Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    12.328
    Дошол декември. Да не ги видев дваесетината слики со Hello December поставени како кавери на фејсбук, немаше ни да забележам. И ова не е иронија - годинава ми летна пред очи.

    Велат декември бил како петок од месеците. Искрено, не знам колку петочки ќе ми помине месецов. Можеби ќе ми помине како работниот дел од петоците, а јануари ќе ми биде петок вечер. Вториот дел од јануари поточно, првиот ќе ми биде Божиќ, колоквиуми, колоквиуми, колоквиуми.

    Забележувам дека на почетокот на секој месец пишувам по нешто за него. Што да кажам за декември?
    Зошто толку брзо дојде бе декември? Сакам времето повторно да ми мине бааавно, мнооогу бавно, како во средно. Сакам со душа да го чекам 1ви декември затоа што од 1ви ми почнуваше официјалното одбројување до новогодишната ноќ. Сакам пак да си пречкртувам ден по ден, сакам тестови и испрашувања, сакам пакетче под елката, сакам да го чекам распустот во јануари. А сега сум сигурна дека ќе трепнам уште двапати и 31ви ќе биде овде.
    А во меѓувреме легендарното прашање за овој дел од годината: „Кај за Нова?“. Не знам, поим немам, не ме прашувајте. Плановите никогаш не ми успеваат па оваа година не ни планирам. Ако ни тоа не ми успее, домче не ми бега :)

    Ве оставам со добра обработка на лоша песна. Женава ја обожавам!
    http://www.youtube.com/watch?v=NQYo6rXVIGY
     
    На kravce, L-enna, cinderella5 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    [​IMG]
    Бонжур фемино, ви се враќам :hai:


    Се сталожив и си дојдов при себе.
    Иако сеуште чувствувам дел од мене што не можам да го контролирам, сепак сум мнооогу подобра!
    Пак сум онаа со осмех од шесче до шесче (иако едното шесче ми е штрбо :rofl: ), и со искрички околу мене.

    Денес е убав ден. Се испорадував на многу ситни но во суштина и големи работи за мене.
    Се удавив во превкусната пита на мама!
    Си открив ново фризурче што многу ми стои :D
    На кафе со друшките, пробуричкавме во некои премили спомени.
    После во МЦ си мцнав два помфрита со сосови, мај ол тајм фејврит :D

    И секако најголем удел за состојбава има договорот, еј-кеј-еј поставената цел. Колку повеќе смисла добива животот кога ќе си поставиш битна цел, која знаеш дека многу ќе те усреќи! Луѓе едвај го чекам денот, иако во прашање се години со нетрпение ќе си чекам ^_^
    [​IMG]
    Постов е целиот шарен и весел, се надевам таков ќе биде и Декември, а и идните години што ни следуваат!
     
    На bittersweet, ceca-1, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Вечерва како никогаш досега посакувам да имав сестра, поголема
    која ќе може да ме ислуша и да ми го даде најискрениот совет ..
     
    На creshicka и CIA им се допаѓа ова.
  4. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    3.742
    Еееееее најглупа ситуација е кога некој во 5 за 12 ќе те зафркне :devil: ;(

    И тоа баш во недела кога можеш да си поспиеш! :yawn:
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Се радувате декекмври што дошол,јас воопшто не се радувам,и сакам што побрзо зимата да си оди,ајде јули,август едвај чекам да ми пристигнете. :)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    102.410
    Пол:
    Женски
    Збуцкана во топло кебе чекам денов да почне...си молчам ,се смешкам и со шамивчиња извлечени од сеќавањата си ги бришам крвавите трагови во душава.Се залажувам,копнеам...и со превајана гордост ќе го грабнувам денов,месецов ,животов...нема враќање назад,постои само утре...
     
    На kravce, Serafima, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  7. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Заповед : Немој да го правиш она, што не сакаш да ти го прават тебе.

    Ќе почнам да го практикувам истото.
    (Ветувам, пред Олга и пред сeбе.)

    :bow:
     
  8. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Си испланирав убаво... Да си ги завршам сите обврски, па после во кино со другарка. Редно е и Skyfall да се види. Уште пола месец и ќе ни почне новогодишна еуфорија, ејј што се радувам :D
     
  9. Gordana.gorde

    Gordana.gorde Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Многу е убаво е чустувото да си имаш сопствена соба и да можеш да си ја уредуваш како сакаш,макар и да е на одредено време.Сега се чуствувам по слободна.
    Иако денес имам мноогу обврски,ке ги завршам на време. :)
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога се запознаваш со некој на нет и пробувате да сте заедно но не оди ама сепак останувате во контакт еден со друг и после некое време бараш заштита во неговите прегратки бидејки таму се најчуствуваш најсигурна, заштитена-дури и такси ти плака за да те однесе до дома :D но сепак не сакаш да се врзуваш повторно за истиот а во мегу време запознаваш други фаци, излегуваш со некои од нив но не е тоа тоа, а горенаведениов заљубен во тебе-те кани за нова Година да сте заедно а ти се загледуваш во еден што свакаш дека не е за тебе за на крај да сватиш дека треба да се почестиш со еден :punch: и да сватиш дека љубовта ти е пред тебе а ти упорно бегаш од неа и дека треба да размислиш за уште една шанса.

