[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ај и јас да се надоврзам само...
    Ова им е најголемата грешка на поголемиот број од мажите. Гледај ја девојката сега каква е. Запознавај ја...е дури тогаш ако согледаш дека не чини, осудувај ја.
    Од искуство да кажам. Кога бевме на почетокот на врската со дечко ми...си правевме нешто муабет и јас нешто спомнав '' Eдна моја бивша љубов...го знаеш..?'' И ми рече СТОП. Не зборувај несакам да знам ниту еден твој поранешен. И викам океј. Баш ме израдува неговиот став.
    И после некоја недела, додека седел на кафе со некој другар и тој другар му рекол...аа те видов имаш девојка....таа одеше со оној претходно. И потоа тој болно љубоморен стана на дечкото. Некој страв во себе си имаше и најчесто поради тоа се каравме. Во мал град живееме и сакаш, несакаш ќе се среќаваш со нив.
    Затоа ти велам, воопшто да не се преоптеретуваш со тоа. Ако ти е убаво со девојката, само ќе си го нарушуваш односот, ќе си правиш непотребни проблеми...и ќе си расипувате многу убави моменти. :)
     
    На kravce, lunicka и vitomir им се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    * Со оглед на тоа што темава е многу читана, секој пост што ќе е овде напишан би требало да привлекува исто толку внимание колку што темава е посетувана. :!:
    СДК е како дневник на многумина, за мене е само катче на кое не му обрнувам многу внимание зошто покрај другите работи што ги правам на форумов(читање и коментирање во други теми, модерирање) имам најмалку време да седнам да читам во темава, а баш овде може да се прочитаат многу интересни постови, иако некогаш се постираат и туѓи фб статуси. :talk:
    Малкуто време што и го посветувам на темава е колку да шкртнам некој пост за кога ќе ги пребарувам моите мислења после некое време да се потсетам што и како сум размислувала. :?:
    Не би да пишувам за тоа како сум незадовлна од многу работи, не е целта на темава за тоа, уствари има најразлични постови и тешко дека може да се заклучи која е целта на темава освен сакам да кажам....
    Покрај другото, само ова сакав да го кажам(мислам редно време е и јас да бидам комплетно среќна):
    [​IMG]
     
    На Umbrella22, Glossy-girl, M.a.r.i.l.y.n и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Веќе ни самата не се препознавам во врската.
    Што е најтрагично ни тој не ме препознава. Изненаден е.
    Вчера беше излезен со друштво, и знаев дека телефонот му се гаси.. Па сакав да го чујам и му беше исклучен телефонот.
    И јас :devil: направив 50 пропуштени повици за пола саат.
    Кога веќе му застанува срце, да му застане.
    И после, ми се јави. Го прашав кај е, дали е океј. Нормално да знам дали да се лутам или не.
    Океј беше.
    5-6 Пати ѕвонење подоцна, не се јавив.
    И видов прати порака извини најмногу бла бла бла, му се јавив и се однесував како ништо да не се случило.

    Најинтересниот дел од приказнава, како што ја и започнав.. Порано да му се случеше вакво нешто, јас немаше да му се јавам до сабајлето, ќе му бев лута цел ден,и цел викенд ќе се каравме за ова.
    (тоа бев јас во врскава до пред некој ден)

    Се заљубив,м? :wasntme:
     
    На 1209 и Libera им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    овие од Адриа лаб ми одат на нерви веке :@
    на кого и да му спомнам за испитување на скриен шекер-прво се испитува три месеци наназад-нормално консултација со матичен прво а тоа со оптеретување е опасно, сите ме прашуваат дали сум трудна- :tmi: :fubar:
    за трудна не сум, ама уморна од вакви прашања нивни сум-нели на Хрватски значи уморна :D
    знам дека најчесто на трудници тоа се испитува, и мајка ми ми кажа ама секој нормален човек има право да си испита скриен шекер бе луге :fubar:
    ете, незнам како, собрав храброст, бев, ме боцнаа ми земаа крв резултати од 4-6 часот
    инаку втор пат е како оваа недела ми земаат крв од иста вена-немам вени затоа.
    незнам како ке отидам да си ги земам резултатите, т.е. какви ке бидат :worried:
    ова ме потсека на тоа кога прв пат ми открија дека тироидната жлезда нема фукција-мислам дека очите ми истекоа од ;( тоа беше на 18 години.
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.043
    Допаѓања:
    45.982
    Пол:
    Женски
    Се колнам дека на светов нема пудобно место за спиење од неговиот кревет.Ако му се излезени 2-3 федерчиња и понекогаш ме фаќа грч од лежење само во едно место, јас само што ја допирам преницата заспивам толку цврсто...

