[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Убав е есејот, добар. Ама нема да биде малку краток м? :?:
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.594
    Допаѓања:
    113.386
    Пол:
    Женски
    Си се убедувам себе си дека ужасно си ја сакам работата, и си ја сакам не дека не, ама не сакам некој да се троши на мене. Ахам, да се троши, да го истура на мене сиот бес насобран од жена му сегашна, од бивша му жена, од комшика му, од брат му, од син му, од газдата на бурекчилницата.... Си ја знам јас болката, премногу сум фина, епа така ми е.... Абе директоре еден низаеден, не една, уште пет жени да смениш џабе ти е, пак ќе си останеш копук невиден ;) Денес го прочитав ко селско букварче, ај што дојдов на работа едно 15 минути порано, фино лепо го ислушав и на се кимав со глава, па одозгора си го собрав, за колешката што каснела 40 минути, за референтот што го заебавал во општина, за инвеститорите што го поде*авале, за жена му... аха за жена му, сегашната, не бившата... сфатив кога му вртеше (со еден лигав рингтон 5 пати по ред) а тој упорно не го регистрираше звукот и чкрташе со забите. Ми стана јасно, ама касно, добро не му е лесно и на него, издржува две жени, две деца и плус е во долгови до последното влакно на келавицата. Епа редно време е да го напуштам бродот што тоне, оти капетанот нејќе да чуе да го исправи по правилниот курс, па така ќе си се дружам поактивно деновиве со Најди работа, Огласи 24 и Вработување.ком.
     
    На srcekrsacka, danichap и anichka94 им се допаѓа ова.
  3. Gi.ir.ll

    Gi.ir.ll Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    60

    Благодарам, да и јас така си мислев дека ке биде краток ама откако го напишав во тетратка за писмена работа ми фати страна ипол тоа за мене е доволно, па и сега малку и поголеми буквите ќе си ги пишувам ;)
     
    На Glossy-girl и Angel.girl им се допаѓа ова.
  4. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Денеска сум смрзната, со ужасна главоболка, но среќна..
    Овојпат не го молам бога среќава да потрае, нема да оставам ништо во рацете на судбината.
    Јас и тој сме тие кои треба да дадат се од себе за ова што подолго да трае.. Така и ќе биде.

    Обврските ни налагаат доста да пешачиме, така денеска одевме пеш сигурно едно 12-13 километри.
    Поради студот веројатно и ја добив главоболката но покрај сета таа среќа, немав време да мислам дека нешто не ми е во ред.

    Се жалев изминативе денови дека не сум организирана, дека џаболебарам и не правам ништо корисно и дека денот го преспивам, а ноќта не знам што да правам со себе.
    Веќе нема да е така и среќна сум поради тоа. Целиот ден ми е комплетно организиран и исполнет.
    Се надевам и дека со ова темпо ќе ја вратам изгубената кондиција, а и ќе го отсранам "пудингов" (така си го викам дебелиот мев)
    Закржлавев седејќи дома, време е за промена која ќе му годи на моето тело, а и психички ќе се чувствувам подобро, посреќно, позадоволно..
    Ме чекаат убави зимски денови, :!: само да нема мраз и снег. Тоа никако не ми оди во прилог, од лизгањето по улици нема да имам фајде. :)
     
    На tweety26 и rosebush им се допаѓа ова.
  5. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    И мошне креативно,среќата и тагата ги сврзувам во некое недефиниравно чувство,кое неочекувано прави хармонија. Тие чувства за мене се толку неразбирливи,што се откажав од нивното пронаоѓање и почнав да ги создавам. Убава,убава,таго...
     
    На L-enna, tweety26, Umbrella22 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    facebook станал вејќе бетер црква....[​IMG]..
     
  7. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    А и временска прогноза :D
     
    На ocila, Glossy-girl и rosebush им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Моника од Пријатели сите ја знаевме како neat freak, невидена педантерија, манијак за чистење, организирање и сортирање на сите можни ствари... сè до осмата сезона, кога Чендлер го отвори нејзиниот заклучен шпајз во кој неуредно беа фрлени сите предмети на кои не можела да им најде место.

