[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    И она кога ќе почнат со коментари и "заебанции" за мајка ми која прави слатки...
    Не не е ништо срамно. Срам треба да им биде нив. Што се ограничени идиоти кои немаат идеи за реалноста и не ги распознаваат животните вредности. Денес битно приоритет е кој што носи и колку пари има...

    За мене мама е херој.
    Жена која и без сопруг успеала да се грижи и да воспита две деца.
    Што многу пати ставила на коцка се само за ние да не бидеме гладни или да ни го обезбеди тоа што ни е неопходно.
    Жената која не спиеше само да ми направи торта за роденден.
    Жената која одеше две смени на работа за да ми плати екскурзија.



    Мајка ми...
    [​IMG]

    За се ќе ви вратам со тато,се колнам!
     
    На WarriorAngel, FortuneTeller.xD, LittleFairy и 76 други им се допаѓа ова.
  2. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    СДК потребна ми е свежина и ново утро... Овие во кои се будам периодов ми се некако сите исти. |(
     
    На srcekrsacka, tweety26, Umbrella22 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Нека ни е вечно името на сите Катерини.Среќен именден имењачки и имајте убав ден. :* :hug: :makeup: ^_^
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Ќе ве напуштам на кратко , персонални причини .... али додека се вратам се надевам ќе се забавувате опасно низ зимскиве празници , најважно е да бидете најадени , напиени , среќни и да имате добри чизми за снегот кој го најавуваат 2 месеца веќе , како суперјамб у најава ....


    Џокси сега таква ти е околината , кога ќе дојдеш на факултет нема да сретнеш ниту еден човек што ќе ти збори такви глупости , таму никој нема да се замара со такви работи :lol:


    и толку ....



    Does this means i can touch your boobs?


    :devil: :devil: :devil: :devil:
    MUHAHAHAHAHHAHAHAHAHAHA-AH-A-AHAHA
    :devil: :devil: :devil: :devil:
     
    На FortuneTeller.xD, ceca-1, MandyLane и 22 други им се допаѓа ова.
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    There is light within me ...
    [​IMG]

    И ден денес знам да се зачудам од кај го црпам дури и она најмалото чкорче надеж во мене ??

    Сфатив дека се дур тлее во мене јас уствари живеам.
    И го пронајдов пак и пак и пак.
    Не престанало светлото во мене да гори изглеа ни после се. :)
    Среќна сум пак на крај на се што сум ваква, што не се предавам не се давам . Си се сакам .

    If light is in your heart, you will find your way home.

    Keepin' it real ! and Good night :)) :*
     
    На kravce, XMaN и Libera им се допаѓа ова.
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Стрина ми и чичко ми си се два пензионери кои што уживаат во секој ден и си прават да им е интересно.Навечер кога гледаат некој филм на ликовите им дават македонски имиња.Пример на машкото Петре и иако се вика пример Чон во филмот за нив е Петре :D.
    Тие цел живот се жртвувале за нас,да не донесат на прав пат,да не подпаднеме под лоши влијаниа.Секоја секунда стравуваат за нас,сакаат да не видат среќни со свое семејство,а најголема желба им е да дочекаат внучиња.Јас секој ден се молам да го доживеат тој благослов и деновите да им бидат исполнети само со среќа.Тие се од оние парови кои што сеуште живеат во времето на комунизмот и не се чудат на денешната младина,но сепак се во тренд со случувањата и имаат доста разбирање за нас.Се откажале од се само за да ни овозможат нас добар живот и да завршиме факултет.Израснале три деца,а на денешнно време богами не е лесно со тројца тинејџери па адолесценти ,а сега веќе возрасни личности.Ние секогаш за нив ќе бидиме деца без разлика колку години имаме и каде и да се наоѓаме.А ,за нас тие секогаш ќе бидат најсветото нешто.
     
    На eli25, lunicka, Serafima и 20 други им се допаѓа ова.
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Претпоставувам дека Божиќ е исклучително убав период во годинатаако сте среќна,весела личност која нема никакви проблеми..за нас останатите тоа е период во годината кога нашиот беден живот се прикажува во најлошо можно светло..

    :|
     
  8. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    1.153
    Пол:
    Машки
  9. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Една година лечам еден заб.Сменив 3 заболекари и денеска отидов на 4 за да ми каже дека имам циста,дека забот е мртов и дека морам да го извадам затоа што ако сега не го извадам ке си имам последици од тој заб.
    И така,денеска првпат извадив заб на заболекар со тие клешти и добро,не беше толку страшно како што замислував.Само ми е жал што уште на 17,5 год.јас почнав со вадење на заби :lol:
     
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Осумте лаги на мојата мајка

    Мојата мајка не ја зборуваше секогаш вистината. Ме излажа осум пати и тоа во важни животни моменти!

