[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Jaс всушност никогаш не сфатив зошто сексуалните потреби на мажите и жените толку се разликуваат. И никогаш не го сфатив тоа со Венера и Марс...

    Исто така, никогаш не сфатив зошто мажите размислуваат со главата (долната), а жените со срцето. И на крај, никогаш не сфатив зошто генот за сексуална желба секогаш ослабува кога ќе ги слушне зборовите: "Да, ја земам".
    Една вечер, минатата недела, мојата жена и јас бевме во кревет. Страста започна да гори... кога таа рече:
    "Не можам сега, не сум расположена. Би сакала само малку да ме држиш во твојата прегратка".
    Јас, нервозен одговорив:
    "Што? Што е сега ова?"
    И тогаш ги рече зборовите од кои секој маж на планетата е смртно исплашен:
    "Ти едноставно не ги разбираш моите емоционални потреби кои ги имам како жена, за јас да ги задоволам твоите физички потреби кои ги имаш како маж!"

    На мојот збунет поглед, таа додаде:

    "Дали не можеш да ме сакаш поради тоа што сум, а не само поради она што го правам со тебе во кревет?"

    Сфаќајки дека таа вечер ништо нема да бидне од "бизнисот", се свртив на другата страна и заспав.

    Следниот ден му се јавив на шефот и му реков дека ќе земам слободен ден за да поминам квалитетно време со мојата сопруга. Отидовме на ручек, а потоа ја одведов во огромна продавница за женска облека. Ја пратев наоколу, додека таа одбираше секаков вид на скапа облека.

    Не можеше да се одлучи која да ја избере, па ѝ реков дека ќе ѝ купам сè. Сакаше и чевли кои би одговарале со комплетите, па ѝ реков да земе по еден пар за секој комплет.

    Стигнавме и до одделот со накит, па ѝ зедов неколку дијамантски прстени. Да ви кажам искрено, беше многу возбудена, иако мислеше дека сум на чекор до банкрот. Си помислив дека ме тестира кога побара опрема за тенис, иако никогаш во животот не држела рекет во раката. А јас сигурно ја запрепастив со мојот позитивен одговор.

    Беше близу до оргазам од големото возбудување. Смеејќи се, конечно рече:

    "Мислам дека ова би било сè, ајде на каса да платиш."

    Не и се веруваше што слуша кога ѝ реков:

    "Не можам сега душо, не сум расположен."

    Лицето и се промени и ѝ стана бледо кога ја отвори устата и рече:

    "Што?!"

    Тогаш јас ѝ одговорив:

    "Само сакав да ги држиш работите во прегратка некое време. Ти едноставно не ги разбираш моите финансиски проблеми кои ги имам како маж, за јас да ги задоволувам твоите желби за шопинг што ги имаш како жена."

    Кога ме погледна со тој убиствен поглед, додадов:

    "Зар не можеш да ме сакаш поради она што сум, а не поради работите кои ти ги купувам?"

    Очигледно, ниту вечерва нема да биде ништо од бизнисот... Поздрав!

    Интересно е да се прочита,поздрав ;)
     
    На srcekrsacka, Divinebutterfly, creshicka и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сите краеви се за нови почетоци, колку и да звучи тажно и излитено.

    Сите нови почетоци не’ прават посилни, големи, а така малечки пред овој свет.


    Мириса на 2013. На Живот. Многу.
     
    На Lux, Doozy, Stoimenovska и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    ... паѓам на убаво воспитани дечиња. ^_^
    А баш се онака вид пред исчезнување. Ми изгледаат на старо добро ретро.
    Па кога ми се заблагодари со тие очињата, па замолува сериозно, и така некако тивко, скромно... ми дојде да го изгрицкам во неколку наврати. :D

    Едно пак хиперактивно вришталче на мои блиски пријатели, на секое доаѓање успева да ме срони во суратот :D и да ме грабне за десна цицка. :^)
    Со тоа нема излегување на крај, или е his way или the high way, и ќе си трпиш и молчиш, ќе си гледаш во стрелките и ќе молиш тивко во себе поскоро да го транспортираат дома, зашто е веќе смртно забрането добронамерно да шлапнеш некое детенце по газето, ќе те затворат во лудница или во најмала рака - полиција ќе ти пратат дома да одговараш за физичко малтретирање.

