Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Во некои тивки денови како оваа недела, а и како што секоја вообичаено е,имам обичај да си размислувам на некои теми од минатото, посебно ако се поттикнати со сон,како тој вечерва.
    Сон,кој ќе те натера да речеш фала Богу што некои работи завршиле.

    Седам и анализирам,јас порано бев посериозна од сега,како растам така се повеќе го будам детето во себе, а можеби и е влијание од тие околу мене, не сум сменета само јас,и околината е.
    Порано не би зела во предвид да купам нов компјутер само за да можам да играм игри,на крај памет не ми паѓало дека на 18ипол години ќе купувам џојстици и ќе будам нови страсти.
    Да бе, со каква страст станувам член на кланови,убивам зомби и вампири,подобро бегство од реалност дури и од филмови.

    А и баш сфаќам дека ниедно сетило не ме враќа во минато како сетилово за мирис. Ниту една песна,ниту некоја конкретна особа,ниту некое јадење нема да ме врати во минато, како некој парфем, или па едноставно оној карактеристичен мирис на сув воздух поради печење на сонцето во доцна пролет,пред зграда. Слегувам вчера,и како што поминував скала по скала до толку се навратив што се чувствував ко да го слушам сопствениот глас и гласот на моиве маалски другари,само многу,многу порано...

    puer aeternus.
     
    На Divinebutterfly, Hopeful, Saya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    СДК Бев во Џамбо и изнакупив,изнакупив новогодишни работи многу!!На дечко ми има да му го накитам станот,цел новогодишен :rofl:
    Аххх го обожавам овој период од годината :inlove:
    Па и со шминки си се подновив,колку е само добар тушот од есенс :x ај ем спичлес,многу ми се допаѓа :)
    А,да и конечно го мириснав толку фалениот парфем Еуфорија(во сребреното шише) и ИЧ не ми се допаѓа,ама ИЧ..незнам што е толку посебно во овој парфем..
    И морам да ви кажам дека конечнооо јадев во Мекдоналдс хамбургерче :D нема да ставам сега некое време во што ви се јаде,само хамбургери.

    И така се си раскажав јас,сега ми останува само да ви посакам убава недела и ви испраќам многу многу позитивна енергија :*
     
    На Divinebutterfly, LilBaby, Hopeful и 4 други им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам нешто да кажувам ама не знам што...
    Вчера толку беспотребни нервози, денес смиреност... Што ти прави секс еее :D
    Ја сум си идиотче... Еее како знам да си ги уништам сама на себе убавите моменти...
    И пак немам целосна смиреност... Идиотче сум си, тоа ти е... :)
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Jaс,тој,тие,сонцето и градот. Љубов,излет,перверзии. Убаво е да СИ во денови како овие...ах.

    Ах!
     
    На ines.h, sesilija, Go-Girl и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Sunday..
    ова е ретко се случува,ама ете денес можам да кажам дека ја сакам неделата.
    Убаво ми.
    Таков ми е воздухот,исполнет со љубовни,семејни,празнични воздишки.
    Бабичка ќе ни дојде на гости.. ^_^
    ах,сосем мали делчиња можат да ме направат среќна,уште пред да е сложена целата слагалица!
    Во раката киткет..white chocolate,срцево топлно,полно со страст.
    :f:
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    СДК дека кога МОРА да се учи мене ми се интересни работите што ич не ги сакам..на пример, чистење, готвење, перење... па и пеглање... :D
    Само да не се учи. :geek:
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Мислам дека се заљубив . Охх неее !
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Прочитав статија дека таканаречените скопјанишча за ништо не би отишле во Охрид на кафе и чист воздух овој викенд... И порадо би отишле до Солун... е аку де, слободно. Гарантирам дека сите оние кои си имаат станчиња ќе си дојдат и ќе си уживаат и нема да се замараат со секакви кометари. Затоа што знам доста луѓе кои си го љубат Охрид и поинаку го гледаат од оние „надуените“.
    А воздухов шо е за нигде - е! Па до веро не сакам да отидам, а на 5 минути ми е.
    Блах. Ќе си седнам и домашна ќе си пишувам.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Чоколада бре !!! Сакам Чоколада и тоа во енормни колиЧини . Ах таа линија што морам да ја одржувам ;( И после лесно ни било нам џенцките, епа не ни е ! Срекна сум кога јадам Чоколадо , посебно Нутела намаЧкана на лебЧе ... мх мх мх или некоја бела Чоколада со полнеж внатре..
    Проблем е ако каснам денес , утре пак ке сакам , и задутре и после задутре кога ооооп се каЧуваш на вага и гледаш 3 кг +. Епа нека ти е Честито !
    Туку, да одам јас по медот а ?? :?:
     
