[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк во текот на првата средба се трудат да ги импресионираат жените. Сепак, тие не сакаат да зборувате само за себе, туку да им дозволите сами да ве запознаат и да ги дознаат работите кои ве интересираат. Затоа, одржувајте двонасочна комуникација и притоа гледајте ја во очи
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Не сакам постојано да се жалам и да кукам, обично и таквите луѓе не се многу посакувани... ама ете што да правам таква е ситуацијата... Како да не се жалам и да не се секирам, понекогаш ми доаѓа да земам душата да си ја откорнам... Ми зборува другарка ми вака ќе правиме за Нова Година, ваму ќе одиме, таму ќе одиме... Чекај малце јас главата не знам каде ми е... Не можам ни да се опуштам како што треба... само стрес и нервоза, не знам до кога ќе го издржам ова...
    Позитивно нешто ми е само дома. Дома, дома, дома... и тој што ми шири позитивна енергија и спокој. Среќно се чувствувам само кога сум дома, мислам дека само тогаш се смеам :) . Што ќе биде понатаму никој не знае... ми викаат не се откажувај има време за се... ама јас немам време и трпение веќе. Една од желбите ми се оствари ама таа воопшто не е поврзана со овај проблем што го имам. Ако ми се оствари и другата дефинитивно напуштам се и си одам да го работам тоа што сакам.
    Не сакав да ве наполнам со негативна енергија, по читањето на овај краток текст... само морам некаде да си кажам што ми лежи на душата. Имајте пријатен ден.
     
  3. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Убаво утро, убава глетка низ прозорец, убаво временце.
    Па добро бе луѓенца, како може да ја мразите зимата? Дождот, снегот.. ? Зарем не ве воодушевува кога ќе видите како облаците се симнале толку ниско што ни изгледа како да ги јадат ридовите пред нас.. А онаа утринска магла? Не ви изгледа некако мистично, како да сте во сон? Дождот, не ве потсеќа дека се се движи и ви чука на прозорец за да ве потсети дека сте живи, да ве извади од бунилото? Вака или така, мора да уживаме во секое време на природата, во секој момент од животот. Досадно или забавно, времето минува а наше е дали ќе мрчиме зашто надвор врне а ние баш денес сакаме да носиме фустан, влажно е времето, па косата ќе ви се растури, нема струја, па серијата ќе ви заврши, нема вода, и главната нервоза е што баш во тој момент умирате по вода... Освестете се, уживајте во моментот, уживајте во животот, каков и да е.. :)

    Имајте убав ден, убави феминки. :)
     
    На anabel-a, Sara123, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    А да не се замарате со мене,најдобронамерен совет ви давам.
    Фала и пријатно
     
    На Rubiii, Sara123, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  5. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека време е да кренам раце од се..!!
     
  6. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Cамо солзи,солзи и солзи па до кога?
    секоја солза ми е голема болка,болка на душава моја...да бев од камен ке издржев
    но не сум,јас сум само обичен човек полн со болка ;(
     
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    А така а?
    Доообро.Од сега и јас играм валкано. ;)
     
    На Emma89, Cacy и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.594
    Допаѓања:
    113.390
    Пол:
    Женски
    Јас навистина не разбирам некои Феминки, зарем ме следат да ме прекоруваат кога ќе згрешам? А кој им кажал ним дека воопшто се во право дека грешам? Значи не се закачам, никого не напаѓам ако не ме нападне прв, комуникативна сум и сакам да се дружам, сите знаете дека е така, нема некој кој ми испратил порака во ЛП а не сум вратила, не знам што ме наоѓаат како мета за закачање. Што е најстрашно, оние кои се тангирани не реагираат, никој не се пожалил, се наоѓа една та иста феминка која секогаш ме закачка. Веќе пишав, но со право беше избришан коментарот, не му беше место, требаше да и пишам во ЛП, што и ќе го направам, да не ме закача веќе, нека ги скрола моите мислења како што јас ги скролам нејзините. Чудно некое чувство да те закача некој кој воопшто не те познава, кој не знае ама ништо за тебе и на кого ништо не си му направила, се прашувам да не сум и згрешила нешто па сега да ме напаѓа вака, ама знам дека овде никому не сум згрешила, и да сум го направила тоа, не било намерно, сум се извинила. Не е дека сега нешто се припотресувам, се нервирам и слично, едноставно не ми е удобно некој да ме спомнува во лош контекст, кога нема причина се разбира, а фактот дека и нејзиното мислење не беше на место е докажан со тоа што и тоа е избришано. Поради неа и поради некои налик неа не коментирам во одредени теми, и ај ќе речеш не ми е сеуште место таму иако има работи кои ги разбира и ги знам па можам да помогнам, но налет, не мора ме има секаде нели :)
     
