[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Не знам понекогаш, дали луѓето ги прифаќаат маните на своите партнери или се лажат дека ќе ги променат со годините :^) Свесна сум дека секој различно љуби, но...ете, се најдов да размислувам, можеби и по малку загрижена за оние околу мене. Не мислев на ситници, или можеби ете ситници, ама ситници што многу значат :^) Сакам кажам, не знам речам :|
    Начекав еден филм на тв, оној српски серијал. Многу сакам такви стари приказни за стари романси. Ама јас како јас. Не можев да чекам сите епизоди да ги гледам, па си ги пуштив само последните две на интернет :tmi: Доволно да сфатам што биднува нели :D Туку, муабетот ми беше за дечкото што глумеше, со кој поглед ја гледаше девојката во која навидум треба да е многу заљубен. Не знам дали навистина добро глумеше, дали има реални симпатии спрема девојката или само јас го гледав тоа што сакам да го видам. Ама ете, ми влезе во ум, се сетив со кои се розеви очила јас сум гледала кога сум била заљубена. И се сетив дека со секој свој бивши сум пробала да замислам некоја иднина (ова како некој тест)и била...не била убава. Мислам, не дека трагам по совршенство, но малите делчиња што недостасувале или штрчеле, ја правеле големата слика грда. Како што некој замижува на тие делчиња, јас отворам широко очи. Кој е исправен? Грешам ли? :^)
    3ти ден во добро расположение. Се тегначев дали да си го упропастам денот со читање весници. Кејти била трудна. А да си бев јас принцеза? Ама не би во Британија, не ми се допаѓа (не дека некој ми понуди). Британски фудбалер си го бришел задникот со банкноти по 20фунти :^) Гангам стајл го означува крајот на светот. Ох, круг околу себе. Диши длабоко.
    да не ви ја пуштам панк верзијата
    http://www.youtube.com/watch?v=PmkXJ8ibU9o
     
    На bittersweet, Springy, Doozy и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека утре е голем ден. Бранам дипломска. Редно време беше. Со оглед на тоа дека сум болна и не ми беше добро последниве неколку дена, дипломската ја немам ни прочитано. Денеска треба турбо да уклучам. Не, море нитрото... :D Станав во 8. И вчера исто. Нетипично е за мене да станувам толку рано насабајле коа не сум на работа. However, денес ми е подобро. Уште коа видов дека има сонце надвор... И планинине отспроти забелеани. Убаво ми е. И ме фаќа трема.

    Не знам што попрво да направам. Цимерите уште спијат. Не можам да им тропам. Сакам кафе да си направам. Сакам и чај. Сакам да зачистам. Ќе имам гости. Се чувствувам ко второ одделение ко бев и коа чекав гости за роденден. Е, исто така сум возбудена. :D Треба да тркнам до продавница и да си купам некои работи. А, јас во пижамчиња, со ова http://www.youtube.com/watch?v=jZIoxw0ca9E во позадина, некако ми станува убаво во фотелјава и греалката до мене. Пишувам глупости, не можам да се сконцентрирам. Сакам многу работи да кажам, ама забегувам. Затоа и најдобро ќе биде да се одјавам.

    И да ми посакате среќа за утре. Утре ќе бидам дипломирана 8)

    Имајте најубав ден исполнет со многу насмевки.


    Оувр енд аут.

    :* :* :*
     
    На sweet-cherry, Doozy, LilBaby и 16 други им се допаѓа ова.
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Заклучок - јас сум едно вечно ненаспано суштество! :yawn:
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сдк како ми се седи да знаете овде вака цела ден со вас да ве читам и да пишувам,ама нема.Уште еден ден од славата и рецензија на мојот предходен пост во темава со јадењето....ах макии....
     
  5. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Она чувство кога си имаш пуштено музиче,а ти се спремаш за некаде,одиш наваму натаму и си замислуваш дека си во спот :wasntme:

    Мојот вран на среќа,безгрижност и уживање,не заминува.
    Пријатен дека ви е денов и на вас,феминки.
     
