[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Жално ама така е ...
     

    Прикачени фајлови:

    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Ако имате потреба да одите на психијатар, не давајте пари, одете во Модни критики и пуштете некоја слика, а може и без неа ќе добиете една психоанализа :!:
     
    На Dushica-sk, blaa, Lov3 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    СДК новава година многу брзо ми дојде.И да, многу ми фали тетин ми ама многу.Ах тој проклет Авганистан, мене ми е тешко, ми фали, а можам да замислам на тетка ми.До јануари...Ми фали да ме зафркава, на фб ретко е уклучен, за на скајп камера немам, па од кај тетка ми го гледам.Почнуваат солзи на очи да ми доаѓаат, кога ке го видам на скајп, и него знам дека му е многу, ама многу тешко, и секојпат плаче, знам, му ги гледам очите црвени и полни со солзи пред да се исклучи од скајп, само што не заплакал, многу тешко ми паѓа.Веќе незнам зашто отиде. Зашто отиде во тие пустини во тие глупи поглупи амин места, , па на 100 места да слеташ пред да стигнеш.Ни изнакупил работи, мисли дека ке се радуваме на поклоните,ама не, он сакам да се врати.Колку ме смееше,уште си се смешкам кога ке ми текне кога ке кажеше нешто, и баба ми - кога е треснато, треснато е.На сите ни фали и едвај чекаме да се врати.Иначе снегов. Аман бре, доаѓај досадно е ладново без тебе, ми фалат настинките, и да си се стуткам под ќебе и со лаптопот, а надвор да врне снег, а на распуст... Убајни. И како што кажав ептен брзо ми дојдоа празнициве,вчера мераци, лампиони купив :lol: .Знам дека е прерано ама мерак, вчера си планирав кај ке ми стои елкичето во соба, а каде големата елка во дневна.Се мрднав.АЈ СРЕЌНА НОВА ГОДИНА :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    УТРОТО Е ПОМУДРО ОД ВЕЧЕРТА!
    Се согласувате?
    Јас не!
    Утрото обично го преспивам а денот пак ми е секогаш исполнет со најразлични обврски.

    Ноќта е таа која ми дава мир и спокој, имам време за размислување, време за донесување одлуки и правење одредени измени во животот.
    Од ноќта црпам инспирација. Јас навечер ги донесувам сите свои мудри животни одлуки.
    Таа ми ја пробудува совеста и ме потсетува на се она кое е погрешно и кое морам да го променам.
    Ми дава мотивација да направам нешто во своја корист и за свое добро.

    Ноќта прави да допрам подлабоко во себеси..
    Таа моќ ниту утрото, ниту денот ја немаат.
     
    На rosebush и anichka94 им се допаѓа ова.
  5. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    SDK poluvreme e a rezultatot Zvezda Vojvodina e 0-2 ..... pa ajde bre luge so vi e zaigrajte posledna utakmica e .... Mudrinski, Kasalica na vas cekaaaa :(
     
  6. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    На Ana.Jones и Cacy им се допаѓа ова.
  7. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Претходнава недела имав желба само да лежам во кревет со книга и неограничени залихи на благо до мене. Пасивност на максимално ниво кога се очекува да бидам најпродуктивна. Mi scusi Декември, закаснето го почнувам најубавиот месец од утре, надвор на топол напиток со јак ајлајнер. И ќе уживам, па бар на кратко!
    Хаос ми е во главава, работата ми се трупа а мојов труд убаво се вгнездил негде низ зимскиот сон. А не сум лошо организирана... :wasntme: Чекам подобри денови веројатно, којзнае дали ќе ги има.

    Веќе ја чувствувам еуфоријата. Си правам планови, малецки, навидум безначајни. Само почеток е.. вдишувам длабоко ладен воздух и си мислам - кога станав јас поладна од него?


    Како што е по ред и најнова мода со поздравување на месеци, еве ви една неформална од мене:
    http://www.youtube.com/watch?v=0S7Qu5HMiCA
     
    На teddybear, Divinebutterfly, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Се одлучив,и вечерва ќе го чувам детенцето.
    Подобро да се грижам за болно детенце отколку да се пијанам по клубови.
    Цело време мислам на него,на неговите весели очиња,секое утро се молам да закрепне.
    Тој е вистински пример за борец,иако има само пет годинки.

    Ах,секоја моја болка,покрај ова неговово,воопшто не ја забележувам.
    Почнав и јас да барам донатор,некој мора да му помогне.
     
