1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    болно е кога твоите сопартијци те испракаат сама-снајди се како знаеш и умееш, ама постои некој од повозрасните што по чиста случајност прака член за да ти прави друштво 8)
    кој копа бунарот на другиот, самиот пага во него :!:
     
  2. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Неколку форумџики ме ставиле како најфина форумџикa. Ваква сум сеа. :$
     
    На LittleFairy, Cacy, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Се уклучувам на фб, и цела почетна "December ♥, We love December ♥♥, Welcome December! ♥"
    Значи ако не објавите статус, Декември гарант нема да дојде.
    Дури и на самата помисла се нервирам за тоа што ќе биде за Нова Година. :talk:
     
  4. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека сите се напнуваат со декември и нова година а јас на 17 полагам втори колоквиуми па не за секого е убав декември аман луѓе доста Нова година е обичен ден како и секој друг.
     
  5. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Сабота. Јееее, се изнаспав за сите пари. Станав, си направив кафенце, турско и си растворив мултивитамин-шумлива таблета. Седнувам пред компјутер, имам фреш интернет, можам да си ги симнам новите епизоди од 2 Броук Грлс. Прекрасен ден. Живеам на петти спрат, пред мене Вардар и панорамски поглед на Скопје. Сонцето се љубеше со облаците цел ден, а јас се топев од убавини пред компјутер. Имам милион работи за средување, ама едноставно преубаво ми е за да станам и да почнам. Има време.
    Некако сум ретро расположена, слушам http://www.youtube.com/watch?v=8YxWTxdzcss. Омилена ми беше коа излезе. Како и да е, мачето се качи на шкафот, па го бркав, пустото побрзо е од мене. Радости коа му исеков саламче. Одма се симна.
    Ќе си дојде дечко ми :inlove: , прво ќе му се развикам зошто ми ги зел цигарите сабајле, а после ќе му сварам кафе. Ќе ја разбудам едната ми цимерка, која иначе се натпреварува во маратон за најдолго |( спиење, да ми помогне да чистиме. Празници се ближат. Не, не мислам на Новогодишните. Дипломска ќе бранам, па и моите ќе дојдат.

    Едноставно, мора да се чувствуваш добро кога саботата е вака посебно убава. :)

    Ви посакувам пријатен викенд. :*

    Оувр енд аут.
    Ваша Ана.
     
    На Emma89, ceca-1, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    не се чувствувам добро, и незнам кога ќе се почувствувам толку добро како порано и дали ќе постои причина да бидам добро, дали и кога ќе поминат овие бурни времиња и ќе се расцвета пролета над мојата душа, да останеше едно цвеќе да цвета се ќе беше поинаку но не оваа зима ги уништи сите цвеќиња и ми донесе само пустош на душава, радувајте се на убавите времиња за да ги запаметите зошто кога ќе дојдат тешките времиња неимерно ќе ви бидат потребни за да продолжите понатаму, уф кога прочитав што напишав овде се прашувам дали сум тоа јас, колку се променив само ликот во огледалото ме потсетува дека сеуште тоа сум јас само поинаква помалку среќна и помалку убава .
     
    На Deemy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК не разбирам зошто секогаш луѓето ги обвинуваат другите, за некои свои да речам не добри карактеристики, на начин што велат дека другите се тие кои истите ги поседуваат.Ами, да прашам, како може некој да купи нешто, а за истото да не плати? Работава сакам да купам, ама не сакам да платам.Но, сосем нормално нели човек за да купи нешто, треба да плати, ако не плати, нека се опрости од тоа.Па нека се помири со истото дека не може да го има.Значит, за да не почитуваат, треба да почитуваме, иначе нишо од бизнисот, гарантирано.Секако дека тоа не ни може да се плати, да се купи, но може да се придобие, само доколку човек ги почитува другите луѓе.Мож ќе помислит некој, „ ама ова немат врска “, имат и те каква.Богатството и сиромаштијата, не можат да бидат само материјални! Не, не, не...Џабе му материјалното на човек, ако е пуст во душата :fubar: Како што кажав, некои работи не се купуваат, се стекнуваат.Подобро од тоа, здравје.
     
    На ilipili и lunicka им се допаѓа ова.
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    3.742
    Созревање...

    *Тежок пат што ретко кој го бира ...

    По лесниот пат сме газеле сите. Ама животот тече и минува и со себе носи секојдневни промени што стануваат месечни и годишни, што стануваат трајни и вкоренети... Промени кои бараат промени и кај тебе самиот. Ама тешко било да се созрее... Најтешка лекција во животот. А ќе созреваш се додека живееш и на животот пак ќе му се чиниш должен зошто секогаш има уште една и уште една промена...