    На MarchelineAmaru, creshicka, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    Го нафурав вчера мажот ми да ја украсуваме елката, демек малово ќе се радува, дрн дрн. И се измачи чоекот да ја зема од подрум од кај неговите, ја тегнеше по студот вчера + гајба јаболка од 20кг, и среќни и возбудени заедно почнавме :wasntme:

    По 5мин работа, се оптегнав на каучот (сори маже), ама уф колку ми беше убаво и топло на душичката :$ Малово рипкаше ко зајче, ќе местела и таа, ги „лепеше“ лампионите на гранките (ние ништо не знаеме нели, прости, ги закачуваме со врвка |( ) и така едно 5мин (па скоро и колку мене :D ). И така, уште на почеток, тато си остана сам.....

    Ама не се откажа! Ја намести до крај, ги нареди сите лампиони, намести дури и трака и ги вклучи светилките....ооооо каков момент, Силно светнал ден! :D Малово чиниш чудото пред Рокфелер го видела, (кое бај д веј, вака изгледа годинава)

    [​IMG]

    со подотворена уста - Иииии мамааааа, Аиииии! :o
    И толку....ете баш толку траеше предновогодишната еуфорија на ќерка ми :yawn:

    Јас уште лежев.
    И ај што лежев, туку што бев и многу паметна - „Не тој лампион таму, за напред е.“ „Ејј не, тој не е толку убав, врати го назад.“ „Аааа, зошто ставаш и лента и светилки?“ „Зацврсти ја елката добро, ќе ја преврти ѕверчево уште вечерва“ „Не си ги извадил свитканите поклони, сега што ќе ставиМЕ под елката?“

    ЖЕНО, САКАШ ДА ЈА РАСКИТАМ ПА ДА ЈА НАПРАВИШ КАКО САКАШ ТИ?

    Не не маже, прекрасна е, исто како тебе :smoke:
     
    На sweet-cherry, imelda, bittersweet и 41 други им се допаѓа ова.
  7. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Камо да имав моќ да го стопитам времево, не можам да постасам :D
    [​IMG]
    иииииииииао!
     
    На MarchelineAmaru, CharmedGirl и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
  9. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    1.016
    Пол:
    Женски
    СДК......дека претставникот од...........шо ми беше дојден сега на работа,да праша како одат нивните производи е.....уффффффф..............тој ми кажва.ми збора а јас ваква :$ :wasntme: си викам во умот..ало :fubar: свести се,не лапај муви :D ама па многу е згоден и на крајот ми пушта рака,да се поздравиме,демек за чао,и јас го држам за рака не го пуштам :tmi: ама изгледа и него му беше убо,не пушташе ни тој или па немаше друг избор :D ах,аххх да имаш дечко и да имаш вакви мисли.......не,не то не чини...имајте убав ден феминки :)
     
  10. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.754
    Допаѓања:
    17.717
    http://www.youtube.com/watch?v=qt2oiNQEJBc
    Ај па не ви е убава песната :wasntme:

    Него, ја си дојдов од школо. И многу убаво си поминав :!:
    Сигурно претпоставувате - немам денеска италијански.
    До лани највеќе го сакав дент кога немам матемтика, сега со задоволство идам на матемтика.
    Да, добив 4-ка на писмената денес, и историја ми стави 4 за усно одговарање. А ја сиротката одговорот за 2 си го оценив :tmi:.
    :D
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.231
    Допаѓања:
    125.059
    Не можам да кажам дека мразам дволичност и лицемерие,пошто се навикнав сите да се такви.Се навикнав на лажни комплименти,ми се чини дека и јас ќе станам таква |( Никогаш не сум сакала многу дружење,ама сега си седам и си мислам-дефинитивно сум асоцијална.Си мислам до кого е,може до мене ќе е .......пошто не можам со сила да се смеам,ако не ми е од срце,луѓе не можам да се смеам на некој што не кажал ништо воопшто смешно,ама сите мораа да се смеат пошто им дава плата,и тоа се чудев како истренирале да се смеат ,уште да се помочаат од ептен јаката смешка |(
    Кај мене со сила убавина не бидува. :!:
    Кога ги споменав комплиментите,веќе не знам (освен маж ми ) дали некој искрено ми дава.Обично велат ако женско даде комплимент на женско-навистина е тоа тоа :D Ама да те пукне на 5 мин,сега ти е убава кошулата,за 5минути сукњата,по еден час шминката,по 2 часа лакот,по 3-чизмите и капутот.......и јас веќе незнам што да одговорам -освен кисело да се насмевнам.