    На creshicka, anuskaNESTLE, anggell и 5 други им се допаѓа ова.
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Свет преполн со мрчатори и копилиња.
    Не се разбираат од збор ,мора постојано да им се повторува и на крај пак ќе останеш несфатен.
    Што ли народ ќе беше ова ??!?
    Мајко ,зошто ме роди овде?!?
     
    На Sara123, AngelOfArh и vitomir им се допаѓа ова.
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Секакви ги има,ако можеш игнорирарај ги таквите и недозволувај да ти го нарушат мирот и расположението,само напред со позитни луѓе дружи се.поздрав ;) :)
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Демек на други места поинаку е? Еххх... :)
    Пријателке, верувај дека и јас, и ти, и колегата над мене (и сите останати, нормално :) )сме се нашле во (многу) ситуации кога за некој друг сме биле „мрчатор и копиле,“ а воопшто не сме биле ни свесни за тоа. Не можеш да се издвоиш од толпата и да речеш дека, во стилот, ти не си таква, а тие се, но ете, се погодило тебе тоа почесто да ти паѓа на око отколку на некој друг. И од мене, и од тебе се жалеле, веруј! :lol:
     
    На MarchelineAmaru и vitomir им се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.606
    Пол:
    Женски
    Чистејки вчера најдов моја писмена работа на тема Моите желби во новиот милениум :) Тогаш сум била дете од 10 години. Што сум посакувала тогаш?

    Моите желби во новиот милениум

    Доага Нова Година. Ова не е обична Нова Година како предходните, оваа година е почеток на новиот милениум. Сите очекуваме нешто да се смени во новиот милениум.

    Најпрво сакам убаво да си поминам за Нова Година, прав пат славам со моите другарки. Среќна сум што новиуо милениум ке го дочекам со нив. Сакам и другите луѓе во светот да имаат таков убав дочек со покрив над главата со богата трпеза и со лугето кои ги сакаат. Сакам и децата од Африка да го видат снегот оваа година, да почуствуваат дел од зимската идила. Исто и за децата на Ескимите, сакам да можат да отидат на плажа летото, доста мрзнат таму на снегот. Се надевам дека што побргу ке се измисли магичното апче што ке ги лечи сите болести. Убаво би било сите дома да си имаме машина за пари и да имаме за да си купиме се. Би сакала да се измислат видови на овошје и зеленчук кои растат во секакви услови, дури и во пустина, за сите да имаат храна. Сакам да престанат сите војни во светот, а најмногу од се посакувам да се смири состојбата во Србија. Сакам да се измисли средство кое ке ги прави сите луге добри. Сакам да нема граници и религии, сите да зборуваме ист јазик.

    Најмногу успех им посакувам на научниците. Сигурна сум дека ке пронајдат начин да го направат светот поубаво место за живеење.

    Кикикирика, декември 1999

    Си мислам, што посакувам денес за нова додина?? Повеке здравје. пари, успех и љубов ама само за мене не за другите. Колку годините го расипуваат човекот. Пред 12 години единствена желба лично што сум ја посакала за мене била да си поминам убаво со другарките за нова година :) Денес баш ми е гајле за гладните, за Ескимите, за африканците, за војните...битно ми е мене да ми е убаво :(
     
