[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Одамна не можам да најдам соодветен одговор на прашањето, зошто луѓето уживаат да се мешкаат во туѓи животи и да си играат судии.
    Важам за особа која ја затвара вратата пред длабочината на сопствениот живот т.е. скржавица кон искажување на сопствени идни планови, цели и моментални одвивања на активности од животно значење и сл.
    Па и не е ни чудно кога многу пати отварањето и дури и пред најблиските (или пред оние што сум ги сметала за такви, а не биле) и очекувањето на поддршка ме пеплосало.
    Ако не успееш (а повеќето навиваат за тоа и намерно одмагаат) обавезно си тема на оговарање и на тапет за исмејување, лажно сожалување и случај кој има потреба да добие туѓо квази паметување од страна на "совршените".
    Одамна гледам како другите си молчат и си ги тераат работите зад затворени завеси.
    АМА сепак мнооогу ги интересира што прават другите!
    Откако решив да бидам и јас како нив ме сметаат за непожелна и величествена(!?!)...
    Имам аверзија кога ќе слушнам дека моето име се спомнува и за лошо и за добро.
    Небитно, барем мене ми е полесно така, кога веќе нема луѓе во кои можам да најдам доверба, искреност и едноставна љубов.
     
    На tweety26, NoellePage, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Boomgirl

    Boomgirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    25
    Мххм ... :)
     

    Прикачени фајлови:

    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Moretti

    Moretti Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.051
    Снегггггггггггггггггг виииииииииииииии :D :D :D
     
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.410
    Пол:
    Женски
    Некако се заљубив во студенилово на прв поглед денеска.....
    Го преспав цел дожд... Се разбудив кога почна да дува ветар... го осетив дури и под ќебето... И некако ми се допадна...
    Ги отворив очите... и гледам сите планини околу забелени...
    А Скопје доле, сурово и студено... Со ветар што во коски влегува... И се задржува...
    Конечно сме на иста бранова должина со времето... Студени и сурови...
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Денес на овој убав ден, велам убав бидејќи сакам дожд, не ми се прави ама баш ништо. Сакам само да седам дома, со последнава кесичка чај од хибискус која си ја подготвив во омилената чаша со дедо мраз, да гледам серии, додека ги слушам капките дожд како ми чукаат на прозорот и да ми помине денов. Понеделник е де, по дифолт треба бавно да минува и сите масовно да го мразиме. :wasntme:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    СДК значи колку се нервирам ко ќе прочитам како некои малтретирале животни, од такт се вадам :@ Ми иде тие што ги малтретирале на клада да ги запалам, па да видат како е, оти затвор малку им е.
    Арно рекоа тука некои феминки, си патиме од главата, ништо друго.Се додека луѓето не се свестат што прават, ќе биде така како што е сега, после нека се жалат немало луѓе, епа нема ни да има.После во светов, ќе зборуваат како тоа немало Бог, крај на свет, па незнам што, научна фантастика.А замислете, истите тие луѓе, своето, најблиското го сакаат, бидејки знаат дека е кревко, а што туѓото не е? Или другото се е од камен направено? Самите очи си вадат, едни со други, тркајки се кој е подобар, ете затоа би имало крај на свет, доколку сакаат да знаат.Како не разбираат, за кавга се потребни двајца, како може човек сам да се кара? Не е само за кавга, туку за вакви работи исто.Катастрофа и после да ти светот отишол напред, аха да, ако се лажат самите себе.А и не за друго, некои слични на нив, се фалат со своите факултетски титули, со својата начитаност :x а од друга страна шуткаат животни каде стасаат, а за луѓе да не зборам, душа им вадат на други, а па да не зборам за нивно однесување.Некои битни суштинки работи не се учат на факултет, а истиот им е џабе, кога тие не ја разбрале суштината на книгите, не е само да се знае што содржина има една книга, туку колку што која била поентата на тоа што сакал авторот да каже, па макар и да бил измислени ликовите во една книга.И ако тоа не знаат, се им пропаѓа во вода, а нити се човечни. Дали имам право да зборам? Да и тоа со тапија!
    Ма, џабе е се, ако човек е празен во душата.
     
    На kravce, tweety26, Nymeria и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Од ноќеска снег ќе има,не се секирајте,ќе дојди...

    Јас вчера кај баба ми на село го видов првиот,партали фрчеа :D Ама селцето е на повисоко. А од вечер,гарант ќе стигни и кај нас.