    Приказната почнува со моето раѓање. Роден сум како син единец во многу сиромашно семејство. Сиромашно до таа мерка што немавме доволно храна, а камоли нешто повеќе. Во ретки прилики се случуваше да имаме малку компири дома. Мајка ми ќе подготвеше скромен оброк и секогаш ќе го истуреше својот дел во мојата чинија говорејќи: „Јади сине, јас не сум гладна“.

    Тоа беше нејзината прва лага

    Кога малку потпораснав, мојата мајка по обавувањето на домашните работи, ќе отидеше до реката која се наоѓање под нашата куѓа, со надеж дека ќе улови некоја риба за јас да се хранам здраво и да се развивам како другите деца. Во една прилика, успеа да улови дури две риби. Побрза дома и ги зготви двете риби и ги стави во мојата чинија. Јас малку по малку ја јадев рибата, а мојата мајка го јадеше она што ќе остане на коските. Гледајќи го тоа, моето срце затрепери и онаа, другата риба и ја ставив во нејзината чинија, а таа ми ја врати велејќи?

    „Сине, изеди ја и другата, ти знаеш дека јас не сакам риба“.

    Ова беше нејзината втора лага.

    Времето поминуваше и дојде ден јас да појдам на училиште. Бидејќи немавме доволно пари за школување, мајка ми отиде во една продавница за алишта и се договори со сопственикот да продава алишта по куќите на богатите луѓе. Еден студен и дождлив ден, мајка ми се задржа подолго на работа. Чекајќи ја дома, се загрижив и излегов да ја побарам. Ја видов како ја носи торбата со алишта и чука на вратите од туѓите куќи. Ја повикав: „Мамоооо, ајде дојди. Си одиме дома, доцна е и студи. Можеш да продолжиш изутрина!“

    Таа се насмеа и ми рече: „Сине, јас не сум уморна.“

    Ова беше нејзината трета лага.

    Дојде денот кога се полагаа школските испити. Иако беше многу жешко, мајка ми сакаше да дојде со мене на училиште. Сонцето ја пржеше земјата, а површината на песокот зрачеше од топлина. Влегов во училиштето, а таа остана да ме чека во школскиот двор. Кога завршија испитите излегов од училиштето, а таа ме дочека со топла мајчинска прегратка, исполнета со љубов и милост. Во раката држеше студен и свеж сок кој го купила за мене. Кога почнав да го пијам, се свртев и ја погледнав, по нејзиното чело се сливаа капки пот. И ја подадов чашата и и реков: „Мајко, пиј“, а таа ми рече: „Сине, само ти пиј. Јас не сум жедна“.

    Ова беше нејзината четврта лага.

    По смртта на мојот татко, мајка ми живееше тежок живот како вдовица. Ја превзеде целата одговорност за водење на куќата, едноставно мораше да се грижи за сè. Животот стануваше се потежок, а ние многу често гладувавме. Покрај нашата куќа живееше мојот вујко, инаку многу добар човек. Тој често пати ни даваше храна за да ја ублажиме гладта. Кога видоа комшиите колку страдаме и дека нашата состојба стана неподнослива, ја советуваа мојата мајка, која сè уште беше млада да се омажи за еден човек кој би ни помагал во животот. Меѓутоа, мојата мајка го одби овој совет со зборовите: „Јас немам потреба од љубов“.

    Ова беше нејзината петта лага.

    По завршувањето на факултетот, добив добро платена работа во една фирма и одлучив самиот да ја преземам грижата за куќата. Бидејќи здравјето на мојата мајка ослабна и не можеше да продава облека по домовите на богатите, таа почна да продава зеленчук на пазар. Кога одби да престане да работи, издвоив дел од мојата плата и и дадов, а таа одби да го прими велејќи: „Чувај ги сине твоите пари, јас имам доволно за себе“.

    Ова беше нејзината шеста лага.

    Без разлика што добив работа, јас го продолжив школувањето и набргу магистрирав. Постигнав успех и ми се зголемија приходите. Една фирма ми понуди добра работа во своето седиште во Германија. Навистина се израдував и така почнав да сонувам за новиот и среќен живот. Откако отпатував и се средив, ја повикав мојата мајка да живее кај мене. Таа не сакаше да ми пречи и ми рече: „Сине, јас не сум научена на удобен живот“.

    Тоа беше нејзината седма лага.

