[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Snow.Queen

    Snow.Queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Јас уште одамна реков дека чуствувам дека нешто лошо ке биде и секој ден се полошо и полошо.До кога вака незнам,ама морам нешто да превземам. :)
     
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Пура нека е ,само нека чади :lol:
     
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Кога чекаш келнерот да погледне во тебе да го викнеш да дојде :lol:

    [​IMG]
     
    На Trnche, Monna.Monna, Ema.Sk и 40 други им се допаѓа ова.
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Колку е тажно ова чуство кога знаеш дека ќе си одеш....и дека повеќе нема да се со тебе најмилите.. :(
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На ocila, Glossy-girl и Caliopea им се допаѓа ова.
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Значи чудно како луѓево не престануваат да разочаруваат.
    Me интересира само од кај ја црпат таа енергија да прават само лоши работи.

    Кој е моментот, домашниот пријател да застане против вас ? За една корист само, ке патат невини души .

    Чудно и себично е како луѓево си мислат само за нивни потреби, а не мислат на другите како им е поради нивни себични постапки.

    Охх кај стигна светов и луѓево во него ?? Да дозволат едни деца да патат за нивни себични желби и постапки.

    Разочарана сум од луѓе, а посебно од машки , мажи, татковци ...
     
    На XMaN, Sara123, Betty.Boop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Колку животни приказни се изнаслушав, повеќето од нив посакувам да не ги чуев.
    Обожавам да слушам туѓи приказни, ме исполнуваат со надеж, ги доживувам лично и мислам декса стекнувам искуство ко јас да сум ги преживеала. Истрајност, возбуда, носталгија, сакам да слушам како луѓето успеале да го доживеат својот хепи енд, но вакви работи ко денеска - дефинитивно не! Лоши, бизарни, морбидни, животот знае да ти приреди сценарио какво ти не можеш ни да сонуваш.
    Ме тераат да размислувам за работи кои не сакам да ми шетаат низ главава. Си мислам дека во животов се што треба да направиш за да скрпиш некако е да гледаш да не паднеш во рацете на системот. Системот проголтува, и не го интересира ништо. Системот е корумпиран.

    Казната ги стига тие што заслужиле, ама и тие што случајно се нашле во погрешно време на погрешно место. Барем во еден правец системот не греши.
    И така денеска, јас решив да се простам со една огромна лутина што ја чував во себе за една личност која не можеше да биде полоша. Сфатив дека и од него има полошо. И секогаш ќе има полошо, прашање е колку ќе му дозволиш да те јаде од внатре. Додека не ми се отруе душава, млада сум, има време.
    Кога ќе излезеш од стакленото ѕвоно, животот знае и да загорчи.
     
    На bittersweet, Umbrella22, L-enna и 7 други им се допаѓа ова.
  8. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Морам некаде да се испразнам оти веќе не можам да издржам. ;( И после толку години раскинавме. Заради работи за кои мислев дека сме разбрани сега испадна му пречеле.После тие карања кога доживеавме преубави мигови кои него не му значеа. Воопшто.Не ми е јасно како се промени во само еден ден. Не ми е јасно. Ми се кине срцето. Ќе полудам. Го сакам многу. Мојата иднина ја гледав само со него а сега и таа надеж ми се сруши.Помислувам на се. Ужасно ми е... ;(
     
  9. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Ова е еден од оние денови кога размислувам на минатото.
    Денеска се сетив на сите доживувања со сестра ми. Таа е помала од мене три години, јас сеуште сум нејзина постара сестра, таа пак мојата помала, но денеска сме две возрасни личности и не сме повеќе тие две мали дечиња на кои јас предмалку се сетив. :)

    Јас бев и останав нејзин заштитник и знам дека секогаш ќе биде така.
    Мислам дека сите постари деца се раѓаат со чувството на грижа и заштита кон помалите.
    За мојата сестра животот бев и сум спремна да го дадам.

    -10-ти јуни завршувањето на училишната година секогаш го славевме со балони, грицки и благо и рипавме од среќа на спалната на мајка ми и татко ми. :)

    -Крајот на првото полугодие и почетокот на зимскиот распуст пак традиција ни беше да одиме во Мегдоналс и да појадуваме на масата покрај елката.
    Секоја година, истиот ден ние бевме на истата таа маса.
    И денеска кога ќе ја погледнам таа маса, не е возможно а да не се сетам на миговите поминати со сестра ми.

