Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bojan4eto

    bojan4eto Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Se izvinuvam no nova sum tuka...i neznam kade treba da kliknam da postavam prasanje ako sakate da mi pomognete :inlove: :inlove:
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ноќеска ја доживеав првата последица од анемија оваа година. Станав во ниедно време и се испружив во кујната. Не знам како успеав толку смирено да реагирам, прво што начекав портокал, го исеков и јадев така на земја зошто не можев да станам. Денес направив список за храна. Исхраната моја се сведе на тестенини брза храна во последно време. Стресот, неспани ноќи, студии, работење, се си остава последици по здравје. А немаш кој да ти помогне зошто живеам претежно сама последниве месеци.

    Туку цвеќето мое кое пробувам да го одржам од живот цветовите му овенаа, меѓутоа има нови листови што ми дава надеж ќе го биде во новата земја.

    Денес признавам си дозволив луксуз, недела е ден кога има бранч ефтина храна за студенти. Се собравме неколку души и за 10 евра си направив таков микс, од секаков вид мевце, кавијар, најразлични сосови, до вафли со џем и крем. Ма уживав.

    Денес отидов кај една пријателка, мајка и ни ги даде кутиите со божиќни украси. Неверојатно ми беше убаво да ги одвиткувам сите тие минијатурни украси. Поради адвентот, на дрво на кое беше поставено мов, местевме куќа на Исус со секакви мали статуетки од мали човечиња, животинчиња, дрвца, пештера, и секој ден треба да ги придвижуваат статуетките поблиску и поблиску. Ми даде едно ангелче магнетче за Мила. Ме израдува многу.

    Сега дома си ги запалив и првата и втората свеќа, како што и ветив на бабето. Си купив колачиња од џинџер и сиренце, планирам да се опуштам и онака денес не функционирам.

    Љубово ми правел пакетче, баш сакам да видам колку ме запознал, рече ми купил нешто на кое многу се радувам, искрено јас се радувам најмногу на книги и се поврзано со фотографија. Очекувам ..

    Си го слушнав гласчето на Мила. На моето прашање што сакаш да ти купам ми кажа:
    - Не треба јас да ти кажам, ти треба да ме изненадиш.
    Ах колку ја сакам. Пеперутка моја. :l:

    Сакам денес да го гушнам светот и тој мене.. се ми е далеку..
     
    На Kitten, SexyLady, crazyinlove19 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    премногу ми недостига другарками која веке долги 4 -5 год.е во америка ;( :l: :l: :l: :l: :l: :l: :l:
     
  4. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    СДК-Пресреќна сум.. Едно префинето чуство на исполнетост...

    Да,јас сум,повторно,старо-новата репрезентативка на Македонија во мојата категорија !


    Ма сите ве сакам... :*
    Уствари бе..не ве сакам,ве обожавам ! :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На WinnieThePooh, lunicka, ljubam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Денес е срамота да имаш мајка и татко.
    Денес е срамота да пиеш сок место алкохол.
    Денес е срамота да не пушиш.
    Денес е срамота да бидеш одличен ученик.
    Денес е срамота да одиш да спиеш во 22:00h како нормално суштество.
    Денес е срамота да бидеш човек !

    Жално но вистинито.
     
    На SexyLady, girl.23, Rozich и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Молам? Дали тоа значи ругање кон оние што немаат родители? Кој и да го измислил ова нека се преиспита. Сираците не се колатерална штета, да се разбереме.
     
  7. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    ‎~Јади го*на за мене,така се станува ФАЦА ! ;)) :*

    Фатила дечко, и сега го тупи, демек јаделе го*на за неа. Абе, оди бркај работа, мислиш сите очи во тебе се вперени?!
    Бркај работа! :D
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.789
    Предновогодишното лудило на работа секоја година го доживувам се потешко и потешко. Ама уште само една недела, две најмногу, и се ќе помине. Боли и физички, вратот од поминатите нешто повеќе од 1500 км зад волан последниве две недели.
    Од хаотичниот период станава многу нетрпелива, па пред малку им се обратив на децата со повисок тон, а мразам кога го правам тоа.

    Не сонувам за нова година, анализа на претходната и планови за следната година. Само ветените куќарки во Боровец без ништо вклучено во нив, а не некој нов ол инклузив хотел со 5 ѕвезди. Сакам природа, а не луксуз.

    Фала богу си ги видов другарките. Две недели ги немав видено. Убави работи им се случуваат, и убави и лоши, а јас не сум со нив колку што сакам да бидам.