    убаво е да заспиеш со насмевка и да се разбудиш со истата мислејки на некој што има посебно место во твоето срце :$
     
    На Serafima, anabel-a, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    ... хороскопот за декември грее :sun:
    (патем, замолувам некоја штипјанка да ми појасни што значи зборот делизерка, зашто го слушнав од една пријателка, ама толку се засмеав, што немаше време за превод) :D

    Си клавам беретка на оваа неишишана глава и сакам да мислам дека сум французинка, која ќе шета по Шанзелизе или Монмартр напладне, ќе руча супа со кромид или ќе брцне багет во фонду, а вечерта ќе ја заврши во типично париско кафуле со џез варијација на песна од Амели, во придружба на (светскиот инструмент) - хармониче.
    Ама не, јас бучев со правосмукалката досега со пунџа на оваа неишишана глава, пристојно направена со чорап, преточувам зелка во бурето, праз си имам за јадење, и ќе одам до Градска болница на посета кај дедо ми.
    :D

    Македонштино, те прегрнувам. Пулсираш во секој дел од мене и нема бегање, тоа е како она селското што те вуче, ти сакаш на пример, можеби, дива патка полнета со модри сливи за свечениот ручек на 1 јануари, ама пак ќе си каснеш сарма и руска салата, нема бегање братче.
    И подобро, не прави се нешто што не си.
    Прифати ја судбината, удобноста што благо ти мртка и те остава без сон навечер, се додека не ја навлечеш на себе и почне да делува природно, како да сте биле неразделни другари цел живот, како белег добиен при самото сечење на папочната врвка, природно - како кога сите имавме вошки во прво одделение.
    Без исклучок, '85та - вошкарска генерација. Нема лутиш, во тоа време нагло порасна побарувачката за Бубил шампонот и оној чешелот со запци во неон зелено пакување. Фала им.

    И зборот што ми е...
    Не е точно дека секој сака да глуми или мисли дека е посебен.
    Сите во основа сме исти.

    Ама ете, ти се нуди избор. Или ќе се обвиткаш во кожурецот на сарми и руска, ќе сраснат во (и на) тебе, природно, незабележително и неизбежно, не прашувајќи се - можам ли повеќе, смеам ли повеќе, САКАМ ли повеќе, оти знаеш, туѓото да не мислиш поарно дека е, ќути бре дете, има и полошо, трај таму...

    или ќе прифатиш туѓи нарави, Халоуин и Валентиииин, хипстерски наочари, мисирки и фондуа, се со цел да се избавиш, да ја истресеш таа раска на рамето што те влече кон корените, чисто за да покажеш дека - не си од тука и за тука, ти си посебен, авантурист, инспиративен, сакаш и умееш повеќе, се дрзнуваш да сонуваш и испробуваш нови нешта. А изгледаш некако смешно и тажно додека се мачиш со туѓи традиции и туѓи закуски и туѓи празници, дупло понеудобно ти е, ама за инат си молчиш, е убаво ми е! вие да не знаете за поубаво...

    Чиста метафора, немам јас ништо против сарми, ниту супата од кромид. Кој разбра - разбра, кој не. . . и утре има ден. ;)

    Најдете си го местото под сонцето. Не по секоја цена копирајќи други, и не по секоја цена дијаметријално различни од сите други, бегајќи од суштината и есенцијалноста. Само за да бидете уникат, а не и урнек.
    Како да кажам, доста му на светот од Пепелашки и Анастасии и Гризелди.
    Бидете СВОИ.
     
