1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Што ке ти е да спиеш,треба да се живее со 200 на саат на млади години,кога ке остареш ке имаш време за спиење,луѓето што многу спијат така им поминува животот. ;)
     
  2. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    На Delta2, kravce, Cacy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Денеска колку убаво си фантазирав... :wasntme: Кога се раазбудив од таа убава фантазија,тек тогаш сфатив дека е само фантазија,само една убава фантазија... ;(
    Но,сепак фантазија како фантазија...Ама убаво е да се фантазира ,нели? :geek:
    И се надевам еден ден ке стане реалност. :)
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    За мене Декември е почеток на борбата со растечен нос.
    Мајка ми е во неверување дека мега пакувањето тоалетна го снема за помалце од недела. Џабе лекови, витамини и чуда, си тече и ќе си тече. Од мал нос, толку многу мрсули, почнувам да мислам дека сум за у Гинисова.
    Не го очекувам снегот со водушевување како многумина. Ќе го испоштувам само првиот ден, со топло чајче во раце, седејќи во затоплен кафиќ, ѕверејќи се низ прозор. Впрочем, само така знам да уживам во него. И во правење снешко пред зграда со дечко ми, што ќе го крстиме Џони, како и изминативе години. Без Џони ништо не правиме.
    За остали работи, зимувања, скијање, бордање и слично, сум тотално незаинтересирана. Кај не сум за спорт, па уште спорт на снег. Загарантирани скршеници и антибиотици.
    Како што имам пишувано, знам да го исхејтам снегот на повеќе од 5 јазици, па вие видете сега...
    Од друга страна, почнувам да ја мирисам празничнава атмосфера. Штом се прави сарма и подварок, нема грешка. Почнале и да ги китат улициве. Немаше да приметам ако прееска не го здогледав човекот што се пентареше на тоа чудото од возило, и местеше сијалички. За малку ќе дадеше салто напред, а таква акробација и слеп да си нема да ја промашиш. Штом ја видов сликата пред мене, ми прелета во глава, со длабок машки глас: And so, it begins..
    Глеам фрштат новогодишни желби во темана, па јас вака навремено да ви соопштам дека за Нова Година сакам Дедо Мраз да ми ја искречи дневната во лајм зелена боја, да и најде на мајка ми дечко и да ми остави сто евра под елката. Доволно би било, иако за ова второво ќе треба многу поголемо чудо од магијата на Дедо Мраз. :D :wasntme:
    И така, си продолжувам со предозирање од лимонади и чаеви во исчекување на крајот на светот. Нот.
    Во исчекување овој мој нос да престане да тече, за да можам да висам над книга, без да правам поплава.
    :hai:
     
