[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ChoChang

    ChoChang Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    19
    Тажно е кога студираш и живееш во друг град, си идеш дома и на родената мајка турските серии и се поинтересни од тебе. :o
     
    На Chocolate.me, sweet-cherry, la-chicka и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Хаха не си.и јас уште пијам ладна вода од фрижидер :) :tmi:
     
    На K.Mari4ka и pamelche им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.283
    Допаѓања:
    111.706
    Пол:
    Женски
    СДК дека како си врват деновите мене се повеќе и повеќе ме фаќаат стравови :tmi:
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не е првиот впечаток нај важен. За многу луѓе на прв поглед сум имала многу погрешно мислење (нели со оглед на ситуацијата), за тек потоа да сфатам дека првата импресија била сосем погрешна... (во позитивна или негативна смисла).
    Е сеа зависи дали ќе имаш уште една шанса да го докажеш спротивното :)
     
    На Chocolate.me, 2036, sweet-cherry и 8 други им се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Леле луѓенца да им ја видите библиотеката. Ќе се расплачев прееска.

    Не знам како до сега не отидов во библиотеката, убедена бев нема да ми дадат картичка затоа што сум странец. Ми дадоа, со код е. И не се плаќа. Ни картичката и се што земаш. А има се. Филмови, музики, опери, списанија, книги, книги, книги. КНИГИ. Не можам да ви опишам колку сум возбудена, одвај се довлечкав дома со сите книги и цедиња. Конечно ќе гледам стари филмови кои никаде не се наоѓаат, ќе слушам опера додека пеглам. Да се вратиме ние на книгите. Од се по нешто, сешто насекаде. Па си седнале луѓе внатре културно си читаат, си фотокопираат.Стари, млади, учени, неучени, не е битно. Одамна не сум се возбудала вака, страв ми е да им кажам на луѓе за што се радувам.

    Него многу сакам тестери. Ептен. Малечки шишенца кои не те обврзуваат да ги користиш долго. Тестер како one-night-stand му доаѓа. Мераци. Има една парфимерија тука што и да купиш ти даваат по некој тестер. Guess where I buy toothpaste and deodorant? ;) Ете така, прибирам по дома скапи тестери и книги. Има едни со рецепти тие за следен пат ги оставив.

    Ги чекам гостите наредните месеци, правам листи за шетање. Не сакам да планирам се ама сфатив дека така се штеди. Самодисциплина на завидно ниво. Или не со оглед на тоа колку пати си го исклучив алармот.

    Го чекам и снегот утре, и некој џез концерт на плоштадчево и турското кафе. Ете тоа.
     
    На Chocolate.me, Annath, sweet-cherry и 25 други им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Не можам да опишам колку се напнувам кога ќе ме прашаат

    - И? За Божиќ купи ли некаков поклон?

    НЕ! |(
    Мислам Божиќ е за мене ко прво тажен празник. Отсекогаш сум им забранувала на моите да пуштаат глупави божиќни песни за време на вечерата, затоа што ме растажуваат. Па татко ми ќе пуштеше некаква класика. Ќе ме погледнеше и сфатеше дека ми влијае и тоа, па ќе ја пуштеше Едит Пјаф или Шарл Азнавур. Ајде тогаш си велев нејсе. Ќе издржев.
    Ко второ од кога тоа стана празников празник за подароци?! Затоа повеќе ги почитувам православните обичаи. Скромно, кршење лепче, топличко ти е затоа што си со најблиската фамилија. Барем така било отсекогаш. Токму таков си го правевме ние и оној католичкиот. Седнати заедно, мир, тишина. Толку. Потребно ли е да отвараш подароци ставени под елка за да си среќен?
    Јас ги разбирам дечињата дека се радуваат, ама и тие се веќе денес распекмезени.
    Слушам некни едно мало, ја прашуваат што сака дедо Мраз да и подари.
    Девојчево ни две ни три вика - едно огромно, фудбалско игралиште и iPad.
    iPad бре?! Не дека фудбалсково игралиште не ме зачуди :D
    Си викам добро, мене дефинитивно ме ранеле со нешто друго.
    Никогаш немав желба да добијам нешто специјално за Нова година. Ниту за Божиќ. Бев среќна кога ќе ме изненадеа моите со некоја калорична блага бомба разбирај пакетче од Европа. Или со чоколади од Германија :D Тоа беше у времето на Маркович, ха!
    Еднаш добив за поклон ксилофон. Да, да. Прво се чудев што е тоа. Потоа научив да лупам, па и нотите ги научив и мислам дека комшиите ме мразеа едно време :D
    Епа толку. Фудбалско игралиште бе! Арно не рекла дека сака да и ја поклонат Аргентина. Некој остров на Пацификот а?

