[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Имам потреба од гушкање :/
    [​IMG]
     
    На Shpagetta, Libera и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  2. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Оваа недела е моја недела за приготвување јадења..

    Не се бунам бидејќи готвењето ми причинува задоволство.
    Голем гурман сум и сакам да експериментирам со храната. Мераклиски ја приготвувам и секогаш сакам убаво да ја сервирам и декорирам на трпезата.
    Кога на крајот ќе ги видам задоволните лица и празните чинии знам дека сум го направила најдоброто. :)

    Денеска ќе приготвувам шпагети со сос. Желбата е на сестра ми, а јас сум задолжена да ја реализирам.
    Впрочем ова е едно од моите омилени јадење. Знам дека прсти ќе лижеме, а знам и дека по неколку пати ќе ги полниме чиниите.

    Магијата на готвењето е љубовта кон готвењето.
    На неколку исти домакинки да им ја дадете истата рецепта и истите продукти тие никогаш нема да успеат да направат исто јадење.
    Сите јадења ќе се разликуваат едно од друго.
    Не велам дека не игра улога и приборот со кои се зготвени јадењата (целата таа хемијата) но љубовта е клучната состојка. :)

    Да не е некој гладен? :wasntme:
     
    На kravce, bittersweet, cinderella5 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.235
    Пол:
    Женски
    Јагода и јас сум денес задолжена за ручек :lol:

    Јас почитувам домаќинки кои не го пробуваат јадењето, а секогаш излегува совршено. Ма не сакам ни постојано стоење покрај шпоретот, па ѕиркање во релна на секои 10 минути. Права домаќинка е онаа која секогаш по вкус им го погодува јадењето на најмилите.

    Него фино ми е тука кога ќе прочитам кој што готви, па некој рецепт ама кога ќе излезам надвор и цела улица мириса на ручекот на комшиката НЕ САКАМ!
     
    На kravce, bittersweet, rosebush и 13 други им се допаѓа ова.
  4. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Три дена го бркам братучед ми, -за да му позајмам пари :fubar:

    Ми се јави господинот пред пет дена, аман аман помагај. Му велам ќе видам, ќе направам се што можам..
    Се снајдов, му јавив да дојде по парите. Прво ми рече ќе дојдам во 10. Го нема. Му звонам кај 12 за да знам да не го чекам. Е во гужва сум сега ќе дојдам за еден час.... Топки. Ми стигна порака дека ќе дошол утре (тоа беше вчера).
    Вчера иста песна. Еднаш дури и му звонев, ми спушти :| Си велам, мајката...што правам погрешно!??! Уште фалеше да ми крене и да ми се развика да не го вознемирувам, дека ќе ги земе парите кога он ќе сака!!! :doh: (не се случи ова, само хипотезирам, би било кулминативно да се случеше)
    Ми се јави по два часа, да ми каже дека е во фрка, и дека парите сигурно, ама сигурно ќе дојде да ги земе денес...повторно кај 10. :|
    И јас веќе знаев...ама тоа ти е...ептен ни е куќно инаку ќе го истресев уште кога се јави вториот пат.

    А додека седам дома, `чекајки го Годо`, си размислувам...што среќа ќе имав бре, по ѓаволите! Некогаш ги бркав луѓето за да ми вратат пари, сега за да им дадам...И се така јас бркам...ко глупа некоја.
    Не дај боже да работев како инкасатор...леле...движејќи се по градов улиците ќе се чистеа, и мачки и кучиња ќе бегаа од мене ко од шинтер...Пошто нели таква ми е кармата.

    Шала на страна , маж ми ме кара зошто секогаш гледам да помогнам на луѓето, без разлика на тоа што тие го направиле за мене...Не ни барам да го направат истото...

    Фино вели Марчело во Сунце:

    Био бих наивчина и да се опет родим,
    све време гојим прасад и опет сам гладан за божич...
    Па шта...радије чу ја и даље да будем ја,
    поверење без премца на кеца па БУ или ЏА!
    Ево ти срце на длану, у другом е сатара
    чим ме с*ебеш без увертира, саратира -марш!

