[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Значи покрај ваквиот тапа период у кој сум заглавена, една вест од еден мој другар ме направи пресреќна.
    И нема везе што сме на иста возраст, и нема везе ништо бре ама се радувам за него :) И знам дека е среќен , знам дека добил тоа што го бара, има сега вистинска љубов и среќа до него, која најверојатно ке си ја крунисаат 8)
    Сонциња бре :*

    Штета далеку сме иначе би го изнагушкала ко никој и ништо до сега [​IMG]

    [​IMG]

    И СД(му)К на другар ми
    Дека ми е многу мило што те имам во мојот живот. И фала ти за сите совети и непреспиени окапени ноќи на нет ради мене :)
    Безрезервна среќа ти посакувам :*
    [​IMG]
     
  2. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Од секогаш ми викале другарките дека сум песимист, но јас баш и не гледам така на тоа, едноставно не се радувам за нешто пред време, се додека не видам црно на бело и додека не бидам сигурна дека сум успеала јас не сакам да кажам дека ќе го биде... е денес пак си го докажав моето! За разлика од претходно, овој пат бев радосна и скоро уверена дека е успешно, но не искочи така.
    "Ајде, наредниот пат ќе го биде, не се нервираj чувај си здравје" - така ме советуваа татко ми и мајка ми, ама лесно е да се каже, психата убива!
    Таков ми е денот, такво ми е расположението - како времево надвор.
     
  3. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    На моменти помислувам дека не постои човек што се радува повеќе на снег од мене. :D
    Од тмурно расположение, моето скокна на максимално среќно и задоволно!
    Првите мали снегулки ми го разубавуваат моментов. :dance:
     
  4. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Машко превкусно кафе и кутија со крем банани..
    Па љуѓенца бре.. Нели имам најдобар татко?
    Е вака кога ќе ми започне денот, цел ден потоа сум размазена прдла.. :$
    Сега ќе направам некое мрсно ручече, нека мрси мустаќ татко ми.. Заслужил!
    Жени, имајте убав почеток на работната недела!
     
    На kravce, anabel-a и Sara123 им се допаѓа ова.
  5. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ... дека поставувам нови рекорди. Успеав да отргнам маж од себеси за месец дена.

    Ќе си изградам споменик, у пичку матер..


    :x
     
    На cinderella5, thelittle17, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... снег и пол си паѓа ... има да исчисти се, па и трули души.
     
    На Hipster, anuskaNESTLE, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  7. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ете баш така, денес станав и уште лежејки во кревет се уклучив на фб и некој дебил напишал конечно и кај нас снег!! И јас таква скокам од радост и кога гледам од Снег нема ни С...

    December be nice |(
     

    Прикачени фајлови:

    На Glossy-girl и Sara123 им се допаѓа ова.
  8. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Кога би била актерка во филм, режиран по случките од мојот живот, совршено би ја одиграла мојата улога и без некои потешкотии ќе сфатите за каков жанр на филм се работи, но во едно сум сигурна.

    Сигурна сум дека, нема никој во целост да се пронајде во моето сценарио и уште повеќе сум убедена дека ќе ве трогне неговата приказна.

    Но нема да должам.
    Ќе се надевам дека еден ден мојот сон да станам актерка нема да исчезне. :)

    Побитното што сакав да го кажам , е дека денес, за првпат уживам во глетката ,
    Романтичен, врнежлив ден.
    Со турско кафе седам пред компјутер,колачи топли (мајками се потрудила денес,да ја пофалам) ,мачето во скут,рок балади на плејлиста и велам романтично.
    Секако фали некој на сликава, ама нема да се жалам.
    Убаво ми е. :!: :rain:
     
    На kravce и Sara123 им се допаѓа ова.
  9. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    јас никаде не гледам снег :roll: само :rain: и ич не се радувам. ем сум без чадор, ем имам 10 мин одење до автобуска, па уште 5 мин одење од автобуска до дома. како не заборавив некој чадор на работа минатата недела?!?!
     
