[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Црвен чаршав со златни ѕвездички,златни лампиони во форма на срце,црвени лампиони со златни шарки,златна ѕвезда за врвот....
    Многу ми е убаво кога купувам новогодишни и божиќни работи.Едвај чекам уште некоја недела да одам кај љубов па да си китиме низ дома :inlove:
    Ме фатила и мене предновогодишна еуфорија,има да изнакупам честитки и ќе праќам :) Убаво е чувството на среќа,на исполнетост,на радост.На кого не му мами насмевка златно/црвена светкава елка?
    Нова година,Божиќ најубавите периоди во годината.Неможеш да не си среќен и насмеан.
     
    На Hopeful, Moira, kravce и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    "Никој не е безгрешен" е всушност многу лошо оправдување за грешките кои ги правиме. Ја немаат сите таа тежина, не после секоја се чувствува толкаво каење, не секоја се простува само со "извини".

    Да, разбирам, сите грешат. Во ред е да направиш една, до некој степен и втората се простува, но третата... веќе е очигледно дека ја правиш свесно. Потоа станува навика, налик на лагата. Влегуваш од лага во лага, за на крај и сам да почнеш да веруваш во неа. Ставаш маска не само пред другите туку и пред себе. А верувај, лошо е кога веќе ни самиот себе не се препознаваш...
     
    На Moira, kravce, cinderella5 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Правам компромис со животот.
    Не гледам светло на крајот од тунелот,но уживам во темнината. Кога ќе го пронајдам,ќе го обојам својот свет. Ни вечноста не ми е доволна.
     
    На Glossy-girl, Moira, kravce и 17 други им се допаѓа ова.
  4. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Во Америка на забава велат дека имало секс, дрога и рокенрол....
    А ако направиме споредба со тоа што има на забава кај нас во Македонија слободно можеме да кажеме дека останало само маструбирање, родео меко и турбофолк...
    Знам дека многу нема да се сложат со мене ама јас дефинитвно го потврдувам ова !
     
    На Ph0enix, tweety26, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  5. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    И јас еднаш да се заљубам бре. Е мајке ми многу е убаво чувството. :wasntme: :inlove:
     
    На pamelche, Ph0enix и rosebush им се допаѓа ова.
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.756
    Ме исполнува шопингот, и 24 ч ми се малку за одење по рафтови и пазарување :rofl:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Напротив јас се сложувам со тебе ;) дека останало само маструбирање, родео меко и турбофолк.
    И глумци и глумици од типот леле каков секс падна вечерва,а тоа врска нема.
     
    На Katerinceee, XMaN и anichka94 им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    262.598
    Деновите ми се толку убави, чукнати и блесави :)
    Сите сме заедно, а тоа ме прави среќна.
    Поводи, ма повод е, и тоа убав. Најубав!
    Среќата и успехот се поголеми кога ги делиш со најблиските.
    Мојата е таква, а успехот, сосема очекуван, знам колку труд вложив, и очекував, и добив.

    Не сум скромна, нема да глумам лудило, знам дека вредам, и ви благодарам што успешно го препознавте мојот квалитет. Уште да почнам да бидам продуктивна и финансиски, не само умствено.

    Признанија еден куп, од луѓе кои секој би ги посакал, а најмногу од родителите.
    Да кажам дека татко ми е среќен, малку е. Нема таков збор со што вистински би ја опишала неговата среќа. Нема. Го направив горд, а тоа ми е најбитно. Тој сјај во очите е нешто незаменливо.
    Еден ден сакам да го доживеам. Да бидам таков родител како нив, како мајка ми и татко ми.

    Во вакви моменти ќе видеш и кои се луѓето што се до тебе.
    Лицимерие еден куп, па и љубомора, ама таквите нека шетаат, денес не ми требаат.
    Негативци, бегајте. Иш. Не ве сакам. Ваквите се само штета, не ви требаат.
    Ви требаат насмеани лица, знаете дека насмевката, ама онаа искрената, грее, те топли како греано винце во зима. Или греана ракаија :wasntme: .

    Ве частам баш такви, винце или ракија, греани, да ви ја стоплат душичката.
    На здравје :) .
     
    На Moira, kravce, bittersweet и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Ај честито, од љубов бел ден да не видиш. :D

    И СДК дека се чувствувам празно деновиве...
    А одвратново време во тоа воопшто не помага. -.-
     
    На T.e.d.d.y и rosebush им се допаѓа ова.
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Што ден беше ова?
    најпрво како за добро утро мила си ги изгубив парите :tmi: ,
    потоа кола ке ме прегазеше :sweat:
    ,како за десерт ми се скина љиљаковата футрола ;( која ми беше подарок
    и ја чував ко нешто скапоцено леле ми доаѓа да земам ножица и малеров да го исечам...
    ебате денот се прашувам што е следно? :^)
     
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    11.153
    Колку и да сакаш да го одложиш предновогодишното расположение барем за малце, кога пред тебе гледаш Weihnachtsmarkt-Божиќен базар полн со штандови со баварски переци, греано вино со неколку вкусови, Божиќна музика, милион светкави, снежни, црвени, дедомразовски детали за под, над, до елка- не можеш да одолееш.
    Купив честитки за баба и дедо и ќе им ги пуштам по пошта, доволно им стигаа само сметки во сандачето.
    Свеќи со мирис на цимет, ванила и даб, венчиња од борови гранчиња со слатки пораки.
    Си купуваш нешто и го гушкаш во стилот на my precious ]:)
    Веќе втора година славам Божиќ два пати, првиот пат со подароци со најблиските луѓе тука по католички, вториот пат дома со лотаријата за паричката и прејадување за цела година.