     
    На Trnche, kravce, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.754
    Допаѓања:
    17.717
    Рано-не рано за Нова година, договарањата започнаа.
    Сите ме прашуваат кај ќе чекам ја, а ја дома сиротката. Под ќебенце и пред 12 ќе си заспијам ;(
    3 другарки, нема каде. Кај едната чекавме лани, сега не и даваат, кај мене полани, ама за оваа година шансите се 1 спрема 999, кај третата не и даваат.
    Си испланирав ја се, ќе купеме јадење и пиење и папучи и пижами и ќе гледаме филмови, барем заедно кога ќе сме нема да заспиеме. Да, со три деца не се прави журка, ама нема со кој.
    Мука ми е.
     
    На Doozy и Inna5 им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.557
    Допаѓања:
    289.397
    Неколку случајни погледи ме натераа да размислувам за квалитетот на животот кој го живееме.

    Колку само се ни се одразува, посебно на нас жените. :$

    Приметив една дама на возраст околу 55-60 години, дупло постара од мене.
    После само еден поглед, изнуди воздишки и воодушевување кај мене со својата елеганција и едноставност.
    Не говорам само за облеката, туку држењето и целокупната нега.
    Клучниот момент беше кога влезе една жена со количка со бебе и она нежно се насмевна.
    Ги приметив брчките на најзиното лице...и посакав и јас да изгледам така еден ден кога ќе дојдам на таа возраст.
    Тоа беа брчки настанати од многу споделени насмевки и убави моменти.

    Во тој момент го свртев погледот кон женава која штотуку влезе во автобусот со бебчето.
    Не беше жена уствари, беше дете-тинејџер, десет години сигурно памала од мене.
    На нејзиното лице приметив умор, тага....и брчки од мрштење.

    Повторно воздивнав...


    Се зачудив
     
    На cveke123, CoverGirl10, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Намерно или ненамерно се успав. Наместо во 8 станав во 12, се покрив со милионите ќебиња преку глава и дигнав раце од светот денес. Не знам што ќе пропуштам и не ми е гајле. Најлошо е да се прашуваш што пропуштив. Ништо, апсолутно ништо.

    Се борам со кашлање и марамчиња на сите страни. По некој чај и печени јаболка. Надвор врне, а комшиите пак го оставиле кучето надвор. Дузи ми даде идеја, вечер ќе си се склопчам Бриџитка да ја гледам. Попладнево надокнадувам со серии, пуштам машина и се изолирам од светот. Се трезнам неколку дена подоцна и сакам да дојде некој па да се разборам македонски. Викендов запознав девојка од Босна, жива радосна српски си везев. Уј што сакам да одам во Сараево. Она раскажува за кај неа, јас за кај мене. Си се разбираме, Балкан е тоа. Како ваму така таму.

    И патриотски одбив понуда да интервју. Грќинката (со к или ќ се пишува :?: ) ме праша да ме интервјуира за некое списание нивно. А јас само прашав како ќе ме потпише на крај. Па ФИРОМ, тоа ви е вистинското име. Фала, ама не фала. Она мене ФИРОМ. Па уште ќе филозофираме како тоа Грција страда, зарем не заслужиле...

    Си се туткам во парново, си ја мислам супата со тиква. Денес светот е бавен, како мрзлив хрчак го врти тркалото. Ако.
     
    На Hopeful, Hipster, teddybear и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Ми се спие.Ме фатила некоја нервоза, се осеќам ко да сум во втор пмс, од пмс во пмс |( нема инаку.
    Смачено ми е од некои работи, ми иде да кинисам некаде скроз на крајот на светот.Неверојатно е чувството и убаво кога не си тука и се бориш со своите емоции и се она што застанува на патот.
    Музиката од серијата Елиза, шо ми е уба :) асоцира на убави нешта :D :wasntme:
     
  9. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    СКД сабајлево во автобус беше бетер од аеродром ,абре пензионеришта имајте осет има луѓе кои одат на работа,на факс,за навистина битни работи а не како вас сонце грее ајде да се прошетамеда не грееме дома сонцево колку толку ќе не стопли.Значи од конторола ме вадат :devil: .Второ барем ако не со вода со влажна марамица поминете се и не секогаш се јаде лук за доручек.И трето ве молам не отежнувајте ни ги тие два дена во неделата излезете си од дома барем после 10 часот.
    Благодарам
    Сигурно нема пензионери на форумов па некој да се навреди :!:
     
