[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Ако стварно по утрото се познава денот,мојов би требало да е совршен...
    Секогаш сум пресреќна кога ќе се разбудам и кога така нерасоната ќе ја здогледам белината низ прозор, заносно навистина ... ја сакам зимата <333 !
     
    На Sara123 и alessandraaa им се допаѓа ова.
  2. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Заборави го- да е така едноставно..Заборави на начинот на кој те гледаше, едноставно заборави, едноставно крени ја главата и не се интересирај за мислењето на другите.
    така едноставно стави ја шминката на лицето и продолжи..
    Насмеј се кога е тешко, стави ја повторно насмевката како маска...
    Едноставно е....да се напише, ама толку е тешко да се оствари и да се примени во реалноста
     
    На Marbella и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    http://www.youtube.com/watch?v=rxkGP11Qk00

    Таткото е силата која мора цврсто да истрае и во најтешките моменти, дури и кога го гледа своето чедо како се превртува од болка. Таткото е убавина од љубов.
    Јас имам длабока почит кон моите родители. И иако има само ретки моменти кога сме преплавени од меѓусебно искажување на нашите емоции тие злато вредат. Посебно сега, посебно во 2012.
     
    На NoellePage, Serafima и kravce им се допаѓа ова.
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    денес малку ќе мрчам.. што да правам таков ми е денот ем ПМС ем сите глупости се собрале наеднаш...

    туку сакав да прашам темана модни критики е за критики и помош како што да се комбинира или начин да се привлече внимание кон себе си ? не ми е јасно..

    искрено многу ретко ја посетувам бидејќи ми се лоши од коментарите во стил "јаоо срцка топ си најдобра" а другата "фала многу ми значат вашите коментари срцки сте "итн :puke:

    зар човештвото дојде до степен да биде горд и задоволен единствено кога некој трет ќе го потврди она што самиот сака да го слушне?

    знам ќе речете ако ти пречи не ја посетувај темата и нема да ви кажам искрено само морав ова да го кажам ми лежеше на душичката..
     

    Прикачени фајлови:

    На srcekrsacka, Sara123, AnGel.fire и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Ноќта пред испит

    [​IMG]
     
    На JoxyTheFreak, la-chicka, Monna.Monna и 30 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.563
    ^ Баш! Не знам за вас,ама мене увек ми се дешавало, од паника, премореност и многу кофеин постојано да мислам дека има земјотрес. Седам,читам и ооооп све нешто ми се врти и движи,иии земјотрес! :D Значи баш како кутриов Мики сум! :D

    Знам дека му се оди во Њу Јорк за нова година кога почнува да ми испраќа џез... Пошо сака само џез у Њу јорк и ниту едно друго место во светот! Мисли на нова година и нови нешта,ете толку го знам! Од музика! Не мора збор да ми рече...
    Мил е...многу!
     
    На tweety26, zhap4e, CoverGirl10 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Во денешницава само една религија признавам: Љубов. :l:


    Туку направив неколку честитки, им се радувам како мало дете, и ќе пробам да ги продадам. Еве бар три да видите..
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC_7109.jpg
      DSC_7109.jpg
      Големина на фајлот:
      724,9 KB
      Прегледи:
      443
    • DSC_7132.jpg
      DSC_7132.jpg
      Големина на фајлот:
      266,3 KB
      Прегледи:
      443
    • DSC_7126.jpg
      DSC_7126.jpg
      Големина на фајлот:
      653,8 KB
      Прегледи:
      443
    На Mermaid, Anna-Banana, JoxyTheFreak и 47 други им се допаѓа ова.
  8. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Се прашувате..
    Како да ослабете најбрзо некои си 5-6 кила најмалце?
    - Разболете се од стомачен вирус! |(

    Па поефикасно мислам неможе да биде. Три дена сум болна па веке мислам 4 кила симнав. И да нејкеш држиш некаква си диета или воопшто не ни јадеш, а дури и да јадеш се случува да :puke:. Ова веке нема смисла :worried: :devil:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.235
    Пол:
    Женски
    Ме разбуди мирисот на грав и кромид. Ги јадам двете, но нивниот мирис кога се готват не го можам. Мајка ми ги отворила сите врати да се луфтира куќата, а над мене фрлила уште едно ќебе. Станав и на една од столиците гледам префрлена преубава свилена кошула. Влегува мајка ми насмеана и ми вика- Убава е? Мајка ти знаела што да купува, а не оние ѓубриња ти што ги купуваш. Твоја е.
    Моја??? Ма ми се чинеше ќе полетам од среќа. Иако имам многу нејзини работи, ваква кошула посакував одамна и сега ја имам без да потрошам ни денарче. :$
    Радости!
     
