[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.568
    Допаѓања:
    289.633
    Си се смешкам сама во себе.
    Чудна ноќ, уште почудни соништа :tmi: .

    Малиот мој честo знае да рече перверзна сум била пфф :yawn: , само несокојдневни мисли или евентуално невообичаени соништа ми идат.
    Така синоќа сонував што сонував,(среде бел ден сме, да не навлегувам во детали) и таман интересното да дојде, јас викам мажена сум :rofl:

    Муте бре и во сон не знае да се опушти, си расипав филм т.с сон, и толку од забавата.

    Туку сабајле ме разбуди чуден звук, како грепкање со лопата.
    Малиот стана да направи топло чоколадо и ми праќа слика преку ватс ап од градината.
    Долго најавуваниот снег и кај мене стасал, па затоа и комшиите се удриле на работа.


    Денес втора смена на работа и двајцата.
    Уште сме во кревет(ама домаќини :tmi: ), со шолот топло чоколадо.
    Не ни треба појадок, имаме доволно резерви...си требаме само еден со друг.

    Смислив и аутфит за на работа, вечер имаме диско со пациентите.
    Едвај чекам.
    За по пат ќе си облечам бело капче, бело шалче и бели нараквици и уз ритамот на музиката ќе си шлапкам низ снегот.
     

    Прикачени фајлови:

    На 1209, Doozy, lunicka и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Мава некоја чудна апатија деновиве, ко после долго трчање, или пред-испитна трема, кога не знаеш што со себе. А знам дека е до времево...и новите проблемчиња што никнаа, ко глисти после дожд, печурки на влага. Mожам многу лесно и да ги згазам, ама потребна е одлучност.

    Си мислам колку е убава зимата во градови каде архитектурата всушност има душа, кажува некоја приказна. Колку би било прекрасно на пример сега во Романија, во некое помало градче, наврнато со снег, или во дворот на Дракула...или Виена, со секое крцкање на снегот под нозе да го слушаш Вивалди.
    Ах... а кога ќе ми текне на Скопје и неговите барокни и културни обиди, ми се плаче. Од една страна имаш некоја очајна реплика на убава глетка, величање на старото Скопје од уфилмани Скопјани кои очигледно немаат допирна точка со реалноста, као поим за култура и одменост, а од друга страна, во истото тоа Скопје, гледаш како некој сочно си плука на поминување, или од прозор.
    Живот-компот, што би рекла Трендафилка.
     
    На L-enna, lunicka и kravce им се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Сдк,

    Колку можеме, а не сакаме... :!:
     
    На sweet-cherry, CoverGirl10, Hipster и 15 други им се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Кога ќе станеш наспана, со блажен осмех на лицето, и расположена. Реткост за мене, во овој период од годината. За малку ќе заборавев какво е чувството.
    И покрај мизерните 3 степени, за чудо, денов ми тргна како што треба. Претпоставувам има врска фактот што е петок. И фактот што уште една недела помина од годинава и се ближат моите омилени празници.
    Полека, полека атмосферата ми се вовлекува дома.
    Имам желба да ја накитам елката уште викендов, не ми се чека да ми засветкаат сијаличките после Св.Никола. Ништо чудно, викендов да си ја монтирам елката, како и лани, сама. Предноста е во тоа што можам да накитам како сакам, и никој ништо да не смее да промрчи. Годинава ќе им донесам коњче(многу вистински живо), пошто ирвас тешко се наоѓа, ќе му ставам црвен нос, и ќе го заврвзам во сред дневна. Може ќе им текне да се ангажираат и тие, откако коњчето ќе направи видна штета на патосот. Видна, голема, смрдлива штета.
    А може да смислам и друг начин.

    Бидејќи сите полагања ми ги сместиле во Јануари, месецот кој обично само лежам, се дебелеам и уживам во постновогодишни благодети, ми останува Декември за таа намена. Му се враќам на јамбот, старата љубов за тепање време. И на третиот дел од Мураками, што можеби конечно ќе го завршам годинава. И на правење новогодишни колачиња во форма на елкички, со вкус на кари. И чаеви. Многу, многу чаеви во секакви вкусови испиени на само или во друштво.

    Ви реков дека ќе се вратам во добрите за некое време. Ајде Christmas spirit, do your thing!
     