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Сдк,

    Никој човек не стапува во брак од чиста, вистинска љубов. Арно кажале старите дека љубовта се раѓа подоцна, во бракот. Тогаш се расне, негува... А претходно тоа било само една минлива заљубеност.
    Прашањето е:
    - Зошто денес има толку разводи?
    Одговорот е јасен.
    Бракот трае само неколку години, зашто заљубеноста исчезнува. Она што взаемно ги привлекувало личностите заминало и останало во минатото. Сега се станува монотонија. Го нема оној сјај што бил на почеток. Погледот бара нешто друго. Гледа сјај во друга личност, занемарувајќи ја онаа која ја има покрај себе. Заминува во туѓи прегратки, само да ја надополни празнината во себе, зашто очигледно нема љубов.
    А ако постоела таа, секој недостаток би се занемарил. Човек би живеел само за него/неа и би се жртвувал до бесконечност. И да има недостатоци, тој би ги прикрил, би станал посветен не на себе, туку на него/неа, само да помогне. Нема да има свое јас, туку првенствено ќе се жртвува за своето друго, јас.
    А тоа е плод само на љубовта, но не и на заљубеноста. Зашто едната е исполнета со бескрајна самопжртвуваност, а другата со егоизам со маска на љубов. А тоа на почеток нажалост го нема.

    Сдк,

    Од не знам, подобро немало :!: .
     
    На Micheleljubov, stylishh, marama и 10 други им се допаѓа ова.
  11. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Надвор е само за внатре.
    Дојдов од факултет и еве два саати слободно време и повторно на посао, јбг втора смена. Туку си најдов бонбони, мислам опаковката од нив - Бони Топ бомбони.

    И ми се сврте еден слоган кога пушев цигара на тераса - долу истурени на сивиот плочник. Цело детство си го зацементирал некаде во сивата маса. Ослободи го.

    Ама не можеш пошо мораш да идеш на работа.
    Затоа ќе си купам и ќе го отцементирам со јадење на нив.

    [​IMG]
     
    На tweety26, Shelea и Sara123 им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Мутаво будење.
    Дожд и лисје, па дожд и снег, па телефонот вришти, па татко ми тропа низ кујна, лош сон, главоболка, мешоболка, и сето тоа да кулминира во цмок, цмок со ќебињата и потонат сон уште еднаш.
    Џезов веќе го јадам за појадок. Со пржени лепчиња, јогурт, лизга. Денес планирав да одам на кафе со другарка, ама некако не ми се излегува од дома. Топлинки, џемперот со маче, чајче и скајпање. На тоа ми е сведен животов деновиве. Море, периодов. И така и ќе биде.
    Некако, себично сакам да си го зачувам срцево мирно, зошто знам дека кога се расплинувам со искреност и отвореност, на крај останувам збунета и извадена од такт. Но, добро. Се случува.
    Баш си размислувам, покрај сиот оној хејт и фрустрации кои ги читам секојдневно, дали тие луѓе, навистина се такви. Дали имаат издувен вентил кога нешто им е лошо, читаат ли, воопшто што пишуваат, што кажуваат? Дали јас сум станала наивец, па верувам во доброто, зошто се лепи на ДНК и утре и моите деца треба да бидат мирољубиви, чесни, да прават добро, да бидат мудри и да не голтаат сечии приказни? Се прашувам постојано, и не давам одговор, оставам самите релации да просудат. Со многу луѓе што отворено ми рекле дека не ме поднесуваат, сме се договориле - не си пречиме. Различни сме, тоа е тоа. Некои, по мирен пат се дистанцираат. Но, некои едноставно постојано сакаат да офкаат и да се докажуваат. Со нив не знам како да излезам на крај.
    Во ред е да не се сакаме, можеме само да се почитуваме. Ова особено се одразува кога работиш во тим и со повеќе луѓе. Не може и не е нормално секој со секого да се сака, тоа е веќе лицемерие и се претвора во полтронизам поради некои задни цели. Кога во колективот се чувствува негативна енергија, нема полоша атомсфера од таа. Ама и не само таму. Генерално, емпатијата исчезнува, алтруизмот се брои на пола прст, сите се гневни а не знаат за што и кому, сакаат да претрчуваат преку туѓи грбови, се лигават... И на крајот. Добиваат. Да, добиваат она што го сакаат, зошто светот, и животот, едноставно е таков. Ќе си речам - бадијала мислам, тоа е така отсекогаш. Само што јас сега осознавам, па веројатно ми е по ок наместо да бидам хејтер и циник, да бидам демоде. Ко ламбада или 501 фармерка. Од друг свет, свој свет, што би рекол Гаврило. Така знам и умеам, па тешко ми паѓа кога го гледам ова погоре опишаново. Не сум светица, нити ќе бидам, ама некои работи не можам да ги разберам, зошто мене ме воспитувале во Монти Пајтоновска хумореска - Always look on the bright side of life! Со свиркање, богами и со папуча и тиква. И којзнае дали и зошто е тоа добро.

