[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.770
    Тапа период.
    И денес станав на лева нога.
    Времево само допринесе за моето лошо расположение да се дорасипе :|
    Стигнав на факултет... Предавања, вежби... Паузи - муабети со колегите/колешките... Сите раскажуваа за викендот што помина... Кој бил, каде бил, со кого бил... Не ми беше гајле, а се правев дека ме интерсира... Ме прашаа неколку пати ШТО ТИ Е ТЕБЕ ???
    Веднаш ми се активираа одбранбените механизми... Кажував шеги, се смеев на цел глас, се обидував себеси да се убедам дека сум добро :)
    Некој да ме гледаше од страна ќе си помислеше дека сум најсреќната девојка на планетата без да знае дека би плачела до небо.

    Стигнав дома. Тмурно ми беше лицето. И моите загрижено ме прашаа ШТО ТИ Е ???
    Само одмавнав со рака и повторно глумев.

    Потоа истото прашање ми беше поставено уште неколку пати. Од комшиката, братучетка ми, другарка...
    Сите успеав да ги излажам. Сите. Само еден не !
    Ликот во огледалото...
     
    На zhap4e, lunicka, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Абе снег врне во Скопје? :?:

    Денес си купив црвени чизми за да го пречекам овдешниот снег, ако дојде некогаш. Мајка ми по четириесет пати препрашува дали имам алишта иако ме гледаше како се пакувам. Иронично е тоа што од тука активно си ја следам темата Каде да купам и на попуст? Зошто којзнае. Навика, а тие навиките се и лоши и добри.

    Ќе си размениш збор-два со жена на автобуска рано наутро, со дедо што ќе ти раскаже за мачките. Вербална ферка имав прееска на улица и некако се засрамив после тоа. Не знам да бидам злобна и крај. Искуството ме научило да не им верувам луѓето, ама тек тук се наоѓа некој што ќе те тресне од земја и ќе те натера да се запрашаш зошто? За животот, за пријателствата, за плановите и реалноста.

    Кога сум вака шмркава и имам купче обврски си филозофирам. Си чешкам прстиња и подредувам разгледници. Читам хороскоп и го сонувам декември со варено вино и печена тиква. Славата кај другарка ми, една заборавена борба со снег.

    Наздравје и добар сон. Никој повеќе не вика добар сон. Можеби затоа што соништата не можат да бидат лоши.
     
    На mims-89, teddybear, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.808
    До кога ќе ве мрзи малце да погледнете во себе?!
    Луѓево повеќе да сакаат да читаат,отколку да мирисаат книги,арно ќе беше. Тоа душкањето повеќе е индикатор на потенцијален наркоман,него ли интелектуалец. Душкањето не значи дека тој процес нужно води до проесот на читање! :!: :D Треба да смислат некоја супстанца што предизвикува силна мотивираност да фатиш да се расчиташ на лице место!!!
    Јас и си душкам и си читам,ама тоа не е тема на муабетот,пошто душкам и лепаци, и лакови за нокти, и бензин и све.
    Технички, се сматра и читањето на содржината на омекнувачот додека го душкаш... ако одиме по логиката де...
    Опис - страствен душкач на книги... Ок, имаме и страствени душкачи на стапала и ги нарекуваме болни фетишисти...
    Не душкајте свашта и не читајте свашта. Уствари за проба читајте и чокохоличарки више шо и да беше,ама ако ви се допадне... ееее тука е финтатааааааа...
     
    На AnjaLazanja и tweety26 им се допаѓа ова.
  4. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    2.033
    Отсекогаш сакав да живеам сама, барем на кратко, во некоја друга држава.. во некој голем град каде никого не познавам, да одам со точак на факултет, да се стуткам во некое од последните места во преполниот амфитеатар каде никого не познавам, да шетам по непознати улички..
    Но, како се доближува времето за заминување, се повеќе и повеќе нешто ме стега во градиве, ми се грчи стомакот и чувствувам грутка во грлото... Се плашам дека тешко ќе ја поднесам самотијата .. God help me ..
     