    На Hipster, Doozy, LilBaby и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Обврските завршени, и викендот може да почне... ма викенд, ко и секој друг, ако не само потмурен и постуден од претходниот. :lol:
     
    На tweety26 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Нови обврски на повидок!
    Можеби работниов ден ќе има сосем поинаков епилог од очекуваниот :?:
     
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Чувствувам ќе се разболам, а не сакам. Не за друго, да се разболам а надвор да биде кокал ладно не ми е мака, ама најмногу мразам кога сум болна, ми тече носот како чешма а надвор има сонце, е тогаш ми доаѓа да сокршам се пред себе. :@ И плус тоа во ПМС сум, и тоа си ја врши својата работа, па не ме замарајте денес. :!: А може всушност и да не сум во ПМС, бидејќи доцни 6 дена, уште оваа нервоза ми требаше. :@ Кога не дојде до сега, не те сакам до понеделник теткице, човек неможе на мир да се кхм кхм со либето :wasntme:

    Добра точка денес? -Да, вечер нема да излегувам, ке седам кај дечко ми на топло подмотена со филм и двете мачиња до мене- либето и д екшуал кет. :wasntme:

    Одам да мавнам жежок туш, и 4-5 чаја на екс. Останете ми со здравје. Мјау. :*
     
    На Doozy, LilBaby, ilipili и 6 други им се допаѓа ова.
  8. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    687
    И,сега тој ми докажа дека вистинаска љубов не постои.....Му го подарив срцето..Но како и да е ,нема да дозволам,да ми го уништи викендот :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  9. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Постои, само не секој знае да ти ја подари, ниту пак ти можеш на секому да ја подариш.
    Некогаш е потребно многу „коцки да се поклопат“ за да се случи вистинска љубов меѓу дечко и девојка... па и дечко и дечко... и девојка и девојка... :D :D :D
     
    На rosebush, XMaN, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Одеднаш, незнам ни јас како, експлозија од среќа во мене. Така, без причина. Добро, јас сакам да верувам дека е без причина. А вистинската причина е тој. Да, тој. Знам дека е забрането да мислам на него, но што да правам, срцево го бара. Помислата на него, шири честички од среќа, содржат огромна моќ во себе и се движат забрзано, поулавено. Ах ти.. треба да си одиш од мисливе, иако тоа сега ми годи.. Јас треба да мислам на друг. На оној на којшто му се ветив. Добро прочитав некаде, не ветувај додека си лудо заљубен.. А тебе сега би ти го ветила и светот....
     
    На tweety26, starbucks, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    12.271
    Денес си купив сеќавања. Како? Многу лесно.
    Одете до најблиската продавница и купете го парфемот или лабелото што сте го користеле во 2009. БУМ! Спомени на тацна.

    Ништо не ме враќа назад толку многу како мирисите :f:
     
    На sweet-cherry, 1209, CoverGirl10 и 26 други им се допаѓа ова.
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.195
    Допаѓања:
    23.272
    Пол:
    Женски
    ... Затоа што тaa чекаше како никој никогаш што чекал во светот… Сите се надеваме дека чекањето ќе се оствари, за оној кој знаел да чека. Затоа што таа го сакаше како ниедна девојка што го сакала досега.
     
    На Divinebutterfly, kikav, tweety26 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Сакам да кажам дека му се радувам на зеленово цвеќенце како мало дете :$
    Барем не го силував форумов со глупи коментари за да стигнам побрзо до него :)
    Имајте убав ден :*
     
  14. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Сега го погледав за прв пат видеово.
    Јас лично сум голем љубител на јогата.
    Не посетувам специјални часови, но другата година кога ќе дојдам во Скопје прво нешто што ќе направам е - Ќе се запишам на јога!
    Според мене тоа е нешто навистина најдобро што можиме да направиме за самите себе.
    Редовно правам јога, сама. Со помош на вежби од интернет и слично. Научив уште од малечка, таа навика ми е од татко ми. И сум му многу благодарна. :bow:
    Кај нас еве почнуваат веќе луѓето да сфаќаат колку јогата е важна. Колкава е нејзината моќ.
    На своја кожа, многу добро ја чувствувам. Се чувствувам како повторно раѓање. Толку силна и полна со ентузијазам. Проблемите нема да не докрајчат и депресијата нема да не згази.

