[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сакам да ви кажам не постои помило и подобро суштество на светов од Илипили :) Го потврдувам тоа :) Денес договоривме средба,се видовме,си помуабетивме,си споделивме некои работи и се посмеавме,патем и се договоривме пак кога ќе можиме да се видиме и да прошетаме.Таа е човек што знае да сослуша,да те утеши,да те насмее,да те посоветува,да се радува со тебе,да помогне,да сподели интересни идеи и што ли уште не.Мило ми е премногу што се запознавме подобро,што ми стана поблиска и што имам другарка како неа,мене ми е чест што познавам таква личност во денешно време :) Пошто веќе се поретки се таквите луѓе.
    А ќе ви кажам и уште нешто,што навистина ме изненади и ме израдува.Ја чекам јас Илипили и пристигнува таа и ми носи поклонче :) Ми вика ова мало подароче од мене за дипломирањето.Јас навистина се изненадив и се израдував пошто се сетила на мене и се радува со мене и едноставно ми ја згреа душата со тоа внимание што ми го посвети! Знам дека искрено се радува со мене :) Многу го ценам гестот и многу се израдував! :clap: Ете такви луѓе му требаат на светот. :bow:

    Или те поздравувам уште еднаш и ти благодарам за се :*

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Artemission, kate21 и 38 други им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Поубаво ѓезме од она со сопствената сестра - нема.

    Не ми треба саботна треска веќе. Не знам дали е до смените од работа, или просто сум уморна. А може е и комбинација од двете. И многу ранливост. Ми требаше близина, само со сестра ми можам така да се чувствувам. Крвта - не е вода.
    Прво бевме кај другар на режисерски испит Тетоважата Роза на ФДУ, па во Калдрма на вино и сирење, и пешки накај дома. Отсекогаш била првото галено дете во семејството, малку иронична и саркастична, напати лошка, а длабоко во себе емотивна и никогаш до крај одгатната. Кој не ја знае - којзнае што знае. Јас знам. Јас сум дебелкото дете во фамилија, што чита книги и затварање уста само ако јадам. Другото, си го молчиме една пред друга. Си се сакаме на свој, сестрински различен начин.
    George Michael и неговиот симфониски албум со преработки ме љуља. Гушканции.
    Облеков пижами и листам Граѓански, зобам Гранола со цимет и јаболко (ги реоткрив, многу ми се вкусни), и саботава за мене има едно многу лелеаво значење - Да си седам дома, откако се изгушкав со оние што ми се драги.
    На паузата од работа денес се гушкав и со Фро и Ирина на Free Hugs. Mи дадоа кондом, ајхоупсоу има рок на траење до наредна година, да си го употребам за добредојде со мачорот :D и се почастивме со боровница бомбони. Скопје цути во есен, просто чуда го опфаќаат.
    Гледам по фејсбуци се вериле, се мажеле, деца чекаат, сите наоколу затруднуваат, нешто животов пребрзо ми проаѓа мене, или нив едноставно така им дошло?
    Мене мачорот ми збори како ќе одиме во Рио кај другар му Гиџо, јас му зборам како ќе го водам во Рејкјавик да пиеме топло какао на плоштад и ќе следиме Бореалис некаде по шумите, сонуваме за глобус и вртиме авантуристички теми.... А сепак не мора да бидам мажена. Не морам.
    Дури можам и да бидам во индијанска заедница со него. Поглавар Ќелавиот Брк и поглаварка Округлата Мачка. И да си се котиме во некои идни времиња.
    Да. Нормално е да сакам да го преживеам светот, колку и опасно место да е, па да создавам мали џунџулиња што ќе ми ја вадат душата.
    Поентата ми беше, дека моите врсници неретко се во брак, имаат деца. Којзнае дали се среќни. Можеби се посреќни одошто изгледаат, но... Нешто некогаш, има. Некое "но". И на тоа останувам, немам право да судам нечиј избор.
    Ама можам да си го разгледам својот.
    Уште ми е фино да бидам мечтател и да градам. А кога ќе се одморам, е тогаш нема запирање.
    Ќе има џунџулиња.
    Добра ноќ.

    :*
     
    На mims-89, Ana.Jones, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    СДК дека ќе полудам... :@ трнирав како улава, за пред месец дена да ми се јават и да ми кажат дека немаат пари за да ме пратат на натпреварот,последниот натпревар годинава од големо значење за мене.
    Прекинав со тренинзи,се посветив целосно на учењето.
    За сега пред 5мин. да ми се јават и да ми речат можеш да одиш...и јас таква :o луѓе па јас немам тренинзи, па добро се имало време до 14ти декември. Се имало времееее???? да бе за 2 неполни недели се набивало резултат-жими мајка....е затоа спортот не ни оди нанапред. И сега одлуката е моја да настапам или не....за овој натпревар да имав нормален континуитет на тренинзи ќе бев кандидат за медал....а вака сега сум кандидат за "златна средина". Оххх боже мој :doh: што да правам....ако се решам да одам одам на ризик или ќе успеам силно да се котирам на ранг листата...или ќе им направам услуга на одредени луѓе да плукаат по мојот резултат. :devil:
    Сите велат:
    [​IMG]


    Кое срце...кога срцево ќе ми пукне од мака.Аххх господе голем си те молам помогни ми.
     