    Прекрасно е да си безгрижен. Да си засекогаш дете. Кој не би сакал, зар не ? Ама тука на оваа животна сцена не е така. Животот е река, стрмна и брза и не знаеш каде ќе те однесе веќе наредниот момент.

    Созревање...


    Тоа е кога ќе почнеш работите да ги гледаш подалеку од себе. Кога ќе почнеш да ги гледаш сите агли на една ситуација, кога ќе почнеш да размислуваш пред секоја постапка, кога ќе внимаваш што имаш да кажеш.

    Тоа е кога ќе научиш да се заблагодаруваш, извинуваш, простуваш, надминуваш. Кога ќе научиш да почитуваш, да вреднуваш и на врвот да сакаш! Ама она буквално со целиот ризик и храброст да сакаш!

    Тоа е кога ќе научиш да бидеш силен кога се бара од тебе тоа. Тогаш кога сам ќе мораш да донесеш одлука. Тогаш кога нема да може да биде потешко и кога ќе ја надминеш болката и ќе се издигнеш високо над неа. Тоа е кога ќе почнеш да патиш, да преживуваш, да чувствуваш и туѓа среќа и болка.

    Тоа е кога ќе научиш да ги простуваш грешките ама ќе учиш од нив. Тоа е кога ќе ја носиш сета тежина на животот со сите негови лудила и радости на својот грб ... едните како најлесни на светот, а овие другите како нешто скапоцено и бесценето.

    Тоа е кога ќе успееш на сите да им погледнеш во очи. Тоа е кога ќе ги гледаш сите како едно и нема себично да ги остваруваш само своите потреби туку ќе придонесуваш за општо добро. Тоа е кога малку повеќе ќе се издигнеш над она дете во тебе, она дете променливо и разгалено кое чека се на готово.

    Тоа е кога ќе почнеш самиот да се грижиш за себе. Тоа е кога ќе почнеш да ја сфаќаш тежината која мораат да ја носат твоите родители. Тоа е кога ќе сфатиш колку некогаш значи и еден мал збор ако е од срце кажан. Тоа е кога ќе научиш да бидеш искрен пред себе и пред светот. Тоа е кога ќе си простиш на себеси.

    Тоа е кога ќе го сфатиш животот длабоко, кога ќе почувствуваш колку е тој непредвидлив, кога ќе научиш дека е лош и добар, кога ќе знаеш да се справиш во сите негови појави какви и да биле.

    И уште милион тоа ... Почувствувајте сами. Ризикувајте!
     
    На imelda, ilipili и lunicka им се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... ништо не му вреди на сосем обичниот, добар ден со мирен тек на настаните, кога некој ќе успее да ти го покака во последните 15 минути од работното време.
    Притисокот ми се качи, главата ми зовре - и толку беше потребно.
    Автобуси немаше, а и кога стигнаа, да му се смачи на човек. :puke:
    И најмалите банални и тривијални ситници ми продреа низ мозокот, како бормашина, доведувајќе ме до лудило - раскокодакани и раскезени тинејџерчиња (јас сфаќам нешто да е смешно, ама ова - каде не беше смешно, каде се помоча од иритирачко смеење цели 35 минути :devil: леле девојче, чавка има повеќе мозок од тебе), |( де полифони мелодии од кои ми се ежи секое влакненце на телово пуштени да трештат до максимум, ем не го слуша, а кога конечно го слушна и се јави на телефон :| ... луѓе драги, од Бардовци до Маџари се слушна муабетот.
    Торби, торби, куфери, ќеси, каде бре луѓе, сопрете малку, цел ден пред и зад вас, ќе се возите без пари, не е апокалипса!
    Кромиди, овошја, чуда, се тегнеа, се влечеа, се расправаа, ќе погиневме за малку на раскрсница (како по обичај де), и ручекот ми преседна и ми горчеше, не претерувам.
    Како можеше така квалитетно да ми се закашка сосема обичниот ден?
    Веќе нема ни обични денови исполнети со мир, луксуз станаа и тие.
    :(
     
    На Ana.Jones, Monna.Monna, imelda и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Јухуууу... Еве ме и мене после неколкудневна пауза од форумов. Се изначитав за сите пари, акнав лајкчиња на неколку постови во кои се пронајдов, па сега редно е и да пишам нешто.