    Eве го видеото. Убаво е изработено и дава голема мотивација.
    Јас мислам наутро да си го пуштате, поубав ќе ви биде денот.
    Особено за женските, измислена е јогата :D нели ние повеќе се нервираме, како големи емотивци а и борци...за секој проблем се бориме со сите сили.

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... QU9bfXyh8#
     
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Неможам веќее. Колку и да се воздржувам солзите сами доаѓаат. Мора ли секогаш да е вака. Како утеха земав да слушам песна, небива и небива, пак плачам. ;(
    http://www.youtube.com/watch?v=JXmUYdOVJtc
     
  16. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Сабајле многу ме расплача една другарка.Први час имавме македонски и ни даде наслови за подготовка на писмената работа.Имавме три наслови и другарка ми го одбрала вториот "Лик или Личност која никогаш нема да ја заборавам".Таа е голем обожавател на Џастин Бибер и пишала за него.Пишала за неговиот живот и сите хумани дела што ѓи направил.Па на крајот напиша и за Аваланда.Кога слушнав за девојчето дека било болно од рак и дека на крајот умрело многу ми стана жал.И на крајот напиша за зборовите на Џастин кој ѓи кажал за Анаванда кога таа починала: "Ангелу,ако ме слушаш знај многу те сакам и никогаш нема да те заборавам".Кога го прочита тоа на мене многу ме погоди и почнав да плачам.Колку и да сакав да предтанам да плачам не можев солзите сами паѓаа.Премногу сум чуствителна за такви работи.Секоја чест за Џастин напишал и песна за Алаванда.Е навистина Џастин бил предобра личност.
     
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Дождот го сакам заради снегот. За да го истопи :D
    Си ги средував шминките вчера и гледам пудрата, креонот, тушот, маскарата - се при крај. Мораше ли се одеднаш да се потроши? :( А и коректор си планирав да купувам. :tmi:
    И така реков ќе фрлам се што не ми треба, ама како да фрлам кога можеби ќе ми се најде празното за друг пат? :D :fubar:
    Ај не пишам повеќе, полна ми е главата со ситници и глупости, ќе се потрудам да исчезнат, да не ги изнесувам овде, па да останат запишани форевер :D
    Мразам турски серии. :yawn:
     
    На Divinebutterfly и tweety26 им се допаѓа ова.
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Само што се вратив од Mr. Bricolage. Леле кога стигнав до местото каде што им стојат цвеќињата мислам дека ќе полудев. Дечко ми сакаше да ми купи и требаше да изберам кое. А јас цел саат се вртев во круг, сите ги сакав. Гледам едни црвени, други зеленки, трети мешани, па орхидеи па па. Како мало дете им се радував. Се решив некако за едно и одиме да го платиме. Чекаме на каса и некако јас мрчам дека другото цвеќе (зеленкото) ми беше поубаво. И дечко ми ајде враќај се земај го тоа. :rofl: Значи јас сум анти шопинг личност. Но кога се во прашање цвеќињата, е тогаш губам глава.
    Сега за сега во моето мало љубовно катче имам две зелени собни растенија (треба да прогуглам како се викаат) и три бамбуси. А замислете кога ќе имам мое љубовно катче, абе ќе го преплават со цвеќиња.

    И знам дека е малку досадно да се повторуваме, но навистина како што и кажа едно девојче: низ Скопјево има многу тажни возрасни жени и мажи. Им читаш милина и добрина од лицето, но и неизмерна тага. Не е праведно, не е.
    Сакам да се вработам и на моите да им насликувам насмевки секој божји ден. Морам оваа година да го започнам мојот план - да ги направам среќни.
     
    На Doozy и lunicka им се допаѓа ова.
  19. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Јас сум вљубена...... и тоа многууууу.... неговото име е Симче! :D
    Сте ја јаделе ли оваа чоколада? Љубов на прв поглед! :l: :rofl:
     
    На LittleFairy, Divinebutterfly и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.195
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе беше подобро да бев безчувствителна, да бев од камен.Не вреди да им прави човек добро на другите очигледно, затоа што токму спротивното го сакаат изгледа, кога веќе го сервираат злото каде ќе стигнат.Едноставно не вреди...Се е џабе....Сакам да до кажам, ама едноставно веќе не ми идат зборови :worried: ...
    Се во животот се враќа и плаќа, немам што јас да наплаќам сметки, не вреди...
     
    На tweety26, ilipili, Katerinceee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.