    Како што поминуваше времето, мајка ми сè повеќе старееше и набргу се разболе од карцином. Во тешките моменти некој мораше да и помага. Што можев да направам кога помеѓу мене и мојата сакана мајка имаше многу држави? Оставив сè и се вратив дома. Срцето ми се кинеше бидејќи беше исцрпена и слаба. Не беше тоа мојата мајка која што ја познавав... Солзи почна да се слеваат низ моите образи, но таа и тогаш се обиде да ме утеши велејќи: „Сине, не плачи, не чувствувам болка“.

    Ова беше нејзината осма лага.

    Откако го изусти тоа, ги затвори очите и повеќе не ги отвори.

    На секој кој ги чувствува благодетите на своите родители му препорачувам:

    Чувајте ја оваа благодет пред да тагувате по нејзината загуба.

    Секому кој ја изгубил својата сакана мајка му препорачувам:

    Сетете се, секогаш...
     
    На lunicka, machka1, Serafima и 8 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.557
    Допаѓања:
    289.402
    Тој што има резерва не е паметен како што многумина би рекле, само кукавица според мене.

    Трошењето на енергија и време за некаков евентуален план Б или партнер Б, наместо да се концентрираш на проблемите во врската, ми е детско и неизживеано.

    При секој проблем или препрека да отрчаш кај некој друг само поради неговата подготвеност да те прими и твојата илузија за некаква подобра иднина со него.
    Нема идеални врски, нема идеални партнери, посебно не со одминувањето на годините и растењето на проблемите.
    Останува само таа нишка љубов и разбирањето да се живее со неговите мани.
    Ако не си подготвен да дадеш максимум од себе при А, не очекуј нешто подобро кај Б,Ц,Д...
     
    На Springy, Peppermint, Serafima и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Катеринче,мила,вечно име,уште многу години да го славиш!
    :l: :l: :l:
     
    На srcekrsacka и Katerinceee им се допаѓа ова.
  13. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ристо тебе заболува ли те коленото? - Не .... и мене не ме заболува, ама ногу луѓе се жалат дека коленото ги боле :D
     
    На Lov3 и LilBaby им се допаѓа ова.
  14. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Сакам да кажам дека една грешка живот чини! :P :P
     
    На srcekrsacka, Katerinceee и Unique.chick им се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    "Никогаш не донесувај одлуки кога си лут, и не ветувај многу кога си среќен"
    Зарем ова е непишано правило? Секогаш едно те исто.. Треба да си направам една збирка од овие мудростиве и да ги учам секој ден, одново и одново...
     
    На la-chicka, Mishela, Serafima и 16 други им се допаѓа ова.
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
    СДК дека сум многу нервозна поради Интер изгубив 7500 :swear: :swear: :swear:
     
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Честитките и поклончињата се веке спремни.Без разлика на која возраст и да сум ова ќе го практикувам секогаш,најомилен дел ми е од зимата. :)
    Овие неколку дена воопшто не сум мрднала од дома,а толку многу планови имав сите во вода паднаа...
    Туку дојде комшиката со малото што го чувавме.Срце тоа почнало да збори поубаво,па се стрчува од врата право накај мене вика на цел глас "Теаа" и ме гушка.Колку само ме израдува,ќе го изедам слатко тоа. :D Цело време само по мене викаше а мајка му ми вика дома нонстоп по мене викал.Па како нема кога највеќе си играв со него. :lol:
    Од утре мора да се смени ситуацијата,време е да се опоравам и да ме фати чист воздух.
     
    На Miss.Ricci, creshicka, Glossy-girl и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Па што да правам кога навечер седнувам убаво на Фемина да можам се да си напишам :lol:

