[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    На овој начин можам да живеам,додека живеам...полна со живот,без страв од смртта. Чувствувајќи љубов,но незнаејќи од кого. Танцувајки на дождот,додека грее сонце и сончајќи се кога врне. Дојде време,земав четка и почнав да го разубавувам платното,не гледајќи го делото додека не е готово. Ќе биде готово кога ќе останам без здив. Чинам,виножито е. На чекор сум од провалијата,но го гледам виножитото.
    Или ќе добијам крилја да одам кон тој прекрасен спектар бои,или некој ќе ме поттурне долу. Болката не е,но страдањето е наш избор..ах,ах таа твоја дива,и несмасна „љубов’’.

    Не сум од оние кои цмиздрат.Но сум,една од оние кои искрено љубат.
    Полно срце,полни гради,празна глава,велам. Понекогаш и храброста е лудост.
     
    На Vezilka и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.231
    Допаѓања:
    125.067
    Оваа година решив да уживам во предновогодишната атмосфера :angel: Така си мислев,откога немам правено планови за Нова година(а правев уште крајот на октомври од порано,кај мене стоеше списокот,бев главниот организатор 8) ),во последните добри 6,7 години ме нервираа елки,сијалички,лампиони,ме нервираше прашањето-Каде за Нова година?,не ми се даваа пари за дочекот(и реално многу е) и откога си немам купено нешто специјално за таа вечер......Некако се изгубив годинава во куп проблеми,па навистина ми треба нешто на кое ќе му се радувам,ќе го чекам,ќе се спремам и слично....а најблиска ми беше Нова година :^) Оваа Нова година решив да уплатам некаде,да се журкам како никогаш,да си купам најубав фустан,да си накитам елка,да праќам куп честитки,да си направам новогодишни колачи........Да ја осетам еуфоријата ]:)
    Се надевам ќе биде интересно :geek:


    [​IMG]
     
    На bittersweet, crazylady, CoverGirl10 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Сдк. дека и на нас поголемите не ни е лесно со нашиве помали браќа/сестри.
    Секогаш ама баш секогаш треба да се внимава на нив. Една гребнатинка, само едно влакненце да фали пак ние најголемите виновни. Од камче да паднат пак ние виновни.. Што е така така е.
    Одсекогаш сум сакала, барем на една минутка да бидам помала сестра. Да видам како се одвиваат случувањата од тој аспект. :wasntme:
     
    На Monna.Monna и Katerinceee им се допаѓа ова.
  4. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    СДК гледам некои деца, циганчиња, ги пуштиле на овие ладни денови по кратки, минатата недела, смрзнато детенце 5-6 години.Се тресе, а “мајка’’ му земала седнала крај една грмушка во жена парк, и покриена со ќебе, детево и го влече ќебето, оваа оп-троп му влепи шамар,и после со кое право се нарекува мајка? И едно време доаѓа “татко’’ му со цигарата во уста, го крева цело за рака и на тротоар го остава.Абе незнам како издржав а со камења не почнав да ги мавам.Исто и една “госпоѓа’’ во сити мол, облечена во бунда , огромни штикли, нашлапана на лицето 3 кила шминка, детево покрај нејзе паѓа,дали 2 годинки имаше, тукушто проодено, и го влече, детево плаче нормално, 2-3 чекори и шамар му влепува.Ма дали е нормална? Ама ај да беше едно дете! Две беа, другото кај маж и во количка, бебенце, којзнае што го очекува кутрото од таква идиотка. Неможам да ги смислам ваквите , срце ми се кине кога ке видам вака, и после тие глупачи се нарекуваат мајки? Е неможам да ги сватам. :fubar:
     
    На Monna.Monna, T.e.d.d.y и rosebush им се допаѓа ова.
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Ова беше еден од оние тапа денови. Освен тоа што цел ден гнетев мандарини и дремев на интернет ништо корисно не направив.
    Ноќта е пред мене и бидејќи нели и онака си заспивам во раните утрински часови си помислив да направам нешто возбудливо...
    Мислев, мислев и смислив. Му пратив порака :!: Ама не било каква..
    Содржината беше поприлично безобразна. :$
    Не знаев како ќе изреагира, веројатно го изненадив и збунив, сигурно не очекуваше такво нешто.. Ех да можев некако да му ја видам фацката.
    Си почекав некое време и ѕврц ми стигна повратна порака..
    Мммм.. Мислам дека му се допадна! :wasntme:
    Тука ставам крај на денешното дружење со вас, морам отидов јас да се видам со него![​IMG]
     