    На Ella.313, zhap4e и tweety26 им се допаѓа ова.
  5. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Септември, па леле есен октомври, па и ноември, а еве сега и декември, сите бре месеци по ред се испочекаа со триста тракатанци и натенанења. МА ви се молам, изгледа овој крај на свет ви удрил убаво во глава па сега секој месец се цени за својата убавина.Или можеби не?А? Па и за снеКчето песмички и стихотворби, предновогодишни лудила и се по ред де. Месец ко месец, ништо поразличо од истиот месец минатата година плус минус температурна разлика. Дај чкртнете како ние луѓево да сфатиме оти тупиме и губиме време на банални работи, чкртнете како тоа треба и мислите дека треба да сме подобри, понежни, со поголема ДУША и широкогради за прошка, наивни дечиња по дух и елан...Дајте љубови и бои и мириси на надеж и екови од инспирација. Дајте виножито од животни среќи, дајте....доста е бре едноличие, доста ми е кукакање и офкање и препукување и дечурланство и ....ма веќе и тоа. Дајте, бар...
     
    На ilipili, marama, antonina и 3 други им се допаѓа ова.
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Дека денес си го добив моето новогодишно пакетче од дечко ми! :)
    Пакетчето, или точно кажано пакетот Милка (преубаво спакуван, во убава голема Милка кутија) чоколади со милка перниче, што се праве кравичка.

    Радости, радости цел ден со него...Љубов и магија во нашето дома, во нашето кутивче, како што го вика мајка ми, но на нас ова ни е и повеќе од доволно, бар сега за сега.
    Нашето кутивче е толку убаво скоцкано со нај нов мебел и интересен распоред, па и тие убави големи уметнички слики, големиот телевизор, чаршавите од мама кои предобро се склопија, украсите од кај мене и од кај него дома, убавите крем кујнски елементи, двете вц-а, каде во едното имам големо бело биро за целата моја козметика, со мерак секое утро да се шминкам и врткам таму, пиејќи го првото кафе и ококорувајќи(освестувајќи) се за самиот ден.

    Оваа зима чувствувам дека ќе ми биде најмила до сега, пошто знам дека Божиќ, уште од сега добива поинаков нов шмек, сите мои конечно...заедно.
    Што повеќе да посака човек, нормално ништо, скромноста моја ги изненадува моите дома се повеќе и повеќе, и кој рекол дека човек не може да се прилагоди - греши. Јас сум жив пример за тоа.
    Се што сакам имам, не сакам никој ова да ми го расипе, а не ни може, со оглед на тоа колку сум заштитнички настроена кон се мое најдраго. :)
     
    На bittersweet, LilBaby, Buttterfly и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Бриџит Џоунс.
    1 и 47. Денот повторно отиден во пичку си матер, кога преспиваш од 20 до 22 часот, што повеќе. Лажам, прочитав 17 страни, успех. |(
    Алармот ми ѕвони за добри 8 часа, а јас сум во искушение да си го пуштам филмов.

    Секогаш кога ми е никакво, во смисла, збунета сум, љубовно, професионално, здравствено и диетално :D (треба хороскопот да воведе нова категорија - диети), си го пуштам и си го гледам. Полесно ми иде после на душичката. Па тоа има и Крисмас спирит, и снегој (не сакам снегој, ама можам да замислам некои романтики на снегоЈте), па ламбички, смеи да ти падне вилицата, па салце на мевот како сите нормални смртнички и двајца хендсом мужи кои велелепно трчаат по главната хероина. :devil:

    Мене моите мужи ќе ме спобудалат наскоро. :envy: Додека нема никој, нема. Ама сега не е само еден, морам да признаам ставам и втор на список, и иако не треба, и иако ми е забранет по сите можни основи (не е женет де, уште женет или па во врска, боже господе), и трет додавам. Двајца од порано, еден од иднината, сите ми се мотаат тука и сите ми матат сметки. За да си пополнам време со нив, си викам и се тешам. А лажам и за тоа, си пополнувам некои дупки и празнини во душичката, кои не се никако поврзани со нив. И најтрагичното, ниеден од нив не ми значи нешто трагично многу - само ми го замараат мозокот трагично многу.

    Во периоди на збунетост, исто многу фасцинантна појава, не ми се оди пешки, туку само со автобус, по можност двокатен. ]:) Кога одам пешки, премногу размислувам; вака се возам и си гледам, па ми одвлекува внимание. И гледам како се борат со ветришта, и носат чадори, а јас си куцам картичка за 10 возења мислиш мајка ми е преЦедник во ЈСП.