    Се раздумав многу, зошто зборев и со мачорот. За бебиња. За нас, за презимето. За тоа дали би го зела неговото. Како ќе живееме. Топли муабети, за мене далечни а блиски. Се топиме во Нас, во заедништвото без да има некои претензии. Едноставно, ако биде, да биде добро.
    И си прераскажуваме живот. Тој неговиот таму, а јас мојот овде. Се спојуваме некаде, и топло е. Морам, морам да издржам со сиве овие вијуги што се истураат ко бони топ бомбони по улици. Да бидам силна за Нас, за она што допрва не’ очекува.
    Животов е ужасно краток, па затоа сакам да сакам.
    И да направам нешто добро. Не мора да е грандиозно.
    Можеби со пишувањево ќе успеам.

    ПС: На феминката горе да и кажам, слоганот е мој статус на ФБ и на Твитер :)

    Гушкам!
     
    На tweety26, Peppermint, AIT и 4 други им се допаѓа ова.
  13. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Сакам да кажам, дека конечно планината се облече во белиот фустан..Исто како и невестата која е најубава без разлика на некој мал недостаток сепак е најубава...

    Да она што сакам да ви кажам зимата пристигна во моето местенце, надвор паѓа ли паѓа снег и да ви кажам право како мало дете се радувам, пресреќна сум.

    Ова е нешто што од секогаш сум го сакала...Топла соба во која е сместен каминот низ кој се гледа пламенот од дрвата што се горат, а јас просто застаната со носенцево низ пенџерето со чајче во рака и и се радувам на секоја падната снегулка :)

    Бидете ми поздравени и имајте прекрасен ден!
     
    На tweety26, Annie.mk1, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека не мораше Марфи неделава да ме чепка. А тој, уште понеделнички, рано сабајле, да не случајно сум го заборавила. Носи се, Марфи! Болна сум од завчера, грло ме боли, дури ни цигара немам запалено. А каков страстен пушач сум, дури не си верувам самата на себе. Ама кога не оди, не оди. Ајде си викам, понеделник сабајле ќе одам на лекар, ќе земам боледување и нема да одам на работа, додека не се оправам. Влегувам точно во 10 и 2 минути и гледам шалтерот затворен, а на него со огромни букви пишува: ПАУЗА 10.00-10.30. Браво, си викам, како можев да бидам вака точна. Ајде, ев со другарка ми М. па побрзо помина. Кога веќе помина паузата, не можеа да ми го најдат здравствениот картон, па си чекав уште пола саат, а луѓе влегуваат, излегуваат, си завршуваат работа. Ајде после саат ипол успеав да влезам кај докторката, ми препиша терапија и ми отвори боледување. Си тргнав за назад. Ајде си викам да заштедам некој денар (и онака не знам колку ќе ме фатат лекарствата), ќе си одам пешки. И Марфи страјкс аген и почнува да врне, а јас без чадор. Кај болна, па и ме накисна колку што треба и колку што не треба....

