[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Честопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе. Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме. :)
     
    На rosebush, Jagoda123, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Ја пушташ песнава...

    http://www.youtube.com/watch?v=zGu8UoNpt8E

    И потоа одиш на repeat, па repeat, и repeat, repeat, repeat...
    И позитивното расположение е загарантирано! :)
     
    На rosebush и anichka94 им се допаѓа ова.
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    ...да ви кажам што сум му смајтапила вчера на билдерецов .
    Си седам си читам нешто баш на форумов беше- и влегува во истиот момент јас си се смешкам (поим немам што беше за некој пост тука на некоја феминака :) )и ми вика `што ти е мори што си се оцерила` :D и јас од нигде никаде му велам , ми пуштил некој тип понуда за пријателство |( од кај го ископав баш тој мајтап , онака како низ пушка .
    Без некоја особена цел чисто за шала .Сериозна чиниш кажувам најнова вест за некоај огромна катастрофа која се догодила .
    И наеднаш гледам промена на неговото лице куп на емоции му поминуваат како најбрзите метроа низ сабвејот амерички.Ми вика бегај помести се го граба глувчето да види кој бил тој што ме бара , иди во пријателства бара пребарува, јас мачка и пол му викам `што бараш ` го избришав :lol: ....се сети иди во HISTORY пак ништо , му викам не бре ти кажувам го избришав :talk: ....како бре си го избришала , кој е тој што сака .Јас се смеам оставам простор да остане ова во шала , првенствено тоа и ми беше намерата ....тој во заблуда збори ли збори ......да не беше бившиот :D Леле сум се пресмеала и не го разубедив дека се беше само секундарна мисла која ми дојде а ни тронка вистина .
    А тој остана замислен и фулл со љубомора со мисла вос ит чру ор нот .
     
    На lunicka, tweety26, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Неможам да ги сфатам оние луѓе што се радуваат на туѓата несреќа......уживаат да им чепкаат по минатото на луѓето и да им ставаат сол на раната.....успеваат да го уништат и она жарче надеж што постои скриено во нив...До кога со ова бездушнност и оваа љубомора меѓу луѓето??? :^)
     
    На Katerinceee и Christina.A им се допаѓа ова.
  5. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    1.050
    Епа не ми е јасно како можат некои ''деца''(од 20тина години) да се докажуваат со човек од 50 години за една иста работа.Па тој човек бе девојче има 30 години работен стаж,а ти имаш 1 год.раб.стаж и ти според тебе знаеш многу?Ма немој молим те!
    За да бидеш како него првин ти треба леб да јадеш,да се изначиташ книги,да се изнашеташ по луѓе,да стекнеш искуство...па тогаш да зборуваш.
    Убаво е кога млад човек ке почне да работи,да проба да се осамостали ама не се препуцувајте одма дека сте незнам што,ако уште на 20 години носот ви е до небо нема ништо да бидне од вас!!!!
    Уф колку се изнервирав!!!
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.426
    Пол:
    Женски
    Ден два, and counting....
    Ми изгледа како вечност а не само од саботата одкако ја добив стрикната забрана да не го палам компјутерот, барем додека да стигне делот.
    Ќе си потрае, знам.
    И најлудото од се беше, што не се загрижив за многу битни работи за кои ми треба компјутерот, како семинарски, есеи, домашни, туку не, лудава глава се загрижи што нема да гледа серии |(
    Не бе им викам дека нешто ми фали они мене добра си.
    Денес од агоноја фатив да вежбам 2-3 серии поише од обично, пишував, учев, читав книга, бев до банка абре џабе не минува време.
    И прееска се напнав, симнав некоја апликација и најдов линк за онлјан гледање на серии 8)
    Ам ај џинјс ор ват ]:)
    И си вадам очи од прееска на екранчево, али експресно смачкав цела сезона..
    И после ако ви зборам за зависност од социјални мрежи како ми е тоа ридикулозно, потсетете ме на ова...
    Али кога ми се пушти епизодата, среќна бев како на мало дете коа ќе му дадеш чоколадо бре :wasntme: :rofl:
    Итс гоинг то бе а хелл оф а крејзи вик :drunk:
    Ако преживим, причачу.
    Ви посакувам добро ментално здравје, не ко моево, дискутабилно :drunk:
     