    На sweet-cherry, kravce, la-chicka и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Сакам да читам, како мала секоја лектира што ни беше предвидена за нашколо ја читав, уште од тогаш се радував на читањето и богами од мала ја осетив магијата и чувството после секоја завршена книга. 8)
    Не се сеќавам за жал која била првата книга што сум ја прочитала, ама знам дека Зоки-Поки, Двојната лота, Втора смена и многу други ги читав за 2 часа.
    Памтам во читањето на двојната лота така бев занесена што многу брзо ја прочитав и на крај сакав да има уште, скоро ќе заплачев што нема продолжение книгата, па дури бев спремна и да го напишам крајот. Сега има и филм по истоиментата книга.
    Денеска бев во книжара. Чувството да си опсипан со книги е неописливо и незаменливо, на цимерката и реков дека можам цел ден да го поминам тука ако ме остави, а таа се брзаше и било жешко внатре.
    Не знаеше да ужива во убавините околу неа.
    Можам со часови да стојам и да си ги читам тие одзади што се не ми текнува сега во моментов како се викаат можда содржината, да си ги разгледувам насловите.
    Сакам да ги имам сите книги што постојат бе, знам дека кога ќе појдам во пензија секој ден ќе бидам со книгата во раце, а до тогаш цел ми е да прочитам барем 300 книги. :emo:
    Треба да спроведам едно истражување колку книги во просек се читаат за година дена со баш нередовно читање(попречено од други обврски и учење на други книги).
    Си замислувам само кога би немала обврски околу факултетот и секој ден би читала и секој ден би завршувала по една книга или секој втор или трет ден, колку книги би прочитала за една година?
    Белетристика, политика, психологија, здрава храна, историја, социологија, филозофија, љубовни романи, поезија...
    Дома во дневната имаме две полици што се полни со книги, ама не е тоа, тоа.
    Одсекогаш сум посакувала да имам една голема библиотека дома, штета што моите не се по читање, за жал работата и обврските не им дозволуваат да читаат, ама од време на време татко ми знае да прочита неколку страници, па сега во мојата соба и на сестра ми за брзо ќе ставиме сталажа(големи полици) кои ќе ги наредиме со книги и ќе ги полниме со книги за да ја зголемиме библиотеката - едвај чекам ^_^
    Јас уште на почетокот од Септември си ветив дека ќе си направам домашна библиотека, па сега за сега, за скоро 3 месеци имам купено речиси 15тина книги.
    Обожавам да купувам книги, иако искрено кога видов дека имаше една и од 400 денари, срцето ме стегна, би дала толку пари да можев сама да ги заработувам, ама вака кога секој денар си го планирам, не ми се даваат толку пари за книга иако дадов 380 за една пред месец дена.
    Можам да си дозволувам од време на време и од 500 денари, ама тоа ќе го правам кога ќе заработувам пари и си ветувам уште од сега, дека од првата плата мора да ми останат пари за да си купам така поскапа книга што ќе биде подебела со повеќе страници.
    И уште ќе зборувам за книги, сеуште немам колекции, освен една од Петре.М.Андреевски, ама тие ми ги зеде татко ми кога преку весник ги даваа бесплатно или како беше.
    Планирам да си направам колекција од Николас Спаркс, од него имам веќе 3 книги, една добив на подарок пред две години, а две си ги купив сама, планирам да ја дополнам колекцијата.
    Во книжарницата влегов без идеја што да купам, а секогаш се радувам кога ќе влезам внатре, зошто знам дека кога ќе влезам празна од таму не излегувам. :!:
    Без некоја препорака и без да знам точно што ќе купам си купив две кои најмногу ми го привлекоа вниманието, т.е едната е Стаклено звовно, а другата Страници за нашата љубов(долго време ја меркав и конечно си ја зедов).
    Мислам дека нема лоша книга, има само некоја која повеќе ќе ти го задржи вниманието и ќе те импресионира и друга која ќе го направи спротивниот ефект, т.е нема да те импресионира.
    Книгите секогаш се интересни и непредвидливи, некогаш на почеток знаат да те разочараат и да си речеш - чекај бе, што читам јас? Не требаше да се работи за тоа :shake: - за на крај да биде се поинтересна и поинтригантна и да те остави со отворена уста и да станеш побогат со уште една содржина која ќе те поучи или ќе извлечеш некаков заклучок од неа. :nod:
    Секоја книга си има своја цел! Читајќи го заклучив ова, секоја може на некој начин да те подучи, сите тие приказни, животни случки, маки, проблеми, љубови :l: , пријателства, борби, казни, животот, смртта, разделбите, средбите, ќе те натераат да се замислиш за момент и несомено да си извлечеш некаков корисен заклучок. 8)
    Најубаво е чувството кога ќе се нурнеш во светот на книгата и си правиш филм во главата :D и ги замислуваш ликовите, местата, дури некогаш и се ставаш на местото на ликовите чисто да видиш како ти би постапила во нивната ситуација, а некогаш посакуваш и да си на местото од некој лик :inlove: .
    И за крај нешто што е вистина и што ми се допаднало:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, butterfly33 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Најлесно е да спиеш цело време за да ги избегнеш обврските и проблемите... а јас спијам цел ден :worried:
     
    На LilBaby и Ilusionist им се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    сдк
    моменти за напред теско е да,но мора да се успее,не се може во мои услови но мора да се направи тоа...
    господе помогними да одам напред во ова и да се биде добро...
     
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    СДК одамна не сум се чуствувала вака смирено ,сама дома ,лаптопот во скут си пиам топло чајче ,домашните на слава ...морам да признаам дека понекогаш стварно ми годи тишината ...
     
    На ceca-1 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  9. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Доста запаѓав во депресија. Си ги читам постовите и се чувствувам како очајна. Ама од утре вртам нов лист! Животот оди понатаму. Времето ќе покаже кој добил а кој изгубил. Ме научи важна лекција-Не верувај никому, дури и на оној кој до крај вели дека те сака. Никогаш не им давај шанса на оние кои не заслужуваат.А јас од утре сум нова личност. Се надевам нова до степен до кој ни јас нема да се препознаам. Живот иде даље, живот брзо пролази.... Оној на кој не му требам, нека научи дека нема да ми треба ниту мене. Никогаш!
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Ден,исполнет до немајкаде со обрвски.
    Како и да е,исполнет.