    На bittersweet, tweety26, Ana.Jones и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Многу пати почнав да пишувам тука, ама бришев се отпосле. Си имам и јас деновиве несврзани, и непостојани, и несредени мисли. Ќе почнам да правам некоја работа, и набрзо немам желба за истата. Па и сама си се прашувам шо ми е бе :fubar: А знам. Мрза ме зграбчи и неќе да ме пуште.
    Времето не ми е убаво и точка. Не ми е ни за гушкање, ни за дружење надвор од дома, ни за водење љубов, ни за правење колачи дома, ааа да, а најмалку па за учење. Некам кога е ладно надвор и нема сонце, го имам тоа кажано. Сонцето ме прави среќна, ми става голема насмевка на лицето. Ама па неќам веќе да зависи моето расположение од него, еве свечено си ветувам дека ќе се потрудам да ја видам убавината и на ладното време и на зимата. Сигурно има некоја убавина.
    Ме фаќа мерак да ја извадиме со мајка ми елката уште ега и да поминеме цело попладне во нејзино украсување. Тоа ете ми е најубавиот дел од зимата. Елката. Убаво ми е кога ќе ја видам нејзината светлина и раскошност во темните и ладни ноќи. Ми стигна вчера една честитка за Нова година. Од грција. Од газдарицата и семејстото каде што бев летово на одмор :) И ме израдува за миг. Сега морам и јас да побрзам да го вратам нивниот гест и внимание.
    Инаку и тука да се пофалам. Ослабната сум 6 кг. :D Синока се мерев и само тие што беа дома можеа да видат колку бев среќна, а не очекував дека ќе бидат толку. Буквално скокав низ дома. Хуху.
    Јас отидов да вежбам а вие имајте убав ден и сите обидете се да ја видете убавината на ова ладно време. Јас ветувам дека ќе се обидам. :*
     
    На kravce, Sara123 и ljubam им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.312
    Допаѓања:
    81.891
    Пол:
    Женски
    Понекогаш мислам дека низ вените ми струи отров наместо крв; и ги труе сите околу мене.
    А јас сум немоќна да сторам нешто, зашто гнасотијата е во мене, а непишано правило е, дека сопствените гнасотии не ги приметуваме.
    И во тие моменти се чувствувам ко да сум обмотана со бодликава жица и боцкам и нанесувам бол со секој мој допир.
    И мислам дека имам сериозен проблем со малите зелени, црвени и какви ли уште не човечиња, кои ми се мотаат низ глава и ми ги реметат и така раштраканите мисли - професионална деформација од некогашното прекумерно гледање на цртани филмови ...

    ... јас сепак се обидувам да останам добра девојка и да им пркосам на сите оние „мали“ и секакви препреки кои ми се прчат и ненадејно ми го нарушуваат вообичаениот терк по кој си ги терам работите во животецов ми, ама некогаш ми доаѓа преку глава.
    И, тогаш се плашам, искрено.
    Ми се смачува од тоа да бидам добра, а Боже мој - сведок сум дека некој сака и тоа да си го сврти кон своите желби, честитки and so on и кога „жедните и гладни за љубов и добрина“ буквално ти ја одгризуваат и главата, зашто земањето на целата рака при подаден прст, веќе одамна не е во мода; и истите потоа елегантно ти се се*ат врз остатокот од трупот.
    Е нека им е.
    Во мојот круг на толеранција има место само за оние кои заслужиле. И не, не е така од денеска, туку јас сум и премногу мутава за да гласно си кажам некои работи.
    ***
    Мразам четвртоци.
    Навестуваат крај на (уште една) недела, а во последно време чувствувам дека и пребрзо ми минува времето, а за жал, го трошам во и за бескорисни нешта и на глупави луѓе кои не заслужиле ништо друго, освен *смајли_што_плука* од мене - зашто и средниот прст, очигледно им е малку.
    Чувајте се од користољупци - тоа сакав да ви го кажам денеска. :hai:
     
    На bittersweet, karenin, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
  12. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Од лошо - полошо деновиве, алката пука на сите страни...
    Биди јак херој мој, се ќе помине, ќе биде тешко некој месец, но сите заедно ќе издржиме се!
    Те молам Господее не доволувај да ни се разболе, те проколнувам....................

    Ценете го здравјето и радоста, нај важно е.
    Но ценете ја храброста, одлучноста, ценете го и ризикот.
    Без тие 3 работи животот на еден човек ќе бележи само цик цак движења без забележителни и драстични општи добра и успеси.
    Но си нив трите...непобедлив си, иако бележиш некоја изгубена битка зад себеси ;)
     
    На Angel.girl, ilipili, Sara123 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Аааа снег и кај нас! Конечно... :rock:
    Колку многу му се радувам ко мало детенце, пресреќна сум. :rofl:

    Добредојде, да знаеш само колкава насмевка ми изнуди на лицето... :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Sara123 и starbucks им се допаѓа ова.
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    И кај нас сабајле провеа снегче малку. Му се јавив и викам: Погледни надвор што има, а он: Знам, знам, гледам, баш сакаше да ти се јавав. Сигурно си многу среќна што има снег. Среќна сум, да, му се израдував како мало дете. Штета што малку провеа само. Сакам да натрупа повеќе. Сакам се’ да е бело. Мој месец е ова, мој период. Ќе уживкам. :)
    Пи ес:
    Немојте да мрчете што пишуваме за снегот. :)
     
    На srcekrsacka, Monna.Monna, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Драг Дедо Мраз

    Оваа година бев добра и послушна и затоа сакам подарок. Машина за куцање. Црна, голема, тешка. И не се лутам ако е од времето на баба Ева. Напротив, ќе бидам уште посреќна.
     