    Арно ама, не можам се и сите да ги споредувам со себеси. Има желби и желби. Исто како што има луѓе и луѓе. Јас претпочитам мама да ја гушнам, да правиме заедно миризливи колачиња, да сум со неа затоа што знам колку и значи. А подарок? И онака ја изненадувам со подароци кога најмалку ги очекува.
    Да имавме повеќе деца во фамилијата, ќе се мислев за подароци, ама вака? Нема потреба.
    А јас што сакам од дедо Мраз?

    Ако може климата која е у Аргентина. Некако зимава, не ја сакам ич. Ја би да стигнам максимално до есенски дожд и ајде јово наново со пролетните дождови да расцутиме.

    Ама дедо Мраз го нема ниту живее во Лапонија. Што значи, ќе преживеам некако уште месец, два со шалчиња и капи.
    Патем ви текнува ли порано како на вести покажуваа некаков си дедо Мраз кој наводно пред католички Божиќ тргнува од Лапонија со подароци?
    А јас се чудев каде оди?! За Нова година ми беше јасно - дели подароци по американски филмови.

    Епа тоа ми е муабетот. Родители, ко Бога ве молам, учете си ги децата на скромност. Знам дека си ги сакате најмногу на цел свет и дека би им дале се, и јас сето тоа го разбирам ама не дозволувајте да паѓаат во депресија ако не добијат iPad од дедо Мраз.
    Додуше не мора мене да ме слушате, ама јас ете да си кажам.

    Хвала, такоЃе и кај вас :)

    Туку, на страна од тоа колку не ја сакам празничнава еуфорија и светкиве, ми се пие пунч да ви кажам, да ми згрее раце. А мислам и дека ќе си го направам.
     
    На eli25, Moira, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  7. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    Нај силната и најпосакуваната врска во задно време, можеби е онаа `да имам некој да ме бутни таму ,или ваму за да работам ова или она `
    Некако дипломите се во заден план , се плашам да не им се изгуби воопшто значењето.

    Друго ептена си сакам ANIMAL TOPS :) и така си ги љубам животинчињата де :D
     

    Прикачени фајлови:

  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш сум се гордеела со моите родители. И покрај се што поминале во животот, останале на нозе и успеале да изразнат две ќерки и да ги извадат на прав пат.

    Мајка ми, економист по струка, цел живот од 19 години работеше во една фирма голема, и нормално си работеше по струка. За жал таа фирма се распадна пред околу 11-12 години и таа на свои 50 години остана на патот, без работа. Со тие години никој не ја примаше на работа бидејки секаде барат млади, макар и без искуство. Извади и посериозни болести поради претрпениот стрес. За среќа најде работа по година ипол седење дома. Напорна, физичка работа, и таа бидејќи ненаучена на тоа, бидејќи цел живот одеше дотерена со фризури и штикли на работа, ова и дојде многу напорно. Не и беше важно, што ќе работи, не бираше, само сакаше да се тргне од дома, бидејки досадата убива. Сеуште работи на ова работно место и сега има 60 години, но сеуште е добро задржена. Никој не и дава повеќе од 45 години, многу младолика е. :) Денеска само што си дојде од работа, нервозна, бледа, почна да вика, зборува како и е преку глава сите да чекаат на неа за секоја една работа. Ми падна жал, па и реков да одмори, јас за прв пат во мојот живот испржив пиперки. И` направив салата и седна да јаде. Се мислам каков идиот сум што ја земам здраво за готово. Имам 22 години и од мои 7 години сум им единствено дете дома бидејки сестра ми е мажена. Се научив да ми прави се што ќе посакам, но веќе решив да почнам да се учам да готвам, бидејќи редно е веќе, не знам што може да се случи. Нема да згрешам ако кажам дека таа е столб и глава на семејството и без неа ние би биле загубени. Поживеј ми ја Господе оти не знам што би правела без неа.