    Каде отиде светов, секој ден упорно се прашувам, додека и јас држам чекор со него. |(
    На кафе, не сме се виделе една недела, секоја една од нас (гускичка) го извадила мобилниот и се задлабочила, бараме wi-fi мрежа, како животот да ни зависи од тоа. После, си покажуваме слики и дебилни спотчиња (како да не можеме да ги видиме секоја по дома, малку во удобноста на домот се топлиме со вакви грдости секој ден), па и на кафе им даваме почесно место и внимание.
    Времето поминало, не успеавме да си кажеме ништо суштинско, што не` мачи, какви ни се плановите, што не развесели деновиве (освен нели дотичното видео - Драган Вучиќ Гангам Стајл). :^)

    До каде бре вака?
    Го плукам светот, а неретко му се приклучувам, па ми се гади и од самата себе.
    Ги мразам невоспитаните дечишта што ме фаќаат за десна цицка, а моето може ќе испадне да грабнува по две наеднаш.

    Ова стана едно тажно и грдо место за живот. :(
     
    На bittersweet, sweet-cherry, eli25 и 19 други им се допаѓа ова.
  4. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Сам со себе не си правеш муабет |(
    шо рекле "два монолога не чинат дијалог"
     
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Пристигна и денот за прославување на нашата семејна слава.
    Го сакам овој ден, собирот со сите најблиски на семејната трпеза ме прави комплетна и среќна.
    Нема поголемо задоволство од тоа да ги погледнеш сите околу себе и да речеш: Ти благодарам Господе живи и здрави се, па во тоа име да ја кренеш чашата наздравувајќи.
    Вечерва ќе уживам во сите благодети на хармоничната вечера!
    Уште од вчера им се острам на печената скуша, кикириките и пивото! Посните сарми и се останато ќе им ги оставам на другите.
    Девојки, ви посакувам убав ден!
    Честит именден на сите Катерини и среќна слава на оние кои ја слават!
     
    На kate21, la-chicka, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    254
     

    Прикачени фајлови:

    • ;p.png
      ;p.png
      Големина на фајлот:
      130,1 KB
      Прегледи:
      463
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    Вчера за прв пат повторно ги преживеав емоциите како кога почина татко ми....
    Се ставив на нејзино место, зошто, иако е секој посебен и свој - кога боли за родител, боли до срж...ја тресна животот од земја, и` го помати умот, не ми се верува да знае каде се наоѓа....не знам ни дали знае како се вика сега....сигурно си мисли дека е во лош сон и дека утре ќе го види пак.....и така деновите ќе и` врват, како воз на секоја станица, мислејќи дека станува се` посилна со секоја измината година....се` додека не роди живот и сфати дека болката била уште поголема од што мислела....

    Мајчинството ме направи многу поемотивна и емпатична....и ако претходно животните ми беа пред луѓето, денес некако човечкиот род ми е приоритет, иако се` уште затварам очи и ме стега желудник секој пат кога ќе видам згазено животинче :( Кога бев трудна имав многу проблем со овие ситуации, животните ми беа богови, во секоја ситуација, во секој момент, на секоја видена слика, на секој текст прочитан....и заклучокот ми беше - син ми (ќерка испадна на крај) сигурно ќе биде ветеринар! Е, не знам дали ќе биде, рано е да кажам, ама дека сака животни како ветеринар - сака.

    Почнав од едно, завршив на друго, ама сепак не-неповрзани....чудна е природава наша женска, чудни склопови на чувства/хормони/сили не` означуваат во различни периоди од нашиот живот.
    Растеме духовно, емотивно, се кршиме, се лепиме, се издигнуваме, и пак одново сакаме и жалиме.
    Чудно а?
    Па, искрено, и не до толку....
     