    На bittersweet, Artemission, nekoja85 и 26 други им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк.... читам и нешто многу не поврзувате мене со срцекршачка,стварно незнам од каде таква идеја ви падна,ниту сум дал јас некој повод,ниту таа,зашто си правите филмови за кои нема никаква основа,таа си има нејзин живот а јас мој,јас сум комуникативна личност и било која феминка е расположена да комуницира со мене јас прифаќам. ;)
    И уште нешто со ниедна не сум близок,ова чисто информативно,и ако ми се допадне некое мислење нормално е да го пофалиш,но тоа незначи дека имам нешто со таа личност,и на крај краеви не сум тука за да си најдам девојка туку да си помагаме едни со други за совети и итн.поздрав
     
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.815
    Допаѓања:
    17.821
    Додека не го запознаете мноогу добро не му праќајте слики да гоп прашувате дали сте таму убави за да си ја ставите на фејсбук! :!:

    :rofl:
     
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    ^ Делизерка е девојче, невестиче или бабичка која милува да се расправа, да оговара, да плете интигри или т.н да дилизерe :)
     
    На JuLleE, Doozy, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  15. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Цел живот,сум сонувала да најдам искрен пријател,но пред да ја запознаам нејзе,тоа за мене беше заборавен сон од детството. Близок пријател кој секогаш е тука за тебе? Плод на фантазијата.
    Таа ми е поддршка во секое време,а таквите се ретки и заслужуваат големо благодарам.

    Во последно време,ја избегнувам негативноста,меланхолијата.
    Зимава добро ми дојде,се чувствувам исполнето и посреќно од било кога.
     
    На kravce, Serafima и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  16. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Денешниот ден е тмурен и мрачен но се надевам дека тоа што ќе си ги видам внуките мои најмили ќе ми го подобрат малку расположението а и некое добро филмче.Денеска ми е Италијанска недела и цел ден ќе си гледам италијански филмчиња и ќе си слушам италијанска музика. :)
     
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    102.410
    Пол:
    Женски
    Ми се превртува желудникот од оние на кои сите им се виновни,а околу својата глава цртаат ореол.
    :!:
     
    На Chocolate.me, crazylady, kravce и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    Момент: Стануваш од спиење, ги прашуваш твоите, дали ти купиле тоа што си им рекол дека ти треба за јадење, за денот во диета. Она вика: Леле, заборавив, сега, ќе одам да ти купам. Ти викаш: Не бе, нема врска, не се брзај. А она ти вика: Сега малце да се одморам, и ќе одам во продавница.
    А ти уствари со нетрпение чекаш да се одмори, и конечно почнува да облака патики. Чекаш 5 мунути, чекаш 20 минути, и веќе почнуваш да си поставуваш за јадење... Чекаш 30 минути, и на крај чекаш цели 45 минути, и ти веќе ја осеќаш во влез како чекори по скалите, и си мислиш дека конечно ќе јадеш. За да ти каже, дека уствари била кај комшивката, ама сега ќе оди во продавница. Ама нормално, ти не смееш ништо да кажеш, затоа што си готован, и ќе ти речат: Епа зашто ти не одиш да си купиш? И така ти уствари си ќутиш, и си дупиш. И потоа се враќа по цели 25 минути, затоа што по пат се сретнале со Митра, Бранко, Станка, Донка... И мора да се направат само 10 минути муабет пред продавница, затоа што се брзала некоја од нив, и не можела повеќе.
    И на крај, ти сфаќаш дека веќе ти се одјало.
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, alekce83, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Јас сум просто фасцинирана од Белград. Петок и сабота бевме на научна екскурзија од школо и не изнашетаа. Књез Михајлова,Калемегдан,Золошката ме воодушевија дефинитивно :) Буквално се шетаме по улици и вакви :o Дефинитивно најдобра екскурзија. Едно 500 слики ако не извадивме :D Деновиве нема толку активна да бидам зошто незнам главата кај ми е од учење и обврски :worried: Како и да е ве поздравувам и ве гушкам сите :hug:
     
  20. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Значи убаво сум расположена постојано.
    Ама кога ќе се напнам, е напнато е .
    Станав како жив напнитис. Можно е вечер да падне снегче, осеќам. Чим од сабајле во осум се напнав, не е на арно.
    Значи како трудница работев на случајот- диши- издиши.
    |( И фацијалниот израз од прееска ми е ваква |( .
    Чиниш ме акнал некој со тефлон во фаца.

    И инатот ми се вратил преку ноќ.
    Сакаш да јадеш? Е нема бе, нема, не јадам. |(

    Кога сум во напната фаза од денот, не сакам никој да ми збори, целодневен молк во соба.

    Уствари коа ќе подразмислам ми се ближи месечната фактура за крв, така што може и до тоа е.
    Како и да е, само еден ваков ден, кога сама работам против себе, и сите оние, вуду-јога-медитација-антропологија и што ли уште не, како водич за боље расположење ми паѓаат во вода.
    |(
    Едноставно човек треба да ме остави сама и да се смирам. Оти ќе успоубијам све.
    Че го пукам. Со каљаш.
     
    На ceca-1, zhap4e, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.