[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.765
    Допаѓања:
    24.520
    Пол:
    Женски
    Недела ми е синоним за семеен ручек кај баба ми :) Не дека секоја недела одам кај неа, ама ете скоро секогаш кога одам - е недела :D
    Така и денес. Надвор студено, ама срцето ќе ми се згрее со бабина љубов!
    Плус, роденден на братучед ми - поубаво здравје. После вкусниот ручек - десерт торта, мх мх.

    Ајт, отидов!
     
    На lunicka, kravce, cinderella5 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Недела.

    Ден за тестенина, центрифуга од машина, лижење облаци и вкус на Љубов од капките.
    Ќе готвам њоки со горгонзола сос и ќе пишувам цееел ден. Скајпавме, и душава ми се наполни со љубов, малечки стракчиња љубов. Ќе оди во Токио и ми нарачал чанта со некој интересен дезен, не ми кажа што е, вели изненадување ќе било. Треперам и го гушкам. Се ежиме, а лед екраните ни пречат. Каква чудесна нереалност и време не’ дели. Просто, човек издржува. Како и за секоја ситуација што бара грам жртва, но и оптимизам дека нештата ќе завршат на добро.
    Годинава си врви. Има толку многу нешта за кои и благодарам. Навистина ме направи помудра, селективна, истовремено исплашена, но во суштина - ме остави на раат. Да. Многу е важно што нештата што се случуваа, ме израснаа, без болката да биде неиздржлива.
    Како што и Пинк во новата песна кажа - не значи дека ако боли, ќе умреш. Повторно обиди се. Нема друг начин, тоа е единствениот!
    Продолжувам понатаму низ денов. Ќе треба да се сликам со комбинација на есен и детали. Другарка од факс отвара рубрика за урбана мода во своето ново списание, па ми побара да и пратам слика, ептен ме израдува и ми направи чест да учествувам, иако не знам дали воопшто такво нешто бараат. :lol:
    Машината вози пат од Скопје до Сибир. Шарени алишта, па бели. Недела. Евтина струја, скапи мисли.
    Ги реализирам во бранови.
    Шарени. Виножито, капки од облаци. И ги лижам.
    Имаат вкус на хипи лижавче.
    Откачено, но мирно срце. Како на New Girl, кога Џез му подари на Пол мутава играчка срце што бие во ритам на заљубен тинејџер.

    Ја сакам недела. Едноставен ден е.
     
    На antonina, lunicka, Anja98 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    План за денес: не станувај од кревет.

    Цела недела окапав, на работа работа, дома работа, на факс работа... Толку се осеќам отечено и изморено што сакам да здиплам штрафцигер, да роварам гуми по маало и да се вратам дома со налудничава насмевка како Џек Николсон во Шајнинг (каверот), ама од јадења не сакам да јадам ќотек.
    Затоа седам мирна со гзот исто како мрзливото македонче.
    Како народ сме мрзливи, многу.

    Не може некој да ме побие во таквата теорија. Побрзо ќе измислиме телепортирање, отколку да отидеме до продавница или ќе се откаже од читање на статија зошто е долга. Или ќе платиме семинарска зашто нетот служи само за фејсбук и слики. Патем неделава ги направив три, две за други една за мене. Фак уеа и мозокот ми истече... ;(

    Друго, ми фали опак црн хумор.
     
    На lunicka, kravce, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Moretti

    Moretti Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.051
    Имам многу за учење :(
     
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Им симнувам капа на оние кои без никаков проблем во недела на вакво тмурно, облачно и врнежливо време без никакви потешкотии и наспани се будат рано наутро.
    Јас фино лепо си станав во 12:30 и ќе станев жими Пипи да не ме разбудеше татко ми со кафе..
    Го пиев кафето едно 10 минути сигурно со само едно око отворено, другото уште си спиеше.

