Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Ако некој има при рака неиспробана нуклеарка, срдечно го молам да ја употреби на 16-ти во Метрополис арената. Градов ќе биде спасен од многу непотребни трошачи на кислород. Кога ќе размислам, може да се употреби и врз телевизиите што ги рекламираат ваквите шабанарии.
     
    На Domino, innablood, ines.h и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Никогаш не се чудам што гледам зли луѓе, но често се чудам што гледам дека не се срамат од тоа што се такви...
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Конечно решив да ја искоритам неделава корисно. Да ја искористам за мене. Решив да си поготвам топла бања.
    Сите свеќи што ги имам(а ги имам многу,бидејќи ги собирам) ги однесов во купатило и ги наредив на кадата. Си го донесов системчето мало. Одбрав песни некои.Само мелодија.
    Започнав да ја спремам бањата. Ја наполнив,се убаво.. Ставив некои работи во водата, и си легнав. Си лежам јас така 20 минути, и си викам ај да си ја измијам и косава. (ми беше врзана во репче)
    Си ја намачкав, и пополекаа, никаде не се брзам. Пуштам вода - НЕМА. Одново - НЕМА.
    Мамооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооо, нема вода ! :o

    Мајка ми ја слушам се кикоти. Косава со скама, јас се нервирам, мајка ми се смее.
    -Ами сега ?
    -Сега ништо. Се исплавив со кисела вода, заради славата што ќе ни биде. :D

    [​IMG]
    Ова е мојот ден. бацки :*
     
    На Rubiii, Divinebutterfly, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК 500 пати редактирав во темата Форумџики кои ја одбележаа годината :lol: Додека прв пат пишував ич не ми текнуваше, откако испратив почна да ми текнува "Леле да бе, оваа ја заборавив, срам да ми е" :D
     
  5. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Недела.
    Убав ден. Или не.
    Whatever.

    Мене ми беше убав. Смешен пред се’ .
    Уште малце ќе гледам вајпаут и ќе си легнам. Сношти бев со мајка ми и татко ми на гости - до 02ч и нешто, а станав сабајле во 09. Така да, исцрпена сум. Ми треба одмор.

    И приметувате дека поретко сум деновиве на фемина?
    Ма, не можам бре, гледам да се поодморам малце, а не на компјутеров. До душа, ќе си се вратам во форма, ама деновиве имав таква потреба.

    И да...Се ближат празници! Иха!
    Can't wait.
     
  6. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК дека ми остана уште една лекција да научам и финиш :lol:
     
  7. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661

    Ааа Chocolate.me, ние немаме вода 2 дена,а косава ми плаче за миење,телото за туширање..
    Ти си добра,. барем си се накиснала во вода :P :lol:


    Хеех,јас научив за утре сега ке си легнам под кебенце и ке си гледам некое добро филмче.
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Се почесто некако се прашувам, каде по ѓаволите е отиден светов? :^)
    Нема веќе ни искреност, сите само го тупат како нема ни љубов, се е од корист, нема верност, нема веќе ништо. Да не може човек да каже дека е среќно заљубен, не, не, не е можно тоа, лажат, којзнае што си прават позади грб, сигурно дома се истураат од карање и вреѓање. Да бе, а и се тепаме чат-пат.
    Што е со целата таа човекова ситничавост, каде отиде моралот, вербата во доброто?
    Се ми е некако расипано, ми се згадува веќе.
     
    На teddybear, girl23 и julie77 им се допаѓа ова.
  9. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Цел ден ми помина во тегачење и во вежбање математика... :yawn:
    И покрај сите решени задачи пак се осеќам ко да не знам ништо! |(
    Не планирам уште да се мачам па остатоков од вечерва ќе одмарам хаха.. :)
    Имајте убава вечер. :) :*
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Зошто не сум изненадена од некои личности? :D На крајот на краиштата никој не е цвет за мирисање :?: Не сте ни вие совршени.Пффф :)
     
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    За џабе поминав пола ден во Рамстор. Најмногу отидов за да фатам гратиси за кино и за групер, а за нив не морало да биде отклучена апликацијата, и си чекам јас да се чекираат 250 души, се мотам низ продавници и кога отидов немаше веќе гратиси .... Таман се симнав во Нико за бесплатна камера за пц да си земам, и таман дојде до мене снема нет и морав до горе да се качувам со ајподот , за да го отворам акаунтот и да им покажам и кога застанав во ред одново, таман стигна до мене и ми вика - "Толку, тоа беше последната камера " Епа :@ И после јадев пица за 40 ден колку да не ми биде за џабе одењето, а демек на диета бев ....