    На Vezilka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Се вратив. Вистинската јас. И чувството е проклето добро.
    Копнеев по многу работи за кои мислев дека ми недостигаат за да мојот мозаик е комплетен и живописен.
    Само што, заборавив да ги побарам во онаа девојка која почна да се загушува во секој лесен ветрец кој надоаѓаше како бран од страв.
    Но се потсетив дека одлично сурфам.
    Кревката фасада се распадна, а од внатре се распрсна сета онаа потисната нескротливост и врисоци на олеснување.
    Нозете цврсто на земја, главата во облаци.
    Јас не сум родена за да бидам каптивирана од страна на долгите пламени јазици, од кројачите на судбини, од разгневнети души сити од горчливата болка на оние кои ги повредуваат.
    Родена сум да превземам понекогаш непромислени ризици, да го кажувам она што другите го мислат, да се прекосам со преценетите веќе неважечки правила. Тука сум да сакам, да го направам нечиј ден поубав, да измамам насмевка на меланхолично лице. Да грешам, и да простувам. Сакам да направам нешто големо- и се стремам кон тоа.
    Соништата ги преточувам во планови.
    Неможам повеќе да спијам на надеж, на постела од "дали" и "што ако".
    Не е прашањето дали можам, дилемата е дали сакам.
    А нема нешто што сакам повеќе од адреналин во големи дози, искрени односи, немирни души и нескротливи бунтовници.
    Високи цели, и гради полни за да ги остварам. Кој би рекол?
     
    На zarah, anabel-a, Cacy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.195
    Пол:
    Женски
    СДК мразам луто, само што каснав случајно, незнаејки и..............немам зборови :@ :| :sweat: Па и уште залетана јас да јадам, да не ми ја земе храната некој |( :worried: :sweat: Ќе ми помине, ама додека помине, пекол :D :x
    Патем, сдк секој човек вели за било што, секако ако му/и се допаѓа, убаво, е сега не сите луѓе имаат осет за убавина :geek:
     
    На k.i.m и LittleFairy им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Моментот кога некој ќе ти го земе телефонот да ти чита пораки :lol:
    [​IMG]
     
    На mims-89, Monna.Monna, Annie.mk1 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Скромна селска куќичка. На прв поглед голема и восока, изградена по стариот тогашен стил од речен камен. Скаличките се искачуваат на вториот кат, а потоа пред тебе се отвора нов свет.
    Стариот начин на живот.
    Во воздухот се чувствува мирисот на влажна земја. Белите ѕидови ја отсликуваат староста на себе. Шарени пукнатини, меѓу кои се гледаат слоевите на разнобоен вар.
    А пред себе малечка собичка. Право од вратата, на паралелниот ѕид стои едно малечко осамено прозорче. Однадвор зраците едвај пробиваат и прават пат за да гостуваат внатре. А пред тоа прозорче, стар шпорет. Целиот изеден од забот на пламенот кој горел во него и изгледаше буквално како сувенир. Лево од него на едната половина од ѕидот, гордо се издигнува стариот шкаф. Масивен, голем, правен од чисто ореово дрво, како од себе да кажуваше дека тој е најголем од сите, а сепак тажен. Неговата врата беше расипана, па потпрена со еден голем речен камен. А до него малечок железен кревет, прекриен со убаво меко ќебе.
    На десниот ѕид уште едно малечко прозорче, која ја надополнуваше хармонијата. А на таа страна стара маса, прекриена со чаршав, а на неа стара излитена мушама. На десниот ѕид уште еден железен кревет, прекриен со јамболија. Над него урамени слики. Весели и среќни лица кои мислиш излегуваат од сликите, од таа нивна радост.
    И она што ја надополнуваше целата таа убавина беше тепихот.
    Земја. Чиста земја, која беше штотуку влажна и пресно метена.
    И внатре на таа скромна масичка седеа домаќините на куќата кои тој ден чекаа гости и им беше слава. Мили лица, преполни со љубов, топлина, која денес е реткост да ја почувствуваш кога стапнеш во некој непознат дом. Тие среќни, небаре имаат луксузен стан и којзнае каков богат живот живеат. На нивните лица не се гледаше ни грам загриженост дека се тоа не е како во градот средено.
    Но сфатив, дека тие точно тоа богатство го имаа. Она богатство што ние денес многу ретко го имаме. Гостопримството од срце, топлината, чистата љубов...
    И на крај со уште посилен и потопол сјај во очите и не испратија. Ни дадоа од се по нешто што беше поставено на таа маса: варени костени, јаболки, бонбони, дури и леблебија... Мислам дека овие дарови не можат да заменат и најголеми и луксузни подароци. Зашто тие беа дадени од срце, мал дел од она што тие го имаа за себе, а ни го дадоа нас.