    Недела.. Ја мразев додека одев на работа, на факултет и во училиште сега е ден како и сите други.
    Единствено по што се разликува од останатите денови се зголемените домашните обврски.
    Чекам сестра ми да се прибере дома, па како и секоја друга недела така и оваа да се фатиме за работа.
    Не чекаат куп алишта за перење, пружување, пеглање, поминување со правосмукалка, бришење прашина и што уште не..
    Кога ќе помислам на сето ова коса ми се крева оти денеска мојот мрзелив задник планира дупка да направи на столчево, не сака да се помрдне од тука.

    Да можам да го рипнам тој дел од денот, со едно пукање на прстите би го рипнала..
     
    На lunicka, Anja98, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Недела не ја сакам у принцип. Ама денес уште со првото мое сонливо појавуваже на врата ми се разлеа една топла насмевка, таква една искрена. Гледам на купче собрани сите мои драги и блиски личности, братучедите, тетка ми, тетин ми, другар ми, другарка ми сите се смеат. Убав почеток на денот. И не ми требаше многу размислување. Веднаш си донесов одлука во главата дека утре ке си одам. Некам денес да се брзам. И наместо со утринско кафе денот ми почнува со узо. Да, да со узо а после ќе продолжам со црвено винце. Секогаш сакав да ги видам овие луѓе заедно на купче. Без повод, без некоја послебна причина како што се родендени и некои разно разни прослави. Така, опуштено. Само ние.
    Братучед ми, оној на кој секогаш можам се да кажам и да добијам саркастична забелешка дека јас никогаш нема да пораснам. Оној кој главата секундарно го заболувала од секоја моја глупост. Оној братучед кој уствари веќе знае дека сум пораснала, оној кој знае дека сме веќе и двајцата зрели за да правиме муабет на едно повисоко ниво, и кој знае дека секогаш се разбираме.И со поглед. Оној кој знае секундарно да ми го крене притисокот ако се немаме видено повеќе време, и да ме гњаве и штипе како мако дете.
    Братучед ми 2 е он е човек кој никогаш не знаеш што му се случува внатре, во душата. Тоа ти е човек шо знае само да ќути и да посматра, и на крај така добро да те искара и да те спушти на земја како никој друг. Никогаш не сум била толку блиска со него како со овој погоре, никогаш не сум правела глупости со него, ни дома ни надвор од дома, ни па пред него од проста причина шо може да дојде да ми влепе еден шамар и се да пренесе на татко ми. Ама го сакам бе, и знам дека ме сака. Среќен е за секој мој положен предмет и за секој мој успех. Неуспесите и глупостите не ги коментира пред мене туку пред татко ми :D
    Тетка ми, тетка ми ја сакам најмнооогу од сите роднини. Ја чувствувам како другарка, и да, ако не се слушнам повеќе од два дена со тетка ми почнувам да и се лутам и да се прашувам каде е, зошто ја нема, што прави.
    Тетин ми, тетин ми е човек со тежок карактер. Тип што мисли дека нивната генерација е најдобра, најучена и се нај нај. И многу често знам да влезам во конфликт со него, да се карам и расправам за некоја банална работа, ама знам дека ме сака многу, без разлика што не сме роднини баш нели :D Имам толку многу совети добиени од него и фала му за тоа. Ама кога друг влегува во конфлик со него, за тоа јас сум тука за да застанам на негова страна. Никој нема да ми го навредува тетин ми, и еее колку мн пати сум и се заблагодарила на тетка ми што се омажила со него. Којзнае ако не он, кој ќе ми бил тетин сега :D
    Другарка ми, неа ја знам од кога знам за себе. Заедно сме јаделе, заедно сме спиеле, во градинка одевме заедно, после градинка бевме заедно, на одмори од кога знам за себе одиме заедно и да, до пред некоја година се правевме заедно. И постара е од мене точно еден месец и 20 дена :D И многу сме различни, и во карактер, и во размислување и скоро во се, ама со т :D а девојче сум поминала толкав дел од животот, исто колку што имам и со сестра ми.
    Другар ми, он и е брат на горенаведената другарка и за него можам да го кажам истото што и за неа, со една разлика. Со него многу повеќе се согласувам одколку со неа. Исто размислуваме, исто го живееме животот.
    Ете така ги запознавте најблиските членови на моето пошироко семејство :D И има уште личности кои ми се драги и мили, за жал се бројат на прсти, ама за нив друг пат. Ете така јас одам да се дружам и да се топлам со сите нив, знам дека после ќе паднат и планови и за зимување и за летен одмор, едноставно денот ќе ми биде совршен. А при крајот на денот, ќе пијам кафе само со сестра ми, некаде навор од дома и ќе си се жалиме и двете и ќе се смееме гласно :) Абе цел ден ми е испланиран.
    Вие сите имајте убаво неделно попладне, јас сега за сега се одјавувам :* :hai:
     