    Е па јас сум ти иста приказна. Ја бришам секоја трошка прашинка и постојано нешто редам и прередувам, ама некој да ми го види шпајзот, којзнае што ќе си помисли. И за џабе татко ми направил полици од едниот до другиот крај на ѕидовите, кога мене ми е многу полесно да џитнам внатре сè што ми смета. Од стари учебници, новогодишни украси, морски школки, стари играчки, држач за грамофонски плочи, ранци, торбици, украсни перничиња (кои ги ставив таму затоа што веќе не ми се совпаѓаа со боите во собата), и што ли уште не!

    Многу пати пробував да го средам тој простор. Вадев буквално сè од внатре, па потоа уредно ги потполнував полиците, а сите кутии ги обележував со маркер за да знам што има во нив. Неколку пати годишно правев генералка, сè додека не сфатив дека шпајзот е едноставно простор кој е створен за да биде неуреден!
    Сега не можам ни да влезам внатре бидејќи на подот има пакети со празни тегли, правосмукалка, кутии со стари чевли, пакет тоалетна хартија, расклопена маса и неколку пара тениски ракети. Па си најдов нов начин на влегување во овој простор - се качувам на најниската полица и чекор по чекор одам по неа, држејќи се со рацете за некоја од горните полици. Шарам со погледот лево-десно, сè додека не најдам тоа што ми треба, па се качувам по полиците ако ми треба нешто од најгорната. За среќа татко ми добро ги зацврстил за ѕидовите - веројатно претпоставувал дека ќе се пентарам по нив :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=apvf4UihPd8
     
    На sweet-cherry, lunicka, Buttterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    ^ Срцка за момент помислив дека Срцекршачка го пишела постот! :D
     
    На Angel.girl, PeaceLoveBasketball и rosebush им се допаѓа ова.
  10. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Ууххх да знаете како се засрамив денес.

    Значи си седам мирно во автобус и си гледам низ прозерецот.
    ми стигнува смс и читам.од кај му текна на другар ми да напише такво нешто во тој момент..
    кога ме фати една смеа а седев сама и значи си се смеам како ненормална.
    се засрамив лугето ме гледаа чудни сигурно си мислеа оваа да не е луда..
    и едвај чекав да стигнам до станица и да излезам..
    Ама ајде и без тоа никој не ме познава...
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.102
    Знам дека ниедна пудра или руменило не може да ја долови свежината што моето лице некогаш ја имаше, ама за секој случај ќе си фрлам пари, од кај знаеш, може оп...магија...
    Или пак со квалитетни сенки (naked, му се стрвам да ги купам) може очите ќе ми бидат поразиграни, наивно љубопитни, полни со страст...
    Погледни се во огледало-страшило...озбилна фаца, тап поглед, собрани усни..
    Oва во пакет е со годините што врват или пак само јас сум за ремонт?
    Изгледа второто ќе да е, па затоа...challenge accepted! Предизвик за наредната година ќе ми биде да си го разбудам успаното дете во себе...
    Се надевам не е мртво туку само спие :worried:
    :D
     
    На lunicka, Moira, srcekrsacka и 8 други им се допаѓа ова.
  12. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    987
    [​IMG]

    Е за ова зборував прееска. Значи сакам гушкање и сакам некоја филмска љубов. И сите си живеевме среќни до крајот на животот, е таква сакам-шпанска серија. :wasntme:
     
    На srcekrsacka, kravce, Umbrella22 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... уствари да прашам, што деца се овие денешниве?? :^) :?: Имам толку голема и негативна инспирација за ова :fubar: ...
    Деца кои дигаат рака на тебе од чиста мира, деца кои ти крештат од чиста мира, деца кои мозокот ти го вадат од чиста мира, кои ти тераат инат од чиста мира ... кои те навредуваат и псујат од чиста мира ... кои не сакаат да им укажеш каде грешат и до каде смеат, кои се контраат и не прифаќаат никаква добра намера и покажуваат само нервоза, невопситание и агресивност. Се ова од чиста мира, без да бидат испровоцирани. Што ментален склоп се овие денешни деца, зборувам за оние од 3,4 год па нагоре. Ако некој има одговор нека каже, зашто јас навистина не можам да најдам нешто убаво, нешто позитивно или нешто толку чисто и искрено кај нив, како што нели и треба да е ... зашто се ангели нели?! :|
    Да, имаат ли родители ама во вистинска смисла на зборот??
     