    И колку и да ми беше убаво викендов затоа што ги видов речиси сите што ги сакам, имав грижа на совест затоа што не ја завршив работата што требаше да ја завршам. Или можеби поради исчекувањето на сипаниците кои би требало да се појават два-три дена пред роденденот на малиот мој.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сака да каже дека денешната младина се срами се повеке од своите родители. ;) Навистина жално..
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Која сум и што сум?
    Една во илјадници, во милиони..
    Што знам? Што поседувам?
    Ништо, се е гола вода и обично дрдорење...
    За кого сум „цел свет“? За кого значам нешто?
    За никого, само за оние на кои „мора“ да им значам нешто...
    Кога со разбушавена коса, размачкана шминка и лоша комбинација на облека и обувки ќе се појавам пред светот,
    сите заминуваат. Тогаш немам никого!
    А се претпоставува дека баш тогаш некој ми треба!
    Но, сите се тука кога....
    Не е ни важно кога се тука штом ги нема кога ми требаат.


    Ретроспектива на настаните...
    Милион работи се смениле. Дел на подобро, дел на полошо...
    Ништо не одело како што сакав... Дури сега го сфаќам тоа...
    Доцна е да сменам нешто.
    Но, гледам и нешто друго.
    Имам замисли и цели за во иднина. А дел од нив дури од сега се тешко остварливи.
    Скоро неостварливи.
    На некои мои животни желби морам да им кажам збогум уште пред да се обидам.
    Всушност, отсекогаш било така. Само порано не го гледав тоа.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    СДК..
    Да е жива и здрава мајка ми за домашниот кечап што го прави најубав и највкусен без кој неможам ! :D
     
    На martinuska, Cynthia и Beauchamp им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.233
    Сдк ете и една мини преписка со една форумџика ми се надоврзна на муабетот од прееска...дали Скопје тоне во говна,ради душевните фекалии на луѓето?! По некоја логика,да,ова треба да е канализацијата на нашите душевни гадости,ако одиме по логиката дека душата ни се наоѓа некаде помеѓу срцето и белите дробови.
    Логика ми имаат нештава.
    Се прашував зошто Лилит,зошто ми текна на Лилит,зошто ја сакам Лилит,па после ми текна колку пати животот ме поврзал со Лилит.Впрочем јас сум месечево дете со стара душа,родено во петок,со развратни желби и силно понирање на морални идеи за добробитот на сите без притоа да ме обземе било каква хипокризија. Еве,деновиве сум нижи тип,но како ми заоѓа неделава се кревам повторно,за утре да се препродам со крилца самовилски и дракулски,ма какви сакате,со ѕиѕурки на нив,со све. Знам дека тука отеков,но освен што шлапам по сдк со рачиштава,умствено се отворив и на неколку други места кои ми се вечен мир (но не у гроб де). Почнав болката која ми ја зададоа да ја лечам на нив и ич не ми е гајле. Не ги повредувам,а толку е прекрасно чувството. Минорњаци едни бедни.
    Да,зошто Лилит...да не заборавам зошто Лилит...можеби во реалноста поинаку се викам,но алтер егото сигурно ми се вика Лилит. Деструктивноста се канализира во прекрасна конструктивност со хаотични примести зошто хаосот ме возбудува и ми дава идеи,ме става во некој ред и ми е природна средина и состојба каде што се чувствувам својски. Небулозната плетка на џемперчево што си го носев деновиве,сосема го распарав и еве,одново нешто си плеткарам,ама решив,денес ќе си сплетам капа,ама нинџа капа,за да си го покријам лицето и да бидам бед ес,мадафака грл!
    Менада ми даде една прекрасна прегратка неделава која измина и ме избави од глупости. Сфатив зошто сум збунета. Претешко е да се прифати кога ќе увидиш буквално каков си. Некогаш сфаќаш дека често си потценет зошто се плашат да те вреднуваат вистински,па ми даде сламка за спас за која о,да,се фатив и избавив,си направив цел сплав.
    Ако одам пропорционално со желбите,идеите и можностите,под цртава црвена и не стојам така лошо. Ова ми дојде како горок вкус после последователни животни шамари,потсетувајќи дека сум газела по тенок мраз без да го сфатам ко сериозна закана. За казна 100 пати оче наш и секое утро намасте на сонцето! Сериозно,дали дека финишираме година,ме затече идејата дека може да бидат работите страшно полоши,па ме загрижи и ми дојде ко задоцнет шок,паника,реакција...но сега е добро.Сега само недостигот по две дланки кои ги поклопуваат моите е поголем...и пострашен,ама не се чувствувам малечко за да го надраснам и тоа. И оној кој ми зададе најтешки удари и порази,ми оддаде признание дека тврдоглавоста и упорноста ми се најсилни страни...благодарам,не се трудам,а тек да се трудам...ехе хеее...
    Се ќе биде добро...
    И на ви една неделна!
    http://www.youtube.com/watch?v=p2Mi995g ... ture=share
    :D Виновна сум,признавам! :D
    Не сум најдобра,ама си пријам ваква...освен со веѓиве...никакви! :D