    На eli25, DeMelo, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Ми го рушат замочето во маало и навистина чувствувам некоја празнина и тежина во мене. Ја обожавав таа куќа, таква градба во Македонија нема, а ја рушат за да направат зграда :^) Ми се наполни населбава со згради. Што беше убаво тивко и мирно, од едната страна високи куќи, од другата ниски. Цело Скопје пред тебе,а сега само згради. Се стесни и се затвори цел простор, повеќе не наликува на тивка и мирна населба. Ако треба да се шири Скопје неможе да се шири накај Водно, разбираат ли? Земјиштето е прилично нестабилно, доказ за тоа е што куќава почнува да ми се движи на десно и да ми пукаат ѕидовите, замислете на зградите што може да им се случи :^) Ама зелената куќа бе, куќата :( беше белег на населбава. Како мали влагувавме за да повикуваме духови, ги привлекуваше сите, мистерија беше. Кога се враќав навечер ми беше страв да поминувам покрај неа, секогаш бегав од другата страна. Во целиот свет се чуваат и заштитуваат ваквите објекти било да се државна или приватна сопственост само кај нас се рушат старите градби за да се направат нови во барок стил :puke: кое министерство дозволи да ја срушат куќава не ми е јасно. Изреволтирана сум и тажна, неможам да замислам да поминам од таму,а да не ја видам куќата. Сакав да собирам пари за даја купам, реновирам и да си живеам таму, а сеа ќе собирам за да си ја изградам на друго место.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Lacrimosa, eli25, bittersweet и 25 други им се допаѓа ова.
  9. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    ^ Нема да дочекам фотосесија да си напраам таму! ;(
     
    На CharmedGirl и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    :o ја рушат?! Зошто бе? :( Не, не не можам веќе да слушам вакви работи. Мака ми е :(

    Туку ги следам Словенциве што прават. Револуција, ете тоа прават. Се дигнаа на нозе.
    Зборував со другарот од таму, баш беше присутен во Словенија кога се случија најголемите демонстрации и ми рече дека единствено неонацистите малку ги расипаа демонстрациите инаку се ќе беше беспрекорно.
    Но тоа не ми е поентата. Знаете што постигнаа? Тоа што градоначалникот на Марибор поднел оставка, ете тоа. Си ја постигнаа целта. Речиси. Ова е само почеток.
    Но ја имаат мојата најголема почит и секако восхит. Им покажаа на сите од екс - ЈУ што значи тоа да се кренеш на нозе и да си го искористиш демократското право за покажување на незадоволство.

    А ние? Фино, удобно, си мрчиме. Толку. Една цура убаво искоментира на сето тоа.
    „Ми само седимо по кафанима, један другоме је*емо матер док нас политичари је*у у здрав мозак.“

    Мајке ми, ми доаѓа да организирам масовни протести. Да организирам будење на луѓето кои се незадоволни.

    Се плашам дека би била единствена премрзната будала со транспарент на плоштад :D Но можеби вреди да се проба.

    Ме убиваат спори и пасивни луѓе. Всушност ме убива пасивноста општо. Јас ретко трпам такво нешто, бегам од тоа како од чума. Кога треба да се делува - треба да се делува. Флегми многу многу, не почитувам. 5 минути им давам и толку.
    Сериозно сум на мисла да смислам некаква револуција.

    Ако ме бараат властите преку форумов, која е таа што буцка, тие што ме знаете, не ме издавајте. Од затвор тешко се делува :D
     