  10. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Фала богу уште еден неделен ден помина навистина мразам недели :envy: .Од сосема оправдани причини ве уверувам ах бај д веј денес добив унапредување во асистент за чистење пајажини од чистач на прашина.А и додека татко ми како балерина елегантно расшетување со правосмукалката вика Батерфлај гледаш некаде пајажини? :^) и јас како мајмун се пресегав на зидот да покажувам каде има...И стандард како и секоја недела госп.Татко мрчи не сака да чисти,и таман помисли патот под нозе да го фати демек да го шета кучето госпожата го претекна и мора да чисти ]:).Ееее и ќе заборавев од која архива ли ги вадат оние старите српски партизански филмови?инаку омилени на госп.Татко Мирко и славко,битките на сите реки и ред други...
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СДК дека многу,многу сум изнериврана деновиве од facebook-он,добро бе луѓе ќе го направаат ли некогаш тоа чудо така наречено chat очигледно дека НЕ! :@ :@ :@
     
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Си научив важна лекција и ветувам дека од сега ќе размислувам малку повеќе околу тоа:
    Брза кучка слепи кучиња раѓа... ама бавна кучка може и ич да не роди :|
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.729
    Во недела сите сме дома собрани , никој не е на школо , на работа. Обично скара правиме ама сега имав желба да јадам ориз со пилешко. Да ви кажам сама го печев пилешкото и му ги ставив сите можни сосови што ги најдов дома . Еее затоа после сестра ми ме прашуваше што имам ставено внатре ама не и кажав , за да и биде уште послатко наредниот пат кога ќе го правам . И реков дека тоа е мала тајна на големите мајстори . :wasntme:
    Дома паднаа ептен семејни муабети :lol:
    Си седиме со сестра ми и мајка ми и нешто падна муабет за свадби .
    И мајка ми вели : ee кога ќе ве мажиме вас на свекрвата мамо ќе и викате ..
    Колку што нема !! ]:)
    И имаше некоја сенка во гласот , како со придушен глас го кажа тоа .. Јас искрено никогаш на свекрвата нема мамо да и речам ..за мене мајка ми е една и единствена , се знае која ми е мајка .. А свекрвата ако се вика Елица ќе ја викам Ели ... Весела ако се вика Весе , Веселче :lol: Епа сеа тоа е...
     
    На crazylady, Divinebutterfly и LilBaby им се допаѓа ова.
  14. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    СДК,дека пред малку си станав јас и дека сум прилично полумртва..Немам нозе,немам енергија,немам апетит,а и ушињава од вчера ми свират па! :drunk: :drunk:

    Причина : Таксират :rock:

    Buraka Som Sistema!
    Која енергија,позитивност ја имаа само :o Се отворив како праска на нив :rofl:
    Највеќе ќејф ми направија од сите дефинитвно,и ClawfingerKaiser Chiefs :up:
     
    На Phyramide, Towelie и k.i.m им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Китот Дембеловска свечено објавува дека немаше да го преживее денов ако немаше чоколадо на светов! :wasntme:

    Ми се разубаве денот, вечерта, си ставив розови очила и си седам со една блажена насмевка. Заборавив кое задоволство ти го пружа чоколадото, мислам неспоредливо со сите мандарини и портокали на планетава. Уште да ми пораснеа крилја и да си леткав мирољубиво над собава. Па да прелетав преку магли, смогови, чадови, пуревници и да си летнев на крајот од виножитото. Таму со отворена уста ќе чекав уште гомна од носорог, овај, чоколадо. И ќе се напраев тапан, да пукнеш, да си пукнам од чоколадо. :D