    П.С.А да и ми се кака од темите за калибрирање на форумџики,особено зошто гледам дека некој успешно успева некого да прелажува. Ми оди да ролам со очиве...светињи и богињи...до година ова време очекувам беџови да носиме со ликови на форумџики.Не за друго,туку ме гади мизерноста зад таа парада и секундарната цел и идеја која се сака да се постигне,а бога ми и неконзистентноста во некои муабети кои дошле до моите,вашите и сечии уши.Сите зборат,никој не сака да каже! Е ај да молчи,ама не ни молчи,туку сиса тоа што не се сиса и е бедно,пребедно.И ќе го признаам за релевантно ако помеѓу вас стои едно силно извини,а тврдам дека не стои. (и не,ова не се должи на одредени актуелности зад кулиси,туку сасвим нешто трето)
     
    На Phyramide, SexyLady, crazyinlove19 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Значи како се одвива една недела...
    Стануваш и одма те пречекува мамичка и ти кажува како не помагаш по дома, како не учиш и колку сите други се посјајни од тебе... Тука се и бабичка и дедичко кои стално имаат да ти се пожалат нешто пр - како лековите се покачени, ги боли глава и сл. ]:) Откако сваќаш дека ситуацијата дома е неподнослива полугладен испаѓаш да скитнеш малку низ градчето... А таму што ќе видиш - секој своја шема тера... Трачерски муабети, кој со когу се смувал, кој како се облекол, кој колку бил пијан викендов, кој колку се изглупирал, и да секој секогу критикува... Откако веќе од сите муабети ти иде да :puke: со брзина на светлината се враќаш дома каде сите се во попладневна дремка а ти си велиш чекај да го видам фб-ов... А таму новости еден куп (1. Статуси за известување - вчера беше ТОП а под него - да срцуфценцее - друг коментар така е мачее кисссчее, 2. Статуси со филозофски мисли - животот е .... љубовта е .... па добро може и да се збуниш па да помислиш дека сите пријатели ти се со филозофски, 3. Статуси со љубовни изјави - го сакам највишеее тато-затоа што.... ТАТО, МАМА, БРАТ - па добро упм знаеме дека си ги сакате домашните) потоа гладаш слики (1. твојата 13-годишно комшиче со кило шминка, полугола, во вц со устето напрчено а под сликата 200 лике и 100 коментс :?: и да обавезно и тебе културно те замолува са стегнеш ЛИКЕ :wasntme: 2. Градскиот шизик кој решил да покаже колку добро се билда па позирал по дома) обавезно додека ги прегледуваш содржините те замара колешка од факултет која демек се загрижила за испитот, манијак кој те додал пред 2 дена и упорно бара кафе-средба, роднина која прашува за домашните, дете кое бара поклон за фармата :| ....
    После ова одиш да бубаш неколку часа оти нели колокфиуми се ближат а упорно мислите ти летаат... И да пред спиење татитчко ти кажува како на другар му детенцето добило 10ка и колку е паметно и нели те мотивира... А ти веројатно ќе заглавиш на фемина :lol:
    - КАКОВ ДЕН - ДАЛИ ОВА САМО МЕНЕ МИ СЕ СЛУЧУВА :wasntme:
     
    На Lady-Cha и butterfly.93 им се допаѓа ова.
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Не ја сфаќам потребата и задоволството од мрчење кога нема потреба за истото ... ама нели, ако на сечиво а, се кажува цела азбука за возврат, и се чука човек во гради еј фаца сум, на се нешто имам капаче, се нешто ми смета, сегде можам да кажам нешто ...
    Не, не си фаца. Затоа што има мрчење и мрчење ... 24часовно мрчење, не те прави ништо подоле од нула. Нечовек.
    Де бре, толку да се немало човечност, и малку барем душа во нечиви тела ...
    Свесна дека моментално и јас мрчам, морав да го кажам ова, затоа што се нервирав поинаку, а вака полесно е, плус моево мрчење е оправдано :!: 8)
     