    И едно сфатив, дека имам се, а ништо од тоа што имаа тие немам. Толку сум била сиромашна.
     
    На bittersweet, Stoimenovska, Libera и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Само што си доаѓам дома, и една глупача во автобус, седеше во моја близина.
    Беше градска сеЉанка. |( Брате седи и збори на телефон едно 40 минути мислам и секој втор збор и беше „Шатци“
    „Ама Шатци, знаеш јас не смеам.. Шатци а ти кога? утре ќе се видам Шатци.. “
    Може кажуваше „шатци“ по 5 пати у една фа*инг реченица. |(
    И на крај сакав да одам кај неа и главата да и ја удрам од прозорот едно пет шест пати .
    Ама кога стана за да се симне, добив боље идеа, и онака беше на врата со нога една „шатци“ клоца во газ, и да го испратам шатцито дома.


    Инаку многу сум зафатена периодов, ама се чувствувам супер. Имам енергија, и ја трошам максимално.
    Учам, одам на факултет, работам, одам на јазик и на едни др часови и сеуште сум добро. Сеуште сум насмеана. Можеби работата ме прави да не мислам . Да не чувствувам.
     
    На Mishela, Doozy, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    колку само сум размислена последно време :?: :?: си се мислам се бас се за мојот живот од тоа мала до тоа како си најдов љубов до тоа како дојдов за живеам со него и до тоа какви проблеми си имаме заедно ние :!: ресение??? се усте нема...
    туку си размислувам да ни биде подобра иднинава ама сам он не може а мене не ми дозволува да му помогнам на тој наЧин :!: Човекот маж се сторил сака се,ама со овие неговиве нема да се може лесно,и плус тоа насиот живот ке треба да поЧека а не го сакам тоа :?: :?: и пак си мислам мислам и барам ресение :?:
     
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Во секое друштво (или барем во моето) секогаш оговара оној кој има па слободно можам да кажам нај многу маани. И со тоа "истражување" на маани кај другите, си ги лечи своите комплекси на кои им нема лек. Абе, прифати се таков каков што си и ослободи ги другите од патетики и не потребни "совети".
    И она кога ќе каже, Види ја, веѓите не ги исчупала а ставила шминка, а моментот е, веѓите на истата личност која оговара се всушност веѓа.
     
    На Artemission, creshicka, mims-89 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Хаха ме насмеа,ама жива вистина :lol:
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    |


    Ќе ми побеле косата , додека чекам да најдам работа и додека наивно мислам дека работите во државава МОЖИи ќе тргнат по нагорна линија.
    ЕХ луда глава !
     
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.771
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е од стресовиве во школо аман веќе!! Нека завршат веќе овие тестови и да дојде златен зимски распуууууууст ;( ;( ;(
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    „На неа мислам постојано. На неа мислам и тогаш кога мислам дека не мислам“ - Игор Џамбазов

    Ете така на неа мислам цело време, што прави, каде е, дали се смее, среќна ли е?
     
    На mims-89, Miss.Ricci, Lepaaa и 9 други им се допаѓа ова.
  20. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Размислуваш, си создаваш слики на твојата замислена иднина која постои само во твојот ум. Разгледуваш наоколу и заклучуваш дека ништо од твојата фантазија не ја допира твојата реалност ни со малото прсте. Се загледуваш во далечини мислејќи дека ќе пронајдеш подобар начин на живот, дека ќе се здогледаш себеси како заедно вечераш со цело твое семејство, на кружна маса каде секој секој љуби... и се среќаваш самиот со себе у една мала темна собичка со придушено светло на компјутерскиот екран...... како поново мечтаеш, како повторно се лажеш себеси, оти надешта не те напушта иако и ветуваш секаква скапоценост. Животе кучешки празен, страницо празна неиспишана, душа кучешка недопрена од љубов, студенило какво зимата не памети, каде ли ќе зајдеш, во кој агол ќе ти го најдат последниот испуштен здив. Новогодишно празници, сите со закачени насмевки... тоа ми предизвикува толку многу смеа, лигаво е, и потоа ми плаче некое мало дете одвнатре, заборавено, сеќавајќи се на детството за кое никој не претпосавуваал дека ќе трае толку многу кратко... спомени сеќавања празни денови во иднина, циклус кој се повторува, продадена бесконечност, ја шиткаат у замена за бољи живот. у три лепе, као што кажува еден сосед, ми се смачува од себе самата, што останува за другите, болест.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.