    Татко ми пак, работеше заедно со мајка ми во истата горенаведена сега веќе распадната фирма како шофер на директорот, и ја помина поради тоа пола Европа. Исто така на свои 20 години работел во Германија но самото враќање овде му е најголемата животна грешка. Значи нашетан во секој случај. Се сеќавам кој занес ме тепаше кога доаѓаше да ме земе од училиште со службената кола, воа тоа време опел корса (или астра не ми текнува сега) беше многу јак модел. И сеуште ја чувам порцеланската кукла од Австрија која ми е најзачувана. Никогаш не си играв со неа, таа беше кукла за украс само. :) Во исто време со мајка ми и тој нели ја изгуби работата, и реши да отвори наш сопствен угостителски објект. Не одеше баш работата па во меѓувреме работеше уште една работа во казино. Имаше многу пријатели Грци кои стално му праќаа подароци за мене. Венчиња за коса, ланчиња, прстенчиња, свашта... Да се разбереме, татко ми е многу згоден човек. Односно беше. Строен, висок, со полу избелена коса, костум секојдневно.. Човек ипол накај два. Сега ако го видете, нема да најдете допирна точка со тоа што тој некогаш бил. Свесна сум дека сепак поминаа и многу години, но сега е подгрбавен, без заби, измачен, полн со брчки, слаб. Работи физичка работа, и затоа многу се смени. Но едно нешто остана непроменето- неговата смисла за хумор која и јас ја наследив, повеќе или помалку...

    Какви такви, мои се, ги сакам. Не сум најдобрата ќерка на цел свет, сестра ми е таа, ама се трудам да не ги разочарам многу.. Едвај чекам уште 2 години да одат во пензија. Би биле најубавиот пензионерски пар што постои. Само живи и здрави до тогаш. Ништо друго. :)
     
    На antonina, Annath, sweet-cherry и 31 други им се допаѓа ова.
  9. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Хаха женски јас сум спротивната, мене дома ме викааат `зимен човек`. Секогаш кога ми е многу ладно дома се греам до печката. У школо, фиксно мора да седам до парното, а у детсска секогаш парното е пуштено на најјако + со јорган сум омотана. Ете така.. како кифличка. [​IMG]
     
    На Greeen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Сдк деновиве, неделиве ми се гонење со времето.
    Сакам кога е вака некој период, брканица и обврски.

    Скопје овие две недели ми стана втор дом, утре пак натаму.
    Имам некоја тајна врска со Скопје од секогаш сум си го пречувствувала тоа во мене.Па и како да не го сакам кога и покрај семафорите,метежот и се наоколу имам премногу мили луѓе и една стара љубов таму.

    Со старата љубов си се видовме минатиот викенд, се изнагушкавме и помуабетивме.
    Си се смешкавме на старите заеднички спомени, пиенки, гушкања и љубења. Да ти е криво што се завршило така си заклучивме на крај од муабетот.
    Но си се смешкаме, знаеме дека убаво ни било а и вака ни е добро.
    Тој таму, јас овде а заедничките спомени во нас.

    И трчкања утре пак, не знам како да си стасам до местото каде што треба да бидам така да знам дека ќе трчам по автобуси и ќе прашувам случајни минувачи како да не се загубам. :D
    Ако видете некое девојче како трчка лево-десно како изгубено, јас ќе сум ;) сигурно.