    На Roxanne, lunicka, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сте трчале некогаш по најголем снег, снегот ти вее во лице ти апаратот во рака, ама трчаш како мало дете за да сликаш див зајак? Епа денес Ирена така, го замотав апратот во кеса, преку прозор видов зајак, се облеков, прво пробав да бидам тивка, ама волкава крава кој нема да ја види?! Се изнатрчав ама ми дојде убаво, си отидов кај езерцето направив неколку слики, ми дојде убаво свежиов воздух, не сум во градот кај што седам туку во селце едно, не се опишува колку е убаво, чекам да сопре снегов за да одам до црквата, ама сеуште прејако вее, ме израдуваа ми дадоа нов филтер за фотошоп, понекогаш мислам дека имам повеќе кабли отколку шминки, малото ми пишува, фантазии еден тон, ама сфатив ако треба да жртвувам уште некое време за да ги имам нив покрај мене ќе жртвувам. Сама учам Шведски, пишувам теза..денов мек ми е.. онаа мојана ме изнасмеа. Бара докторат да била до мене, бизнис ќе сме правеле заедно овде.. опремата за студио ми е во МКД морам некако да ја довлечкам знам.. и така кројам планови па ќе видиме како ќе биде, секогаш имам место за разочарување плус, чисто да не ме изненади.
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC_6902.jpg
      DSC_6902.jpg
      Големина на фајлот:
      326,1 KB
      Прегледи:
      297
    На Elichka, Roxanne, Monna.Monna и 19 други им се допаѓа ова.
  8. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Недела ми е ден за поштено,и секако,заслужено излежавање по кревет. :wasntme:
    Но оваа,ја искористив,уште поубаво. Утринска прошетка,купив подарок за болното детенце кое го чувам. Ништо посебно,но од срце,се за таа убава,неверојатно оптимистичка,топла детска насмевка. Понекогаш се прашувам од каде црпи толку надеж и среќа,па и јас да наминам таму,да му наполнам едно шише љубов и да му го подарам. За мене,не ми треба. Денов повторно го почнав со молитва,за да му биде подобро.

    Временцево е ладно,но и топло. Однадвор ладно,но во душа,богами,нешто ме грее.
    Или неговата,се надевам искрена љубов,или насмевката на тоа малечко срценце.
    Што и да е,ме усреќува.

    Чудно нешто,кога туѓата среќа те усреќува повеќе од твојата. Чудно,но убаво.
    Моментално се опуштам со „Нотинг елс матрс’’ на Металика,и си мислам на саканиот. Металика ме потсетува на него.

    Одвај чекам да падне првиот снег,да одам по улици наоблечена како астронаут,ама среќна. Зимата секогаш ми носела најубави спомени,со душа ја чекам да дојде.
     
    На Roxanne, Peppermint, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  9. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    и јас :|
    премногу!! а не ми се станва од компјутер..
     