    На lunicka, Serafima, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  14. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Одамна се избришани трагите на неговото присуство во мојот живот. Нова година е време кое ме орасположуе до максимум, но не можам да поминам преу дилемата, дали желбата да го видам и да си напраиме и краток разговор се должи само на овој навидум среќен период или живее долго време во мене? Го видов денес на крнтија од велосипед како се труди побрзо да си отиде дома, и си врви низ снежното невреме со распарталавен чадор. Во ништо не е поразличен од скитник. А верувам дека и душата му е празна како и пустина, како што и неговиот паричник, ако има еден...
    Тато. Да знае мама дека сакам да го видам, ќе ме полие со врел зејтин и ќе биде у право. Можеби би се пошегувала и би и рекла дека крвта не е вода, а маслото не е евтино за да го фрла по мене а не у тава... :D ех.... колку многу сте богати со вашите татковци и семејните ручеци и цело семејство на маса и цело тоа нелицемерно расположение..столбови на кои можете да се потпрете. Како да се заборави тој човек, кога знам дека мисли на мене,им зборува на своите родители за тоа дека има возрасна ќерка која скоро сама плови низ ова невреме од судбина, на секого може да му се случат нешта кои го исфрлаат од колосек,можеби тогаш кога ги правел тие гнасни нешта бил во тоа расположение... Не можам да проценам колку што може мајка ми, но мислам дека јас сепак имам право да одлучам дека сакам да го продолжам животот со двајцата родители. Добра ноќ тато. До сега сигурно баба на огин ти ги има исушено искинатите кондури кои ги носеше по снегот.....
     
    На lunicka, Serafima, Tenkai и 6 други им се допаѓа ова.
  15. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
  16. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски

    Денеска баш најдов една многу убава мисла тука на форумов:
    За воспитувањето на детето треба поголема мудрост, отколку за управувањето со држава. - Вилијам Ченинг
     
    На kravce, XMaN, Umbrella22 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.756
    Сакам да кажам на 5 минути излегувам на прозор за да проверам дали вее сега вее сега престане но како и да е прекрасно едвор се светка толку е волшебно и прекрасно , само да го навее многу и тој да ми е тука да го валам во снегот хахаха
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Да можев да те погалам и ти кажам те сакам. Да бидам со тебе во најтешките мигови, да знаеш дека сум тука и ти посветувам внимание како ти мене на времето.
    Само се надевам дека си покрај мене, како што беше секогаш, дека ме гледаш и приметуваш колку ми фалиш.

    Остани ми дама каква што беше, мотај се во бисери, прави растур во готвење и уживај во беретката. Кога веќе морало сега.
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
  19. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Не, се предомислив. Не сакам снег. Снегот ме потсеќа на зимото што мина, кога се натпреварувавме кој повеќе снегулки ќе изеде, кој поубаво ангелче во снегот ќе направи, кој посмешен снешко ќе направи и кој повеќе ќе истрча во снегот до колена. Ќе ме потсети дека бевме, дека постоевме. А каде сме сега? Дали сме сеуште ние? Се сетив дури сега, несакам снег. Се преправав дека сум во ред, дека можам без тебе и нема повеќе да пуштам ни солза за тебе. До кога? - До утрото кога низ прозорец ќе видам бела слика.
     
    На Tenkai, Umbrella22, Springy и 3 други им се допаѓа ова.
  20. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Си го сакам мојот згоден прилепчанец... :inlove: :inlove: :inlove:
    Некогаш соништата се единственото нешто што ме радува до срце, затоа што само така успевам да го видам и ги одбројувам минутите до следната повторна средба...
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.