    Домот ми мириса на домашни ресани со мармалад, м м м убавини за стомачето а лошотии за бутчињата :D

    Ако, едншка се живее (си рече едншка вака Кенди и си се шеташе со неколку вишок килограми ) :D

    http://www.youtube.com/watch?v=V0kRnazSIJM
     
    На kravce, pamelche и starbucks им се допаѓа ова.
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Направи си кркми, порадувај се едно саат време, и откако ќе сфатиш дека штотуку миената коса ти е смастена од чепкањето на претходно споменатите, почнуваш да плачеш за старата ти коса ;( |(

    :rofl:

    Е па, нели, секоја промена е добредојдена!
     
    На kravce, Doozy, Lov3 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Пред другите сум само една весела девојка, која навидум не претрпела некој поголем стрес во животот и се` и` е рамно. Супер и` е, си има дечко, си има работа, си купува парталчиња, се дотерува... Животот и` е топ. Само кога би знаеле уште колку многу се крие зад сета таа фасада, што се` ми предизвикувало солзи, тага, бол, мака во дадени моменти од животот, што се` сум морала да претрпам и претргам, за што се` сум сакала само да замижам и да замислам дека не е вистина и дека не се случува...

    Колку само нешта се кријат во секој од нас, за секој од нас... Се трудам да не носам заклучоци за луѓето само врз основа на тоа како изгледаат, што зборуваат, како се однесуваат, но неизбежно е. Кој што сака нека каже, првите впечатоци секогаш се формираат на таков начин. Не сум ниту јас исклучок. Не ми текнува да се запрашам дали нечии брчки на лицето кријат многу тешки моменти поминати, дали тоа што некој не се смее е резултат на тоа што животот му приредил само тажни моменти...

    Само тој ме познава вистински. Само тој може без да му кажам збор да разбере како се чувствувам во моментот. Само тој ме разбира со поглед. Само тој ја познава мојата душа, само нему му е отворена и сервирана на чинија. И да сакам, не можам да скријам нешто од него. Пред него не можам да глумам, не можам да се преправам. Пред него сум гола и боса. Пред него сум ЈАС.

    И ме фаќа страв од помислата: Што ако некогаш го изгубам? Знам, сите си велиме нема шанси мене да ми се случи, ние засекогаш ќе бидеме заедно... Се` може да се случи. Се плашам. Искрено. Тогаш би изгубила дел од себе, тогаш не би била повеќе јас, едноставно не би можела. Зошто моето јас е со него, во него, во нас. Кој тогаш би ги разбирал моите чувства? Кој би ме разбирал со поглед? Се плашам. Ако го немам него, ќе се немам себеси.
     
    На K.Mari4ka, Moira, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  13. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Сакав да кажам, како контра фан на Мајли, дека кривиот заб стварно не и прилега. Напраила некоја wow фаца, кривиот зуб надвор излегол. Мрчам знам. Таков ми е денот. Не се чести таквите, простете ми го.
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.820
    Пол:
    Женски
    Јас сум ви професионална домаќинка за перење пари.
    И денариве,квалитетни бе ,не се распраднаа ни на најјаката центрифуга.
    Сега уште да ги испеглам.т.е.уштиркам и ќе бидат како од печатница излезени. :wasntme:
     
    На Serafima, Moira, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  15. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Планот беше да станам во девет ипол, ама си реков, ај уште малку, и оп - 11.
    Мијам коса, сушам и трчам до школо. Денов испадна неверојатно убав, спротивно од очекуваното.
    Фрчат неуспешни звезди и назадни колуци на физичко. Последица - огромна болка кај тилот.
    Некој ми ја зема ќесата, па трчав по 'крадецот'. После школо, право кај дедо - саат ипол на компјутер.
    А сега сум дома, слушам панк, уживанција. Си го планирам утрешниот ден, и знам дека нема да испадне како што сакам. Амбиција ми е да истрчам на кеј еден саат, да станам рано :wasntme: ќе видиме.
    Ај имајте убава вечер луѓенца!
     