    На kravce, tweety26, rosebush и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    ... почнувам по малку да ја сфаќам и разбирам Срцекршачка.
    Мајке ми.
    Не сум параноична, никогаш и не сум била (освен кога читам 24 часа здравје или се самодијагностицирам со помош на чичко Гугл {и двете работи престанав одамна да ги правам}), ама фрапантно е колку постари луѓе се манијаци. :^)
    Боже прости им, ми доаѓа да ги акнам со чекан по главата.
    Ниту ми импонира, ниту ми е мило што ме ословуваат со цуци и лепотице, :puke: и дискретно ме прашуваат за местото на живеење или за бројче или да сме сврателе на кратко кафенце.
    Кое кратко кафенце, краток ти е тебе долниот или малото мозоче, не знам, и не ме интересира.
    Бљак, засрамете се, па некои погледи длабоки, па подавање на пенкало и дискретно допирање на раката... мрш бе, 5 пати си ја измив после тоа, сељачиште ранг А ! :puke:

    Па некое непријатно буљање во автобус, скенирање од глава до пети, приморана сум да се загледам во една точка на стаклото, како малоумно детенце, и само чекам да дојде мојата станица, како темпирана бомба сум.

    Не, не чини оваа работа, јас знам дека очите се за гледање, ама последниве недели масовно стапувам во контакт со запечени чичиња, што плачат за тииииит, ми доаѓа да им се развикам и да им ја акнам една меѓу јајца!

    И не, не се палам на постари, не Бред Пит, не Џорџ Клуни, кој сака нека е, чичко си е чичко.
     
    На bittersweet, Monna.Monna, sweet-cherry и 26 други им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Bi sakal da se nadovrzam na Trendafilka,ova pustanjevo od postari lugje na pomladi devojki e vo trend,imam slusnato od eden covek kao demek mladive momci ne im se dodvoruvale na devojkite,pa morale ovie postari toa da go pravat,zatoa sto mnogu devojki ne se zadovolni od denesnive momci,ete taka se zbori.pozdrav
     
    На srcekrsacka и rosebush им се допаѓа ова.
  8. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    да ти е... AVANTI SHOES да ти е... простете на пцоски ама бре пепел сум изнервирана .
    На здраво да ти се скинат од цели 3 пати носење, 3 паттииии дааааич повеќе и сега пак без нови чизми.
    Само како ќе им кажам на моите ќе речат незнаеш што купшуваш не си внимавала .....а колку ми беа на мерак и носливи меки топли :devil:
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Дечки ми треба малце помош, може некој кој е слободен на 2-3 минутки да ми пише?
    [​IMG]
    *се извинувам за офф топик
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Некогаш, добиваме одговори без да поставиме прашања ...

    Верата го прави животот можен.
    Надежта го прави животот употреблив.
    Љубовта го прави животот прекрасен.
    Има нешта што не сакаме да ни се случат, но мораме да ги прифатиме.
    Работи кои не сакаме да ги знаеме, но мораме да ги научиме.
    И луѓе без кои не можеме да живееме, но мораме да ги пуштиме да си одат...

    Минута задоволство често станува причина за долги страдања.-
    Да знаев дека ќе ми причини толку страдања не би ја одбрала таа минута...

    Тајната на среќниот живот е да сe помириш со минатото, да живееш во сегашноста и да не се преоптеретуваш со иднината.

    Секогаш кога си добар,некој ќе ти покаже зошто не треба да бидеш !

    За оние што ме оговараат зад грб,БЛАГОДАРАМ! Тоа е знак дека сум пред вас! ♥
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.554
    Се додека докторите мислат дека лекот е ПРИВИЛЕГИЈА,а не ПРАВО, ќе имаме мизерно здравство и доктори кои протестираат за ништо баш во моментов,во услови кога навистина било кој сектор плаче и се цеди за пари. И до тогаш ќе знам дека државава е составена од говна.
    Пошо гледам почнаа да какаат дека докторите ок било да имаат импозантни приватни поседи, си велам со која личност постанале доктори?! Па бате ако си сакал да си бизнис могул, што не си упишал економски или некој технички факултет,ами медицина?! По претпоставка дека те бива и дека ја сакаш професијата и при тоа многу свесно знаеш пред се ВО КОЈА ДРЖАВА се одлучуваш за медицина,треба да ти е јасно и да си помирен. Колкава плата очекуваш ти човече кога пред се си НЕПРОФИТЕН СЕКТОР, а реалниот сектор НЕМА пари, разбирате?! Нема! Кога за да може тебе министерството да ти исплати голема плата, обичниот народ треба да има голема плата. Како не ви е јасно бре?! Неписмени едни! Треба воопшто стандардот да е висок и да функционира се беспрекорно за да ти земаш голема плата. Ти си секундарен кој ги чувствува поволностите од една добра економија. Свесен си?! Така се поставени хиерархиски работите во една економија која за жал не е делива од државниот систем на кој ти подпаѓаш. Твојата професија не е за потценување,напротив,НАПРОТИВ, но според ситемот ти ќе чекаш во редот. Тоа е пријателе! Протестирај за примарните работи, како да се оправи економијата, за да ти го почувствуваш совојот спореден ефект.