    На Trendafilka и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Феминки јас се извинувам ,но ова не сакав да го напишам како ЛП ,па затоа го ставив во спојлер.
    Еве јас се препознав во твојот пост ,па да се пријавам :) Прво на форумов никој со никого не се закача ,но кога некој ќе напише некоја работа која апсолутно не држи вода и нема врска со реалноста ,а истата извадена од ракав, без притоа да се има искуство околу истата ,нормално е некој да реплицира. Точно е дека ние не се познаваме лично и се проценуваме меѓусебно по она што сме го напишале на форумот.И порано се потрудив да ти објаснам дека темите за трудници и деца не се играчки и дека се крајно осетливи работи ,кај кои не може да се делат совети на бафтанана ,затоа што тоа некого може да го кошта и живот или во најмала рака нарушување на здравјето.Не знам колку е нормално на трудница да и се зборува за тоа како некоја го изгубила бебето и на мајки кои ги спремаат децата за вакцини да им се раскажува за тоа како некоја така си го изгубила детето.Последното мислење кое е избришано ,а напишано од мене се однесуваше на тоа дека ти почна да делиш лични работи за друга феминка ,за тоа како случајно си и видела слика на фб.И јас фино ти напишав дека си можела истото да го напишеш во ЛП,затоа што тие работи бараат дискреција.Доколку некој сака јавно да се покаже на форумов ,тоа може да го направи и самиот.И да не биде дека само јас сум се бунела за твоите коментари,се бунеа и други трудници и мајки,но ти очигледно не си ги скролала моите мислења ,туку нивните :) Не знам дали тоа и во приватен живот го правиш,ама тука веќе неколку пати го приметувам ,а некој нешто ти пререче или те искара(така ти викаш) одма да бараш некој да те брани .Мислам дај те молам,не сме деца или пак јас не сум.И нема потреба од ЛП !!!Јас сум тип на човек кој она што го мисли јавно го кажува ;)
     
    На sesilija, slavica999, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Јасно ми е дека ги има секакви и јасно ми е дека ни јас не сум совршена ,ама барем не дозволувам никому да му го за*бам денот или уште полошо - животот.
    Ако ништо друго ,на други места културата е поинаква ,тоа ме погодува посебно.
    За останатото си во право ,но како што се изјаснив ,никогаш не сум си дозволила свесно да му наштетам на некого ,тоа можам со сигурност да го потврдам.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Moretti

    Moretti Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.051
    дека многу ми е досадно без дечко :D
     
  16. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Ќе врнело снег. Аха да, сигурно.
    Можеби на планина горе, па темепературава е издржлива, до вчера уште со кожна јакна се мавав ваму-таму. |(

    Сабајле кога станав помислев дека е вторник/среда. Сеедно, секој ден ми е ист, било да е петок или недела или понеделник. Реков ќе мавнам некое кафе денес па сакало истурало, сакало врнело снег, сеедно. И да врне и да вее кафето не чека :D јас да си се облечам и стокмам и да си прошетам по дождливово време. Сум споменала неколку пати-го сакам дождот, ги чисти сите неубави работи и сите нечистотии.
    Го обожавам. А уште па снег да е-скокам од радост.

    На овој свет само вакво време е спасот, изолација од страшните температурни разлики на лето и зима, време кога можеш да си излезеш и да речеш: Ej, па не е толку ладно, таман си е ;)

    Ме чека љубовче, одам и јас, имајте си пријатно понеделничко попладне. :) :)
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    17.814
    Пол:
    Женски
    OMG надвор врне а јас сум во сукња и без чадор. Среќа чизми обув па ќе шибам по вирчиња.
    Е така коа се правам госпожа, си мислам дека ако маж ми ме носи насабајле до автобуска, дека ќе ми доаѓа и да ме земе :lol: (не ми е до смеење)
    Се надевам дека дождот ќе престане до 15.00 или евентуално ќе премине во снег, со него можам полесно да се справам, или ќе ми крцка под нозе или ќе го осетам под г`з.
     
    На Saya и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  18. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.783
    Допаѓања:
    17.794
    Ах, тој италијански јазик.
    Во последно време на нејзин час ме фаќат страшни напади на нервоза, почнам да се удишувам, да се потак, да губам воздух. И од што? Се од таа наставничка (читај - од тоа ѓубре). Нели наставник како наставник треба да ја објасни последната лекција што не е јасна, она не - еве да направете наставно ливче од домашното. Добро ма жено, ја затоа не ни напишв домашно, оти незнаев што се траже.
    Ама, на човек ќе му се објасни, на животно не.
    Вечер на родителска ќе тражам директорката да обезбеди апчиња за пред нејзин час.

    [​IMG]
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    Како бе така немало да врне снег,знаете,јас многу сум видовита,сонував дека врнела,значи ќе врне.
    Ако заврне да ме частите :geek:
     
    На MarchelineAmaru, Emma89 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  20. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.558
    Иста судбина делиме, јас фустан опнав за на работа, а чадор ни за лек. Плус јас повеќе сум нае*ала, во 2 завршувам а ова абер нема од престанување. :sweat:

    Во другите вести: утре ќе биде обавен шопинг од епски пропорции. :!:
     
    На LilBaby и Abeja им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.