  4. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Ако не прочитав на фејсбук, немаше да знам дека е декември. Цела почетна ми е со слики од типот:
    December; Hello December; Dear December, please be good and bla bla bla
    Кога ќе заврне снег, па цела почетна ми е со објави: СНЕЕГ; конечно снеег; првиот снег :rock: ...
    Абе ова фејсбуков како временска прогноза е.
     
  5. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Цел живот сонувам за постоечки олд фешн кафе бар на крајот од некоја улица осветлена со само една бандера, каде што ретко има гужви и брканици, многу е монотоно, а сепак во исто време топло и посакувано. Дрвена конструкција со стари прозори и испукано дрво, но сепак толку убаво. А внатре вистински мал рај! Место каде има распар столици и различки маси потпишани со имиња и љубови на генерации наназад. Место каде и моите седеле, се запознале и уживале на истата маса каде би седела и јас и би ги замислувала. Жолти светилки,мирис на дрво и музика од радио во позадина би било онаа уникатност што ја барам. Ѕидови прекриени со стари скоро пожолтени убави тепети, полици со стари книги, историски украси и шарени саксии со засадени мали, ситни, бели цветови. А на спротивниот ѕид, на другиот крај акцент се дава на едно големо огледало со испукани агли и дрвени рамки со старинска резба. Околу него висат неколку стари инструменти, еден од старите телефони на претците на сопственикот и слики од некое дваесетчлено семејство со четири генерации. А најголем дел од просторијата да биде зафатен од стар дрвен шанк, со замаскирани дупки и стари шанкерки пред него, а сепак да бидат уникатни и никогаш претходно видени. Во позадина да видам стари порцелански чинии со цветови или зимски мотиви, многу различни шољи и кафемат каде постојано се грее кафе. Да има неколку возрасни жени кои работаат како келнерки и секогаш да мириса на кафе и пудинг. Тоа да биде единственото место каде во секое време би имало топло туско кафе и топли кифли со крем. Да биде стара локална тајна и да се крие од новодојденци. Кога ќе влезам внатре да бидам поздравена од старата госпоѓа која секојдневно го пие своето кафе во исто време на истата маса, а келнерката да ми ја знае нарачката без да постои потреба да нарачам. И секој пат кога ќе ја испразнам шолјата, да ми ја дополни со кафе и насмевна која го разубавува денот.
    Сонувам за ова место каде би одела секојдневно, сама, и би минувала часови и часови на истото место, читајќи книга или учејќи. Кога навистина би постоело, оваа студена саботна вечер би ја поминала на тоа топло место, подготвувајќи си ја писмената по англиски, обиколена со безброј позајмени речници, а не како сега дома, со лап-топ пред себе. Ова е тоа што ми недостига. И на секоја пауза да направам еден краток муабет со некој како мене, што независно колку е клише, ќе биде од срце и со задоволство.
    Ова место би го напуштала со исчекување повторно да дојдам, а би одела со трчање за да го најдам слободно моето омилено место во ќошот. Рај! :nod:

     

    Прикачени фајлови:

    • 3.jpg
      3.jpg
      Големина на фајлот:
      20,4 KB
      Прегледи:
      420
    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      53,1 KB
      Прегледи:
      420
    • 1.jpg
      1.jpg
      Големина на фајлот:
      47,1 KB
      Прегледи:
      420
    • 4.jpg
      4.jpg
      Големина на фајлот:
      66,6 KB
      Прегледи:
      420
    • 5.jpg
      5.jpg
      Големина на фајлот:
      979,6 KB
      Прегледи:
      420
    На kravce, Serafima, Ana.Jones и 2 други им се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Не се познавам.
    Пред година дена, ептен, ама ептен добра другарка, ќе си ја речам сестричка оти со сите мои недостатоци и каприци ме сака и толерира, ме повика да кампуваме. Јас во шатор? Ти нормална ли си ма? :fubar:
    Глампинг кампинг го направивме за мене да е, ок, ајде да видам. Се дотресев еден ден покасно од сите со термос кафе, и заби дома си измив, пиџамите на мене под тренерка , со шатор веќе подигнат, оган и муабети покрај него и ајде лека ноќ, кога се зашив во вреќата за спиење се молев, не сум религиозна, ама се молев да не ме полази нешто ноќеска. Ако ме полази пајак, другаркава роб да ми е цел живот. Ноќеска врнеше цела ноќ. Јас сакам да спијам на дожд, ама во соба со ѕидови. Во природа има секакви животни, темно, слушаш крици, кршење на гранки, абе хорор невиден! Не се наспав таа ноќ и ги оставив сабајле да збират и шатор сами и се, дим да ме нема мене од таму. Не дека ме очекуваа девојките да останам, тоа е договорот за глампинг кампинг, некој друг да среди а ти само биди таму.