    Убаво е да припаѓаш некаде, ама не постои место како дома за празниците.

    Едит: Се уште не сретнав по забавен начин на одбројување денови од ваков календар! :mm:
    [​IMG]
     
    На Moira, kravce, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Кога знаеш дека е со врски вработен

    [​IMG]
     
    На Glossy-girl, kravce, Hopeful и 25 други им се допаѓа ова.
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Се почесто гледам како девојките ги сметаат своите дечковци за богови. Буквално им се молат за се. И убаво е да се сака и почитува машкиот пол, но само кога и тој нас не гледа рамноправно, со вљубени очи и со почит. Не ми е јасно како може било кое девојче да остане со некој кој ја повредува, дал физички или психички. Аман девојки и жени ЦЕНЕТЕ СЕ. Дали толку сте заслепени од вашата љубов што дозволувате тој да се зафркава со вас? Дали своеглаво трпите како тој ве брка кога ќе му се посака од кај него дома? Дали и покрај неговото неверство, не само во вид на прељуба, туку и она емотивното, вие сте толку ситни да останете со него? Нели ви е жал за родителите кои ве растеле со љубов и кои ве гледале како принцеза? И да не сте растени во семејство кое ви обезбедувало љубов или пак финансиска подршка, сепак немојте да се залажувате и да барате партнер кој ќе е богат. Вашиот живот нема вртоглаво да се смени и од сиромашна девојка да ве направи богата. Всушност може ќе ве направи богата ама ќе ви остави и некакви траги. Траги кои може да бидат пример модриците на вашето тело или незадоволство во вашата душа.
    Никогаш нема да ги ценам момите кои со план зграпчуваат дечковци иако не ни ги љубат. Користа која ја налага моментално општеството го донесе човештвото до дното. Нели може да се препуштиме на спонтаноста и така да се вљубиме во некој? Не мора се да гледаме долари пред нас. Душата е непроценлива.
     
    На K.Mari4ka, kravce, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    Зошто луѓево воопшто стават слики на фб, кога после ги забрануват ?
     
    На Hipster, Glossy-girl, moonlight-girl.55 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.558
    Секогаш претпразничниов период сум го доживувала како своевидно празнување на благодарноста, и најчесто декември е месецот кога застанувам и го паузирам сиот хаос во мојот живот и барем на секунда помислувам за што тоа јас треба да бидам благодарна.

    Ќе ги прескокнам стандардните „мис оф д врлд“ говори дека сум благодарна за кровот врз глава и здравјето, и ќе кажам дека годинава, ако за нешто сум благодарна, тоа е за амбицијата и прекрасните пријателства.

    Затоа денес се пуштив во мал спонтан предновогодишен шопинг, и се изнакупував чоколадни дедо мразовци, да му ја заблажи душичката на секој мој пријател што навистина ме сака и го сакам, како што тие мене ми го заблажуваат животот.

    И шетајќи така низ продавнициве, сфатив нешто многу битно. Па што ќе ти се скапи подароци за Нова Година ако немаш пакетче?! Во благото е спасот, слушајте што ви кажувам! :D
     
    На kravce, Waka-waka, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    2013 или ќе ми биде најдобрата година во досегашниот живот, или ќе паднам во таква депресија, што има тука да потпишете петиција да ми го земат Кавалито. :D

    Чекам:

    1. Стипендија; :geek:
    2. Договор за работа; 8)
    3. Барем еден од дотичните тројца. :D

    Нек се угоде, само со добра мисла одиме напред. Ајде позитив тинкинг, ајдееее, полн погон, напред. :D

    А јас одам да се бркам на дождот. :D :D
     
    На rossonerka, senza.parole, imelda и 48 други им се допаѓа ова.
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    [​IMG]
    Моментот кога ќе сватиш колку имаш за учење :'(
     
  18. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Брзаме. Којзнае каде.

    Брзав да пораснам кога бев детуле. А, кое па не брзало. Палавковци. :) Само да дофатев некој кармин, па претставите почнуваа. Се сеќавам, и' скршив штикла на едни преубави, темнокафеави, плишани чизми на мајка ми. Абе ко коковче се тетеравев низ двор со нив. :D

    Излегов да прошетам, да го осетам декемврискиот студ. Но, просто не можев да се вклопам во ритамот на градов. Толпата брзаше, без исклучоци. Каде ли?

    Муабети кружат... со брзина на приготвување на инстант јадење, допираат до ушите на оние кои не треба да ги чујат. Оние кои желно ја голтаат секоја ''сочна'' информација, со која го хранат скапаното си его!

    Брзаше и авионот, од кој замислено ги набљудував памучните белини, прашувајќи се што ли ќе се сменеше ако ''случајно'' го пропуштев.. !? Ех...

    ...на vh1 врти некоја добра песна.
    Лево- шолја истинато макијато, десно ми е мислата за него.

    И не, нема место за компромис. ;)
     
    На Libera, Moira, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    цел ден тмурен, проблеми со стомакот ама на крај се расположив т.е. ме расположија од Мотива-агенција за комуникација-партијата ги ангажирала да ни држат обука, и имавме мала вежба со масажа машко ке те масира-ретко кој знае
     
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.783
    Допаѓања:
    17.794
    Единствена зимурлива сум што во декември пие уште вода од фриждер? :wasntme:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.