    A вчера љубов од татко ми, ме чешлаше и ми ја кратеше косата, ме бакнуваше во тилот, знаете колку одмана го нема направено тоа, откако бев дете.Сега сме некако далечни, официјални, ме боли тоа, а знам и него, ама ете вчера ми се стопли душата, а и на мајка ми додека не гледаше.
    Се почувствував гордо, зошто ете зборевме за мажачи и женачки и тој рече дека ми верува и дека и да сметам дека утре ми е време за мажење ќе го почитува мојот избор , сега знам колку и тој е горд сметајки ме доволно зрела со само 20.Не не се мажам не му се секирајте, само ете така беше муабетот.
    Се разнежнив целата...

    Се разнежнив и на малите кутренца пред зграда, го шеткав моето и тоа ме тегнеше под едни скали, гледам под нив,а тие таму, со мајка им која лежеше до нив, беше доста слаба и си мислам како ќе ги рани тие душчи, моите виршли за доручек и ги дадов и гледав како ги јаде и мава со опашот, па ни дозволи за тоа време да ги гледаме малечките.Mоето да видете само со која смиреност ги гледаше, ме погледнува мене, ги погледнува нив, како да сакаше да ми каже колку се убави.Eте тие малечки ми го разубавеа утрото.


    Иначе на западу ништа ново.Пат, пакување, отпакување, престој таму, убавини дома, и пак одново, рутина која ја сакам.
    И се колнам дека пожива и поубава есен немам доживеано досега,ми годи ептен, ми годи љубовта и вниманието, ми годат убавите резултати од колоквиумска, ми годи животов.

    И знам,не прашувајте како, дека еден ден ќе имам две женски близначиња, со најубави очи како неговите и едно црнокосо момче како мене, ќе ги шеткаме во некоја есен како оваа, ќе им дозволам да се валаат по листовите во паркот и ќе им ја овозможиме сета љубов на светов и ќе ги подучам на сите убавини на животов.Зошто животот е убав, можеби не секогаш, но во некој одреден, секојдневен момент универзумот ќе застане зад вас и ќе знаете дека сте токму таму каде што треба да бидете и дека се е токму онака како што треба да биде.
    Само секогаш, секогаш, несебично љубете.
     
    На Umbrella22, Springy, LilBaby и 13 други им се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Одиш до продавница и ги гледаш луѓето со помодрени усни, стуткани во палта, триење дланки, момци и девојки на велосипеди, небаре мечиња се, Лунд го украсуваат, 6 ножни бабиња и дедиња се тркалаат со потпомагачите за движење, одат побавно и од најспората желка што сум ја видела, ама бре слатки ми се, особено кога влегуваат во H&M да купуваат гардероба и слично. Луѓето стануваат нелуѓе, и обратно има по некој ендем да научи од своите грешки, денот врви, имам за учење, ама некако не ми е мерак да го листам книгичево. Вртиш по телефони не можеш да добиеш никого, на CV испратено никој не реагира.. ми рекоа дете иди во Норвешка, па денес ја истражувам Норвешка и Холандија, со CV-та мои цел свет ќе го поминам. Еј што ти е преживување. И така.. ќе идам да си го брцнам носот во Божиќен чај, прекрасен е кој не пробал, мора да проба, имајте убав ден..

    А и да!

    “Don’t wish to be anything but what you are, and try to be that perfectly.”
    -St. Francis of Sales