  10. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    сакам да дојде Нова Година и да заврне снег
     
  11. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Не можам да поверувам оти стигнавме до фемина.
    Па и до 9gag бе. 8)
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...Еден бакнеж!...и магија се стори
    моето срце капија ти отвори
    потпиши се преку лузни стари
    после твоето име, точка стави
    пред тебе што било да заборави! :$

    http://www.youtube.com/watch?v=HSGUgCfBDC0
     
    На Serafima, Gordana10, Ann.94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    2.032
    Мириса на зима..

    Денес сум мрзелива, ќе лежам, ќе пијам топли напитоци и ќе читам.

    Инаку, сестра ми имала неверојатен талент за цртање. Претходното лето се повлекуваше во нејзината соба и не ми беше јасно што прави, додека еден ден кога се враќавме од работа пред вратата најдовме прибор за цртање. Ја нацртала малата ќеркичка на сопственичката на куќата кај што живеевме, ама веројатно се посомневала во својот талент и го фрлила цртежот. И така цртежот стигнал до мајката на девојчето, која веднаш си ја познала ќеркичката,нели затоа што било предобро нацртано и за да ја мотивира сестра ми да продолжи со цртањето и купила прибор за цртање и и го оставила пред врата.
    Така на следниот роденден таа си доби комплет прибор за цртање, а еве и вчера и го дополнив со нови бои и четка. Вчера црташе до 3 часот по полноќ, и многу се радувам кога ја гледам среќна и исполнета.

    Никогаш не е предоцна да почнете да го правите тоа што сакате и што ве исполнува.
    Go for your dreams ! :)
     
    На Moira, bittersweet, lunicka и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Мојот животен сон..
    Можеби ќе се исполни некој ден, со труд и верување во себе. :)
    [​IMG]
     
    На bittersweet, lunicka, la-chicka и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.984
    Допаѓања:
    164.448
    Каков тенок звук има недостигањето. Тамам да ти ги дупне ушните тапанчиња,па срцето! Стварно чувството е како тенок неподнослив звук...

    Го абат новогодишното расположение китејќи цел месец порано ... и после немало атмосфера. Не сме ти ние Америка за да патиме од потреба за поседување,конзумерски да ги празниме продавниците за да ми предизвикаш потребност и да одам да купам десет дедо мразовци за во двор и подароци за секој познат и непознат. Кога луѓето немаат толку пари, барем не им го земајте чувството на едноставна среќа, без некоја особена причина, малку еуфорија и малку надеж...

    Добро ми оди,ама не знам што е тоа што ми фали,зошто ми фали... Правам ретроспектива... годинава е успешна според објективните услови,да не речам, сите работи кои зависеле од мене се завршени или начнати. Ама нешто фали и не се вика дечко и не се вика нечие присуство... не е нешто ферари или ламбурџини или вила на Малдиви да му се невиди!
    И совет од типот - не се секирај... е најлошиот тип на совет. Уствари не е ни совет бре. Сакам да се секирам, се секирам и се борам. И не можам да чекам работите да поминат едноставно, одам и се борам, може носот ќе ми го скрши,ама барем она кое ми се случува не ми се потсмева дека ме удира додека јас мирно седам полна со страв. Некогаш сакам да сум човек кој не се секира за себе, за своите, за семејството, пријателите, сметките, животот, лошите луѓе, светот... ама ете,таква сум. Се секирам... сакам да е се добро и праведно. Чинам малку наивно и детски размислувам,ама барем не го зачувувам оној себичен дел од детето кое само знае да бара, да се инаети, да плаче и да не размислува за последиците, си го чувам делот што сонува и што не се плаши и посакува идеални работи, во детската фантазија земаат размери на витешство,на фантазија,а во реалниот свет таа се нарекува - мир и едноставни нешта, несебични луѓе...

    Недела, семејни планови големи. Татко ми смешно зборува,мајка ми само се мурти и негодува, си ги подместува цвикерчињата. Ручек се крчка, си го чекам моето некрвно семејство, си имаме пивце, си имаме и желба за конечен разговор кој се тегне како топен кашкавал веќе повеќе од месец.