  15. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски

    И мајка ми само што направи домашен кечап, свари макарони... Па кога му ја седнав.
    И пи-ем-есов убаво си ја врши работата. Цел викенд јадам како стока, постојано сум нервозна, од една во друга соба се селам и оставам се како да поминал ураган, сите невини си го кркаат од мене а јас упорно цел ден со витанова во рака ги одминувам. Па и тие некако ме заобиколуваат, како на чело да ми пишува: Не допирај, не се обраќај.
    Пих, што луѓе ќе беа. Кучкава моја, пустата и таа има добиено.
    Си крвариме заедно, или сепак не?
    Како и да е, многу е тажна. Не јаде, не си игра, само спие пред греалка... Па јас како ретардирана си играм со нејзините свирчиња, топчиња, коски. Неможам да си го скротам темпераментот, ама не е до мене де. Трчам низ куќа со цел да ја разиграм а таа само седи под нејзиното ќебенце и ме гледа.
    Срамота, грев сум. За ручек како дупната вреќа бев! Отиде неделниот труд за симнување калории, џабе беа сите вежби. Не бре, женава ќе ме умре еден ден. Намерно ми направи домашно пире со суџук и салата ала кисели пиперки. Јас па како сираче некое јадам, бутам во уста, пијам сок, голтам.
    И мешето денес пача ми се стори. Како што си рипкам по скалите надоле, и тоа ѕинѕири-минѕири.

    Ајде додека не сум здивела повеќе, не ме држи место.. Идам да си легнам, и јас да го преспијам фамозниот пи-ем-ес.

    Гудбај мај френдс, останете со здравје и ви посакувам убав старт на неделава што ни претстои.
    Муацки, гушки, бацуфки и сите тие срања проследени со четворчиња, шешчиња и даблјуфчиња.
     
    На Doozy и Juicy им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Седам и ги бројам деновиве,луѓе па јас 4 дена не сум излезена да се прошетам :o се само обврски...

    А лута сум на цел свет..не,не и не , не е тоа никаков ПМС ,никаков климакс,тоа само моиве дома ме јадат.

    Почнувајки од мажот кој се однесува како да е во хотел,до децава кои почнаа да ме лажат.И како што велат не ми е криво што лажат ,криво ми е што мислат дека им верувам.Син ми наплескал во училиште двојки и тројки,а никако да го навлечам на учење.Се нешто го замарам и то,како што тој вика.Па луѓе мои,можно ли е времето до толку да е променето.Ќе има слаби нормално книга да не се фатело.Друго ќерка ми иста,само во поблага варијанта.Троши и бара се нешто.Не можеш на ред да дојдеш од неа.А и тоа што го имам ,го носи ,користи не водејќи сметка дека можеби јас не можам да си купам друго.
    Сакам да кажам ,го мразам е*ениов живот ваков како што е.Сите нешто барат од тебе а никој не возвраќа со ништо...звучи ли егоистично???Па и звучи ама така се чувствувам..

    и НА КРАЈ...можеби јас сум една од ретките која не ја поднесува Нова година...сите некаде одат јас не можам никаде да мрднам,а ми иде да побегнам во некоја зимска куќарка и никогаш да не се вратам во цивилизација...немам желба ни елката да ја накитам... :?:

    си го читам постот и.... :o се прашувам што ми е мене???
    Одговорот се губи некаде меѓу ѕидовиве...без ехо...
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    не не...се мисли на тоа што многу деца се срамат од своите родители :)
     
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518

    Ова е вистинито само за тие што го прават тоа. И да, тоа е жално.

    Среќна сум што не ми се поматил умот за да ги сметам овие работи срамни, ОСОБЕНО за првото.
     
    На Rozich, Wild.Child и vaga95 им се допаѓа ова.
  19. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Во трка со времето, ме проголтува. Сакам да се смирам, да успорам, но не.
    Поставени милион и една цел, а крајот се чини толку далечен..
    [​IMG]
     
  20. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    „Фала ти многу“ методологијо моја, што постоиш во мојот живот...без тебе не би знаела да се снајдам во училницата :@

    Друга работа....ми фалиш бејби најмногу, сега би сакала да те слушнам за да можам да заспијам (не дека ќе заспијам и од глупавата методика)....лав ју бејби, вери вери мач :) :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.