    Другата половина од денот пишувам cv :yawn: И пак не сум задоволна, кој беше паметниот што ограничи на една страна да биде само, со фонт 6-ка пишував :D А тек другите ствари, кога ? ...
    И заборавив да си купам кафенце со вкус на лешник, дали работи сега Веро недела ова време ? :(
     
  12. Radiance

    Radiance Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    170
    СДК дека некогаш сакам да избегам од животот кој го живеам и да се најдам на некое далечно место заборавено од природата.
     
    На Dgirlll и Magnolija им се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Мајката. Од када да не излезе човек. Одма во ходник се лансирав по кратка постапка.
    Треба пак да си купам од гумените папучки за да ми се лепат по мокри плочки... :wasntme:

    Туку открив нов врв на секси ФБ слики!
    Премногу мејнстрим станаа оние со дакфејс и цицка на бојлер, сега има сосема нова еволуција во сликањето. Нешто сензационално и уметничко.
    Лејдис енд џентлмен, сликање задник до растение!
    Да. Бидејќи гола груда веќе се гледа на речиси секоја слика, новата уметност е испрчен задник сместен до собно растение. И тоа не смее да се гледа друг дел од телото, ниту половината, ниту нозете надолу, само клоус-ап од газот и растението на мајка ти до него.
    Јасно, 32456776535 форевр алоун попалењаци и по некоја другарица лајк ит.
    И коментар: Najubaaavaaa ♥♥
    Што е најубаво бе тука? :worried:
    Колку сме у курац ојдени...
     
    На Chocolate.me, la-chicka, KrystalTears и 9 други им се допаѓа ова.
  14. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.992
    Бев низ град, и почнува да ме фаќа Новогодишна еуфорија.
    Одвај чекам другата недела да си ја накитиме дома елката.. Па украси, сијалички, ѕвездички...
    Го сакам овој период, ги сакам празниците затоа што тогаш си дома, со семејството, постои посебна топлина и љубов. Се е убаво во Декември....
     
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    И веќе одамна тоа не сум јас, тоа е некој што ме глуми и ужива во досада. :yawn:

    Кој чекал дочекал, ама од чекање ти здосадува бре. :envy:

    И, стварно незнам кај ќе одам за такозваниот евент Нова Година. Неќум да ги учам сите шабански песни на памет, не, не, не !

    Дома, хм?
    What do you say?
     
  16. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    '..a,мене топ ми е незнам да бидам озбилен...сакам да пцујам и цензура не ми треба..'
    Eте,у курац.
    Време кога светов е у курац.Јас сум у курац,ти си,тој е,ние сме..сите.
    Да кемкам дека имав лош викенд или да разглоба за општествена појава. За феномен.
    Не мен со фен,туку феномен. За феноменот шо незнам како да го наречам. Не разбирам и не сакам да разберам.
    Еве пример сеа,ќе јадам гомна за кафич.Глуп е,сељци одат таму.Браааат музиката е шит. Ццц,шемата оди таму..хухух,моја нога таму не.
    И оп,еден викенд таму.Друг викенд таму.Денски кафе таму. Ова-она таму.
    Ама битно кул сум шо го нејќам кафичот.
    И така,кул е да си кул..а за да си кул треба да сериш. На се што постои и не постои.
    Леле,а јас глупа се замарам за фен-о-мени. Бисери.
    Охридски,македонски.
    Туку јас,имав лош викенд.Кога не оди,не оди.Посебно кога чкрипи дома..
    Маратон солзи и нервоза.
    Неделава си оди,па цела среќа топката се спушта.
    Ја зачинив со музика и пудинг.
    Плазма со млеко,сутлијаш,пудинг. Во све.
    Плазма,детство.
    Солзи,пропаднати љубови,изгубени сонови. Ете,таков срање викенд.
    Ај,да се вратам.
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Страшна работа е како одам јас до продавница. Уште малку фали со пижами да си отидам, онака.
    Среќа што не живеам во некое подрачје каде одењето во продавница е еднакво на одење во диско. Таму ќе ме викаа клошар.