    На sweet-star, Sara123 и kravce им се допаѓа ова.
  16. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Паметни сме си ние во нашето училиште :geek: Која чест ја имаме за недела дена ненајавено екстерно тестирање да ни направат 8)
     
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    убав ден :) сонЧево и топлиЧко..
    убаво расположение се надевам нема некој да избувне и да ми го расипе :) ке го :punch:
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    На kravce новиот потпис е најубавото и најмилото нешто што го имам видено отсабајле навака...душа бе :D
     
    На antonina и kravce им се допаѓа ова.
  19. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Убаво ми почна денот, со чаша топло млекце и поглед кон прозорецот. Снегот си има своја магија!
    А пак уште поубаво е чувството кога ќе ги направиш горди своите родители.
    Денеска ни е патронат и не учиме ама затоа имаше една претстава и погодете што? :wasntme:
    -Бев водителка на истата, татко ми дојде да ме гледа... радостии, радостии... тоа чувство на трема не те напушта се додека не ја завршиш својата обврска, а посебно некој ко ќе те гледа од родителите сакаш се да биде толку добро сработено, да не речам совршено.
    Добив и награда книга, затоа што сум член во литературната секција, ја читав и песната што ја напишав и со која што добив прво место.

    Не е ништо посебно, ама душичката ми се полни кога ќе слушнам дека пофалби летаат на сите страни, па насмени лица кои што се задоволни од твојата работа. А од после чувството е незаменливо!!!

    Ова е само почеток, се надевам дека ќе има уште поголеми успеси со кои ќе се гордеат моите.
    Ахх...денеска убав ден. Плус и слава ни е, идајте на риби и сарма. :*
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Monna.Monna, Elennaa и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Сите некогаш сте мечтаеле за ова ммм? :wasntme:
    [​IMG]

    Туку,имам многу за кажување,ама кога тоа нема во моментот да го кажеш,после не ти текнува.Како што викате вие-Сакам кажам,незнам речам.

    Мајка ми и татко ми ги сакам повеќе од се на светов.Најмногу.И сакам да знаат дека би направила се за нив,дека тие ми се пример во животот со нивната секојдневна духовитост,толеранција,пристојност,култура и интелигенција.Кога ги гледам нив како се смеат срцево ми се топи и неможам а да не се насмеам и јас.Затоа многу ме боли кога ги разочарувам,иако тоа не е често.Физика правевме тест,и знам дека тие веруваат во мене и знаат дека можам и знам,и жал ми е ако ги разочарам со слаба оценка.Сепак,јас никогаш не би ги повредила. :hug:

    СДК2 Вчера легнав,се покрив и затворив очи.Отварам очи,ќутам иии тишина.Мир.Спокојство.Одеднаш почнувам да плачам.Плачев,како никогаш во животот.Во тој момент ми се насобра се во главата и срцето и одеднаш морав да се испразнам.И плачев и плачев...Најмногу затоа што знам колку ќе ги разочарам мајка ми и татко ми а ко на полугодие немам све петки.Не дека ми вршат притисок и ме форсираат,туку јас сакам.За сета нивна љубов и поддршка да им вратам некако,со добро.Занм колку се потрошија за ова пет дневно скијање во странство.Не дека не сме биле,напротив,ова ќе ни е четврти пат,но сепак знам дека нивна желба е да не однесат затоа што знаат колку сакаме.И ми се кине срцето кога сфаќам дека може и да не завршам со сите петки на полугодие.Знаете,кога отсекогаш сте биле една од најпаметните во цела генерација,кога отсекогаш сте биле онаа со сите петки и кога секогаш повторно и повторно сте докажувале дека можете...Ве боли кога попуштате,ги разочарувате најмилите а и самите себе. :)

    И :!: кога си доаѓав накај дома,од автобус гледав едно дете како стои на автобуска,се мрзне,продава семки и сончоглед,пече костени и како се мачи да го разгори оганот.Онака,брзо,енергично мафташе со картонче и му се изгаси.Му се навлажнија очите,а за малку и моите. ;(

    Денес,едно дете со кое сум во постојан конфликт ми вика оди печати таму бе(татко ми е сопственик на една печатница и таму работи.)Занете колкав револт ми се створи?Тој не е доктор на науки,ниту ценет професор на реномиран факултет,но заедно со мајка ми,се едни од најпаметните и најинтелегентни личности кои сум ги сретнала.Тој одсабајле до вечер работи,за мене и на брат да ни овозможат се,и никој нема право тоа да го потценува.Работи,се труди,со надеж за подобро утре,со љубов.Чесно работи,заработува и ние водиме одличен живот.
    Сега и јас се расплакав :$

    Се испразнв,готово,отиде некаде ова во мене... :f:
     
    На Doozy, ilipili, K.Mari4ka и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.