    Јас арна сум,се тегачам,главата ме боли,мисли на сите страни и арно шо си сум дома и можам барем периодов да си уживкам.Заслужено :D Немам ништо посебно да кажам,само ќе ви посакам да имате убав ден :) :hug:
     
    На kravce, tweety26, Adi888 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е ова може само мене да ми се случи :x
    си одиш најнормално по улица и оп на земја паднат паричник со документи со се
    и си викаш добро сега што да правам-каде да го носам-згора на се и картичка внатре
    во полиција во банка-ни ја знам ни ја познавам девојкава
    и одеднаш едно ливче гледаш со нејзина адреса-поточно каде живее и си велиш е фала ти Господе за знаков многу ми помогна-ама барем да знаев нејзин број да и се јавам и да и кажам да не се грижи :worried:-можам да замислам како и е кога и текнало дека картичката и е изгубена :doh:
     
    На tweety26 и creshicka им се допаѓа ова.
  9. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Ви реков јас дека Декември ми е среќен месец, нели ви реков?
    Не, јас сум стварно озбилна. Не знам дали е заради позитивното расположение бидејќи одма се расположувам кога ќе дојде Декември или стварно ми носи среќа, којзнае. Ноември ми беше ептен гаден, деновите кој од лош полош, мислам дури се натпреваруваа кој ден ќе биде полош од другиот. Многу лоши работи ми донесе Ноември, па ваљда Декември подобар ќе биде.

    И сдк дека едвај чекам да си ја накитам елката и едвај чекам да дојде Нова Година, а со душа чекам да дојде Божиќ. Тие фамилијарни собирања кај баба во трпезарија отсекогаш ми биле омилени. И не, нема нешто подобро од топлата соба, топлото јадење, љубовта и среќата што кружи околу масата за Божиќ.

    И посакувам овој месец да ни донесе на сите убави и топли моменти со нашите најмили, Оној горе да ги дарува сите со топол дом, топло јадење и љубов и барем еден месец сите да се почувствуваат среќни и сакани, ако не еден месец, барем за миг.
    Ова е мојата искрена Новогодишна желба.

    [​IMG]
     
    На tweety26, Libera, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.790
    Допаѓања:
    39.086
    Пол:
    Женски
    Дремам пред компјутер два часа и постојано читам објави како сите го најавуваат доаѓањето на снегот, некои дур се нестрпливи да го видат првиот снега а јас бре луѓе не знам дали сум единствена но слободно можам да кажам дека ЈА МРАЗАМ зимата и не сакам снег, кога ќе помислам дека треба да сме облечени со 23253454256 алишта на нас да не ни студи, одиме како полжави од страв да не се лизнеме на мразот....
    Дали има нешто поубаво од море, сонце, плажа, сладолед......мх.мхм.хмх.
    Уште сега се разочарав,а кога ќе помислам дека ова ќе трае 3 месеци....пффффффф.....
     
    На Annath и sunfemina им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.626
    Допаѓања:
    185.249
    Пол:
    Женски
    На моменти ми е стужено све.... и не, не сум депресивец... ама коа сум во пмс (а моментално сум) неам дефиниција за себе значи..
     
  12. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Со топло чоколадо и добра книга покрај прозорецот додека вее снегче, толку смирувачки.
    Ми се полни срцево додека ги гледам снегулките како танцуваат низ воздухот, една по една паѓаат на тлото и прават бело килимче. Ми будат восхит, толку слободни, толку совршени!

    Многу ја засакав зимава, тој мирис на снег ме поттикна уште во саботата да си ја накитам елката, та сега сите тие украси ми ја надополнуваат зимскава атмосвера. :angel: Се чувстувам како дете, па и на Дедо Мраз се надевам... И снешко би правела, и бункер со дечињата од улица, па да се кријам и да се мавам со топки заедно со нив! :l:

    Бидете среќни феминки, уживајте во времето! :*
    [​IMG]
     
    На tweety26, Stoimenovska, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    На Водно снегче а? Него мене ми се виткаат поклони и ми се кити елка. Оваа година ќе го украсуваме нашиот нов дом заедно со љубовта и ситно ќе си броиме до еден убав празничен ден, наш ден :). Ние сме пресреќни, моите се возбудени, а дедо само плаче од среќа.
    Кога и кажав на Д.. и се насолија очите, со А.. муабетиме за обичаи, а овој мојов само се смешка под мустаќ.

    А да, државава ни е шит, луѓево такоџе, ама јас решив да бидам како Срцекршачка :)
     
    На Buttterfly, AngelOfArh, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    За жал Култура во Македонија е само рубрика во дневен весник.
     