    http://www.youtube.com/watch?v=lFpFUhQfBfo
     
    На Mishela, green.eyes, Umbrella22 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Среќна сум и ми е многу мило што видов дека хуманоста и добрината во луѓето сеуште ја има.До пред еден час се сомневав во тоа,но една случка повторно ми ја врати довербата и надежта дека сеуште постојат луѓе.Ретко денес некој е Човек во вистинска смисла на зборот,ние сите сме луѓе да,но дали сме луѓе и во душата?
    Еден човек кој што го познавав лично како горд,завидлив ,себичен денеска го запознав во едно поинакво светло.Беше пред мене на каса за да си ги плати продуктите,а пред него имаше детенце кое што држеше геврек во рацете.Човекот го плати и неговиот,а настрана будно ја следеше ситуацијата неговата мајка.Кога продавачката го праша човекот дали тој ќе му го плати геврекот на детето и што му е тој гордо изјави тој ми е внук.Во тој момент во очите на детето се појави необјаснива среќа,почит,гордост.Кога излегуваа мајката му се збалагодари на човекот што му го купе геврекот,му рече"Ти подарувам здравје бидејќи немам ништо друго да ти дадам",го гушна и се разминаа секој на својата страна.По тоа заклучив дека тој не е поврзан крвно ни со детето,ни со мајката.Ете од тој момент јас дедо Веле го гледам како најдобриот човек на цел свет,тој истиот дедо Веле од кој што како мала се плашев бидејќи ни ги дупеше топките за да не му тропаме и не бркаше од улицата на која што си игравме бидејќи сме му сметале.Тој дедо денеска на една мајка и едно дете им го направи денот најубав,среќен,исполнет само со среќа и без грижи дека денеска детето ќе остане гладно.Иако можеби таа среќа е минлива,барем ја почуствуваа и имаат верба во Бог и во тоа дека сеуште постојат хумани и добри луѓе,како и јас.
     
    На Hipster, Serafima, Umbrella22 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    #
    Сме се собрале во канцеларија 10 луѓе....шта чеш, океан систем, само океанот нигде го нема за жал.
    Ај што ни е на југ свртена канцеларијата, ај што целата ни е во прозори, туку баш денес, кога сонце пука и го грее воздухот, на една од колешкиве и текна дека и` студи, па го пуштила и греењето, на 4ка! Зошто жено? Зошто? Дај облечи џемперче, не мора сите да се топиме ко во сауна :sweat:
    Јас не можам да се соблечам колку што можеш ти да се облечеш...уствари можам, ама не смеам :doh:

    И така, се осеќам ко температура да кревам....ми жежат чело и образи, ушите ќе ми отпаднат, рацете ми се потат, нозете ми вријат, уфффф, само да не влегувам во климакс :yawn:

    #
    Усната горна ми е отечена, се каснав...за жал не ми е од бацување, од тоа одамна не ми отекла устата :lol: Малата рипаше над мене, и така, во еден еуфоричен момент, и дојде желба да ме удри со главата во устата и да ми ја раскрвари. Ај тоа, туку што не трпи валкано, па под итно морав да ја менувам постелнината оти имаше траги од крв на неа |(
    Ах кога ќе пораснееееееш, има секој ден кафе да ми вариш за годиниве :emo:

    #
    И ене го кај е Нов Зеланд, а и океанот, на дофат на дланка ми се :wasntme:
     
    На Trnche, Serafima, Umbrella22 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.749
    Допаѓања:
    17.712
    Значи многу мразам мамини мазички, нафурани козички.
    Во школо кај пето-одделенците во еден клас има едно дете со посебни потреби. Не е од оние кои ги учат основните работи, разбира, знае многу работи. Културата му е на ептен високо ниво. Секога, буквално секогаш кога излаваме од школо ми вика догледање, кога влегуваме добро утро/добар ден, поштува и старо и младо. Кога јаде на голем одмор а му падне нешто, секогаш ќе го земе, ќе го однесе во корпа да го фрли. Само, мамините мазички го гледаат изгледот, нели.
    Преска во ходник нешто детето сакаше да каже на едно девојче и ја потапка по рамото за да се сврти и оваа одма „Ааа..бегај бе, ќе ме искашкаш“ , „Бегај не ме фаќај“. Епа деца, тоа дете од вас е многу попаметно, иако е такво по изглед. Сака и тоа дете внимание, сака некој да се дружи со него, не му е убаво сам да биде цел ден во школо. Зарем тоа дете сака да биде такво? Зарем неговите родители сакале такво да се роди? Ама сепак го сакаат, нивно е.
    Е така, преку глава ми е од такви чепатлчки.
     
