[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ех, лесно е да се каже биди упорен, ќе биде... Не е се` така розово... Нормално дека моите им помагаат, да не се разбереме погрешно. Да не беа тие, тешко дека брат ми и снаа ми ќе успееја сами да најдат пари за тоа. Ако ти кажам дека моите имаат земено дури два кредити за таа намена само и истите до ден денес, а и уште многу години ќе ги исплаќаат и дека потрошена е баснословна сума на пари сиве овие години... Не ме сфаќај погрешно, не е за парите, налет тоа, само сакав да укажам колку моите им помагаат финансиски. Работата е што после безброј обиди човек колку и да е силен, попушта :( Сепак, надежта последна умира, тие не се откажуваат, борбата продолжува, па сега како било пишано - така нека биде. Се надевам дека упорноста ќе им се исплати, ако ништо друго, барем да посвојат, иако процедурата е многу тешка и долготрајна.

    Фала ти на утешните зборови, Кристинче, поздрав до тебе :*
     
    На kristince51 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Денеска беше ден за генералка, која се одложуваше 3 дена.
    Генералка на домот, истовремено и во душава, животов.
    Ама, најтемелна генералка во последниве 5 години. Недела бе, само требаше временцево да биде поубаво, па да се распиштам со музиката.

    И така, расчистувајќи ги фиоките, наидов на милион ситници кои сум ги чувала со некоја причина која денеска веќе не ми е позната. Впрочем, сè чувам во животов така, за секој случај, за некој ден, и тешко ми е да се одделам од работите. Можете да замислите колку тешко се разделувам од живи суштества, кога толку тешко ми паѓало да фрлам ситници.

    Стари постери, шкртаници од средно, пенкала, писменца со другарка ми што сме си пишувале, писменца од луѓе со кои денеска не комуницирам, подароци од бившите, цел еден живот имаше во тие фиоки и кутии. Секоја една работа ме врати во моментот кога била актуелна, ко временска машина, се сеќавав на моментите кога пишував писма, кога се радував на новите списанија и постерите во нив, на средбите со моите стари љубови. И сфатив дека не будат убави чувства во мене, всушност, не будат никакви.
    И сега сето тоа се наоѓа во најблискиот контејнер.
    Ништо повеќе не чувам, и никого повеќе не чувам. Тераписки, започнувам прво со разделба со предметите од минатото, за еден ден да можам да се збогувам и со личностите од минатото.
    Ме гонат ко духови, а јас упорно не ги пуштам.
    Епа, крај е веќе.
    А најмногу од се сакам да заборавам една личност која до неодамна беше дел од мојот живот. Е тие спомени беа лоши, ама лоши бидејќи болеа, бидејќи нема да се повторат...
    Сè фрлив, компјутерот го форматирав, нема ниту една слика, ниту една порака, ништо да ме потсетува на некој што сакам да го заборавам.
    Отидоа моите соништа во контејнер, стари 5 години и повеќе. Се што порано сум била а сега не сум, се фрлив. Не сакам ништо од минатото, ништо да ме потсетува на никого освен тие што заслужиле, но тие секојдневно си ги носам со мене, имам посебно место за нив.

    Колкава разлика има од тоа што сум сега и тоа што сум била тогаш. Освен музиката, друго се е ново. Нови луѓе, нов изглед, а јас упорно сум ги чувала сите тие работи толку години.
    Стари соништа, неостварени соништа, не дека сега не ги сонувам, туку други се поприоритетни. Да биле толку битни, ќе се оствариле до сега најверојатно. Или барем така се утешив кога ги ставав во кесата со отпадоци.
    Збогум минато, збогум јас.
     
    На L-enna, Moira, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Денес седев пред часовников и ги гледав бесконечните вртежи на стрелките, повторно и повторно.
    И навистина е чудно како некогаш треба цела вечност, некогаш само миг, да те голтне денот.

    Денес едно пет пати се опцув зашто не отидов на драмски. Сега ќе престојував кај некоја феминка за багатела, ама барем ќе имав електично-емоционално празнење таму. И ќе уживав во она што го правев.
    А покрај овој факултет неколку пати ќе добиев нервен слом .
    Си го закопав талентот за сва времена.

    Ај барем ќе се мајмунузивам низ дома со Фигаро и Пасион без пропратни гласови ни иструменти дома. ќе се убивам со пластичната пиперка залепена на фрижидерот, и ќе плачам падната на колена за судбината на Цвета.

    Никој не им е крив што не ми дозволија да студирам драма. Сега нека ме трпат во сите мои хирови и глупиранции. Под услов да не ми викаат жуто комбе.