    Џабе мрчам,чисто да напишам нешто,з'ш ме нема во последно време :)
    Не ми е гајле воопшто за ова што го напишав погоре,отрпнев јас оддамна,само да си додадам дека многу си го сакам маж ми,горда сум што тој ми е маж :wasntme:
     
    На cinderella5, MarchelineAmaru, rosebush и 12 други им се допаѓа ова.
  13. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Малееееее ме отепа мирисот.. :Down:
    [​IMG]
     
    На MarchelineAmaru и Cacy им се допаѓа ова.
  14. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Си пијам чајче топло и пребарувам по нет , случајно дојдов до оваа сликичка што ме расположи уште повеке , сакам иста таква http://sphotos-a.ak.[​IMG] значи има стварно креативни личности
     
    На MarchelineAmaru, rosebush, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.998
    Допаѓања:
    164.537
    После толку време,ја прошетав баба ми низ центар,рака под рака... Додека јас здодевно си ја чекав да се спреми, лека,полека, забележав дека се уште зинувам кога таа става кармин. Да,да,кармин... и се уште прави мини вал,а кога локните ќе и се растурат си ги прави од вечер, витлери за неа не се опција. Само уредно исечени чисти парчиња материјал и по средината тврда хартија... И совршени се. Па ќе ме потфати мене по косата,зошто ја пеглаш,ах,ах,ах,колку си ја оштетила,ах,каде ти се локните?! Не се во мода бабо,не сеее...
    Болничка е,но го има дамското во неа,се уште. Не е од оние баби што чупаат веѓи,ама да знаете се уште носи муф,поклон од дедо ми,стар 30 години,ако не и нешто повеќе. Од сив зајак. Мене ми е тажен,но нејсе.
    Си ја фатив под раче и еве бабо ова е Скопје. Ма каква Нета Коен кога ја шеташе внука и низ ново Скопје, таква згрозеност на лице на стар човек не сум видела никогаш. Колку елегантно го навредува она што го гледа, вие немате поим. Ах онде живеше брат ми,пред земјотресот,уствари,сите живеевме кога бев мали,но после... (и тука следи цела историја на селби и преселби), сега ми издигнале некаков си музеј за некаква си измислена војна... :D И предлог на векот ! Ајде да одиме во трговски, можеби прават анкети,па да не застанат да кажам што мислам! :rofl: Бабо ма, више не прават такви анкети, особено не политички,па што правиш ти по цел ден,јавувај се на Здраво Македонијо,кажи си ги маките! :D
    И ги погледнува девојките и ќе се заврти, ти си поубава,види ја како се наконтила! :D А мори бабчец. И почна да си раскажува како тргајќи по мода губиме од женствената елеганција и природата на нашето тело. Види ги какви се,мода ли е кога сте понеубави од тоа што сте природни? Па и како одите,кичмите ви се искривени, женско ли е тоа?
    И не дека не е во право,ама со тој муф во рачето и шубарчето,бабе никадеее... ако не начекаат оние од ПЕТА готови сме! А мож и више влакненцата им паѓаат,не забележав да ви кажам,ама уредно ги чува во лаванди и нафталини и некои билки и што ја знам више! :D
    Смешки,стар човек. Баравме капутче за неа и го најдовме(до душа, за стар човек што да бараш, тоа си е една продавница што таа социјалистички си ја укотвила во глава,нема друга,ги дели работите се уште на државни и приватни!)! Неодминливо ми спомена,поарно е да се омажиш помлада, после потешко е,а и нема да имаш нерви деца да одгледаш, треба да родиш три, ти си една... Оф леле... едно за државата, едно за мажот и едно за мене! Да си пукнеш од смеа! :D Не знам што си мисли,ама нејзините три како што ги гледала,јас нејќам! Ќе ги укоравам во некој измислен свет со непостоечки вредности,па да си патат!

    И така дечки, од денес балски фустани,шубари,муфови и стројници за мене! Давајте маж, во приемно време, вторнички! Зошто многу љубам вторник! Има одбивања да фрчат на сите страни! Ама ако, да е богат и згоден! Толку е критериумот! :!: :D
    И поим немаме од мода!
    Многу ми се смешни стариве луѓе. Ја сакам и се плашам секогаш кога ќе заѕвони телефонот доцна, да не е за неа нешто... Мајка ми среќна,пресреќна, си ја нарекува се уште лексилиум. Кога и да и нагрне тежина ќе и се јави и илјада саати зборуваат... ми се чини некогаш за требење ориз зборуваат,ете толку детално!
    И да ви кажам ако не сте знаеле, ако продавницата отвара у 8,вие у 8 и 15 да сте се нацртале,8 и 30 преку сила,порано да го фатите денот... :D Затоа главата ми пука сега!
     