    На Monna.Monna, OneDirection, sweet-cherry и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Ми фали прегратка. :doh:

    "Обожавам прегратки. Не од типот "Мило ми е што те гледам, навистина ми недостасуваше" или "Пријатно засега", туку вистинска прегратка. Онаа каде личноста ги има обвиткано рацете околу телото на другата, држејќи ја доволно цврсто за да никој не почувствува потреба да го пушти другиот. Оние кои траат повеќе од неколку секунди, притоа одморајќи ја главата на рамото на другата личност. Не оние прегратки кои се прават набрзина за да можете да ја прегрнете и другата личност која чека на ред. Прегратка каде не мора да кажете ништо, прегратка која прави да се чувствувате како светот да забавува само заради вас и се` ќе биде во ред. Не е повеќе само гушкање, станува нешто многу поголемо од тоа. Само една прегратка има моќ да ве мотивира и направи посилни. Вакви се навистина ретки и не сте сигурни кога повторно ќе ве гушнат на таков начин. Ви дава причина да го цените моментот и да направите да потрае."

    [​IMG][​IMG]
     
    На Monna.Monna, Serafima, La.Reina.Del.Sur и 17 други им се допаѓа ова.
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Уште малку ќе поработам и ќе си одам домче.

    Умрев за цигара ,страшно ми се пуши!
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Во последно време се одалечив со другарките. Секоја си има свои проблеми, а знаејки дека и другиот има не сакаш да гњавиш со своите.
    Пред некој ден ми се јави едната дека доаѓа. И пишав ако сака да дојде, но не ми врати ништо. Ме разбуди телефонот, кога има автобус. И кажав и дур се свестам таа беше кај мене.
    Гледавме филм, пиевме кафе и молчевме и си поминав убаво како никогаш до сега кога сме вртеле секакви муабети. Ми беше толку топло, толку убаво што зборовите не беа потребни. Ние и не мораме да зборуваме, туку по било кој потег знаеме кога на едната и се случува нешто. Ние сме и толку многу различни, немаме ниту многу заеднички нешта, не ни се допаѓаат исти работи, не слушаме иста музика. Но, има нешто што не спојува.
    И колку и да ме нервира некогаш, колку и да ја нервирам јас не можеме една без друга.

    Таа се појави во мојот живот кога изгубив една важна личност за мене, но за среќа добив поважна.
     
    На Monna.Monna, sweet-cherry, Serafima и 19 други им се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    ПОВЕЛИ
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    Ама тоа се пури! :D
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК Џабе насмевка ако се тажни очите! :x :x
     
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    10.474
    Ова ќе е последниот сончев ден барем за следните две седмици, а јас не планирам да мрднам од каучов.
    Да имав екстра буџет радо ќе шпартав по моловите со листата на работи без кои совршено ќе преживеам, ама морам да ги имам.
    Ама немам, па ќе се задоволам со кафе во шољата од Прага и долг телефонски разговор со мајка ми.
    Петок дефинитивно ја изгуби смислата после средно. Или јас созревам па наоѓам поинтересни занимации од тоа да сум парти анимал.
    Одбројувам денови до крајот на семестарот, до спиење во мојот кревет, ручеците на баба ми, него.

    Се почести се деновите кога сакам да е недела. Да се разбудам и да се пикнам кај мајка ми во кревет. Да гледаме стар филм по милионити пат на телевизија. Да водиме непродуктивни банални разговори. Да шетаме по пижами цел ден. Да готвиме нешто слатко.

    Тој веќе направил планови за празниците. Ме чека. И сите се враќаат дома за празниците. Се радувам на сите лица и чаеви со рум што ми престојат.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Umbrella22, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    Лелелелелее,ПРЕСРЕЌНА СУМ!!! :party:
    A причината?
    Научив да свиркам со уста. 8)
     
    На karenin и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  18. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Морам да кажам, песните на Адел комбинирани со rainymood се едни од ретките нешта кои ми ја допираат душата... Нејзината совршеност, нејзините непобедливи текстови и симулацијата на дожд, тоа може само да се почувствува и слушне. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=wA4ppvp2IzY

    Спремна сум за ден исполнет со интензивни чувства и љубов кон музиката.
     
  19. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    СДК многу ти благодарам ,ме орасположи :lol:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Заврши колоквиумска недела, хух.
    А јас наместо да славам како што доликува вечер, сум си закачила уринарна инфекција,така наместо мартини ќе си пијуцкам увин чај...
    Ама ајде, за убаво нека е.
    Ништо паметно немам да кажам,заминав на спиење,а Вие имајте убава вечер! :d:
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.