Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Недела ...
    Сончево и ден за учење
    А желбата за учење каде е :worried:
    И јас незнам,но како и да е мора да седнам да учам
    Друго и не ми преостанува :doh:
    поздрав бидете ми насмеани :) :*
     
  2. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ас сакам да кажам дека во ова време наредната недела...мене ќе ми биде роденден :rofl:
    Не ми е добро уште од сабајле,биче фешта денов.Гарант!
    И сакам гумени бонбонки,да ми го сладат горково кафе.
    Или тоа,или кафево да го мењам за вино црвено.Друго немат!
    :D
    Ajт довинџења,до наредниот пост.Се надевам до тогаш ќе дојдам до себе...освен нели ако смртно-серизонава-идеја за вино не ја реализирам..а? :?: Леле,ај чао.
     
    На Smileeee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Денеска отидов во обложувалницата ... да си подигнам парите... кога влегов гужва невидена...

    Знаете во обложувалницата има 3 типа на луѓе ,

    Тип АА* = Најтежок тип , спие во обложувалница , краде пари и држи рекорд смрдење на 100 метри
    ТИП ББ* = Среден тип , го сака обложувањето и најчесто поминува цел ден обложувајки се ,и тоа е главната окупација
    ТиП YK* = Млад тип , сеуште млади и секоја сабота се обложуваат , уживаат во обложувањето и не се откажуваат , парите ќе се множат кога тогаш

    Јас спаѓам сеуште во последниот тип , обожавам да се обложувам бидејки така можам со радост и заедно ја собирам фамилијата да ми гледаат фудбал и заедно да се радуваме , да навиваме и со викање да ги добиеме парите..

    Вчера на пример Реал Мадрид (фудбалски клуб) , играа ... со дедо ми навивав и се изненадив ..човек кој е секогаш културен многу пцовки вчера изнакажа ... у 92 минута или во последната минута од наптреварот даде гол , нешто како Владо на кошарката против Литванија .. у последни минути врискав се радував ... потоа следуваше дуелот Барселона .... тамо у првите 30 минути веќе го фатив ливчето и ич не беше интересна утакмицата :lol:

    Денеска идејќи и гужва внатре , кој спие кој се расправа зашто овој ставил вака а мислел така ... абе ужас .... и чекам да си соберам пари тој пред мене
    ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ ИМАШЕ 17 ливчиња .... 17 :^) :^) , алоооо заспав додека таа кутрата да ги искуца сите ... и после ќе се фали , еј фатив па како нема да фатиш кога 17 си ставил ..

    Едиствено позитивно ми беше кога прашав добитно ли е е ливчето , таа згодната на каса ми се насмеа и ми кажа - ДА .... се осеќав прекрасно како да сум освоил нешто

    Наскоро ќе ја отворам кампањата да ги преобратам сите тука да бидат барем мал дел од фудбалот ]:) ]:) ]:)

    А сега ќе ме извините ќе уживам во мојот Чоко-бисквит оти вреди после 3-4 саата навивање и бурно гледање вчера ....... :rock: :rock: :hai:


    А да и сега треба да ја частам Гоу :P
     
    На la-chicka, Go-Girl, Smilly и 6 други им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Недела како недела. Недека пак си е ден за чистење и за гости.
    Нема учење, зашто и понеделник е ден за гости, а и никој аир од учење не видел.

    Јас многу сакам кога куќата ми е полна, весела, разиграна, насмеана, и кога се ми е хармонично.

    Малоно дојде од сабајле да си го исполни ритуалот затоа што ќе одел на пат со неговите мама и тато па цел ден милото немало да ме види.

    Ми го баци челото,едното обравче,носето, па другото обравче и брадата и ме стисна со рачињата за да ми ги скршел коските од љубов. Ме расони во дел помал од секунда.

    Аххххх.

    Вино и ноти. Љубов и чоколадо.
    Прегратки и насмевки.

