзната трева под нозете, хуууу ху, пареа, вдиши додека те стегнат градите од студен воздух и издишиии. Да не беше Декември утре, ќе медитирав на палми и бранови.

    Вака ли му беше на оној ненормалниот што скокна од високо :^)
     
    На Umbrella22, green.eyes, Peppermint и 9 други им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.752
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е огромна грешка .И кочница.И причина за неоправдана љубомора.Треба да бидеш свесен дека таа не живеела на осамен остров ,без контакт со други луѓе.Само опуштено :)
     
    На Ema.Sk, Umbrella22, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Петок навечер е резервиран за скајп со дедо ми, секогаш почнуваме со истото, кога ќе ме види нешто као му влегло во око, јас се правам наудрена додека си ги бриши солзите и после продолжуваме како ништо да не било.
    Знам дека му е тешко, колку и да сака да ме види, толку и тешко му паѓа затоа што јас сум му најголем потсетник дека керќа му веќе ја нема, со брат ми полесно си поминува тој не личи на мајка ми, јас сум и копија, затоа секој муабет го почнува со бришење на солзите ;(

    Си правиме муабет со дедо ми, јас дека женско нели мултитаскинг ни е во крвта :lol: прегледувам поштата од дента и гледам ми стигнала казна затоа што не сум гласала.
    На дедо ми пак не му е јасно како може да те казнат ако не си гласал, нели демократија и такви ми ти работи, е да демократија ама ако нема казни никој нема да излезе на гласање...plain and simple, цела држава е изградена на принцип на казни, не огромни ама важно казна.
    Наредното прашање на дедо ми, како сум заборавила, нели има кампањи, нели ви ги окупираат медиумите, епа не е така затоа сум заборавила, ми стигнало писмото за гласање, сум го затурила некаде, кампањи баш и нема особено не за локални избори и ете за некое време од изборите $55 казна, добро е што не биле федерални тогаш се најголеми казните $165, за државни избори $110, казните според важноста на изборите се :lol:
    Дедо ми научен од таму дека политиката е меѓу најголемите преокупации на народот не му е јасно како никој тука не го интересира ништо во врска со политика, за што правиме муабет ако не збориш за политика :D

    Политиката е за политичарите, народот си го живее животот, еднаш или два пати во животот сум слушнала да се прави муабет за политика и партии и тоа кога владеачката партија сакала да ги намали правата на работниците и тогаш и паѓала таа партија на изборите.
    Не ми е срам да кажам дека немам појма кој се министери во влада, знам само дека имаме сега прв пат жена премиерка и толку, нема врска партија со вработување, нема врска партија со директорски места, на партијата на власт и е работа да владее со државата, ако не го прави тоа како што треба, ќе падне и тоа е тоа.

    Не чувствувам никаква потреба да си го замарам мозокот со политика, додека платата ми е редовна, храната и бензинот ми се евтини, комуналиите кои ми стигаат на 3 месеци ми се една дневница, патиштата без дупки, болниците опремени и бесплатни, јас и понатака ќе бидам игнорантна во врска со политика а ако се смени некои од овие работи тогаш ќе му ја мислам а сега ќе си бидам среќна и blissfully ignorant :)

    Закључок на дедо ми, кога народот е среќен и задоволен- државата цвета, кога народот е несреќен и незадоволен- државата пропаѓа.
     
    На Hayley, la-chicka, TennisBabe и 36 други им се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    lunicka сите ние без разлика дали се машки или женски сакаме да чепнеме во минатото кај таа личност,но све во нормалата,да не се претерува со секакви прашања,особено интимни,значи јас не познавам личност која ни малку не го интересира што правела во минатото,барем оние основни работи,мислам дека ме разбираш што сакам да ти кажам.
    Во секој случај фала ти за совет,верувам дека е добронамерен,поздрав. ;)
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    СДК дека сакам да живеам кај битерсвит,во некој вид утопија, каде платите се редовни, продуктите ефтини, за изборите не се коментира повеќе отколку за протестите на фоките и каде уште од мали нозе ја имате слободата да бидете нудист ...:D

    Во Скопје...времето носталгично, луѓето делумно романтични, во глобала загрижени, сеуште сонуваат за поубави нешта.
     
    На Monna.Monna, Trnche, Hayley и 30 други им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    43.759
    Пол:
    Женски
    мразам гзолижачи , што фајде од тоа де ... :x

    Тја како и да е ^_^
    деновиве нема ни С од сонце ... депресивно ,тмурно ..ладно .
    Ми фалат сончевите денови, кога сум полна со позитивна енергија ..
    [​IMG]
     
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Не дека е баш утопија ама блиску сме до неа, а цената што ја плаќаме е сосема прифатлива, мислам што е 11-13% од секоја плата за данок кога таа што ти останува е више и него доволна за да живееш како што сакаш.

    А за нудистов мој, си викам подобро сега да си ја помине фазата кога е мал и е сладок, смешен таков гол, него да му бранам, да го облекувам со сила и да порасне во некое сексуално исфрустрирано манијачиште :tmi:
    Таман е и лето, вчера на плажа си беше најсреќен......гол а јас не го карам :rofl:
     
    На sesilija, Monna.Monna, la-chicka и 19 други им се допаѓа ова.
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    ...јас пак тука. Ми фалетвте девојки!
    Ми фалеше да ја читам темава, да роварам низ форумов, да ги читам вашите љубовни приказни во „Што би му кажале...“
    Не е се супер, ама е онака „доволно“, после сите овие денови поминати во кревет, со температура до 40 и единствена релација кревет-вц и болница секако -.-'.

    Скопјани: лутете ми се, не ми зборувајте, судете ми... Ама не ви го сакам Скопје. Се ми зеде :/
     
    На kravce и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Моментот кога на другарка ти другар ги сака ГНР,и тебе те прашуваат од кај да најдат маици,привезоци,албуми за роденден. Хахахахахах :rofl:
     
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    SweetChild и јас ги слушам ГНР само Axl Rose не е повеке она што беше во првата постава,сега е здебелен и итн,но имаат топ песни.поздрав ;)
     
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски

    Ја не ги слушам ГНР,ја ги обожавам бре.Aaa да,не се веќе тоа што биле.Тотално.Сега не се ГНР туку се Axl and his friends xD

    Песните стварно им се топ,ама поставата не ми се свиѓа...
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.