    Дојдоа такви времиња,а имам впечаток дека недај-боже ќе дојдат уште полоши,што јас ќе се чудам ако некој е љубезен со мене кога ќе остарам.
    Дај боже да грешам.
    Никогаш не сум сакала да кажувам „Добар ден’’,небаре некому денот ќе му биде подобар ако го слушне тоа од мене,но чиста пристојност,култура,да не велат дека сум немтур. Денеска и дојде еден другар дома на мојата помала сестра седмоодделенка,да препише домашна. Не го бива секого за математика,нека се дружат,го примив,им направив една цедевита, и изненадување - детево може да продава пристојност.
    Дури како да имаше некоја стравопочит кон мене,а искрено,се почувствував како да сум и мајка,а не сестра. Детенцево се расфрлаше со убави зборови, Добар ден,благодарам,како сте? дури и ми персираше.
    Епа ти благодарам.

    И таман почнував да ги критикувам генерацииве,повторно некој ми ги стави розовите очила.
    Постојано ги носам,во последно време.
    И да,ми годи.
     
    На Moira, kravce, ilipili и 2 други им се допаѓа ова.
  11. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Јас: Мамо, може?
    Мама: Не може !!!
    Јас: Добро. Јас сакав да те прашам дали може да учам - но ако ти велиш НЕ тогаш ќе те послушам !
    :rofl:
     
    На pamelche, ceca-1 и rosebush им се допаѓа ова.
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Бакнежот е средба најубава на свет, мост на кој си идат душите во пресрет, а мојата те чека на пола пат...Спомените на старата љубов живеат во тебе и засекогаш ќе останат скриени во дното на душата. :)
    Со парите се купува се, но љубовта и среќата НE !Никогаш не е доцна за да започнеш нешто ново и подобро.Љубовта е за двајца!-Но секогаш ќе се најде по некоја курва што не знае да брои !!
    денес шетав низ продавниците и Господ го создал светот, а се друго е Made in Chinа :)Не го мрази дождот, само тој ми дава единствена шанса да одам со крената глава и кога плачам :)Некогаш го бараме она што го немаме, го зборуваме она што не го мислиме, го правиме она што не го сакаме и ги сакаме оние на кои не им значиме.Најдобар начин да цениш некого е да го замислиш својот живот без него.Во животот не е важно што имаш, туку кого имаш и кој те има!Сите СЕ пријатели ...Додека имаат корист од тебе!Ако не побараш и не се потрудиш, нема никогаш да го најдеш тоа што го бараш... :)Никој не е совршен!!!
    [​IMG]
    Треба да се чувам од добрите луѓе бидејки тие најдобро ќе ме заебат!Озборувани се само луѓето кои вредат!Не ги бришам солзите, бришам ги луѓето што ме расплачиле!!Животот ме научи многу работи. Една од тие работи е дека секогаш уживај си го својот живот, и насмевнисе! ♥ ;)Кога имаш семејство кое те разбира како пријателите, кога имаш пријатели кои те сакаат како семејство и кога имаш една личност покрај себе вредна како илјада, е тогаш имаш живот вреден за живеење...:)Љубовта е не да простиш туку да заборавиш, не да видиш туку да разбереш, не да чуеш туку да слушаш, не да дозволиш да замине, туку да ја задржиш покрај себе.
    Никогаш не го оставај оној кого го сакаш за оној кој ти се допаѓа, бидејќи оној кој ти се допаѓа ќе те остави за онаа која ја сака.
    Најди човек кој те нарекува убава, наместо згодна.
    Кој ти се јавува, кога ќе му затвориш телефон.
    Кој останува буден, за да те гледа додека спиеш.
    Чекај го човекот кој те бакнува во чело.
    Кој сака да те покаже на сите кога си најлошо облечена.
    Кој те држи за рака пред своите пријатели.
    Чекај го оној кој постојано те потсетува колку се грижи за тебе и колку е среќен што те има.
    Чекај го човекот кој знае на своите пријатели да им каже …„таа е вистинската„.

    Во најтешките времиња се учат највредните лекции.Невозвратената љубов ... БОЛИ ... но докажаната љубов ја сузбива болката ... СЕКОГАШ ...Времето е бесплатно,но е бесценето.Не можеш да го поседуваш,но можеш да го користиш.Не може да го задржиш,но можеш да го потрошиш.Откако ќе го изгубиш никогаш не можеш да го вратиш назад..
    Јас имам срце како мраз, арогантна дигнат став, тоа ли сум според вас?
    Не ми е срам, што во себе верувам!
    И по се што поминав, сега не се предавам! Никогаш не се предавам!
    Секој те сака додека не те добие ...
    Немој да обвинуваш никого во својот живот. Добрите луѓе ти носат среќа. Лошите – искуство. Најлошите – лекција, а најдобрите – спомени.
    Те следам поминуваш, те чекам заминуваш, те викам не слушаш, те сакам не веруваш!
    Љубовта е нешто кое не одржува приврзани со една друга душа со карактерот, со однесувањето, понекогаш и со убавината на насмевката, на стилот едноставно карактеристиките на таа лисност не држат приврзани за нив без разлика дали се добри или лоши.
    Пред некој месец почна Есен, за неколку дена ке почне Зима, па крај на светот, па Нова Година....
     