    Се ти е тоа убавини.
    :sun:
     
    На ines.h, bittersweet, la-chicka и 7 други им се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    За малку ќе се угушев од смеа кога сабајлево мачорот ми се качи во кревет ваков: :rofl:
    [​IMG]

    Пустиот тој, ама не рекле за џабе curiosity killed the cat. Во случајов curiosity got the cat wet! :D
    Циркузи ми е дома од кога ми го донесоа. Ако немам за што да се насмеам дента, мора една насмевка да ми украде, напаст мала.
    Мислам дека имам напишано дека ја сакам недела како ден. Секогаш е семејна, опуштена, пријатна и топла. Секогаш во недела има најубав ручек и највкусен десерт. А последнава година и најубавите проводи се во недела навечер.
    Што друго да ви кажам освен да имате убав ден! :f:
     
    На la-chicka, dancing.queen, Hopeful и 10 други им се допаѓа ова.
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    4.679
    СДК ми се спие а не легнувам. Ми се чини како да сакам да надохнадам за минатава недела во која сум спиена само 11сати.. 2 дена со ред само спијам и спијам... Немам енергија за ништо, а ни инспирација... Желна сум за ширење познанства ама како да го направам тоа ако ми се спие само? :/
    Мило ми е што немам за учење денес, ама недела како недела Е МНОГУ ДОСАДНО!
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Имам некоја антисимпатија кон копии и фиктивна естетика.

    Пример 1: кога ќе ги видам пејачкине направиле спот, во нив се раслекле во бутините за прв пат или се стегнале во хеланки да им се оцрта целулитот, дали да ги жалиш зашто измрзнале за памет или поради памет... и над сите маки се потпреле на бастун, штака, некоја дури и на наставнички стап само за да изгледаат како да го држат чадорот на една светски позната црнка. |(
    Пример 2: ги гледам членовите на музичка група, снимаат спот среде чаршија, што всушност е нешто налик свирка на свадба без менување на позицијата, само на локацијата, ги оптегнале сите инструменти со кои располагаат, а оној со гитарата ја држи истата веднаш под брадавицата на градата и демек дрнда. Очигледно, погоре не може за да не си го затвори видикот. Какво ли е чувството, Бог и тие самите знаат. :|
    Пример 3: Кеш, милион, мафија, менаџерство. И не, не е тоа слика за спонзорирањето на естрадните уметнички, туку е резил за женскиот род, а не пол. И додека некој рекол дека парите не можат да те прегрнат во студените ноќи, друг рекол дека и тоа како ја купуваат среќата, нормално, ако знаеш каде да купуваш.
    Пример 4: Патриотизам. Мојата Битола, На Струга дуќан да имам, Гостивар ќе слави, Цело Скопје чаршија да ечи... За Македонија пак, како помасивен ентитет, пејат само оние кои трајно и од различни побуди ја напуштиле. Не говорам повеќе за истите. :|
    Пример 5: спотови со минимално светло, а сонцето продира низ неколку пукнатини од ролетна и осветлува просторија во која една особа се буди во растргана постела, или пак во која се кријат девијантни поведенија, коцка, дрога, блуд. Штом ја нахранивте младината со пороците на денешницата, логично беше истото да се зачини со турбо-фолк: од сите се умира. :!:

    Болна ли е за мене музиката тема
    Турбо-фолкот таков замав зема
    или вредностите неповратно се изменија
    Не се враќаат веќе нашите времиња.
     
    На bittersweet, Hopeful, Lov3 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    4.679
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Не е работава „Кој рано рани - го заебал петелот, две среќи граби, мора да е пекар“ и остали инсинуации. Сфатив дека работата е „ Кој рано рани - легнал со кокошките “. Е да, па така е.

    Сонував 674938 сонови кои благе везе немаа со реалноста, се граничеа со фикцијата и неповрзаните работи, што ме тераа да се разбудат исто толку пати во ноќта, и раното утро. Последниве 3 месеци заспивам со пуштено светло, имам проблеми сама са собом ваљда.
    Така се будам сабајлево во 8 саат, гледам светлото уште пуштено. Го исклучив и продолжив да се растегнувам низ креветот и пак заспав. Сега штотуку завршив со разграничувањето на номинален и реален БДП и општествената благосостојба. Убаво е кога денот ќе ти започне рано, факт е дека цел ден е пред тебе и имаш многу повеќе работи за да уживаш.