    Ако видите некоја забегана :geek: утре како се вози во двокатна двојка, таму напред на горниот кат, јас сум. Се развозувам низ цело Скопје, пополнувам празнини со ламбички по Партизанска, додека не се најде некој јунак па салам да ме зашемети.... Скопје останува единствениот јунак што ме расположува. :)
     
    На sweet-cherry, bittersweet, LilBaby и 17 други им се допаѓа ова.
  8. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    1.709
    Значи колку е грдо кога ќе се прејадиш,а посебно кога ти е слава а дома има за јадење од се.А ти само јадиш,јадиш ко не најаден.И што е најтрагично свесен си дека премногу имаш јадено за денеска,ама ти продолжуваш да јадиш.Помини вкунја,помини по маса земи нешто и јади си.И после дебела сум,се се попрајла па самата си сум крива никој сосила не ме тера аман јади.Е тоа ти е ко ке се славите.А допрва што следува....новогодишни,божиќни празници и пак јади си.
     
    На Monna.Monna и kravce им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Очекувам дека во најскоро време ќе се укинат зборовите типу, човек, оти ствараат збунки у главите на еден дел од популацијата која, продолжува да се убедува себе си(и најлошо да убедува други) дека ако кон зборовите, пример, кандидат дополниш со едно „/ка“ си завршил као мнооогу, многу голема работа на тема - равноправност на жените и унапредување на нивните права :hai: .
    Еве, јас мајка ми од кога знам за себе си ја викам - шеф или командир, и тоа ич не и ја намалила битноста у фамилијата. Таа останува да е шеф на полицискава станица /командир на чета (дома) и продолжува да го мрцвари татета мој со распити од типот: Ама признај дека јас те финансирам :!: и без да притоа, ги феминистички исфилувам поимиве.
    И, да речеме.. ете, одам по таа линија на равноправност и почнам да ја викам шефица, место шеф. Ќе и се подобри ли статусот :^) ?
    Ќе заработува ли повеќе од минимална плата, па да може со право да му се перчи на татета?
    Оти еве, тате мој е желен за апсолутна равноправност у куќава. Го поддржува тоа дотолку што, дури и придава полет во распитите со муабети од типот: шефе, јас нај и се радувам на твојата плата, повеќе одошто и се радувам на мојата :D (нормално, оти на жената, која во слободно време е шефИЦА еј! :D увек и ја каснат платата до по 20ти у месецот)
    Затоа и, најозбилно, не ме замарајте бре, не ме ќоравете со коси црти и тириња со непотребни ка/ца/ја бла-бла во писма,документите,пријави,маилови. Не ми се правете на... ]:)
    Ај, небитно. Важно, полесно ми е.Можам да отспијам сега. цц
    Аааа, исто... коа се трудиш да се прилагодиш на некоја средина и људи у средина, увек ти си тој кој од старт веќе штом си тргнал да се прилагодуваш си се прилагодил. Неуспехот не е ради тебе си и твоето неприлагодување, а ради неможноста средината и људите у средината да ја прифатат средината со тебе у неа :D И така.
    Можеме да спиеме.
    Адиос.
     