    Денес немаше пилешки прсти во продавница, па мајка ми ми направи драчевски лигњи. Јака замена. Ептен.
    И немам шеќер, а пијам нескафе со 2 натренчиња. Сам себе го убијал. Мислам, јас сакам благо кафе, ама.. ова не е кафе.

    Книга да фатев, онака, колку да се кажеше? Тука не се важи, преместувањето на книгата од фиока од едното биро, до другото биро, и ставање пенкалца, колку да се замаскира процесот на џаболебарење. Времето си тече, јас си тупкам во место. Како не ме заболеа нозете не знам. Ќе ми се одрази по глава ова, ќе ми се случи брзаница, трка, па ќе си пејам брза кучка слепи кучиња раѓа. Или па тоа не се пееше.

    И сега си гледам, дека на местото каде што ми стоеше телевизорот, совршено би стоела елката. Јас ќе си ја накитам, ќе си купам лампиончиња и сијалички. И ќе напишам писмо до Дедо Мраз, по 10 години. Со сосема нова гледна точка во однос на моите посакувања. Нема да посакам ништо материјално. Нити нова играчка, или пакетчиња. Па дообро, ако добијам, нема да одбијам, сепак :)
    И така, секоја година вештачки ќе ја фаќам еуфоријата. Затоа што сама не доаѓа.
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    ‎СДК ...♥... nešto ću ti reći, lutko, sаmo to nemoj pričаti nikom. Ne morаš više čekаti dа se kаzаljke sklope. Znаm jednog dripcа koji misli nа tebe i kаd su kаzаljke potpuno rаštrkаne...♥

    :inlove: :inlove:

    Добра ноќ :* |-) |-) |-)
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.791
    Пусто мое Скопје... Ми се давиш во магли, сивила, студ, валканици. И пак те сакам.
    Грд град, а создава најубави приказни. Со денови можам во тебе и за тебе да пишувам, знаеш? Ти си мојот инспиратор, генератор на животните случувања, сакам тука да изградам Дом и да ги менувам твоите фасади и тротоари. Твоите нови зборови...
    Ми смрзнаа нозете додека да се приберам дома. Со мене цела торба реквизити, од падобранци за даде, јогурт за тато до хеланки за мене. На мама жута штампа. Чудесна недела. Како да ми трае од завчера. Не си ги чувствувам смениве од 10 до 18. Некаде накај ручек време, збеснувам. Крварам меѓуножно, бледеам на лице. Очите ми сјаат кога ме бакнува и ми го отвара ќебето со зборовите - Дојди ми.

    Дефинитивно се заљубувам ко трупец, верверичка или нешто такво, несаглам.
    Се растопувам во сопствените воздишки. Можам да речам - благодарам, Животе, за благодетите што ми ги пружаш. Колку што ми се долги нозете. Таман. Ни најмногу ни премалку. Доволно за да сјаам и да го сонувам дури и кога спијам со него.
    Кифлички со кашкавал, домашни и јогурт.
    Балада за есен, кога мачињата од подрум се пикаат под радијаторот на први кат и цвилат по мајка им.
    Јас, со перо натопено во небесна прашина, си бидувам, си патувам.
    Си пишувам.
    Имам и што.
    Цел еден нов Живот што доаѓа со мене, и ми прави најубави меури од радост. Кога ќе прснат, тоа ќе биде одглас на постоењето. Неважно е што немате некогаш. Најважно е она што го имате, да го прегрнете со најтопла сила.

    За да ве грее до, Засекогаш.
    Отидов да сонувам будна :angel:
     
    На ines.h, la-chicka и Ariel им се допаѓа ова.
  20. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Се чувствувам запоставено. Очигледно сите ме заборавиле...или јас нив. :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.