    Прво, да се пофалам, и официјално новата кола ми е на паркинг :party: Не можев да дочекам и сабајле станав со кокошките и цел ден се возев! Леле, ќе си пукнам од среќа :clap: Од што ми е убава, ми иде да си ја бацам (колата де :rofl: ) Ја налицкав со освежувачи внатре, ја намирисав, ја напоив со бензин, ја однесов до кај сите блиски да ја видат и да и` се повосхитуваат малку и така. И нема да бидам скромна, ќе кажам дека добив комплименти дека страшно добро ми стои колата, особено дека е вино црвена боја, а јас плавушка :$ Среќна сум па!

    И дајте ве молам некој нека ургира и нека ме сопре со ова купување. А, кога сме веќе на тема пари, и со уште нешто да се пофалам, со дечко ми фативме во кладилница 30.000! :rock: Па сум си купила едни чизми, па уште едни, па еден фустан, па уште еден, па шминки еден тон, облека два тони... Ако почнам да набројувам, нема крај. Уф што е убаво така непланирано кога ќе си фатиш пари, а истиот ден земате плата и ти и дечко ти :rock: Туку, муабетот ми беше, сериозно претерав со купување. Немам веќе место за нови работи во плакарот, а чевлите немам каде да ги чувам. Мислам дека доста беа екскурзии овој месец. Трошачката манија помина и сега морам да се стегнам, зошто од јануари почнува и исплатата на колата :^) На моменти се каам што им се понудив на моите и јас да давам по некој денар, искрено кажано :rofl: Се шалам :lol: Тоа е најмалку што можам да направам за да им вратам за великодушноста. Да ми се живи и здрави моите најсакани мама и тато!

    Леле, леле, пофалбаџиски пост немаше ни баба ми да напише за мене, онаа за која сум најубава, најпаметна, највредна... :rofl: Ма и да звучи нарцисоидно, ми е гајле! Си имам нова, најубава кола и оправдано ми е! Сега вака тазе исфенирана и нашминкана, има да се стегнам во еден од новите фустани со едни од новите чизми, влегувам во кола и одам во град! Уште денес си дозволувам по некое ново парче и нема веќе, ветувам! Ариведерчи!
     
    На Monna.Monna, ines.h, ceca-1 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Моментот кога одиш во маалската трафика за да пуштиш кредит за тебе и сестра ти, притоа на смена е згодниот дечко со кој често си разменувате некоја насмевка, и во моментот кога без душа од возбуда му го кажуваш својот број и чекаш да се прати за да извршиш уште една трансакција ти прави бош муабети за стемнетото време и очекувањето да се убие од врнење во секој момент. :^) И откако треба да го кажеш бројот на сестра ти, од преголема напнатост во премалата трафика ти мртва озбилна одговараш: "Не и го знам на памет, чекај да и се јавам да ја прашам?!" :!: И што да очекувам освен неговото громогласно смеење и мојата кисела невина насмевка? Во исто време збунета, се додека не сфатив што реков :D
    Е сега сигурна сум дека уште ќе ми се смешка кога ќе ме види. :D Ќе се смешка ли смешка...
     
    На Loritaa, Monna.Monna, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.420
    Пол:
    Женски
    ''The hall of shame''.. и тоа го доживеав пред извесно време..не во некоја сексуална смисла (кога некоја девојка прв пат спие со (рандом) дечко кај него дома, и утрото кога си оди вообичаено ја дочекуваат неговите другари, или уште полошо-неговото семејство), значи нешто слично на ова и дефинитивно бев засрамена :$ по ова би требало да следи период на анализа и каење за стореното, но сакам да верувам дека се се случува со причина и дека од секое лошо искуство се учи нешто добро :)
    Well i guess i've learned my lesson.. for now :)
     
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Толку сум фина што во категоријата “најфини“ во темата за членовите кои ја одбележаа 2012година, ме има 2 пати. 8) Momma told me I was special. :wasntme:

    Немам одамна шкртнато овде, повеќе пати ја отворав темава да напишам нешто и секогаш ја затварав бидејќи немав инспирација да пишувам.

    Сакам да ви кажам дека не е сепак се така црно. Многу мрчење за тоа колку животот е суров, колку лоши работи се случуваат, дури и јас безброј пати сум пишувала на оваа тема. Себично од нас да ја гледаме само лошата страна на нештата и да заборавиме на онаа поговорка која е опеана во една песна на Владо Јаневски, дека секое лошо за добро е, што и да е ќе помине.
    На се му доаѓа крај. Факт. На тагата, на среќата, и се така се врти во круг. Тажни сме дека сме изгубиле некој добар пријател, по извесно време среќни дека сме стекнале нов, и се така, се` врти.