    Битно е дека сум среќна. Една недела имам одмор од работа. Нема да ја гледам искомплексираната ми шефица што врши мобинг во секоја прилика која ќе ја добие. Ќе си спремам одбраната на дипломската на раат, со чајче, на топло, со мачето стутулено в скут...

    Само една мислам ми се врти во главава цел викенд: Здравиот човек има милион желби, а болниот само една. Колку ли само вистина има во ова.


    Ви посакувам пријатна работна недела. Не дозволувајте сивилово надвор да ви влезе дома. Насмевнете се, празници се ближат.
    И за крај еве ви една прекрасна песна од една прекрасна Македонка:
    http://www.youtube.com/watch?v=Ks_OZotmQqw&feature=player_embedded



    Оувр енд аут. :* :* :* :* :*
     
    На Emma89, Noemi, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Кога јас и сестра ми бевме помали, целиот зимски распуст го поминувавме на планина во викендичката. Правевме џиновски снешковци, а во дворот имавме направено огромна лизгалка, па по цел ден се лизгавме со санки и најлони. Кога ќе се изморевме, влегувавме во викендичката за да се стоплиме, а таму баба ми веќе не чекаше со испечени костени и чај. Многу често ни месеше баница, па како што бевме гладни, без проблем ја јадевме цела тепсија.

    Една зима кога имав десетина години, не завеа силен снег. Толку беше висок снегот, што не можевме да си ги најдеме колите во дворот. Сè беше затрупано. Се сеќавам дека мене снегот ми беше до врат, па си играв во двор и замислував дека сум во базен :lol: Уште ги чувам сликите од таа зима.
    Тогаш немаше мобилни телефони, и не знам како, ама некако успеавме да сигнализираме дека има завеани луѓе на планината. За среќа имавме доволно храна, бидејќи како што вели татко ми - на планина секогаш се носи повеќе храна. Никогаш не се знае што може да се случи.
    Распустот заврши, часовите почнаа, а јас и сестра ми си седевме на планина. По неколку дена дојдоа булдужери и успеаа да го расчистат патот за да можеме да си одиме дома.

    Е тоа беше доживување! Тоа беше снег!
    А ова снегче што тук-таму се провејува низ градов, не е ништо во споредба со тоа.
     
    На Mishela, tweety26, Crixus и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Среќен нека и е роденденот на мојата најдобра другарка од детството. Воедно и комшика.

    Нема да ти посакувам да бидеш најсреќна, најзаљубена, најздрава и сè нај, затоа што е мејснтрим, а ти нели „не си“ мејнстрим. А богами ни јас.

    Епа да, пред сè опорави се и врати се на правиот пат. Веќе ми е грев да те гледам ваква каква што си. Никаква. Не личиш на старото добро, мирно девојче кое го знаев. Не личиш на мојата најдобра другарка од детството. Лажга и крадливка си станала. Отсекогаш можеби и беше.

    Ти посакувам да намалиш со дечковците, сепак денес полниш 17 години. Да, треба да си го живееш животот, ама не со алкохол, секс и дроги. Жал ми е да те гледам така пропадната. Можеби изгледаш подобро со тие тони и тони шминка на тебе кои те прават толку вештачка и грозна, но во погледот, во зборувањето и однесувањето ти се познава колку не си баш најдобро. Ти посакувам да си ги вратиш старите погледи кон светот, старото размислување. Сè ти е пореметено и пошеметено. Немаш став, немаш мислење, не ни размислуваш за животот. Ти посакувам да ти дојде памет. Ако ти дојде памет ќе имаш и здравје и среќа и сè што ти е потребно. Ти ако се решиш дека сакаш да се вратиш на вистинскиот пат, јас со огромно задоволство би ти помогнала. Ти само реши се на таков чекор.