    На Hipster, bittersweet, caroline.costa и 13 други им се допаѓа ова.
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Едно од полошите нешта што може да те бапнат ко ураган додека мерачки си работиш/учиш [шоидае] е нешто што сакаш да правиш мора да го правиш затоа што мораш. Не знам колку е сфатлива реченицава, ама битно јас се сфаќам што сакам да кажам [и како ми е! :!: ].
    И кога ќе се соочиш со ова, тогаш сето тоа ти станува толку одмилено, досадно дури и одвратно. Мораш да ги трпиш сите оние напнати совети, насоки, критики, предлози и заповеди над твојата глава, да го правиш по нечиј туѓ мерак, а сепак тоа да го направиш толку совршено перфектно. :!:Ајде! Ајде! Ајдееееееееееееееееее!“ - Сите те напнуваат и те нервираат кога ти стојат над глава додека нешто правиш. Ете зошто секогаш сакам да учам, работам, пишувам, читам и чистам на само. Евентуално во придружба на музиката зашто таа ме опушта, а не ме потресува. Ме внесува во нов свет и ми отвора врати за фантазирање. Да, верувам дека на секого му се случува ова (ајде луѓе барем одвреме-навреме/ ако не и секогаш :lol: ) кога ќе легнам пред да заспијам да си изрежирам така фино еден интересен филм, ама овие моиве се апла научна фантастика, а верувајте во нив нема ни М од марсовци. Не боље кажано секоја вечер си режирам по една фина, сочна, мрсна шпанска серија[турскиве ми се премногу тужни, затоа не ги претпочитам; индијскиве ми се некако многу патријархални и антифеминистички - бабски, а шпанскиве пак некако надежни ми се со среќниве перфект краеви]. И така јас сум младата Франческа, а Тој е младиот Фернандо што се вљубува во внатрешноста на Франческа (и нејзината надворешна убавина де, не сум до толку загреота), ама тука фплетувам повеќе сижејни линии и по некојси Едуардо, Пабло или Ернесто, па и хејтерката Росалија или Габриела. Абе смеење.
    Демек отворив Ворд да пишам по некој збор, велам трага да запечатам вечерва онака во склоп со околностите и чувствата што се населија неодамна, ама сирота и пуста јас што не сакав да се помирам со фактот дека вечерва не е ноќта и дека само глупи клиширани фрази ми се мотаат околу прстиве и се’ едни исти зборови.... Пу, налет нека е, нек се носи со ѓаволот!
    Ноќва не ми буди никаква инспирација, особено не грозоморнион студ надвор што се зарива и во коски и ја населува секоја клетка. Клетник скапан! Измамник и бедник.
    Мразам студ, мразам ладно и влажно. Мразам кога од преголемиот ветар ми се витка чадорот (читај житичадоротскапанкинескиодстоденари), се крши на најмалку дваесетина места кои иако ги увидувам немам премногу време да ги избројам, поправам или наместам пошто брзам за во школо а ужасна лапавица ме обвива и стига дури до моите гаќи :tmi: . Мразам кога секој ден се потсеќам да ја закачам капуљачата за јакната (ама се’ испаѓа: „Не мора бе па и ти, пошема е вака, шо!“), мразам кога мора да го џиткосам во канта чадорот, кога сфаќам дека нема теоретски шанси да стигнам сува во школо и застануем такси (онака со рака на сред улица ко задња сељачана), влегувам во него и му викам: „Носи ме у школо у пичку матер!“ (добро без пцовката, културна сум :angel: ама сепак си се изнапцујав триста милиони пати во себе) и така фино лепо пред да тргне си викам: „Ај за секој случај да проверам...“ И оп! Новчаникот дома заборавееен! Браво! Браво! Е ова е кулминацијата! Аплауз ве молам и се поклонувам, со свиткан реп излегувам од таксито ко најголем криминалец, кријам лицето од срам, пропаѓам во земја.
    И најмногу од се: мразам кога ќе накиснам до кожа, се цедам ко ненаситен нашмукан сунѓер, а во самиот момент кога ќе влезам во училница: блаженството на иронијата ме обвива смешкајќи ми се предизвикувачки: „Еј глеј низ прозорчето! Замисли, прекинало да врне кога ти стигна во школо!
    Налет и дожд, и снег, и лапавица, и ветар и све!
    Мрш во Москва или Лондон, тука не ве сакам! :@

    И да врне, и да вее, и бура да коси. Тоа за мене ништо не е, Секси чадорче си носи...“ (какодане!) ;)
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Цц театрите кои ги прави брат ми за да избегне школо :lol:. Ни Бускетс не му е рамен :D.

    Ако, ако
    been there, done that :)
     