    На bittersweet, Deemy, MandyLane и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Ете силно светнал ден.
    Уште посилно мојот ентузијазам.
    Вчерашниот разговор ме натера да се подзамислам. Никој не заслужува полошо од вчера и подобро од утре. лошо вчера > лошо денес > лошо утре.
    Влегуваш внатре и сфаќаш. Ништо не се променило. Додека ти си во постојана трка со времето, тука како да запрело.
    Ливчето од кладилница, макијато, чат-пат некој цигара-муабет за најновите трачеви, политички препукувања или евентуално спортски прогнози. Се враќаш дома истите страни, истите луѓе, истите мисли. Колку и во одреден момент да мислиш дека напредуваш, всушност само стоиш во место затоа што уште паразитираш.
    Кога ќе ја завршиш таа постојана трка сам са собом и ќе го погледнеш светот со проѕирни очила, а не сини, портокалови или црвени.. е, тогаш ќе посакаш да речиш "Јебем ти [​IMG] "
    Да посакаш Пердика никогаш да не се родел.
    Јебем ти шеснаесеткракно и на новинарството во Македонија. Кое црно..ова де портокалово новинарство го имаме тоа нешто невероватно. Јадејќи го вчерашниот сув леб, додека во глава ти се врти мисловна именка наречена топол дом во студен ден, гледаш фантастични приказни за прекрасната природа во која ние сме едни и единствени, со праисториски корени и никој не може да не искорени, цвеќиња.
    Wow можеби навистина е така.. и фрлаш еден поглед кон прозорецот.. и бараш, бараш,ама природата што си ја гледал ја нема. Околу тебе трња. Е, каде тогаш драги медиуми ние цветаме? На кое поле цветаме?
    Или можеби се оптимисти. Сакаат да го утешат народот, да му го олеснат пропаѓањето во живата песок, па го тешат како Лузја Хеј.. "се е во ред, се е во ред и навистина се ќе биде во ред"
    Ете толку имав да кажам.
    Доаѓа Џорџ од небото утре. Денес мајка ми ме тера да постам. А, и јас се прочистувам духовно. И затоа се изолирав до тој степен што заборавив и "Чао" да речам.
    Но,еве тука.. не разговарам, само пишувам.
    Редно е и да се збогувам со овој мал бел екран.
    Од мои познати причини. Ете све ќе направам за да не дозволам туѓото искуство да постане мое искуство. Не сакам.
    Чао.
     
    На Miss-Independent му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Порано мислев дека она Ќе те сакам засекогаш е само реторичко.Од каде знае што може да се случи?Од каде те знае тебе?Од каде се знае себе?И сите тие луѓе беа лажговци.Нешто слични на Дедо Мраз.
    Засекогаш го немаше во мојот речник.

    Ама сега научив дека постојат луѓе кои,што и да се случи,какви и да се,каков и ти да станеш,секогаш ама баш СЕКОГАШ ќе имаат дел од твоето срце.Дел кој никој друг нема да може да го има.
    А почнав и во Дедо Мраз да верувам :) .

    Ви кажав ли дека прославив 4 години со мојата љубов?
    Четри брзи и доооолги години.Со една од оние личности кои ноу метер ват,ќе имаат еден дел од моето срце,Засекогаш. :) :)
     
    На bittersweet, L-enna, CoverGirl10 и 30 други им се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека девојки треба малку повеќе да ги почитувате машките,а не да ги гледате како кредитни картички,кој колку има,што кола вози и итн.
    Нормално за тие што заслужуват.поздрав
     
    На srcekrsacka, AngelOfArh, anichka94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Млад брачен пар влегува во најубавата продавница во градот. Мажот и жената долго време ги набљудувале шарените играчки наредени на полиците сè до таванот, во весел неред на клупите.

    [​IMG]

    На нив имало кукли кои се смеат и плачат, електронски игри, минијатурни кујни кои подготвуваат пици и торти.

    Не можеле да се одлучат. Им приоѓа млада и отмена продавачка.

    „Видете“, и објаснува жената, „ние имаме мало девојче, но двајцата сме отсутни по цел ден, а често пати и навечер“.

    „Се работи за девојче кое ретко се смее“, се обидел да и објасни мажот.

    „Би сакале да и купиме нешто што ќе ја направи среќна и кога ние нема да бидеме дома, објаснила жената. Нешто што ќе ја развесели кога ќе биде сама“.

    „Жал ми е“, се насмевнала љубезно продавачката. „Ние не продаваме родители!“

    Поуката сами извлечете ја!
     