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Јас таман сакав да ви кажувам што убав ми беше денот, цел ден дека бев распложена, 4ка добив физика, во автобус журка правевме, симпатијата си го запознав, ама увек има една ситница која ќе те извади од такт.
    Како на пример што мајка ми сабајле ми ја земала иљадарката од роденден што ја чував за Нова Година, ни да праша, ни бутур.Е арно викав јас да си ја потрошам, да си го купам оноа убавион лосион од колачиња од ДМ, да си купам карта за концерт и да се резачленам во библиотека и уште некој партал да си купам, ама не, јас паметната ќе ја чувам.
    Е ако ми е сега, ќе си патам од главава.
    Само да дојдам до пари ги трошам инстантно за пола саат.
     
  11. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Гледачите шокирани од финалето на серијата: Ифет го уби Џемил!
    Човек да се убие од смеење!
     
  12. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    2.033
    Зборев на скајп со девојчето со кое ќе ја делам собата .. Значи сум total mess :$ Леле која катастрофа сум при нови познаства, само се смешкав срамежливо и не знаев што да ја прашам..А како ќе живеам со 12 луѓе, ми се врти кога ќе се присетам само.. Откако ќе ми помине срамот, (а тоа може да потрае и до еден месец :tmi: ) се опуштам, излегува од мене онаа комуникативна, дружељубива, забавна личност ама до тогаш..
    Значи мора еднаш веќе да се соочам со тој страв, да се опуштам и навикнам, имам уште два месеца :D
    Кој е расположен за кафе, да се тренирам малку - лп :$ :rofl:
     
    На Shpagetta, tweety26 и Ann.94 им се допаѓа ова.
  13. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    [​IMG]
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    карма ис а бич анд ај билив ит :!:
    еден тип со кој се гледавме лани ништо сериозно 5 пати сосема случајно го сретнав од кога престанавме да се гледаме-имам пишувано за него и порано,дури и кога бев на замена ми влезе таму каде што бев :!: кога го видов го познав и мислев ке се онесвестам-си помислив што ли бара типов овде, а вчера кога го видов е стварно ке се онесвестев-поинаква фрузура, во капут црн-личеше баш на маж и ме загледа и само што тргнав да си го продолжам патот ,ме фати за рака а јас-ни лево ни десно само право-ретко кога сум толку сериозна ама ептен ме фати неподготвена :D и мислам дека му дадов до знаење дека нема веке трте-мрте и приметив дека и годините му влијаат на него, не е истиот од порано.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...бевме на роденден пред неколку дена, цело друштво во еден кафич кај другарка.Седиме, се смееме, уживаме.Во еден момент, погледнувам накај моите најдобри другари-со виски и цигара во рака, со кошули на нив, разговараат и изгледаат како да се многу постари.Девојките се нашминкале, се средиле, сите со штикли и совршени фризури, не можеш да ги препознаеш.Тоа се истите луѓе што ги гледам секој ден и ми личи дека ништо не е сменето кај нив, а ми требаше тој единствен момент да сфатам-Пораснавме, детството одамна сме го оставиле зад нас, а јас толку очајно се трудам да се вратам во периодот кога се беше едноставно и сите бевме безгрижни.Ама нема назад, тоа што било-поминало и не се враќа... ;(
    А вчера, ко да не ни било никогаш...
    http://www.youtube.com/watch?v=ccaL5Jr3vPk
     
    На tweety26, butterfly33 и Ann.94 им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Се залепив за темава ...

    Некако ептен сум расположена за муабет. Сега ќе кажам дека го зафркавам системот од инат, почнувам од пазарување.