    На Hipster и LilBaby им се допаѓа ова.
  12. AnjaLazanja

    AnjaLazanja Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34
    Декември...Мој месец мој роденден секогаш моја зима...
    После напнатоста што ја имав 4дена уназад ...Станав сабајле ставив гезвето со вода да зоврие...Во меѓувреме еден топол туш со пенливата купка од цимет и брусница...Во глава милион филмови да денес беше денот тој ГОЛЕМИОТ за прегледот дали ке бидам мајка или не...Дали ке се смени нешто или ке остане статус кво...Набрзина се облеков ..Го облеков ахх да тој џемпер од него мекан а воедно и груб ...Натегнав фармерките и.стигнав водата само што не преврила сварив толку јак чај од брусница и седнав покрај прозорот ми се се направи толкав слајд во мозоков од целиот живот мој ахх нозете ми трепереа цвревава ми се превртеа...и гледам време е да тргнам...Ја ставив фасадата на моето лице и малку руж да не бидам бледа ко крпа да не помислат дека се плашам...А во мене страв но не давав да се издадам фрлив длабок поглед кон огледалото и си видов чуден сјај..Слушнав тропање мајка ми станала бргу бргу летнав како ураган низ вратата седнав у кола....Тој пат понекд ми беше долг сега ко за инает ситгнав за брзо...Скала по скала чукањето на срцево ми зуеше...Но бев храбра ја сум таа лазања...Ко за беља прва на ред ах...Малерозен шугав ден...легнав и ете од една страна разочарана од друга пак препородена...и денов ...траеше како еден век :(
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    доброутро :)
    решив јас да направам промена во начинот на шминкање вчера и нанесов туш-незнам со кој памет купив од тој со подебел апликатор ама убав ми се виде и наместо потенка линија испадна подебела, кога се видов во огледало :o :tmi: и се мислев дали да се бришам или не и одлучив да не се бришам-чудно кога ме виде мајка ми не почна да ми вика погледни се на што личиш :lol: само знам дека лугето некако чудно ме гледаа, а тој келнерот во кафичот каде што бевме зјапна во моите очи-прво не сватив што му стана, после ми текна :D и уште една од девојките ми вели убава си |(-па добро со оглед на тоа што прв пат во живот имав туш на очите :wasntme:
    да ме видеше некој познат, ке се криев жими се :P
    не експериментирам баш многу со шминка во последно време ама кога треба да одам некаде ми текнуваат луди идеички ама за срека девојките и жените веке ме знаат така да :D
    за срека постојат туторијали на јутуб :$
     
    На LilBaby и vitomir им се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ситуација 1-На најдобрата другарка и е роденден.И се јавуваш да и честиташ,ти вика дека у петок ќе го слави.Добро,во петок значи на торта.

    Ситуација 2-Вечер си на слава кај кумовите,стоиш пред плакар и се мислиш што да облечеш,а тоа да не биде маица со бенд.Ти ѕвони телефонот.Другарка ти те бара.Те вика на торта.Негираш да одиш,немаш поклон и само што не сте излегле со твоите за на слава.По долго убедување,ти вика да чекаш малку.Мајка и ѕвони кај мајка ти."Зошто не доаѓа ќерка ти накај нас ? ".

    Ситуација 3-Решаваш да не одиш на слава и да одиш на роденден кај најдобрата другарка која живее само 2 влеза после тебе.Поклон немаш.Се спремаш,купуваш милка од Веро,и трк кај неа,и тоа се за 10 минути.

    Ситуација 4-Тргаш во 00.30 да си одиш од кај другарка ти накај дома,нејзините те враќаат од врата затоа што било касно.Ти викаат да поседиш уште малку.

    Ситуација 5-Те канат да останеш да спиеш кај нив.Тебе ти е незгодно.Другарка ти е упорна и се јавува кај мајка ти да и каже.Се договараат мајка ти и мајка и и остануваш таму да спиеш.Вечерта заспивате во 2 и со цел памет местите аларм да ве буди Don't cry во 7,15.Е,така.

    Како и да е,колку и да не беше испланирано,супер си поминавме. Сега за 3 саати во школо.Ама ако.Вечер па ќе се видиме ;)

    Имајте убав ден феминки. :hug: :hug: :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=SRvCvsRp5ho
     
    На MarchelineAmaru и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.886
    Допаѓања:
    102.157
    Пол:
    Женски
    Чудно колку животов може да биде едноставен .Ништо не се случува, некое затишје настапува ,дали тоа наговестува бура? :^) Мрзливо поминува времево,а јас секое утро се трудам да си нашминкам насмевка на лицево ,да ставам сјај во зениците,иако знам дека е шминка ,ама помага да преживеам.Си ја расипувам насекаде душава како шпил од карти,секаде ми се чини има мое делче.И на крајов на улицава,и во погледот кој тоне и во лисјава во мојов двор.Припаѓам секаде и никаде.
    Ме фаќа некое лудило.Сакам да си го облечам најубавиот фустан и да се качам на високи штикли.Да го гледам светот одозгора.Кармин на усните и пуштена коса.И би ја пуштила од мене девојката со чардаш нозе.Во раката чаша со црвено вино.И да се насмеам на сите празнини кои постојат во мене.И би ја треснала чашата од под ,нека се скрши како сите изгубени илузии...
    Тркалај се животе како есенска дуња....бавно и миризливо...
     