    И запознавам нови луѓе кои ми се допаѓаат,константно периодов...пред некоја недела исто, сега пак. И тоа во големи количини... се изненадив!
     
    На caroline.costa, Moira, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Има една работа за која ми е најмногу жал и поради која чувствувам бес што не можам да ја променам. Криво ми е, мака ми е и ми се плаче секој пат кога ќе помислам на тоа. Проклета судбина, само задава удари тогаш кога најмалку очекуваш. А најмногу од се` ми е криво што покрај сета голгота што ја помина брат ми, мораше и ова да се навее како капак.

    Со снаа ми се во брак веќе 7 години. Се` почна со надчовечки напори и труд да добијат бебе, и на почетокот не беа толку обесхрабрени. Велеа, има време, ќе се случи кога ќе се случи. Арно ама, како поминуваше времето, почнаа да стануваат се` позагрижени. Сфатија дека не е нормално да се обидуваш со години, а да не се случи. И сето тоа за на крај да дознаат дека воопшто не можат да имаат бебе ;( И после само некој нека ми каже дека има правда на овој проклет свет!

    Ме боли, многу. Ги боли и моите што немаат внуче за да си го исчуваат. А најмногу ги боли брат ми и снаа ми. Нема нешто што повеќе посакуваат од дете, а свесни се дека никогаш нема да се случи. Свесни се дека со две просечни плати ниту можат да се обидат на друг начин, ниту пак можат да посвојат дете, имајќи ја предвид ситуацијата во нашата држава. Да, драги мои, и таму играат улога партиската посветеност и дебелите врски, кабли и гајтани, ова од сигурни извори :!:

    Денес мислам на ова и ми се кине душата :( Срцево ми плаче, а беспомошна сум. Зошто? Боже, зошто? ;( А немате претстава каква тетка ќе бев, најдобра на свет! Ќе му пружев безусловна љубов, ќе го чував како капка на дланка, ќе го давав и последниот денар за да му купам играчка и да му ја видам насмевката... Останува да се надевам дека еден ден ќе бидам добра мајка на своето дете, спремна и животот да го дадам за него... Дека моите конечно ќе видат свое внуче... Еден ден...
     
    На Monna.Monna, lunicka, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Мразам недела ме потсетува на досада, на постојано одење до фрижидерот, на многу чистење низ дома
    на многу ненаучени лекции...
    Во недела се сите дома па многу често и покрај таа семејна атмосфера, лесно може да дојде до конфликт меѓу карактерите (If you know what i mean )
    Отсега па натаму нема сончеви утра,ќе треба да се навикнуваме и да останеме добро расположени и на тмурните претпладнина..
    Декември Јануари Февруари ааах назад ние зимата !

    ии баш како што кажува текстов на сликава ;)
    Опуште те се сепак е недела
     

    Прикачени фајлови:

    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Родител како родител нели?секој си го сака своето чедо ама оваа мојава е сосем различна.Не ми се причинува туку денес го увидов тоа.Зошто ме родила ако не дели и двајцата денес?Не сум себична туку само го барам истото нејзино внимание кое го дава на брат ми,не е многу нели?Не и барам пари како што бара нејзиниот син,јас во парите не гледам задоволство туку во пиењето кафе и водење разговор со нејзе,кажување тајни а таа?Таа само гледа комшивката дали ке и дошла на кафе или дали синот и е добро нахранет и облечен.
    Никогаш јас нема да ги делам моите деца...aко едното има чоколадо исто и другото ке има.
    Нема да им скратувам од ништо како што ме скратува мојава "мајка".
     
    На lunicka, Serafima, creshicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    читам и не ми се верува
    јас и Витомир :o :tmi:
    ова некој најнов трач на Фемина :^)
    боже боже што не ке измислат лугево :x
    јас си имам свој живот тој си има свој живот :)

    СДК дека денес и е роденден на една моја многу драга другарка од медитација-првата личност што ја запознав кога влегов мегу тие луге :* :hug: до неа.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.