    И баш преска при еден душевен гром, рецитирав зборови од Чанго- баба Зумбула.
    Така што моите веќе изгубија доверба во мојата свесност.
    Ако начекате девојка со огромни подочници, Аншајнов фриз, балеринско фустанче, врзани раце, како хистерише низ градов-јас сум. :|


    И не бегајте од мене, не касам. Може и да ме соберете, правам длабнини по столчиња и кревети-БЕСПАРИ :!:
     

    Прикачени фајлови:

    • lDUDS.gif
      lDUDS.gif
      Големина на фајлот:
      443,6 KB
      Прегледи:
      368
    На Moira, kravce, MarchelineAmaru и 5 други им се допаѓа ова.
  4. CuteEva

    CuteEva Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    131
    во собата ми има паднато бомба и ке ми треба 3 часа да ја вратам во правобитната положба.. да да и имам 800 страни за учење и семинарска готова за во среда... а јас што убаво си седам на фемина.. цела недела ја чекав неделава за да ги завршам тие обврски а еве веке мина денот а јас уште ме мрзи пижамите да ги соблечам :yawn:
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Животот торнадо, а музиката потсетувач или составен дел на пријатни/непријатни настани од истиот.
    Битно е премногу забавен во секаква смисла.
    Ме фати новогодишно расположение, лани ми беше сеедно, сега не ми е :D мислам на сите оние убави нешта што одат во пакет со празнувањето.
     
    На MarchelineAmaru, ilipili и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Зошто ги терате корените на моите проблеми? Знаете нели дека тоа ме повредува и како за инает го правите??

    Некои денови, единствено што ти е потребно е некој да ти каже: „Знам дека не е добро, но ќе биде“, да те прегрне и да те пушти да се исплачеш...



    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Денес мојата малечка полни една година :) Првиот подарок го доби од бато кој и направил прекрасна честитка со уште поубави желби ,па дури и подари две од неговите киндер чоколадца.А таа кога го виде целата се стопи :inlove: Чудна е таа љубов помеѓу брат и сестра ,толку искрена ,толку невина.Тато и јас поминавме еден прекрасен ден со нашите дечиња и со најблиските.Добро малку се изморивме ,но срцето ни е полно...
     
    На sweet-cherry, Moira, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.754
    Допаѓања:
    17.717
    ^ Нека и е најсреќен роденденот. :) Гушки.

    Туку денес е роденден на внук ми (од прва братучедка) исто полни една годинка. Нека му е најсреќен роденденот и нему, весело детство нека има. :)
     
    На bittersweet, kravce, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  9. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Највеќе го сакам овој период од годината.
    Новогодишната еуфорија започнува. :)
     
    На MarchelineAmaru, Chocolate.me, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  11. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    СДК се се` плаќа,се се` враќа. :devil:
     
    На MarchelineAmaru, martinuska, Cacy и 4 други им се допаѓа ова.
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Секој момент се нервираме за некои ситници кои што кога ќе се навратиме назад немаат никакво значење.Живееме во такво напнато време полно со нервози,стрес и за жал многу ретко знаеме вистински да му се радуваме на животот.Зошто се тие нервози кога во еден момент се ќе снема,за џабе сме се нервирале,сме си го замарале мозокот со некои непотребни нешта како на пример зошто не ни се јавил дечкото 5 пати во текот на денот,или пак зошто родителите овај месец не ни дале пари за нови чевли и покрај тоа што старите се сеуште здрави.Ете токму на тие моменти и еден тон такви други ситници им даваме преголемо значење и покрај сите вистински проблеми во животот.Никој нема да ни рече фала за нервозите,денеска секој си гледа за себе,па дури ни животот нема да ни биде секогаш вечен.Сето ова за една секунда еден ден ќе го снема и потоа зошто сето ова сме го правеле кога се ќе остане зад нас како зрно прашина.Сепак можеби не е така,секој од нас со самото постоење на овај свет зад себе остава вечна трага која што никогаш нема да се избрише.Некогаш некој негде ќе го спомене нашето име и така повторно ќе сме живи на некој начин.
     
    На tweety26, Moira, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  13. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    ќе си умрааам
     
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.524
    Mногу ме нервираат оние слики со: Hello December, be good to me (и овде следува некое смајли нежно пренежно). Ај шо е хипстерски и толку веќе неоригинално, туку некои едвај чекаат да заврши месецот и да го стават тоа на фб, зато шо е нели во мода. Некои едвај чекаат да заврши месецот да земат плата, некој му се моли на месецот за да е се како шо требат. Епа глупава логика.
     
    На tweety26, anabel-a, Divinebutterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  15. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    bitch please ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • hihihihi.jpg
      hihihihi.jpg
      Големина на фајлот:
      37,8 KB
      Прегледи:
      442
    На tweety26 и creshicka им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.554
    Допаѓања:
    289.306
    На запад ништо ново.