    Денес беше еден од оние убавите денови.Станав во 11 и пак ми се спиеше : D (викам дури станував во 6.30 за на факс станував,сега ќе спијам : D ,а и секако после ќе дојди работата и пак ќе треба од рано),ама имав средба,убава средба : ) Си го испив кафето целата заспана и се спремив додека се расонував,ама кога излегов надвор убаво ме расони и студот :D Додуша и тоа има позитивна страна де,си го носев и си се радував на новото палтенце и гледав да не го извалкам негде,пошто е светло. ТАксисот ме нервираше,требаше да чекам,уште малце ако почекав ќе станев и ќе си заминев,ама стигнав сепак. Несакав Ади да ме чека долго на студот : )
    Конечно да се видиме и со Ади : ) Уште една од милите ми феминки,што ми е многу драго што си ја запознав,пошто ретко се наоѓаат такви луѓе,а и мило ми е што сеуште ги има. Понекогаш знаат да ми покажат повеќе почит и љубов него ли личности што ми биле блиски и потоа се забораваат,не знаат дури ни што се случува со мене. Мило ми е што има луѓе што не те гледаат само како корист,туку знаат да ценат и други работи. Се изгушкавме пошто ја немав видено и после си седнавме на едно убаво место и ем беше супер таму ем си зборувавме рајат,си направивме убав муабет,женски муабет.
    Патем си добив уште едно изненадување ^_^ Едно преубаво подароче од неа кое исто така ми значи многу и ќе си ги памтам овие изненадувања пошто така знам кои се моите луѓе и тие што ме ценат. Си се радувам јас и на такви работи. ФАла премногу Ади! :*
    И дружењето не застана тука,по женски си продолживме :lol: и ги превртивме некои од бутиците,се заигравме и се загледавме во Jumbo со преубавите работи,па се испраќавме уште пола сат,да си го доправиме муабетот :D Мило ми е многу што се видовме и што те имам за другарка : )
    [​IMG]
    После враќањето дома,решив да правам едни слатки и ги направив,излегоа 30-тина, кои исто така ги снема во рок од 30 мин. :D Излегоа што вика сестра ми мечиња медо Брундовци :D и овошја. Потоа па,кај почнав со готвење,требаше и порачки да примам,па правев и јадење : D Ама сакам да помагам секако. Сакам и некој ден да си имам моја кујна,ќе си ги изнакупам сите прибори за правење слатки,торти и јадења,па ќе земам плата и ќе си готвам се и сешто,па тие околу мене се да бришат од садовите за минути,сакам да им правам јадења на најблиските. Too much забегав со мисливе...
    Потоа веќе си се укотвив покрај печката ко мачка и се топлев и седев на компјутеров.Ни сама незнам што гледав толку време : D Ах да,си правев сетови на Polyvore : D Еее да имав толку алишта...ПА си викам,некој ден ќе имам се надевам пари и да се измодерирам малце,доста само штедиме...
    ТАка,реков и Фемина да си ја посетам,се се токмам да пишам и се останува за покасно,ама ова не покасно,ептен касно стана : D Уште малце и рано ќе стани :lol:
    Сабајле мајка ми Касно си легна? Не бе мамооо,рано си легнав :rofl: (па порано од ова амин : D )
    Ај сега доста е со моите одисеи,важно беше прекрасен ден и мило ми е што го искористив да си се видам со една прекрасна личност : )
    Добра ви ноќ...уште малце и добро утро : D

    П.С.Аман направете барем по 20 смајлиња да можи да се користат : D
     
    На Doozy, ilipili, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    доброутро :)

    животот е еден и не дозволувајте да ви биде беден-уживајте во секој миг
    си ја најдов оваа песничка на нет
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... eM7N_aFGn4 и од тогаш е на рипит :D
     
    На Adi888, tweety26 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Едвај го довлечкав газов денес на работа...од студ. А толку убаво мириса утрото, на чисто, ми иде она баш диши длабоко, збирај воздух да си правам додека сеуште не започнало да мириса на чад.
    И отворив овде, и ми се наполни душата. И ми се собраа солзи. Од насмевки, надежи, љубови, емоции. Од горди родители и горди деца на своите родители. Ми иде секој од вас поединечно цврсто да го гушнам, па на крај сите заедно една голема груп хаг да си направиме. :D
    Знам, знам дека се досадни ваквите приказни, ајде сите да се сакаме и да се почитуваме и бла бла нели :) Ама :!: да го применувавме сите ова, оние реалности кои ги нафрлуваме овде, ќе беа поинакви. Хах, во каков ли свет јас верувам нели? :)
    Знаете, среќна сум, стварно. Дали да ги преиспитувам можните теории за реинкарнација? Сите мои пријатели се толку несебични. Можеби затоа верувам во овој портокалово-виолетов свет (дека тоа се моите нови омилени бои :D ).
    Интересно е колку спомените мирисаат. Навистина. Мирис на море, на снег, мирис на љубов и воздишки, на нивните прегратки. Секогаш. Развлекувам насмевка.
    Сонував љубов, можеби и затоа. Сонував нов пријател, куче црно со сини големи очи. Се плашевме еден од друг, па се спријателивме и игравме. Не постои, мислам, такво куче на овој свет овде. Ама такви пријателства да. Со сигурност.
    Отиде и последната голтка кафе :) И дечкото од сонот кој ме држеше за рака. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=k-0ivXc2LdA
     
    На bittersweet, Adi888, Doozy и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.