    На AIT, Divinebutterfly, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Многу ми е глупо и понижувачки кога маж(женет)30тина години, ми зборува како би излегол со некоја моја другарка,дали била лесна,дали би му одговарала...а покрај се да ме убедуваат сите дека тој ја сакал жена му... Не бе дечки, ако ја сака нема да ја понижи толку пред сите па таа да ти била и 100000х километри подалеку...во друг континент. И нормално дека и тебе ке ти свири, не дека си подобра од жена му, туку едноставно има мажи(вистински мажи) и има лигуши, само на збор шо се јаки... цц серија сељаци па кај сум била јас порано да гледам таков циркус.. ахх криво ми е :D ке си го продолжев животот од смешки. Пак вака сега, кога ја знам целата ситуација... колку ми иди да се прснам од смеење...ама ајде грев ми паѓа до некаде... :/ :D Ве замислувам сите со сите!! хаххахаххахаа, не дека јас сакам ама подобар впечаток не можевте да ми оставите.
     
    На Divinebutterfly и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Најмила си ми ,ти што имаше толку тажен и празен живот.
    Ти што секое утро се молеше за еден зрак светлина ,за едно детенце кое би ви го направило секојдневното сивило поподносливо.
    Покрај сите обиди - не успеавте.Се боревте до крај.Но го загубивте,без трошка надеж дека некогаш ќе има кому да ја подарите вашата безгранична љубов.
    И тогаш се појави детето на твојата сестра,сакано и галено како свое сопствено.
    Ми бевте и родители и најдобри пријатели ,поддршка во најтешките моменти.
    Сега пак си сама ,го загуби и НЕГО.Го загубив и јас.
    Заедно ќе жалиме ,свесни дека утеха не постои.
    Како што ти беше секогаш покрај мене ,крај тебе ќе останам и јас засекогаш.

    Неописливо те сакам,најдрага!
     
    На Divinebutterfly, Serafima, alessandraaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    [​IMG]
    Кога ќе завршиш електро и животот е пред тебе :P
     
    На AIT, vitomir и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  18. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    119
    Како се наближуваат деновите до нашето судбоносно ДА толку сум посигурна дека сум со вистинскиот човек.... После 7 години убави и неубави моменти, секогаш бевме заедно иако имаше големи шанси да се разделимe поради многу падови. Среќна сум дека заедно поминавме преку се среќна сум што БОГ ни го даде најголемиот благослов бебенце плод на таа лјубов која мислев дека бледее, но не таа се воздигна и ојача!Среќна сум што те имам до мене и што ме тераш да сватам дека по секое зло има и добро и дека секогаш ќе бидеш со мене во добро и зло...На моменти пoрано мислев дека јас сум таа што ја одржува врската, дека никогаш не се откажав од тебе, но морам да признаам дека по сите конфликти и падови дека и ти секогаш беше со мене дека никогаш не ме изневери иако знаев да бидам дрска и груба можеби не можеме да се гордееме со некои наши постапки но секогаш бевме заедно еден покрај друг...Ти си мојата судбина а јас твојата и сега сваќам дека заедно сме посилни од се!
     
    На Libera, kate21, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    За денес имам две убави вести, официјално имам свој веб:

    - http://irenamila.com/;

    И утрински мејл од Шопов, за објавеното интервју во Окно:

    - http://okno.mk/node/24082 .

    Колку би сакала секој ден по една ваква убава вест!
     
    На nela.oh, bittersweet, L-enna и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.563
    Цело утро гледам стари цртани филмови како удрена некоја.
    Анастазија, Убавицата и Ѕверот првиот дел ,на ред ми е Кралот лав.
    За Анастазија добив инпсирација откако сите на фејсбук ја постираа познатата песничка уанс а пон а тајм ин десембр.
    И најмногу ме потсетува на детство од многу,многу,многу реални и нереални причини и ми го топли срценцето!
    http://www.youtube.com/watch?v=q6A-gJqq-pI

    А и нема никаква поента,ни логика ама мене ме потсетува на...уствари има маааала логика.
    http://www.youtube.com/watch?v=g2XLKabsYMg
     
    На bittersweet, NoellePage, Hipster и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.