    На sweet-cherry, lunicka, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Денеска беше еден од оние денови кога всушност навистина на фејсбук (или фемина, сеедно) дознаваш дека врнело снег.
    Го мразам првиот снежен ден, ми буди убави спомени за некој кој повеќе не е тука, за време што никогаш нема да се врати за жал, па мило ми е што го отспав, иако официјално, снег нема. И нека нема. Таман решив да си ги облечам моите преубави есенски чизми, тие снег ми најавуваат. Ајде барем еден ден да ги износам, кога веќе ја пропуштив цела есен, нека врне од задутре.
    Ланскиот снег ми беше троа епифоничен, сфатив дека не сум покрај личност што вреди да моето време биде потрошено на неа, па се надевам дека годинава нема да ме изненади на тоа поле...или ако ме изненади нека биде пријатно. Се чувствувам глупаво што сум дел од фазонот пишување за снег, или декември, ама па од друга страна, што ми е гајле.
    Туку, месецов излегуваат убави филмови, па ќе имам можност и јас да си ја потрошам неделната заштеда на кино. А бидејќи не се фасцинирам од 3Де и такви модерно-технолошки изуми, и ми предизвикуваат тешка вртоглавица, ќе бидам во плус. Па и ако начекам убава студентска понуда уште подобро. Само некако да го натерам мојон крокодил да се довлечка со мене на кино, а реално нема, па ќе си повикам пријател.
    Денови на филмска музика, па си уживам. Моментално сирените од Пиратите од Карибите, шират магија во воздухот, и си пловам во морски длабочини до изворот на младоста.

    http://www.youtube.com/watch?v=_TRc6A13ORc
    да си пофантазирате и вие, бидејќи е ладно.

    А кога сум кај ладно, да ги пофалам ЕВН што НЕ ме ограбија месецов... пу пу пу да не урочам :puke: (смајливо ама ми е погодено)
    И да, си направив план за зимување, како романтично ќе се маваме со топки и ќе правиме ангели во снегот, а вечерта ќе си запалиме оган во дворот, ќе пиеме вино или греана ракија, и после ќе продолжиме да се грееме во соба, за утрото да јадеме некој очаен сендвич против мамурлак, благо замрзнат од ладното, попладнето на прошетка ќе гледаме срни или елени во дивината, а вечерта да се гледа некој хорор, но факултетот рече отсечно - не! Добро факултету :(
     
    На lunicka, kravce, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Надвор е саамо за внатре :(
     
    На Glossy-girl, Gordana10, Stoimenovska и 2 други им се допаѓа ова.
  9. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Не знам дали сум единствена,
    ама ми недостигаат оние долгите, квалитетни дискусии на форумов.
    Со повеќе членови.
    На убави теми.
    Кога ќе се сетам дека има поминато нешто повеќе од половина година од моето зачленување на форумов, најискрено се изненадувам. :o
    Пак се вртат оние новогодишните слики на dashboard-от на tumblr.
    Треба да си направам note на телефонот следниот пат кога ќе си одам дома да го земам цд-то со најубавите празнични песни кое го донесе татко ми пред две години како подарок со најубавите чоколади од Романија. :nod:
    Уф, би можела да кажам дека зимата е убаво годишно време доколку сум ослободена од секакви обврски и си седам со топло чоколадо и книга покрај разгорен камин, додека празничниот дух се чувствува насекаде околу мене, а небото во перфектно депресирачка нијанса на сиво ги испушта малите совршено оформени снегулки, надолу, донесувајќи дел од својата магија, во оваа обична земја... :smirk:
     
    На Monna.Monna, tweety26 и rosebush им се допаѓа ова.
  10. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    [​IMG]

    Затоа што понекогаш да бидеш силен е единственото кое ти преостанува..
     
    На Divinebutterfly и anichka94 им се допаѓа ова.
  11. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Студот како безобразни и остри бакнежи ми ги растрепери дланките.
    На изразените јаболчници конечно ми се појави некоја нијанса на црвено, но изгледа толку луто и револтирано.