    На Glossy-girl и pamelche им се допаѓа ова.
  16. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    1.050
    :!:
     
    На Katerinceee, creshicka и pamelche им се допаѓа ова.
  17. Gi.ir.ll

    Gi.ir.ll Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    60
    Утре правам писмена работа темата не ја знам ама подготовката беше ''Збогување со есента"па би сакала да ми кажете како ми е текстот лош -добар ако најдете некоја грешка ќе ве молам да ме поравите,ако нешто ми фали...

    ''Збогување со есента"

    Есенското сонце си ги собираше своите зраци за да замине во другите краишта.Улиците и парковите беа послени со жолти лисја кои наликува како да се послени со златно-кафеав килим.Џагорот од птиците не се слуша се е тивко само дожливите облачиња кои ѕирка на нашите прозорци со нивните капки кои наликува на солзи.И ветрот кој тивко ни шепоти дека есента си оди и големите дрвја кои натажено не гледат како да барат помош- да ги загрееме ...Едно утре јас и мојот брат бевме на прошетка низ блиската шима до селските извори .Ладниот воздух кој се преплетувашениз дрвјата,на нашите лица ни оставаше ладна трага со тоа пто јас и братми почнавме да разговараме дека ладниот воздух не потсеува на доаѓањето на зимата.И по пат составивме една песничка која гласеше вака ( treba da sostavam) Кога се вративме во домот на баба ми и дедо ми,ја затековме баба ми како ми плете топла зимска облека за спремна да ја дочекам зимава.
     
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.052
    СДК: тогаш кога мислам дека има надеж, дека ете можеби тргнало кон подобро, животот ќе ми спреми еден таков шамар од заседа, свеста да ми се сврти! И дури да се свестам, што и како било, уште еден удар - да ме докусури! ;( ;(

    Ама, ако. Удри! Само ти удри! Јас пак ќе се исправам! :!: И пак на нозе ќе застанам! И ќе го чекам твојот следен удар, бидејќи изгледа од сега па натаму, само тоа може да го очекувам од тебе!
     
  19. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Брееее вечерва си се почуствував како вип фаца бе едно време хуху, ама само на момент оти после чурев од нервоза :devil: Јас си мислам дека сите се ненормални. Будали идиоти. Одам по улица, еден забавува со комбе се изврти убаво и си забрза, еден додека седев на кафе абе не престана да гледа на кај мене, и не немаше телевизор над мене :D и сега на крајот чашата ми ја прели една будала шо ме сликаше додека си купував цигари. Да, бе да, и не забележав само јас туку у пријателчето ми шо ме чекаше у кола. Значи да, ме сликна идиотот. И додека се возев ми дојоа милион мисли у главата, а зошо му е бе моја слика бог да чува, па и си викам епа не бев гола бе мајка му стара, не бев ни нашминкана, у фармерки и џемпер бев, зошо му е таа слика. И така си зборев дека и на татко ми ќе го кажам, другар е со газдата на бензинската ама сакав да знам зошо ме сликал бреее. И поштено го убедив пријателчето да се вратиме, и културно пак си влегов и му реков да ми го даде телефонот. Срам не срам шо ќе речат луѓето мене страв ми е мн од такви работи. И неќеше, па не го даваше, па сум немала право јас туѓ телефон да барам, дека негов е и нема зошо да ми го дава, жими се сакав да го запалам таму. И таман сакав веќе да се откажам, смешно беше луѓето ме знаат се смееја. И таман на време у себе дури и на Господ му заблагодарив дојде газдата и му кажав дека неговиот вработен ме сликна. Нели де, он тука почна да кажува дека не е така, дека ми се причинило, ама и на другаров да му се причини бе :?: дека не сум била нормална бла бла бла. Ама сигурна бев. И така газдава го убеди го*ното да го даде телефонот. И да, првите две слики беа од мене. Хах ненормален манијак бе. Последно го прашав зошо ме сликнал неќеше да каже, ќусеше како здрвен :puke: И така, го оставив со газдата да си се разбират, шо сака нека праве. Будали луѓе бе будали. Секакви има по земјава!
     
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    сдк НАДВОР СЕ ЕБЕЛО :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Gi.ir.ll му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.