    А тој сеуште си спие. Па го нема да се јави така поспан да ми каже колку ме сака.
    Ми фали едно нешто во животот, кое не е поврзани со материјални работи. А тоа е неговото присуство до моето кога ќе ги отворам очите. Сеуште сонувам и чекам за тој момент. Сеуште ...
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како бе три зрели зени да не мозат да решат еден проблем што се нарекува поделба на имот :headbang: :fubar: како
    двете се караат(инаку сестри се) а најстарата има улога на медијаторот Нимиц :lol:(милата ми мамичка) и викаат ко таа да нема други проблеми кутричка(а другите две не зборуваат мегу себе со години), така да најстарава зена е ко во сендвич т.е. таа е плескавицата, двете ја притискаат ко две лебчиња од двете страни
    АЗДАИ едни, Господ гледа па се надевам дека ке интервенира, оти ВРЕМЕ Е нешто да се стори, ги мразам иако ми се тетки :!: а проблемите и кавгите се пренесуваат во нашето семејство, раздор прават :worried:
    а тој тетин ми да го видам има еден :punch: во фаца од мене, оти многу знае клетви да фрла, ама пази се тетин, имаш ти синови, па кој колне дупло му се врака :fubar: а брат ми ги мрази и братучедите, и тетка ми и тетин ми, го свакам потполно.Убаво е што си имам брат, па нема да дојде до вакви скандали, глупости и др. проблеми :)
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Имав тоооолку многу работи да кажам во четвртокот, ама кога видов дека сите тажат на СДК решив да се воздржам малку... Сега сфаќам дека е подобро да си кажев се :) Ама затоа сега ќе си се изнакажам за цел викенд што одминува :)
    Мојата активност на форумот ја намалив значително после неколку навреди од една личност која беше донекаде нешто слично како нашата Наташа. До тогаш редовно оставва по парче од мене на форумот, а од тогаш некако повеќе се ориентирав кон форумските игри. Сега, кога помина и оваа последната драма, едноставно не можам да не е запрашам дали тие луѓе воопшто имаат нешто паметно да прават во животот.
    Од друга страна сигурна сум дека луѓето вработени во администрацијата наша немаат што да работат. Одам да ги носам докумнетите за стипендија и од страв да не заборавам нешто 5 пати ги прегледав и ги подредив по ред. А госпоѓата таму си седеше со кафенце и со карти на компјутер и ме искара дури затоа што не ми биле подредени. :fubar: Каде ќе стигнеме ние вака :x Дома пак, во социјалното ми ја изгубиле ланската потврда дека сум редовен студент и ја ставиле мајка ми како ќерка на татко ми. Инцест на дело :x
    А вработените во ВИП по број на остварени договори да не ги плаќаат? Една беше толку напорна и упорно сакаше да го убеди дечко ми да склучи уште еден договор, 300 лаги му изнакажа, демек само една претплата ќе плаќал, ако не искористел сега не можел никогаш веќе и едно чудо други глупости. За среќа го убедив дечко ми дека го лаже па отидовме во друг салон да прашаме. Фаца сум, нема што 8)
    Инаку, викендот беше совршен. Една драга личност што ја немав од август видено ми беше на гости. Колку само убаво си поминавме заедно. Ја сакам најмногу, ме потсети колку сум сега посреќна од пред 2 години. А јас на неа и ветив дека и по нејзините бури ќе дојде сонцето.
    И на крај, фала му на сонцето мое што ме крева во облаци, што ме гушка толку нежно, што ме прави да се чувствувам безгрижно како малечко детенце. Фала му што верува во мене. Благодарна сум им на моите што ме подржуваат во се, што ме сакаат и што имаат верба во мене.
    Денес ми е тежок ден, вчера доброив 5 години без една многу драга личност. За жал премногу рано не напушти, ама луѓе, тоа беше ангел. Колку само ми фали. Од секогаш се прашував како може во еден човек да има толку љубов, доволно за сите. ПОЧИВАЈ ВО МИР ГОЛЕМ ЧОВЕКУ ;(
    Ах, уште нешто... Знаете ли каде 60+5=60 и 60+било колку=60?
    Само на електро :swear: :@
     