    -На училиште за време на одморите ги јадевме ужинките заедно потпрени на парното на последниот кат.

    -Секој ден и купував по една голема гумена бонбона и едно бастунче (Од тие црвено-белите)

    -Се снимавме на касети, си правевме наши радио емисии, измислувавме реклами, јас бев радио водител а таа го менуваше гласот во различни слушатели кои се вклучуваат во живо на емисијата.

    -Ја носев секогаш и секаде со мене, се дури не пораснав и не почнав да се правам важна и голема :)

    Таа во мене гледаше идол, што и да одберев, што и да купев за нејзе беше најдоброто и најубавото.
    Во сопствениот вкус не веруваше толку, колку што веруваше во мојот.
    Пред неколку месеци ми призна дека никогаш не ги сакала чоколадните вкусови на сладолед, ги сакала овошните а постојано јадеше ванила, лешник и чоколадо бидејќи тоа беше мојот избор, за кој таа сметала дека е најдобриот. :|

    Таа е душата моја малечка..
    Денеска сеќавањата на нашето заедничко детство ми ја стоплија душата.
    Оваа година, ќе ја однесам во Мегдоналс и повторно ќе седнеме на нашето место покрај елката.
    Сакам да оживеам дел од спомените кои ги имам со нејзе.
     
    На Monna.Monna, SparkyAngel, Umbrella22 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.956
    Допаѓања:
    164.231
    Хедејк уит а сајз оф Тексас. Женски маки големи. Па уште и наострени чула за секакви шмизларски амебоидни глумачки неидентификувани суштествија од женски род.
    Не сериозно,вие ненормални сте бе?! Онака,ви сече?! Отишла у О ла ла, леле мафини мммм, отишла у шопинг,леле шопинг,она у Певекс била (да се разбереме, се имам изјаснето,тоа е супер ок што постојат продавнициве,ама немој ма да се занесуваш),доаѓа од шопинг тура некоја мисла од Коелјо (извинете,откако се проби идејата дека Коељо бил за ретардирани,почнаа да форсираат и класици и толку,онака нема друг избор и вкус,пошто се плаши,дај вака да си играм на сигурно,класици мора да се јака ствар), отишла да вежба, абе отру,а ќе и помине до пролет,а мислиш Роки Балбоа се спрема. Онака на ладново надвор чиниш џогира, крва буриња. Вечер ќе искачала,оптерети од вчера шо да носи.У ванила маци, можеш и гола да одиш ако мене ме прашуваш...
    Принцези,изгледа дома ко мали никад не сте биле центар пажња а?! Па сега тука малтретирате на социјални мрежи, радости.

    Овој шо фрлал молотови коктели на Америчка,па уште и се фалел дека ги запалил американците, изнервиран од филм...душичка. Замислете јас да се напијам ко него вечерва?! Од утре Скопје ќе сија! :D А може и ќе направам женски тепачки само. :D

    Гладна сум како лав!
     
    На Monna.Monna, Ema.Sk, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    "Што ме боли најмногу од се, тоа нема да ме скрши НЕ! А ме прави посилна од се!"


    П.С. Како лавица Лилит, како лавица! :)
     
    На Umbrella22, thelittle17, Dushica-sk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.956
    Допаѓања:
    164.231
    ^ Мех... и онака повеќе сум татин син, момчуле,отколку девојченце. :( :D
    Лав...*си ја чешла гривната и плука влакна* :D
     
    На Neytiri и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.524
    Женска мака: Со кој лак да се лакираш кога не знајш шо ќе носиш, а од ко ќе одбериш шо ќе носиш.. едноставно немаш време да се налакираш. :/
     