    На karenin и L0ve им се допаѓа ова.
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да се одморам од се и секого. Ми треба одмор. Психички сум изморена, демотивирана и исцрпена.
    И плус тоа, забележувам прв степен на депресија. :!:
    Насмевката ја нема, позитивното размислување па ич.. Лудилото ми се приближува.
    Седам во тишина, читам една интересна книга целата задлабочена, и.. наеднаш почнувам да се смеам на цел глас. Не дека има смешна содржина, туку јас будала си се смеам на сите свои маки. :^)
    `Се загледувам` во нешто, и стојам така долго време... Би сакала барем да мислам на нешто.. Но моево множество е празно. Нема никакви мисли, буквално празно. Би сакала барем да се нервирам, да се карам, да викам - тоа би ми било доволен доказ дека сеуште имам живот и верба во себе.
    Но јас, немам сила ни за тоа. Едноставно не можам да се поднесам самата себе.

    И што е најчудно од се, личноста од која најмалку очекував ми пружа подршка.

    Се е толку чудно. А и јас станувам чудна.
    :|
     
    На sweet-cherry, Hipster, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    „Онади“ - Македонски глагол со универзално значење.
    :rofl:
     
    На ocila, Monna.Monna, kravce и 21 други им се допаѓа ова.
  15. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Сакам да кажам дека Го сакам сонцето и виножитото, ги сакам сините планински врвови, ги сакам полските цвеќиња, го сакам мирисот на зелената трева, ја сакам песната на птиците, го сакам тивкото ветре кое нежно минува низ гранките на дрвјата ама над моето небо сега ја гледам само сиватат месечина која едвај се некако ѕирка од темносините облаци кои танцуваат на небото во својот танц на дожд,
    а ѕвездите ?
    Ѕвездите ги нема не светат не треперат во ноќта и тие со сокриле зад танцот на темносините облаци и тие му се покоруваат на темносиниот танц и му допуштаат да владеат со небото , со ноќта со земјата.
    А јас, која сум јас ? Јас сум само гледач на претставата со еден билет во џеб кој сигурно ќе го фрлам во канта штом ќе заврши претставата и бавно ќе продолжам кон домот, а дома уф дома се чувствувам морничаво, немоќно, тажно сакам да заминам подалеку од домот подалеку од оваа меланхонија,
    но каде ?
    со кого?

    не, не, сама несакам да заминам, сакам другар во моето гнездо, сакам крилја кои ќе ме носат низ животот, сакам крилја кои ќе ме чуваат од ноќта, од тагата, од животот, сакам топлина и убав збор.

    А, ти птицо моја кој и да си каде и да си, те молам што побрагу долетај кај мене, и бргу зграпчиме зошто немаме време за чекање, зошто стрелките на часовникот не запираат, зошто полека но сигурно се движат кон иднината кон нашето последно видување, кон нашиот последен здив, кон последниот зрак на сонцето врз нашите лица кон последниот сноп светлина во нашите очи.
    Јас сум тука, не одам никаде без тебе, те чекам ?
     
    На Serafima, Moira и kravce им се допаѓа ова.
  16. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Збунета сум целата. општо од се и од сите.
    што рекле
    - Сто људи сто чуди..
     

    Прикачени фајлови:

    • matematika7.jpg
      matematika7.jpg
      Големина на фајлот:
      21 KB
      Прегледи:
      290
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Ја знаете разликата меѓу спомените и ветувањата?
    Ветувањата ги кршиме ние, а нас не уништуваат спомените.
     
    На kravce, butterfly33 и anabel-a им се допаѓа ова.
  18. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
    Страшно ми се спие! :(
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    weeeeeeeeell, this evening went better than expected:D
    Сакам да кажам дека сум среќна, на некој посебен и чуден начин, кој само јас можам да си го разберам.
    Мислам дека се заљубив.. Повторно.. Па што има врска? Убаво е да се сака.
    А хемија.. И да не е петка, ќе биде:D
    Имајте пријатна вечер!:D
     
  20. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Денов се развлече како опера на Вагнер.. шесте саата на испит германски ми ја истрошија енергијата комплетно. Es ist vorbei, барем за сега. :whew: Морам да се вратам во колосек, да продолжам да ги спојувам сликите толку внимателно како што знам, од нив да правам колажи.
    Луѓето ги премолчуваат работите кои се кристално јасни. Секогаш го избираат полесниот начин... а јас возвраќам со пластични насмевки и празни муабети. Што реков за колажите? Да.. сакам да ги врамам. Да го закачам и да знам дека ќе остане таму. Да научам да го зачувам тоа што е мое.
     
    На Moira и kravce им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.