    На Divinebutterfly, Hopeful, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Ај прво да се пофалам, се рашишав. Пу, пу, пу, да ме серат кокошките. :rofl:
    Иначе, од сабајле, така си мијам заби, и ми текна што дегенче и идиотче си бев како мала..
    Највеќе мрзев, да си мијам заби. :tmi: Го размачкував цело лавабо, со паста, и четката ја мачкав цела, за да си мислат дека сум си измила заби, и ќе дремам со саати во веце за да си мислат оваа мие заби, алал да и е.
    Ама кога ќе дојдеше сабота, недела, смрт ми беше.. Татко ми ќе ме приметеше дека не си мијам, и ќе ме земе во веце и ќе ми мие заби.. И тоа добри 30 минути, ѕврцките ќе ми ги извади, и таман ќе си помислам готово, и он.. Ај пак! |( Минимум 3 пати ќе ми измиеше заби. Аууу. ]:)
    Ама тоа беше забавиште и прво одделение.. и сите ги лажев, дека мијам редовно заби. 8)
    Ама сега, од сабајле ако немам паста, не идам во школо. Неможам да се замислам со не измиени заби. :puke:
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.224
    Допаѓања:
    157.113
    Сдк пијам кафе уз масив атак и имам масив атак од реалноста... Главава ми пука,ме чекаат пискотници на внуците за половина час,мајка ми нешто збори посна е,не мрсна е,јас се понадевав на некој убав слаткиш,мрсничок,ќе се задоволам со нешто посно. Ми недостига(ат),јас се дебелеам,ноктите ми се неугледни,веѓите ми ги упропастија како што кажав,сега ќе ги растам бре,косата ми е сува од греењето,треба да направам агенда за нареднава недела,а ме мрзи те не,паничам. Која недела ти е ова човече?!
    Слави и славски трпези,ве мразам! А и сериозно ми е затнат носот,тоа значи количински повеќе храна за да дојдам до есенцијалниот вкус на посната сарма! Фер е?! НЕ Е!
    Вчера ме гушна под канделабра,а јас се стресов ко улично маче. Ми недостига позната прегратка во која совршено пасувам,а не оваа...гломазна,чудна...
    Таа е среќна,ми оди позитивна вибра смс-ски. Мерак,сериозен мерак,чак што више светла точка ми е овие два дена!
    Таксират,нема да ме памети.Ми дадоа измешани емоции,сега јас не можам да се средам.Ко јас да дував е*аго,па сегааа...ми се меша,дали ми беше пред или после пивото или водката и кого здрапав во гужвата!
    Стварно летната сум деновиве...ама стварно! Сум била далеку подобро.
    Дај некој нека ми ја врзе една!
    И татко ми ми го промашил лакот за коса,треба ли да му се лутам?! Се разбира дека не!Му викам,тато,нешто лево ми е,па лесно е да глумам лабилна за да си најдам маж.Ми рече,пак не можеш,морална си. :D Си ги сакам овие *преписки* кога се разминуваме низ куќи.
     
    На bittersweet, sesilija и caroline.costa им се допаѓа ова.
  14. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Уживам во вкусот на портокалите, си ги јадам со мерак мх мх мх, барем не ме дебелеат :D
    денес му е слава на дечко ми,а и на сите оние кои денес ја слават нека им е среќна славата. Треба да идам после кај него, ме пука срам до даска ( не од неговите туку од другите луѓе што ќе се тамо) ќе се поздравам само и ќе си идам кај него у соба ама моментот е - да се биде или не. Ајде пеперутке можеш го ти тоа :| или пак не а?
    Ова ме потсети ова на вицот со докторот и пациентот
    отишол пациент на лекар и му кажал на докторот - Докторе во последно време многу се предомислувам или НЕ ?!
    е иста ти е работава сеа :lol:
    Дома нешто се кува, нешто се спрема, ни јас не знам што точно, се развредниле луѓево бреее, само мене ме фатила некоја мрза. Треба да учам, книга не ми се фаќа, имам толку добра книга за читање од Гијом Мисо така да воопшто не помислувам да фатам книга за на факс. После цацко ќе ми е крив! Знам знам, за 2 3 дена пак ќе почнам да си се жалам на форумов како немам време за учење, како ми е мучно од книгата. Се знам, и никако памет да ми дојде. Можеби некогаш, можеби некаде ...
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Кога би ми кажал некој вчера вечерта дека во четири сабајле ме чека романтично изненадување би му се изнасмеала во фаца. Пошо си ги облеков пиџамките, се осеќав ко во стилот форевер алон и се брцнав под јорганот како некоја досадна баба во сабота навечер.