    Стварно ми фали старото нарцисоидно девојче кое го снема со почетокот на средношколските денови. Можеби ти мене ме сакаш и ме цениш, но јас тебе веќе не. Јас ја ценам старата моја другарка, тебе не те ни познавам. Се гадам од работите кои ми ги кажуваш и од работите кои ги слушам за тебе. И не, не си најубава, не си најзгодна, најпаметна па ич муабет да не правиме. Секогаш сум била искрена, особено со тебе, па така и овој пат, сето ова ќе ти го кажам и в лице. Па ти, како сакаш.

    П.с. Да имав доволно пари би те снабдувала со кондоми за цел живот, зошто стварно не сакам на седумнаесет години да станам тетка.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Времево е само за спиење.А јас си мислам дека овде над компјутеров ќе заспијам,а таа мрза што ме фатила,не ме остава да станам... |-)

    Кога ќе си се вратам и јас наназад ,се сеќавам како му се радувавме на снегот. :wasntme:
    Како се санкавме,како се качувавме и лизгавме на снегот што беше собран до оградата од дворот ,за да се разчисти патот,како се држевме за рака со постарите за да не се лизнеме и да не паднеме,кога правевме “професионални“ снешковци...
    Ехх,времиња... ;(
     
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Мислам да престанам да мислам...и да одам да пливам во океааан :toivo:

    Ми се исполнува душата на големите радости, што малите работи им ги причинуваат на поединци кои животов вака така...не им бил најдобар пријател. И сфаќам дека сакам да сторам нешто добро, нешто поголемо, нешто неприметно за сите, а за некого сепак топло и пријателски. Ме влече сеуште оптимизмот, го гушкам секој миг во овие часови и ми е убаво и сакам да споделам макар и секунда, момент и сите онака будалесто да си се смееме :wasntme: Проблемите? Ма си стојат, ама што е битно, дозволено е да се земе здив од време на време :)

    И да, ола лаааа, врне снег раскашавен и јас исто носам фустан 8) вечер какао, низ прозор убавини...уште да не бев утре на работа :wasntme:

    И да, кажете НЕ на пиротехничките средства. Остај тоа кучката што ми се плаши, туку и каде ја гледате забавата озбилно во тоа? :x

    :wasntme:
    [​IMG]
     
    На tweety26, bittersweet, anuskaNESTLE и 18 други им се допаѓа ова.
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Животот е торнадо.Се се врти и тоа со најголема брзина....и додека да се освестиш може се да ти е уништено а ти да си доле најниско паднат...потоа можеш многу лесно да станеш..но можеш и толку тешко што ќе се измачиш додека да станеш и што ќе ти треба време... :)
     
  20. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Конечно да седнам малку да се одморам. Ама сите обврски во врска со славата ги завршив, мојата и на брат ми собите ги средив, салата направив и благо направив. Сега нека доаѓаат гости спремно е се. :)

    Не одам на факултет утре ако не станам, тешко мене ќе биде зошто не смее отсуства, ама денот има само 12 саати, нема време за се. Ете денес бев, да ме видат, без мене не им одат вежбите :D

    Другарките ми пуштаат да гледам како врне снег преку скајп. Ептен ми е жал што нема да бидат тука вечер, си седиме на скајп си квачиме сега, си се жалиме и се радуваме заедно... сакам да се тука ама тоа е што е.

    Планови и планови како да соберам финансии за концертот на Бон Џови, 50 евричиња тоа е многу и тешко се собира, а тогаш е мојот роденден и матурата на брат ми... Оф, ептен ќе ми биде тешко ако не отидам, значи ептен ептен ептен... :( Ама има време до тогаш, може ќе добијам бинго, лото, нешто слично :D

    Како и да е, денов убав, чекам последни резултати од лекар, сигурна сум дека ќе бидат добри... чекам да видам вечер каква одлука ќе донесе господинот дали ќе дојде со другите или не, од тоа дали ќе се инаети вечер и ќе седи дома или ќе дојде, зависи и мојата одлука дали ќе се смириме или не, па во негови раце е судбината на нашата врска. :)

    Ве частам сарма со кифлички и за десерт по некоја шишарка. Имајте убав ден :hai: :hug:
     
    На tweety26, bittersweet, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.