    Формата на искажување на незадоволство ја поддржувам, но незадоволството не!
    Еве утрово,татко ми има сериозен проблем веќе некое време. Отиде на закажан преглед, од привнатна болница го испратија,на субспецијалистичко мислење, секако не го доби,а него веќе месеци му се влошува состојбата... И пред некој месец кога беше, чекаше саати и не го доби одговорот.
    Зимата, исто случај, пациент со силни абдоменални болки. Хрирушки центар не, градска не, ај клинички центар,на дежурен. ТРИ ЧАСА ЧЕКАЊЕ ВО ЧЕКАЛНА, за да на крај да му се качиш на докторот диркетно горе и да го начекаш како во темица си гледа лига на шампиони! Не ти оди да го зачукаш онака?!

    Греотички,од митото се изнакупуваа станови и сега за 100 евра им дошло. Просто жал ми е ако го упоредам со стечајцине...све гладни и страдни. Имам роднина што работи на клиника,содома и гомора. Ако сакаш да добиеш дефиниција за неморален,ослободен од секакви стеги човек у државава,отиди на клиника,седни во паркчето и набљудувај. Како се чекаат доктори и сестри, како се потфаќаат, како се подбацуваат и немаат мука што дома имаат семејства. Но тоа е друг проблем,но од друга страна ќе ти укаже всушност за какви луѓе се работи...

    Аман луѓе,еднаш работете нешто од љубов. Ми е гајле за вашите пари.
    Не знам,мене ми е лудо да поддржувам некој кој ме оштетил повеќекратно. Лудо ми е да поддржувам доктор за пари кога државава цела ни е отидена во курац. Нека бидат среќни што воопшто држат позиции таму и се нечии деца. Оти имам другари доктори,со години волонтираат и не можат да го најдат своето сонце под тоа небо, зошто се некој друг ја фаќа позицијата, а е нечиј.

    Така што превртете се главеечки. Досадни сте и глупи! Ако гледаме објективно.

    И бога ми со тие платичиња шо ги викаат, арен имот натепале. Овие изгледа седи си,пиј си,азното само ќе си дојдИ. Платичкиве не ќе да им се мали, а ако уште го тврдат истото, ги молам да образложат како се натепале толкави имоти и нека не се вадат на наследства!
     
    На bittersweet, Monna.Monna, slavica999 и 25 други им се допаѓа ова.
  12. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Фин ден, празничен, на мама роденден. Ау, се ми се римува:P
    А и зафатен! Сабајле бев на школо, се премрзнав буквално, па пишував песни дома, па трчав да купам букет, бев во црква, купував шампити, па носев подароци кај мама на работа и го завршив сето тоа до петнаесет до три. Лајк а бос. Али у главном, бизи, бизи деј. :whew:
    Но се на се, мама имаше супер роденден. И сакам секогаш да е среќна како што беше денеска! :)
     
  13. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Некаде, некогаш слушнав „Денот што убаво почнал, убаво и ќе заврши“.
    Уште се немав расонето, а баба ми ми го даде стариот кожен новчаник кој и бил подарок од Италија, од дедо ми. Ми рече, тркни до продавница, јас неможам, колковите ме болат, купи леб, цигари и нешто за тебе, што сакаш.. Ја наметнав излитената јакна, облеков патики и отидов. Купив се што ми рече баба ми, но продавачката ми се извини што нема кеса, се потрошиле. Реков, па добро ќе носам во раце.. го зграбив лебчето и ми замириса на утрата во детството.
    Се сетив на деновите кога се правев важна што ги слушав баба, дедо и мама, кога се правев важна што им помагам и дека сум највредното внуче што секој сака да го има. Сите ми се восхитуваа кога ме гледаа како го носам лебот, онака гушнат со двете рачиња, бев толку мала што лебот изгледаше поголем од мене. И секогаш кога ќе се вратев, ја наоѓав баба ми на истото место во кујната, на ист начин издишував - како да сум се вратила од долг пат, и секогаш ги слушав истите зборови: Пак си го изела крајшникот, ти глувче мало! И потоа ја добивав најтоплата, најголемата, најдолгата и најискрената прегратка.
    И денес направив така, но за разлика од детството, денес поминав со погледот низ сите прозорци на комшиите, да не ме види некој. Денес, дупката во лепчето што беше тврдо и препеченко беше многу поголема од оние што ги правев во детството.. Кога бев мала имаше дупка во мојот живот, неможев да си ја објаснам, но добро ја чувствував иако бев толку мала и невина, а денес, таа дупка е уште поголема..
    Видов една комшивка што одамна ја немав видено, па ме разбуди од навраќањето на спомените. Ми рече, сум се разубавела, сум пораснала голема.. Епа, да, пораснав, ама детето во мене никогаш нема да умре. И со насмевка во тефтерот од баба ми, ги запишувам оние денови кога имало случки што некој успеал до крајност да го пробуди детето во мене. Којзнае, иако е при крај, дали овој детски ден ќе заврши како што почна. Како што завршуваа деновите порано, со топлото млекце и прегратката на мама. И тогаш, пред да потонам во сон, бликав од среќа..
    А сега? - Уште повеќе.
     