    На The-Queen, La.Reina.Del.Sur, starbucks и 13 други им се допаѓа ова.
  14. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Колку ги мразам оние кои те гледаат во очи и те лажат,а истовремено и ти глумат.... :@ :@
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    СДК дека некои личности едноставно НЕ заслужуваат втора шaнса и точка.
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.956
    Допаѓања:
    164.231
    Статии од типот дали мажите сакаат само секс и други идиотштини за кои треба да се оди сосема легитимно у затвор за простаци. Мора да се ургира да се отвори една таква институција,макар што повремено може да заслужам по некој месец јавна работа,метење улици и слично!
    Kao душо,он ти ја сака душата, соблечи се сега...и она окезена од фактот без проблем се соблекува и нема морални дилеми јал е за неа,јал не е! На чисто си е бе! Научно е докажано дека мажите ја сакаат душата и косата на жената.
    А жениве па пусти...секс,што е тоа?! Ич го нејќат! Уште дошло ред да се запрашуваме дали мажите го сакаат само него или сендвичите што му ги правиш! Кои лицемерки бе. Маживе треба да не сакаат за душата,а ние под брк, ох хо хо, секс!
    Коа ќе прочитам вакво нешто одма ми доаѓа у глава нешто од типот - земјата е рамна плоча, а со неа владеат божества, дај да туриме еден тотем на ридон онде! Е толку е убер примитивно!
     
    На thelittle17, Yipman2, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    629
    Aх Лилит, јас му најдов лек за тие социјални мрежи. Delete на се! Мислам дека тие его трипови, слики у фазон *најубавасумуцелсвет*, бев у вц, пиев кафе у Рим итн.. почнаа да ми влијаат на расположение. Така да, кога они немаат осет дека малтретираат, јас сама одлучив да не бидам малтретирана :D
    Сеа раат на душа..на 2 минути ми се случува да активирам ФБ (нели од пуста желба да бидеш во “текот со настаните“ и со задоволсство го деактивирам пак! И се поретко се навраќам. А, најтрагично е тоа што скоро сите во листата на пријатели ми се постари од 24/5 години.
    Кај да е, ќе почнам и писма по пошта да праќам :D
    Кој сака да ме најде има број, а другите не се ни битни!

    Него и јас сакав да кажам нешто. Некако тешко ми иде со изразување на мисли и чувства на форум. Чудно ми доаѓа дека тоа го читаат уште 92181944243 луѓе, ама затоа пак, во последните неколку дена на оваа тема прочитав толку прекрасни мислења во кои се пронајдов од збор до збор.
    Иначе лош период, секоја година ова време. И читајќи ги и другите мислења гледам дека не е само кај мене така..
    Ајт, идам да ги средам фиоките во главата моја. :?:
     
    На Hipster, Lilit и Trendafilka им се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Хааааааааааа петок ! :)

    И покрај се,расположена сум.

    Кој сте па вие да ми расипувате ден ??? ;)

    Имајте убава вечер феминки !

    http://www.youtube.com/watch?v=eHWzUeNjVZU
     
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Во склоп на мојот пост за хуманоста и љубовта кај луѓето ќе надополнам и нешто што прочитав сега.Оригиналниот пост е на српски,а јас ќе го преведам на македонски бидејќи ова е македонски сајт.
    "Убунту
    Еден антрополог им предложи една игра на децата во едно афричко племе.Кошница полна со овошје ставил покрај едно дрво и им рекол на децата дека тој кој што ќе стигне прв до кошницата со овошјето ќе му припадне нему.Кога им рекол да трчат,сите деца се фатиле за раце и потрчаа,потоа седнаа и сите заедно уживаа во овошјето.Кога антропологот ги прашал зошто го направија тоа кога еден можеше да го изеде целото овошје тие одговориле:"Убунту-како може еден од нас да биде среќен кога сите останати се тажни".
    Убунту е филозофија на афричките племиња која што може да се сумира вака:"Јас сум бидејќи ние сме"."
    Додека ние живееме во време каде што преовладува интересот,сплетките,алчноста сеуште има надеж дека има останато по некој вистински човек и неговата добрина и љубов.
     
    На Serafima, L-enna, XMaN и 3 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.547
    Допаѓања:
    289.181
    Манџичето крчка :P

    На раат си седнав, море се истегнав во дневна и си листам по нетов.
    Прибрав само кока кола, се воздржувам да не се навртам на кафе или грицки.
    Се чувам за кога ќе стасаат гостите, во случај ако се сречаваат да се послужат, јас да скршам мраз :D .

    Сабајле околу 06.30, јас чекам воз за на работа, и оп позната фаца на железничка.
    Мало потсетување на постот

    Таа со рокчето на глава пак ја видов, од еден километар ја препознав.
    :!: Еј уште од ниедно време си беше стокмена женската
    Изгледа реакцијата ми беше приметлива(или евентуално до лепотата моја е) и еден тип туку ме загледа :$ .

    И така он се смешка, и јас се насмевнав.
    И едно време си викам ова бре флерт да не е :rofl:
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.