    Не плукам виножита и не јавам на розови еднoрози, ама де бре малку олабавете и доста истакнувате само она што е лошо. Пример за мене, се нервирам за љубовни проблеми, за невработеност, за факултетот, а заборавам на тоа колку прекрасно семејство имам, заборавам колку една шега на внук ми и слатка негова насмевка може да ми го разубави денот. Колку сум поинаква личност и заборавам на се после преубаво помината вечер со дечко ми. Колку сите проблеми ми се веднаш полесни откога ке и ги раскажам на дргарка ми преку кафе, кога ке ме ислуша, даде совет, и каже некоја глупост која само јас и таа ја разбираме.

    Многу пати сум размислувала дека имам 22 години без 10 дена, на мои години некои девојчиња имат направено многу работи во нивниот живот, а јас ни напред ни назад, тапкам во место. Има нешто што ме кочи и сеуште неможам да сфатам што. Од прилика знам, но баш пред некое време размислував дека сите коцки не е можно да се наредени. Ако го добијам она што во моментов најмногу го сакам, ке изгубам нешто друго што веќе го имам.

    Се плашам од просечност, не сакам да сум некој ден обична домаќинка со 3 деца и маж кој можеби нема ни да е доволно добар, и да работам како продавачка во бутик. Да штедам цела година за на лето да можам да извадам скромен одмор. Не сакам така. Сакам да сум некој и нешто. Сакам оние кои ме гледале со потценување, да дојде ред да барат од мене помош за некоја работа. Свечено обечам дека ке направам скоро се да го постигнам тоа.

    Да бидам искрена, не знам зошто но не се гледам таква во иднина. Имам чувство како да сум во исчекување на нешто големо. Ама сепак плаши фактот дека како што тргнало, ништо чудно да завршам тупејки си ја главата дека кога сум била млада сум требала поинаку во некои ситуации да постапам. Последиците од сегашните одлуки можно е да ги почувствувам на старост.
     
    На bittersweet, tweety26, thinkerbell и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дојдов до еден екстра брилијантен заклучок дека кога сум ептен среќна за нешто што не е материјално, ме фаќа серка. :wasntme:
     
    На Name, Cacy, LittleFairy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    СДК...дека многу му се радувам на декември, почнува мојот период од годината, "владеењето" на Snow-Queen,
    [​IMG]
    снегот ќе почне да го игра својот танц,првите светулки на дрвцата се запалија, градот уште малку целосно ќе биде накитен, сите ќе ја чекаме Новата Година, ќе се китат елките....ако го преживееме 21.12.2012. :rofl:
    [​IMG]......децата ќе се сликаат со дедо мраз, мајките и татковците ќе им велат на дечињата: Дедо мраз те гледа ако не бидеш добар нема паќетче. Честитки едвај чекам да купам и да ги напишам. [​IMG]
    Но и не е се така весело, ми фали моето војниче....Нема да е тука ни за неговиот ни за мојот роденден. :( и ова ќе е првата НГ од кога сме заедно да не ја дочекаме заедно, но пак затоа ќе се радувам дека по НГ(01.01.2013) за 20дена ќе стаса моето злато.

    Исто многу ми е криво што нема паЌетче и за мене...слатко да си се најдам :D

    Како и да е....почнува магијата. :party:
     
    На LittleFairy, Divinebutterfly, srcekrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Велат, скржавите плаќаат 2 пати, јас велам импулсивните и брзоплетите.
    Јас сум таа,втората.
    Станав, и со брзината на светлината испаничив, се јавив на сто броеви, отидов на 3 места кои ми беа у близина, и нормално си фрлив добра паричка.
    Испревртев 100 луѓе, за да на крај на денот, дојдам дома, и видам дека за тоа што се изнатрескав, работи сосема нормално како и вчера :headbang: :headbang: :headbang:
    Многу сакам поговорки наши, па и по некоја од северниот сосед, ги знам наизуст за секоја конкретна ситуација, ама воопшто не сум се замислила да видам на која треба да се угледам, а ги има многу...
    "2 пати крој, еднаш сечи"- јас ни еднаш на кројам, ама затоа 3 пати сечам-погрешно.
    Се инажалив, се изнервирам, притисокот милијарда ми се качи, не јадев ништо како што треба и по мојот ред, и убаво си останав со полупразен новчаник.
    Е малку ми е.
    Или ќе се научам на ред, или ќе си патам,нема друго.
    До кога ќе делувам без да се смирам, седнам и размислам како човек.
    ОПАМЕТИ СЕ ГЛАВО ЛУДА!
     