    На bittersweet, Buttterfly, CoverGirl10 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.554
    Толку сум изгубена деновиве што ми оди да прашам у темата Каде е...?! каде сум да ми кажете.
    Цела соба си ја пребарав. Денес и по градов барав,никаде ме нема. Каде ли се скрив?!
     
    На crazylady, anabel-a, Cacy и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    После убавиот ден исполнет со милион обврски, недоумици, брзање, средби, насмевки, трема, честитки и убави зборови, мораше Марфи пак да се вмеша. Море, не. Ова не е Марфи, ова ми е бездушната комшивка. Ми го отруле Бубето, кученцето мое, кое има само 6 месеци и е многу мало и беспомошно ;( . Бездушници. Умрете! :fubar: Не заслужувате да живеете. Осудени сте на прогонство од Мис Карма. Нема да ве заборави. И да, кучето има далеку поголема душа од вашата. Бездушници. Ми го расипавте еден од најубавите денови во мојот живот. Нека ви служи на чест! :swear:
     
    На mims-89 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Не дека се фалам АМА ја правам најубавата мусака на цел свет :) се прејадов мислам ќе пукнам :D се чувствувам како Буцко од грашковци :)
     
    На Serafima, srcekrsacka, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.820
    Пол:
    Женски
    На времето кога бев многу мала ,имаше една бабичка кај која одевме често.Незиниот двор беше еден од најубавите што сум ги видела,барем во тоа време колку што можеше да регистрира моето детско око.Е сега за нејзиното слатко од рози ќе ви зборувам друг пат,ама ми остана една мисла кажана од нејзина страна,се сеќавам и велеше на мајка ми...
    -Има секакви жени,високи и ниски,слаби и покрупни,црнки и русокоси ,со мали и големи гради и криви или прави нозе...ама навечер кога се угасува светлото,има само жени кои мирисаат убаво и оние другите..
    ..а јас блентаво детиште ,трепкав и ја стискав чашата со сок,и се прашував каква врска има миризбата со гасењето на светлото :^)
    Сдк како деновиве што видов неуредни жени,никогаш досега.Или пак не сум обрнувала внимание до сега :^)
    Ама стоењето во редица на шалтер може да биде навистина трауматично искуство. :sweat:
     
    На Monna.Monna, sweet-cherry, Buttterfly и 15 други им се допаѓа ова.
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^^ Уште потрауматично искуство, т.е. секојдневие е кога колегата што седи до тебе е од таа не-баш-убаво-миризливата категорија :sweat: Е ај сега :doh:
     
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Мајка ми секогаш ми вели :
    " Најди некој, во кого ќе се заљубуваш секој пат кога ќе го видиш. "
    :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=EWFi_XlXNbY
     
    На CoverGirl10, slavica999, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  20. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам преморено. Немам време за ништо. Само чекам да дојде зимскиот распуст и да одморам малку. Денес имав малку време ама и тоа ми помина во глупост. Мораше ли да дојде соседката па и нејзината ќерка ајде сега со мачки ќе се играме |( . А баш си мислев дека ќе завршам некои обрврски. Нема везе барем малку се забавувавме. И оваа преладава ми ја исцрпе силава. Ме боли грбот. Наближува Јануари, а тогаш и треба да одам во Скопје на контрола. Но нема никакви промени тоа ме загрижува најмногу. Ми е страв од тие доктори ако решат пак на некои испитувања да ме пратат :( . Вчера едноставно попуштив. Се посрамотив. Мајка ми ме примети дека сум тажна и не издржав се расплакав пред неа. Како бебе |( . Срамота! Несакав и неа да ја загрижувам за тоа. Таа оптимистички ме охрабруваше дека веќе почна да исчезнува "болеста". Нема откажување па што и да биде. Само јас не сум таква личност да барам помош од други. Ниту пак сакам некој да ме теши и сожалува. Тоа што вчера го направив и се расплакав како бебе беше срамота, никогаш нема да се повтори не сум јас слаба личност па да плачам...
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.