    Јадам јапонски јаболки и по каналите ја сретнувам рекламата на Кока Кола. Таа ми беше првата честитка секоја година, прва наговестуваше дека се ближи еуфоријата на празниците. Искрено, оваа година не ме импресионира. Ама затоа пак, ги имам чупавите чорапчиња кои ми ги греат премрзнатите бледи стапала, а и омилениот шал од кашмир овиснат на силното грло. И стари Дизни филмови. И ова е добро.
     
    На Glossy-girl, sweet-cherry, Buttterfly и 17 други им се допаѓа ова.
  12. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    свесна сум за многу нешта околу мене. и кога нештата околу мене се менуваат сакајки а можеби и несакајки,неприметно и јас се менувам..Сите повредуваме луѓе а во суштина ретки се оние кои сакаат да повредат некого. Јас несакам никого да повредам ама не секогаш сите конци се во мои раце!
     
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.756
    Иако сите се жалат на ова време го сакам затоа што ова е мое и негово време ...на ова време се запознавме пред неколку години и фала богу во ова време пак се смиривме и пак сме заедно :) гушнати еде до друг седевме бранејки се од ладното време хаха колку само беше интересно снегот ни крцкаше под нозете а ние едноставно уживавме во љубовта и не приметувавме дека е толку ладно :D
     
    На Vezilka и ljubam им се допаѓа ова.
  14. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Многу често се соочувам со периоди во животов кога вложувам толку сила и енергија за да успеам во нешто. Многу непреспиени ноќи и денови поминати во нервоза. И многу често се фаќам себеси како се прашувам дали вреди?! Дали вреди тоа што сакам да постигнам нешто, но зошто тогаш се споредувам со оние на кои им е се дадено и се што прават во животот е да уживаат. Дали мене еднаш ќе ми се сврти среќата и некој ќе увиди да ме награди за трудот. Го чекам тој ден...Го чекам со нетрпение, сонувам за него, за мојата реакција и гордост на самата себе. Но тој ден...тешко! Многу е тешко и го нема. И дали некогаш ќе си дојде? Дали ќе се исполни? Останува да чекам и чекам...ама губам надеж. А тоа не е добро!
     
    На cinderella5, ljubam, Vezilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    На тој Фејзбук можеш да видиш две крајности. Да запознаеш прекрасни личности и да се разочараш од многумина што си мислел дека се прекрасни. Истовремено, на Фејзбук можеш да видиш колку некој има смисла за хумор, музика, за креативност, но истовремено точно можеш да забележиш колку некој е празен „ко шупал заб“! Нема везе, во секој случај ако сакаш, можеш да се забављаш до сто и еден и назад. Не постои личност на овој свет која не носи барем една малечка фрустрација или комплекс. Или барем такви се девет од десет. Сите сме помалку или повеќе осамени длабоко во себе и сакаме да споделиме со некого нешто. Арно ама, социјалните мрежи се место каде што многумина го губат компасот и заоѓаат. Започнуваме да живеееме во време на два паралелни света. Еден виртуелен, и еден реален. И двата се сурови до крајност, со тоа што оној виртуелниот ти дозволува да имаш неколку лица, неколку имиња, неколку пристапи, неколку приказни. Во реалниот свет и секојдневие, го има она што во виртуелниот никогаш не може да се пренесе. Тоа е она што народот го нарекува „пусти нека очи говоре“. Тоа не го мислам во љубовна или швалерска смисла, туку во духовна, реална, човечка смисла. Многумина во виртуелниот свет се паметњаковичи, швалерчини, мудреци, начитани, духовити, додека истите тие кога некогаш и некаде ќе ги сретнеш се уствари празна вреќа со воздух, чија слика од онаа на профилот во виртуелниот свет е различна ко Тарзан и Моцарт. Многу е мал бројот на оние кои се она што се и виртуелно и реално. Виртуелното ти дозволува да бидеш похрабар и да настапиш онака како што не би си дозволил инаку, затоа што во реалноста треба некого да гледаш во очи додека зборуваш.
    Заборавивме како изгледа некого да гледаш директно во очи! Заборавивме како изгледа топло стисната рака на другар, срдечна прегратка на роднина, искрен упатен збор од близок. Заборавивме како изгледа да ти заигра срце кога некому сакаш да упатиш или примиш зборови на љубов. Другарска, роднинска било каква. Заборавивме, едноставно да бидеме тоа што сме. Луѓе од крв и месо. На Фејзбук можеме само да илустрираме чувства, но, да ги подариме некому е сосема поинаква филозофија и механизам. Честопати човечкиот поглед е нешто што не може да го илустрира ниту една фотографија, ниту една музика. Заборавивме една страшна филозофија која вели „најдобар другар ти е оној кој што знае крај тебе да одмолчи саат време дур двојцата гледате во еден правец“. Ги губиме оние биолошки механизми и инстинкти кои бог ни ги дал а кои не врзуваат или оддалечуваат од некого. Нечиј мирис, говор на тело, боја на глас, насмевка, поглед. Ја стерилизираме душата под сееднаквоста дали некој ќе се насмее на наша шега, дали некој ќе се согласи со нашето мислење, дали некој ќе сподели со нас мирис на пролет, а не слика. Никој и никој на Фејзбук не може да те праша ‘‘што ти е, блед си, зошто се тресеш, зошто плачеш, гладен ли си, зошто си тажен‘‘. А, ако си тажен, тоа може да го забележи само оној што го гледа сјајот во твоите очи, доколку тие светат или не светат. Ниту едни очи не светат на Фејзбук. Kолку и да се убави, тие се таму мртви! Тие се само слика!Народот вели „ладни раце, топла љубов“. А како ќе знаеш чија рака каква е ако не ја допреш. Топлата насмевка и врелите солзи се доживуваат, не се читаат. Животот се живее, не се даунлодира. За човек да функционира како човек во околината, не му треба пасворд. Треба само да се сети дека е сепак, човек! Ако е човек, де!
     