    На JuLleE, bittersweet, la-chicka и 44 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.283
    Допаѓања:
    111.706
    Пол:
    Женски
    Лилитке, баба ми дневно менува по три пати гардероба, една за одсабајле за кафето со комшиката, друго за на ручек и трето за попладневното кафе. Уште носи ноќници, е сеа не става кармин, ама се сеќавам на тој еден зелен, а остава црвено, турски кармин, нашлапај се па иди да те видам избриши се, ма каки ти Лореал :lol: И ја прашувам мајка ми, како е сега со скршена рака, исто бе вика, само уредно си ги распарила ракавите на раката што и е скршена, така да може после и да си ги зашие пак. Ех кога ќе се сетам, додека живеев со нив овде во Скопје, сабајле стануваше и до 10 саат додека да отиде кај комшивката на кафе веќе си сошила комплетче ново. Баба ми има поише прслучиња од мене во моментов, ноќници со чипка и комплетчиња во сите бои :D
     
    На JuLleE, Lilit и linguaragazza им се допаѓа ова.
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Времево е како да е рана пролет, како да се ова првите сончеви зраци по долго време и како сега да се топи она малце снег што го има на места...
    Милина, со други зборови.

    Јас сум си психички претепана, што од изминатите колоквиуми, што од резултатите, што од серијава што ја гледам. Со денови се немам наспано ко човек,очиве ми се крвави...ама убаво ми е.

    Убав ден, после факултет бев да ги ѕирнам баба ми и дедо ми, и дедо ми кришум ми го даде неговиот свежо исцеден сок со моркови да го испијам наместо него, не сакал он, бидејќи слушнал некаде од многу моркови ќе пожолтел целиот... и баба ми нема да го сака таков. :D Душа. :D

    И така, со задоволителна дневна доза на витамини,прошетка и насмевки сега ќе спијам(или ќе пуштам серија?!) и вечер на билијард...

    :sun:
     
    На bittersweet, ljubam, DzingrlakaDzikica и 7 други им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ситуацијава е да се чуди човек :x
    ти некого да бараш за да му вратиш изгубени документи, а него го нема ни под дрво и камен т.е. неа а тебе те шетаат низ цела населба ко последна будала на светов и си викаш е доста ми е , има да одам во полиција да ги предадам сите работи па што сака нека биде :!:
     
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    СДК дека овоа еуфоријата било страшна работа...не ногодишна туку свадбарска, на мојата најдобра другарка се мажи сестраи и одкако ми кажа само играм по цел ден хаха си пуштам чочеци и ко ненормална по цел ден играм хаха не ми се верува некој од страна да ме гледа ке помисли дека несум добра со здравјето хахаха до тука е дојдена работата шо нокеска у 2 саатот пуштив чочек и играв :$ страшна работа :rofl:
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Ден за NIN и преуредување мисли. Мрза, како клопче се одмотува. Надвор, студ и мирис на Русија, ко што би рекол Томе. На бирово, чај, јогурт, кафе и апчиња за во иднината. Не сакам да мислам, да се прашувам, да се думам, само слушам музика и оставам да се биде.
    Доволно ми е.

    Си се ашкам низ соба, се расправам со мајка ми дека истите работи ми ги повторува сто пати, ја подмитувам со списанија и ме нервира ефектот на родител на сопствениот родител. Не сакам, рано им е, рано ми е. Какви се’ не ситуации допрва ме чекаат, не знам дали да се нервирам, или просто да бидам среќна со фактот дека се живи.
    Следна музика на плејлиста се The Verve и Ричард. Го сакам, заедно со Јенс Лекман, и сакам да направат концерт во Скопје. За инает на сите популарни имиња.
    Ден за ништо, баш... Рамнодушност целосна.
    И си ја зјапам серијава, ако ви текнува, со Трендафилче баш си ја коментиравме, за едно Еврејско семејство од Бруклин. Сеќавања еј.
    http://www.youtube.com/watch?v=_K9zNa1o ... ture=share
     
    На zhap4e, anabel-a, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.