    Го има ли гледано некој филмот Shallow Hal?
    Ок, значи и мене некој ми има направено таков хокус покус. Не само што на пролет ќе спијам во шатор една недела, кој сама ќе го дигнам, ќе газам кал со гумени чизми :puke: , а кал ќе има, секој април е мокор, и ќе подигнам стотина шатори за интернационален камп на извидници девојчиња.
     
    На AIT, bittersweet, Artemission и 6 други им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    И да сабота е, бев да купам украси, денес сум на старото место, си го видов моето стадо срни што секогаш го сликам, оддлеку ми беа убави, а замислете од близу. Вее снег, ако утре обели се ја острам камерата и си одам кај својот мир, езерцето на кое секогаш внимава еден дедо, ми даде да сликам модели кога и да сакам, а ми даде да го употребувам и чамчето, се учев сама да веслам, рано годинава првпат му се качив ,се сеќавам заглавив и морав со стап да се приближувам кон брегот оти е плитко езерцето и се смеев на самата себе. Денов полн емоции, колку што го сакам животов толку и ми иде да мавнам шлаканица да се опамети. Инаку праќам сивија и се нудам ко проститутка на улица, со своето знаење и способност, да видам кој прв ќе се напали, и ќе рече ве молам на интервју, Гордана ќе ми бега за Дубаи, не сакам.. сега само Ноел ќе ми остане тука, која морам да ја видам деновиве. Туку направив неколку броша, сега ќе правам честитки, и за тоа ќе се нудам, ефтина сум за овој пазар.. ех животецу, животецу..ти мене џако суки.. Он барем ми пушта бакнежи, и ме гушка оддалеку.. Љубам бре..
     
    На bittersweet, kravce, sweet-cherry и 15 други им се допаѓа ова.
  8. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Колку ми е мило што повторно почнав поредовно да си пишувам во дневникот. Неколку години ептен го заборавив. Сега полека, полека се обидувам да надоместам. Интересно е.
    [​IMG]
     
    На Cacy и Christina.A им се допаѓа ова.
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ти благодарам од срце,читајќи го твојот пост ми навреа солзи на очите јас сум само обична девојка :$ ,мене ми е задоволство што познавам личност како тебе.Ја заслужуваш целата среќа на светот ,да нема ни секунда тага во твоите очи,секогаш да ми си насмеана од уво до уво.ЈАс ти кажав секогаш за шо и да е овде сум и баш ми е мило што барем за миг направив да ти биде подобро,а ти го заслужуваш најдоброто. Тоа што го направив е најмалку што можам,а го направив од срце верувај.Ти си пријателка во вистинска смисла на зборот,мило ми е што те пронајдов :* .

    Сдк ги сакам ваквите денови кога се е мирно,луѓето околу мене се среќни,исполнети,полни со задоволство и хармонија.Сакам секој ден да е ваков,само тоа ми треба за да сум и јас среќна и исполнета.Спонатаната средба со Дивајн ми го разубаве денот уште повеќе и направи да го сакам животот баш ваков каков што ми е.Сакајте се себе,животот,не штедете ја вашата насмевка,подарувајте ја на секој.Верувајте со тоа можете да направите многу за светот што не опкружува да биде подобар.
     
    На kravce, Serafima, creshicka и 7 други им се допаѓа ова.
  10. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Се што правам,со љубов правам. Затоа за ништо не жалам.
    Младост-лудост,време е да те одлудувам. Од љубов живеам,од љубов умирам,од љубовта се лекувам,а и се трујам,ја љубам љубовта.


    За мене уживање не е,да излезам и да се вратам пијана. За мене уживање е кога сум пијана,од љубов. И од позитивна енергија. Се грижам за болно детенце,се смирив со саканиот. Се смирив,иако сите ми велеа дека е погрешно. Но јас се убив себе и се изгубив во своите чувства од избирање на правилното.
    Изветреана душа,срце-пустелија. Со грешка ги исполнив.
    Некогаш грешките се и најдобрите одлуки. Слушајки го разумот,не им обрнував внимание.

    Мразам промени но оваа ми е добродојдена.
    Уживајте феминки,слушајте го своето срце.
     