    На Hipster, Monna.Monna, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    СКД ме изненадува времево... ладно ладно не се трпи ова ... Дома под итна постапка дадов наредба ако треба да се троши дупло за греење ... А да требаше да искочам со тебе вечерва сигурно немаше вака да реагирам по дома и немаше да ми е ладно ама ај...Денов тук там си помина,6 саати на пракса,после трчање накај дома,направив феноменално ручече и сега е време за у кревет.Е тоа СДК :)
    Добра ноќ на сите :*
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    излеговме 4 девојки и две жени од Шричин мој и супер си поминавме
    се изнасмејавме баш онака од срце
    убава вечер навистина :$
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    На L-enna, tweety26, Saya и 4 други им се допаѓа ова.
  19. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
    Сакам да кажам дека многууу ми студи :drunk:
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    ... ми се игра, ми се пее, ми се лудува, ми се пие вино, ми се мези сирења од 4 страни на светот, ми се чепати, ми се води Љубов, ми се читаат книги, ми се вика на сиот глас, колку што ме држи!
    А времево надвор толку не е во сооднос на мојата разиграна енергија, вистински контраст сме, и тоа уште повеќе ме воодушевува.

    Новогодишната еуфорија започнува, овој месец чинам ќе замине додека да трепнеме, и додека сите кројат планови што и како за новогодишната ноќ, јас си размислувам за првиот ден од Новата година.
    Како по обичај, се издигнувам рано на нозе, ги ѕиркам сите додека спијат.
    Потоа, земам кифлички и салата и удобно сместена во мојот крцкав кревет, по пиџамки, си го гледам Polar Express, секое можно новогодишно утро. Толку ме развеселува и исполнува, ако не го изгледам, ко да не ми е 1ви јануари.
    Па следи честитање, семејниот ручек, печено свинско, прегратки и солзи со баба и дедо, рој желби и зборот дома е мирисен, топол и полн надеж.

    Оваа година, со исклучок на последниве 3 месеци ми беше целата посрана, полна солзи и депресија, но некако ми се измолкна, ја победив, ја пребродив и горда сум поради тоа.
    Постоеја моменти кога за малку ќе се откажев или се откажав, но желбата за поубаво утре ми ја врати надежта и волјата за борба.
    За мене. За себе. За него. За нас. За она што сметам дека го заслужувам.

    Последниов месец ќе гледам да го поминам фантастично, зашто е само еден декември и само една 2012 во него и во нашите животи.

    И наспрема сите оние фини постери со пораката - December, Be good to me, се осмелувам да му кажам в лице - December, I'll be good, to you. ;)
     
    На sweet-cherry, caroline.costa, Mishela и 32 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.