    Божем да го сумирам викендов, али со испревртени смени на работа, пишување семинарски за на факултет и работни недели во шонинг центрите... ич не се чуствувам во викендашко расположење.
    Се ми е измешано, турбото goes on.

    Вчера се почуствував како теле |( .

    Се наоѓав во една од оние огромни книжари на неколку спратови.
    Навидум филмски филинг, ти се чини правиш божиќен шопинг во Њу Јорк, се беше накитено и преполно со луѓе.
    Малиот истотака полн со воодушевување за некое ново издание од тие неговите дебели книги со сликички, |( трчка од еден регал кон друг регал.
    А јас дремам.

    Се потсетив на милион мисли за тоа колку е човек духовно побогат со секоја прочитана книга, како некои се нурнуваат во тој свет на книгата и го наоѓаат сопствениот мир, го доловував во туѓите лица гладот за знаење.
    Се тоа убаво, ама џабе бре, не ми беше денот.

    Паметот ми беше во божиќниот панаѓур во центарот на градот :rofl: .
    Ама ај ако те држи скрши му филм додека граба книги од полиците и речи сакам на панаѓур :D .
    Важно многу имам мерак кеси да мкнам да носам, макар и со туѓи книги.



    НА работа смеи :rofl: .
    Пациентите заклучиле дека јас многу сум фина и убава, а колегата ги поседувал истите квалитети па да не споеле.
    Викам ама јас сум мажена :$
    Едно огромно разочарување на нивните лице, длабока воздишка и слушнав Штета. :rofl:
    Минута покасно: а фин ли е тој твојот, среќна ли си, те сака ли...не се откажуваат бре од идејата :rofl:


    Сум ослабела едно кило, па бргу побргу да го вратам додека не избегало. Цел ден се вртам околу кујната и нешто спремам, гнетам јадам.
    Туку се мислам и што да пијам.
    Си купив Ројбуш чај со ванила вкус и Турски чај со вкус на јаболко.
    Уствари што ќе му ја мислам до толку, една тура едниот друга тура другиот....божем на вересија ги пијам.
    Пријатна вечер феминки и од утре со нови сили напред.
     
    На tweety26, slavica999, Moira и 17 други им се допаѓа ова.
  17. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Мирисот на сарми ме потсеќа на зима :D
     
    На anabel-a, Peppermint, Cacy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Постојат многу работи што не мачат, и кога истите тие работи не би не мачеле, животов би немал смисла...
    И колку и да се жалам, тоа е мој живот, си го сакам!
    Една работа треба да се знае, има време кога плачеш, има време кога се смееш, исто како што има врнежливи денови, и денови кога грее сонце... Сето тоа е наше, сето тоа сме ние!
     
    На tweety26, Moira, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  19. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    СДК!!!Денес на форумов цел ден гледам и читам расправии во секоја тема некој препокување до степен да речам што е со форумов? Пред да се зачленам не беше вака мирно ке прочиташ и видиш што се случува.. а сега особено денес.. :o Јас не сакам и не се мешам во ниеден конфликт само сакам да бидам во позитивни мисли.. :worried:
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.983
    Секоја недела иста приказна. :devil:

    Викам дека ќе станам порано, кај 10, па ќе си појадувам овошје, ќе си пијам кафе на раат. Па да раскренам како човек, ќе учам квалитетно 4-5 часа, ќе напишам секакви домашни за наредната недела, ќе се избањам на раат, ќе гледам филм... Па ручече, па на гости ќе си поседам. Таман после, ќе се спакувам, и ќе си легнам пред полноќ, за утре да станам свежа како кокиче во 6 и 15. :wasntme:

    АМА НЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! ]:)

    Си легнав време-невреме, 4 минеше јас уште не спиев, гледав девојчиња-убијци на Е! (квалитетно потрошено време |( ), сабајле како најголем дибек се издигнав во 13 и 37, набутав едно лепче со маслинки и труууп на ручек. Ајде пак да се јаде, а зошто не ти се јаде? Можда ради тоа што уште мижев не ми се јадеше. Земав и книги, не викам не, ама поголем дел од времето си фантазирав за глупости, си чкрткав, се занимавав со фејсбук. Ај, си викам, ќе се вратиш, ќе допишеш, ќе се избањаш... Ахам, да. Значи не. Џабеам веќе добри 2 саата, 10 страни ги сумирам во една поголем дел од тие 2 саата, а досега планирав да бидам бањата и спакувана.

    Опремена сум со јадење до крајот на светот, сите околу мене мислат дека седам гладна во Скопје, како тоа, јадење таму нема. :D Утре пак иста приказна, и наредната недела пак иста, и таа по неа повторно иста...

    Па Нова година ќе дојде! :D

    Решив нешто - има да си го фатам.
    Момакот. Фин е. :D
    Си давам рок до НГ. ]:)
     
    На tweety26, sweet-cherry, imelda и 29 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.