    На bittersweet, tweety26, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Денеска ни-за-што не ме бива, цел ден го поминав во кревет а толку многу работи имав на ум.
    Нема врска, оставаме за некои подобри времиња. :drunk:

    А сигурна сум дека во животецов ни наш сите познаваме барем по еден човек што постојано мудрува за се и сешто, а реалноста е дека уствари си нема појма, а се прави експерт за се живо и диво! Дајте да си бидеме она што сме, без филувања, додавања и што ти знам јас што друго. Мислам, симпли ес дет, ништо повеќе! Ете така..

    И сакав да кажам дека премногу, ама премногу се замарам со ствари секундарни за мојов живот - при што оние најбитните не можат да испливаат на површина!

    Песнава ми се допажда многу, си ја симнав едно три пати го грешка, па и на мобилен си ја турив, и од што ми се свиѓа многу паралелно ја имам пуштено и на youtube и онаа симнатата на BS player . 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=npTnPfJhBZY


    Многу мрачен денов бе...
     
    На bittersweet, Artemission, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Мајка ми го прашува татко ми: Абе ти колку години имаш работен стаж?
    Татко ми: Па еве повеќе од 26 години.
    Мајка ми: Од каде бе ти 26 години? Да не се помалку?
    Татко ми: Па јас колку што се сеќавам, лани прославивме сребрена свадба.
    И ваква фацка направил :wasntme:
    А мајка ми само превртува очи и почнува: Аууу, за работен стаж си ја сметаш работата низ дома? |(
    Тоа не ти се рачуна, eте така да си знаеш!

    Многу ми се смешни вака кога се закачкаат :lol:
    Па мајка ми му вика: Ај, ај, оди пази ја рибата надвор, лани една мачка ти собра неколку пастрмки!
    A во меѓувреме дома се пеглаат чаршави, се пребришуваат чаши и се редат чинии.
    Секоја година сме турбо овие денови.
    Ама ако, за убаво нека е :)
     
    На bittersweet, tweety26, Lepaaa и 14 други им се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    1. Се' што жените ќе купат, без разлика дали е облека, чевли или козметика, чини 20% повеќе отколку што им кажуваат на нивниот партнер. Тоа е задоволство од кое припадничките на понежниот пол последно ќе се откажат, и затоа по секоја цена ја одбегнуваат расправијата за својата расипничка природа.

    2. И жените се плашат од сериозни врски и имаат страв од обврски. Оваа особина обично се припишува само на мажите, и често поради тоа се осудувани, но и на жените не им е лесно да се соочат со помислата дека остатокот од животот ќе го поминат со еден ист маж.

    3. Жените се плашат да не се претворат во своите мајки. Нитуедна жена не сака партнерот да и' приговара поради истите работи поради кои таа и' приговарала на својата мајка.

    4. Иако сакаат да бидат независни и модерни, жените сакаат мажите да бидат и понатаму мажи. Секоја жена сака да биде сакана и заштитена од својот сакан маж.

    5. Жените сакаат партнерот да биде љубоморен, но само малку. Здравата љубомора никогаш на никого не му наштетила. Покажува дека партнерот се грижи и ја сака својата подобра половина.

    6. Поранешните момци не се толку лоши во кревет како што жените обично говорат бидејќи не сакаат да го повредат егото на нивниот сакан.

    7. Жените мечтаат за славните секси мажи, но тоа не значи дека сакаат нивните партнери да бидат едни од нив. Впрочем, кое женско би можело да му одолее на Колин Фарел, Бред Пит, Бредли Купер..

    8. И жените мастурбираат иако голем број oд нив се срамат да го признаат овој факт.

    9. Заприметуваат и ценат кога нивниот партнер ќе ги исполни домашните обврски. Мажите кои не се плашат да ги работат женските работи се едни од најпотенцијалните избори за долгогодишна врска. Освен тоа, неверојатно е секси кога еден маж се понуди да ги измие садовите.

    10. Сакаат повеќе внимание отколку што нивните партнери им даваат. Секоја жена го сака максимум вниманието од нејзиниот партнер, но се плашат да признаат бидејќи партнерите ќе сметаат дека тие се опсесивни.
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Моментот кога на каса го прашувам татко ми по телефон какви цигари да му купам, и продавачката ми бара лична карта :^) Хелоооу, веќе фатив 23та година, таа мене лична харта :x Зарем толку изгледам како детиште хм.. Па кога моите врснички од градот ко тетки се направиле со крзна, штикли, сто кила шминка на нив или со бебиња во раце, јас сега ја збунив малку :rofl:

    А да кога сме кај бебињата,од една девојка добив коментар дека веќе требало да си мислам и на тоа, ми отчукувал биолошкиот часовник .. значи денов, лол немам зборови :|
     
    На tweety26, Name, Johny и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.