    Сега малку ми се тресат раците, мислам дека имам шугар раш, ама нема врска. :D
    Овој ПМС е најтрагичен досега, одамна не сум збеснала вака.
    Јас си знам како ми е, кои мисли ми прошетаа низ главава не сте свесни. :rofl:

    ААААААЈДЕ поздравче. :wasntme:

    ЕДИИИИТ - Ми текна нов потпис.
    Ху, ху. Кога животот ти дава лимони, замени ги со чоколадо! ХААА! :D
     
    На Divinebutterfly, ines.h, KrystalTears и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Сакам да кажам дека тек сеа уствари дознавам како и е на баба ми. Ме боли кичмата,ме болат плешките,рамењата,батаците,вратот,а од колената надолу се осеќам ко да ме брцале со нож. Али вредеше дефинитивно. Buraka Som Sistema имаа најдобар настап на целиот Таксират,и жално беше тоа што голем дел од публиката беше уморна и не можеше да ги испочитува толку колку што заслужија. На Клофингер се исшуткав за цел живот мислам, И Кејзер Чифс колку и да не ги сакам како бенд и да не ја сакам нивната музика,мора да се спомене дека имаа еден од најдобрите настапи.
    Али сепак...
    http://www.youtube.com/watch?v=iA27iyCKmZE
    P.S.Заборавив да додадам,пејачката од Buraka имаше еден од најдобрите задници што ги имам видено! Енд ши ноус хау ту јуз ит!
     
    На anneyy, Beauchamp и k.i.m им се допаѓа ова.
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Eте ми го објаснувањето на внатрешниот немир, ете ми ги нејасните нервози... Ете ми го стравот.
    Се` се уништи.
    А баш вчера си реков интуицијата ме излажа...
    Се излажав самата.
    Не ми се верува како го осетив ова.

    Дојде тоа што највеќе се плашев.
    Овојпат не се борам.
    Овојпат оставам на судбината.
    Со солзи го пишувам постов... Сите нервози вчера мислев беа залудни, не биле... Осетив нешто вакво...
    Дека се ќе се сруши....
    Се сруши до пола...
    Ама немам сила, пак да го градам ... Оставам на него...
    Јас 100 пати го изградив, 100 пати се сруши... сега нека проба тој, ако смета дека вреди...
    Јас се откажав...

    После 3 години, еве, јавно се откажувам...
    Оставам на него, на судбината...
    Јас веам бело знаменце...

    :(
     
  18. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    Сдк дека денес ми е слава, Св.Богородица Пречиста, па да не заборавам барем виртуелно да ве почастам :) Нека им е среќна славата на сите кои ја слават и нека ни е за многу години :)

    Повелелееее:



    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На la-chicka, Hiii, Lady-Cha и 17 други им се допаѓа ова.
  19. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека едвај чекам да дојде Нова Година. Убаво украсен град, попладне а надвор темно, само украсите и уличните ламби свeтат, студот штипе за нос, воздухот ми е некако посебен, а јас и дечко ми шетаме по патеката држејќи се за раце. Го сакам тој период.
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      7,1 KB
      Прегледи:
      234
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Пред се, да ви се пофалааам. :rofl:
    После неполн месец, мобилниот пак ми е на поправка. :rofl:
    Ај, и онака до 22 има гаранција, да искористам максимално ситуација. И сега, пак си немам мобилен.
    Ама битно, си земав бројче на сестра ми од вип, што не го користи, и ај викам, ќе одам да си купам картичка, и да си зборам бесплатно..
    Искочив, и да ти се плукнам во уличните сијалици што не ги уклучуваат. |( Се посрав додека стигнав, и за на крај, ми рекоа дека немало, суперишка. Битно си го видов реинџ роверот. :inlove:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.