    На The-Queen, Trendafilka и Shelea им се допаѓа ова.
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Убав е денов нели? Не поради снегот, него поради дождот. Малер ме тепа нешто ама ае..
    Си идам од школо, и на пола пат до дома ми текнува дека сум на англиски. Хочеш - нечеш, мораш. Ајде заминав па кога ми се пријаде си реков ајде дома ќе јадаам. Како давам чекор така си врне и си дувка ветерче. Па кога ми се сторија патиките лом, па косата кога ми засмрде на чад. Убиј боже. Стигнав на Крусот. Откако завршивме со вежбите се подзасушив и си тргнав. И кога ќе видам, има шо да видам :D.
    Дожд + ветер + ладно + снег = РЕЗИЛОЦИ. Ветерот ми ја дува косата јас ја имитирам Бијонсе. Луѓето ме гледаат јас си продолжувам мува не ме лазе. Остај тоа.
    Стигнав пред врата дома, со надеж дека јадењето е готово, сигурно предпоставувате што е.
    Да тоа е. Дома немаше никој, и немаше ручек. ПА фино лепо трк по дождот/ветерот/снегот до продавница, па си купив паштета, па кога назгазив еден голем вир.. :clap:
    Господ да чува и да бране од вакви како мене. Сигурно еднаш во животот се раѓаат. :hai:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.818
    Пол:
    Женски
    ^^
    Зошто не си ми го нашла ти паричникот,пред 16 години.... :D Има среќа девојката што ти си го нашла... :up:
    Туку сакам да кажам-свинчето е средено,чварките стопени,садовите измиени а јас премрзната и уморна.

    СДК 2 - ''Ако место дожд паѓа среќа од небото,какви сме ние луѓето,ќе си носиме чадори''
     
    На kravce и Nymeria им се допаѓа ова.
  17. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Кога видов како паѓаат снегулките, ми се насолзија очиве. Ме стега нешто во душава. Ми навираат спомени.... Кога би можела само да направам Delete во срцево. Да избришам се. Барем би продолжила да живеам....
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Блазе ви вас кои веќе го дочекавте првиот снег. Ние овде јужно, дури Јануари-Февруари. Can't wait. :wasntme:

    [​IMG]
     
    На chocolate.chick и ocila им се допаѓа ова.
  19. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Еве и јас да кажам дека и се радувам на зимата.За прв пат во мојот живот.И сега ми е најубава особено откако мајка ми ми кажа дека и оваа година ќе одиме на скијање-и тоа на истото место од лани :D Едвај чекам.

    Туку,јас вака веќе долго време ве читам,а никако да пишам :)

    Од оној постот на памелче мислам дека беше,за детето кое има пречки во развојот и постојано го зафркаваат.Ме потсети тоа на едно дете од мое школо.Помало е од мене 2 години.Денес на француски додека влегувавме во училница,тоа детето нешто со наставничката збореше.И таа отиде до канцеларија,а тој се наведна да си ја врзе патиката.Наместо некој да му помогне,тие се заебаатсо него :x Му пикаа моливи и пенкала во фармерки од задната страна.Ова кога примети,се исправи и некако очите му се насолзија.Толку тага во животов немам осетено.Како што го гледав,толку жал ми фати ;( Па тој само сака друштво и внимание,и тоа е дете како сите нас.Ме фати жал и отидов,му се извинив од име на некултурнине,се наведнав,му ја врзав врвката,и отидов со него до веце да се измие,па го испратив со насмевка до неговата училница.И после на одмор,кога сите на влезна врата се бутаа,не му даваа да влезе,јас застанав и му реков повели,а тој само ја наведна главата и тивко ми рече фала.Душиче ;(

    Туку,јас изгледа како што почнав со тестовиве,ќе ме нема подолго време.Француски,математика,физика и хемија за две недели правам тест и тоа сите 4 во една недела 8)

    И СДК дека конечно се прифатив онаква каква што сум.Прифатив дека сум висока и дека уште ќе растам.И за крај,едно весело песниче,цел ден од глава не ми искача :tmi:

    http://www.youtube.com/watch?v=e-fA-gBCkj0
     
    На kravce, NoellePage, Libera и 3 други им се допаѓа ова.
  20. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Како детенце и се радувам на преубавава,празнична еуфорија. Што ли ќе беше ова...дури и дечињата ми се чудат,кога купувам најразлични новогодишни украси по продавници. Уште од сега си ја накитив елката,стандард црвено со бело и златно,ќе го изгаснам светлото,оставајќи го само сијаличките и си уживам.

    Има нешто магично,во ладново временце,полно со среќни ликови. Навистина има.

    Денеска повторно мрзеливо се протегав по креветот,обврските ги оставив пола недовршени,си земав една стара книга,со пожолтени страници,и топол чај. Се стуткав меѓу перниците и под ќебето,и цело време гледав низ прозорецот,како да врне снег.
    Декември секогаш ми носел љубов и среќа,го молам да продолжи да го прави тоа.
     

    Прикачени фајлови:

    На Moira, kravce, tweety26 и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.