    На bittersweet, LilBaby, Annie.mk1 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Најголемите стереотипи за мажите

    Овие се најголеми стереотипи за мажите.

    Мажите мислат само на секс

    Воопшто не е вистина дека мажите мислат само на секс. Тука спаѓаат автомобилите и спортот.

    Несомнено е дека има некоја вистина во тоа дека на мажите сексот им е многу важен, но не во мерка која често се прикажува. Просечната жена подеднакво е сексуална колку и еден нормален маж, но значително помалку покажува.

    Мажите дишат и живеат за спортот

    Фудбалските натпревари со текот на времето се претворија во државни празници за мажите. Но, во реалноста постои подеднаков број на мажи кои би ги пресконале деновите кога нивните колеги зборуваат само за резултатите од натправарите и предвидувањата кој ќе победи и со колку голови разлика.



    Мажите обожаваат автомобили

    Популарно е мислењето дека мажите имаат една единствена љубов - љубовта кон автомобилите. Според модерната култура, мажите подобро го познаваат своето возило отколку својата сопствена анатомија, а негрижата кон себе ја надоместуваат со чистење и подобрување на автомобилот.

    Мажите се свињи

    Уште еден стереотип е дека кога жената излегува низ врата, мажот се претвора во неуредна свиња која само валка и подждригнува. Повеќето луѓе веруваат дека жените имаат необична магична способност да ги контролираат непријатните нагони покрај нивните партнери.

    Во реалноста, и двата пола се подеднакво склони на тие непријатни нагони, и кај жените има исклучоци кои се слободни пред своите мажи. Но заедничкиот живот е можен само во разумно чиста куќа, што значи дека никој не може постојано да ги крши правилата.

    Мажите не знаат да пеглаат

    Не знаеме зошто преовладува ова популарно мислење дека мажите не знаат да пеглаат. Колку што можеме да видеме, не се сите мажи изгужавни, ниту пак се работи за неверојатно комплексна технологија која само женскиот ум може да ја дешифрира.



    На мажите не им е грижа како изгледаат

    На мажите им е доволно да се исчешлаат и готови се за излегување. Чисто се сомневаме дека повеќето мажи ќе се сложат со ова - особено оние кои во бањата чуваат повеќе козметички препарати.

    Нема ни да ги споменуваме мажите кои сакаат нивната брада и мустаки да бидат уредни и чисти.

    Мажите знаат сè да поправат

    Силни мажи со вешти раце кои поправаат и градат низ целиот свет, но дали баш сите мажи се склони кон куќни мајстории. И уште поважно, дали се успешни во тоа? Претпоставуваме дека вистината лежи во златната средина - има и такви кои живеат од поправањето, но има и такви кои воопшто не знаат да поправат.

    Мажите не разговараат за чувства

    Холивудското клише им е познато на сите - мажите на филмовите воопшто не се способни да кажат две едноставни реченици за тоа како се чувствуваат, а уште помалку имаат желба тоа да го направат.

    Надвор од светот на малите екрани и големите платна, мажите имаат ма*иња да разговараат со пријателите за проблемите во нивниот личен живот.
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    фала ти што не просветли за што сакаат а што не сакаат мажите Витомир :)
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  18. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    [​IMG]

    Ќе ме отепа оваа втора смена..
     
    На QueenN, anabel-a и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  19. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Луничка, ајде јас и ти на една добра сиртаки фешта, ама ќе им речиме 10 сервиси да спремат, ма сол има да направиме, а како па после иде на душичката, па па па мераци. Како препородена ќе си после, гарантирам :lol: ;)
     
    На kravce, Moira и lunicka им се допаѓа ова.
  20. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    многу ме нервираат пациентиве,зошто си даваат за право да не навредуваат нас здравствените раб. и да каљаат по здравството-точно дека не ни е најсјајно здравството меѓутоа ние вработените не сме криви за тоа и никој не ти дава за право некого да навредуваш ако убаво те упати,услужи и ти одговори на прашањето....мислат дека ако на телевизија се зборува за правата на пациентите треба да урлаат,викаат,навредуваат и да се понашаат шеривски :x :x :x
    имам впечаток дека тоа им е душевна храна и дека доагаат само ради тоа да се расправаат и по цел ден дебатираат и плукаат по здравството,а не за некој сериозен проблем од кој си болен-СТРАШНО!!!! :envy: :envy: :envy:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.