    Како може поубавите големи компири да ги пакуваат по четири или повеќе во пакетка? |( Ти сугерираат дека баш толку ти требаат, сакал не сакал, цел пакет земај, па ако сакам еден или два, треба да бркам со раце во рефус кантата, каде кој натратен, кој до пола забиен со мотика, еден со очи, трет со очи и рогови, на четврт па и дел му фали. Ги префрлам еден по еден, пак ги погледнам оние по 4 во пластика и се мислам додека им дојде на другите два ред за јадење и тие очи ќе добијат. Се двоумам, да земам од овие или од оние. Па се фрлам на бирање пиперки.
    Една тетка земала ќесенце и она да си избере од рефусот, и ја гледам како мене, обрќа, брка подлабоко, претура. Викам, колку ти требаат? Ме погледна, ко не е твоја работа, и јас пак, два ли компира бираш? -Два.
    Епа така кажи! Земам кеса со четири, сретни ме кај касите ќе си ги поделиме.

    Компири |( големата работа. Не е до компирите, туку до тоа колку време ми требало да сфатам дека јас не сакам да одам по некој терк кој друг ти го сугерира, тоа сакај, ова ти треба, вака треба да се понашаш, па ти луда ли си да одиш против текот на реката? Сакам два компира, грабам два! ОК!? :rock:
     
    На Moira, kravce, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Татко ми е ненадминлив мајстор за баклава.
    Си има своја рецепта, малку изменета по негов вкус, и стана познат по тоа што прави најубава баклава-бајадера. Сите гости кои ни доаѓаат на слава знаат дека не смеат да не пробаат барем едно парче. Иако вообичаено правиме околу 150 парчиња, досега не останало ниту едно!
    Татко ми си е многу педантен и претпазлив кога работи, па секогаш кога ја сече баклавата, со линиар внимава да исече идентични парчиња. Уште од мала знам да се мушнам во кујна додека работи, па да го гледам и да учам додека си грицкам лешници. Патем, татко ми секогаш ми кажува некои финти за повкусна баклава и ми раскажува некои анегдоти.
    Годинава јас ја правев баклавата, секако под негово менторство. И добив многу пофалби :wasntme:
    Во рецептата нема чоколадо, нема ни ореви, ама има многу љубов и мајсторија.


    Трпезата е спремна, само уште гостите да дојдат.
    А на сите што прославуваат Св. Богородица - Пречиста, нека ви е вечна славата!

    Ви испраќам дел од нашата трпеза :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, Moira, kravce и 28 други им се допаѓа ова.
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    4.848
    Колку е убаво надвор времето..
    Их да си мееш капут и да си тргнеш на прошетка,но штета што е темно па не сум во можност да ја искусам убавината на природата.
     
  19. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Сдк1: Пред да му дадат на еден професор работа во училиште не е важно дали е основно или средно треба да му дадат тест за интелегенција, и психолошки тест дефинитивно!.
    Не е ова пост од оној "професорката е крива не ме сака, ме мрази не сака да ми стави повисока оценка" или сл.Педофил, личност со слаби нерви, со голема депресија, интелегенција испод нула, со комплекси и итн, неможе да биде професор.Исто така безобразно и неиживеано дете да биде ученик.
    Знам дека има деца кои се многу безобрани и немирни, и дека не е лесно да ги трпиш скоро секој ден плус и твој лично проблеми.
    Во осоново мојата "милa" професорка по географија беше главна оговарачка.Секој час и почнуваше со:Теодора напраи вака, така ......!Знаеше се за сите, и само гледаше како да му наштети на нешто.Значи буквално си беше без влакна на јазикот, и си збореше селанка курвичка итн.Работата е шо не е стара у средни години е од прилика 46-7..Буквално се спушташе на ниво на глупи дечишта.А секој ден дрндаше као треба да земаме пример од настваниците.Она на часови плукаше по Албанците(знам дека 90% од македонскиот народ ги мрази, али на наставничка и возрасна личност и доликува така да збори?)..секако завршив и јас основно и се радував дека нема да сретнам наставничка како неа, очиглено сум згрешила.
    Во средно сретнав уше по никакви,(незнам дали добро се изразив али ств незнам со кој друг збор да ги опишам).Нареден пат ке кажам и нешто за некои професори во средно...А и морам да ги пофалам професорите коа стварно знаат да работат со деца малку се но го има.. :)

    Скд2: Сите чекате снег да заврне, изгледа само јас несакам.Не сакам ладно, не сакам снег, не ја сакам зимата!Сакам сонце да пука :sun:.
     
  20. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.