    На bittersweet, kravce, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.753
    Допаѓања:
    17.714
    Имам нов симпатија.
    Келнерче убаво.
    Па вика дојдете пак, морее кој мерак ти го имама би ти дошла дома, ама ај.
    Леле луѓе...да видете газ каков има, какви патики има, каков глас има, ма целиот СОВРШЕН Е!!!
    :rofl: :rofl:
     
    На kravce, Salome и Katerinceee им се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сдк дека моментално си јадам бисквити натопени со малку вода. Вкусни ми се и си ги м'цкам додека слушам вести. Вестите ми влегуваат во едно уше и со брзинска брзина :D искачаат преку другото. Исто се случува и кога ретко разлистувам "жута штампа" (каков збор е ова), ги читам само насловите. Доволни ми се, зар да се преоптоварувам како тој градоначалникот изјавува нешто за септичките јами во Ск. Што кога изјавува, а во населбава каде што сум, сеуште се разлева ареа на расипани јајца. Еј нека си ја чукнат малку главата. Доста се спортски сали, премногу се споменици, дајте ни добри и чисти услови за живот. Сакаме Чистота. И треба во цела Македонија 24 часа да има вода и струја. Се сеќавам на времето во некои градови немаше вода после, незнам дали, 8 часот навечер. Тоа беше мислам дека 2000_та, знаете 21 век. Алооо свестете се, не би сакала и сега да е така. Инаку јас денес сум лесна како пеперутка. Трчавме со моето куче како луди. Сега, ете го тоа тука, спие стуткано до мене.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.437
    Допаѓања:
    13.425
    Пол:
    Женски
    Љубов ми се топло-смрзнувачките вечери како оваа.
    Мала кригла пиво со салата, лесни разговори со тешки мисли во себе. А времето лизга, часови поминуваат.
    И додека секое мускулче надвор се тресе во обид да го загрее телото, насмевката грее.
    Убаво ми е. Ако е декември.
     
    На Noemi, kravce, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.193
    Допаѓања:
    23.267
    Пол:
    Женски

    Ааа и не викате аа, Добро :)
     
  15. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Посебно убава вечер имав :$ одамна не ми се случило волку да сум среќна, луѓе неможам да ви опишам колку добро се чувствувам! :$ :inlove: :inlove:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Како избегнав една депресивна вечер...еднава другарка ми вика не испаѓам,а баш со неа секогаш се смеам,буквално за се‘ се смееме и готово и мене некако не ми се испаѓаше без неа,а дома ако седам сама,знам дека нема да биде на арно па и се јавив и отидов кај неа...сме се згазиле од смеење,гледавме слики,албуми,од нејзе како помала,па какви фризури свртела,какви комбинации се тоа,само за на фешн уик :emo:

    и ете,нова занимација,кога ќе одам по гости ќе им барам албуми да гледам,и мене да ми побарате одма ќе ви покажам,убаво ми е така кога ќе почнам да раскажувам кај сме се сликале,со кого сум била,зошто сум била...едноставно ми се враќаат спомени кои се многу подобри од ова сега...a сега,многу глупа работа е со дигиталниве апарати,кога ќе остарам како ќе се потсеќам на стари времиња,места на кои сум била,со кој сум се дружела...баш им спомнав на другарките дека треба да си извадиме некоја слика,која ќе можеме да ја ставиме во албум и таму да ни стои и после многу,многу години,да имаме на што да се потсетиме.
    [​IMG]
     
    На Adi888, bittersweet, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Не се лути :D ЌЕ се договориме сите заедно да излезиме :) Во 6 се договоривме за 8 :) Ама ко ќе се договориме сите,ќе слезиме долу :) :*
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    И еден оргазам е доволен за апсолутно мирен сон.
    Совршен природен билобил за проблемите. :D
    Препорака за намќорести и вечито критички настроени лица.


    Gute nacht! |-)
     
    На bittersweet, Artemission, kate21 и 15 други им се допаѓа ова.
  19. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.995
    Година и нешто сум тука на форумов.
    Не многу, не секогаш пишувам, но читам.
    А сега си ги читам мислењата дамнешни и сфаќам колку работи можат да се сменат за година дена.

    Дипломирана, посреќна, заљубена, разубавена, е сеа и здебелена ама работиме на случајот. :!:
    Работите се менуваат, на подобро, на полошо, ништо не останува исто.
    Само време.

    Добра ви ноќ.
     
    На kravce, Elennaa, sweet-cherry и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    СДК дека јако сум згрозена од тоа што го гледав :doh: Го гледав Српски филм,и сметам дека тој што го снимал филмот,под итно треба да се лечи. Најболното нешто што може да му падне на памет на некој. :puke: БОЛЕН Е само тоа ќе го кажам,а ако некој планира да го гледа филмот,не би му го препорачала. :x :puke:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.