    Но, во четири наутро ми ѕвони еден фраер, кој го парталев неколку месеци пошо нели имав дечко и пошо е само една година поголем од мене и си викав ах овој ти е недоделкано маже, дај ќе го заебавам :$ Кажи бе, му викам. Кажи ми улица доваѓам кај тебе, не можам веќе, се дере од таму. Мрш бе седи мирен, знаеш ли кое време е? Не, не ме интересира, продолжува. И така јас му кажувам улица пошо за таквите претпоставувам дека се јаки само на зборови.
    Продолжувам да си спијам, прилагодувајќи се повторно на мојот бабински стил, кога по некоја минути овој пак ѕвони! Кажи бе, лепотане... Кај продавничето сум, излегувај... Се сепнав, се исправив и што сега, си мислам. Брзо го облакам капутот, се мијам заби, сфаќам дека за моите шишки нема спас, облеков патики и излегов надвор, а оно крчан ладно.

    И така излегувам во пиџами, без прслак и го гледам него како стои на сред улица пред продавничето со рацете во џеб и ми се смешка. Трк јас од таму, трк тој накај мене - една јака гушка да му ги надокнадам сите месеци.
    Седнавме на една клупа, се смеевме, го слушавме Лео како лае кога јас му се пожалив дека оваа куќа спроти нас се граде со децении и многу е страшна. И навистина е страшна дечки, отворена целата, мрачна, црвена и голема...Идеме таму, ми вика. Молим? :^) Ме грабна за раката и се качивме на вториот спрат кој беше идеален за снимање на хорор. Ама јас се плашам од духови и зомби и вештерки и се. Јас сум со тебе, ми вика и бам еден француски бакнеж, јазиците ни се испреплетоа, фраерот бил агресивен и ми се допаѓа!
     
    На Acerola, bittersweet, la-chicka и 10 други им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.224
    Допаѓања:
    157.113
    :D
    Па немаме сите џет и неколку милиони за да речеме на Хаваите мадам,а до тогаш ќе не трујат со демек филтри по сите погончиња.
    Евтина дрога дечки,плус знаат дека си патиме од недостаток на минерали,па ни го збогатуваат ваздухот! :D
    Не диши ак не ти чинит! :D
     
    На Acerola, Divinebutterfly, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК дека изедов пола кутија колачи ...ааа доста ми е :puke:
     
  19. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    СДК Стварно забегал овај свет денес.
    Не знам дали беше до виното или до нешто друго. Премногу исфантазирав. Пораката беше ужасно смислена. Фала му на Бога што единствено таа можеше да ја разбере. Океанот ме преплаши. Сепак јас останувам на тоа да ја направам мојата последна малолетничка глупост. Непознато. Морам и сакам! ако треба до утро ама ќе слушнам. Летај. 8)
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Зошто секоја недела ми е ваква? |( |( |( Мрзлива и мрачна, не ми се прави ништо а не сакам цел ден да го поминам вака. И студов ужасно го мразам, секое излегување ми е мачење. |( Го мразам и мирисот на зима, и искрено да си кажам, имам некое непријатно чувство во мене кога ќе ми текне дека доаѓа Нова година.

    Очекувам еден повик да ми го разубави денот, и да ме мотивира. Не се надевам многу, ама денот не е завршен. :)
    И ај доста се жалам веќе, одам да си направам нешто за јадење... :P
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.