[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно постојат личности кои се облиени со топлина.
    Ја обожавам онаа смиреност која зрачи од нивните лица... Шират позитива и умеат да стоплат сечие круто срце.

    Ги топлев и премрзнатите прстиња, обвиткани околу кесата врели костени, кои чичкото "специјално" за мене ги испече. :lol:

    Вака изгледаат choc' chips додека се топли [​IMG]

    Му ја испратив и нему сликава синоќа и некаде околу полноќ ми донесе на врата. :) Не ми се веруваше.

    Топол беше разговорот, прегратката за добра ноќ...
    Му се насмевнав и му реков -I love you only when you give me cookies! :wasntme: :rofl:
     
    На 1209, Hipster, Buttterfly и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
    Го погледнав видеово онака чисто љубопитно .. И да можело да биде подобро(секогаш може), но сепак браво за креативноста и идејата :up:
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... xyUCAM9Qw#!
     
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Доколку имав избор... секогаш би бирала јас да сум повредената, отколку јас да повредам некој.
    Никогаш не би си простила. Така би била една од оние личности кои не ги разбирам и не ги сакам.
    Сите мои ветувања ми тежат, сити зборови кои сум ги кажала.
    И повеќе ме боли кога јас сама не можам да исполнам нешто што сум ветила, отколку неисполнето ветување на некој друг.
    Последно нешто кое го сакам е да сум причината за нечии солзи...

    https://www.youtube.com/watch?v=LTvZW-qxS8M

    You took a jump into forever,
    and it was a leap of faith i could not take.
    A promise that i could not make...
     
    На L-enna, Noemi, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  4. BlueHeart

    BlueHeart Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Ме боли стомакот. Изгледа ми растат стомачни мускули :?: :).
     
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    ОД бројните емисии до сега што сум ги гледала за животните и од тоа што сум читала дојдов до заклучок колку им се обрнува многу внимание на нив во другите земји.Пример во еден објект каде што има минимум 100 видови на животни,а од секој вид по 20,30 за секој посебно имаат одредено човек кој ќе се грижи за нив.Тие луѓе волонтерски и самоволно се грижат за нив.Ако едно од животните е болно ,на сите им земаат крв за да анализираат за која болест се работи и се прават за да го излечат тоа животно.За нив животните се свето нешто,што така и треба да биде.Колку сум среќна кога ќе видам како некое мало детенце си игра со кученце или маче,тогаш душата ми се полни.Кај нас ете конкретно ќе зборам за во Зоолошката градина во мојот град животните се третираат како ѓубре.Јас сум згрозена и изреволтирана од таквиот начи на однесување кон нив.Живеат во мизерни услови за живот,им се бројат коските бидејќи не им се дава доволно храна,секое животно кога ќе види човек да ии се приближи прво се плашат да не им направат нешто,а потоа чиниш ќе излета од кафезот од среќа бидејќи некој им посветил внимание.Доколку некое се разболи не ни заприметуваат,а не дај боже да умре-г оостават да лежи така неколку дена а потоа им го даваат на другите животни да го јадат :x .Тие се бездушници,не знам како може така да се однесуваат кон тие мили суштества.Тие не знаат да лажат,крадат,повредуваат,тие знаат само да примаат и да даваат љубов.За жал кај нас не му се обрнува внимание на човекот,па јас очекувам на животните да им се обрнува.Треба да помине многу време се додека не научиме да се однесуваме како луѓе кон секое живо суштество,а прашање е дали некогаш ќе се случи тоа.
     
    На K.Mari4ka, anabel-a, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Да, да, старата позната изрека има смисла: „Колку повеќе ги запознавам луѓето, толку повеќе ги сакам животните“. Секако дека да.
    На враќање од седенката кај еден другар, наидов на најслаткото маче што постои. Големо, дебелко, бело со сиво околу очите и вратот. Полудев колку беше злато! Само еднаш му викнав, и тоа дотрча до мене, ми се качи в скут и почна да се умилкува. ЗЛАТО! Потоа почна да ми се качува по рамениците и ми стоеше на грбот. Чувана мачка, дебела и златна. За беља, сопствениците наидоа баш кога го галев златото, но среќа во несреќа, ме оставија да го галам, дури и ми рекоа дека сум требала да си купам мачка.. Јбг, мама би ме исфрлила од дома сосе мачката:( Срцето ми се стопли, иако надвор мрзнеше.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Dont you just looove kitties?:33
     
    На K.Mari4ka, gothchick, sweet-cherry и 9 други им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк модераторите да не ми ги бришат постовите напишани на латиница,тоа сигурно не сум го направил намерно,туку од мобилен сум напишал мислење,еве сега не пишувам на латиница,треба малку разбирање ;) да имате,ова е добранамерен совет,и да на крај ги знам правилата на форумот.
     
    На Inna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Синоќа одев по патот кој Татко ми го избра за свој последен. Собрав сили, отидов на гробишта. Сама.
    Да го домамам во мислите повторно неговиот лик.
    Бидејќи немаше свеќи, му запалив цигара.
    Мислев да му се придружам. Но не можев. Седев на клупата до гробот , свиткана на два дела.
    Мислев за неговиот живот,проткаен со плачливи цвеќиња. Тогаш духот негов се појави.
    Со неговиот вечно сериозен лик кој му остана последен знак од неговиот живот.
    Стоеше нем без збор..Како сива карпа над провалија,и ме гледаше со своите студени очи кои некогаш така чудно светеа.
    - Татко, ти веќе не си жив,само твојот дух оживува во ноќта,твоите некогашни зборови се исполнуваат, и јас тонам во провалија. Татко ..Повеќе сакам да сум кај тебе, отколку да бидам понижувана.
    Се вратив од гробиштата. По патот што татко ми го избра за свој последен.
    Одново ја исполнив студената постела со воздишки и плач.
    Одново и одново.....
     

    Прикачени фајлови:

    • miss you..jpg
      miss you..jpg
      Големина на фајлот:
      16,2 KB
      Прегледи:
      346
    На creshicka, K.Mari4ka, Miss-Independent и 5 други им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.231
    Допаѓања:
    125.068
    ....Кога ќе се сетам како се топев летото :sweat: ,почнав да го сакам ладното,за првпат не се жалам и трпам :lol:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Понекогаш луѓето со своето однесување ке те натераат да се покаеш за се што си сторил и сакаш да сториш за нив ...
     
    На kikav, XMaN и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Сo секој изминат ден, забележувам дека не сум онаа старата јас. Од надворешен изглед сум иста, а во внатрешен има многу промени. Карактер, чувства..го нема ни онаа смеење по цел ден.

    Инаку со мајка ми сум во многу лоши односи. Секој ден се караме, сега ме праша што ми е, што ми се сличило, а јас со завртен грб, покриена со ќебе преку глава и со солзи во очите и реков дека ни ме е ништо.. Добро сум. Незнам до кога ќе биде вака + заборавам на факотот дека јас не сум веќе галеничето на мама и тато. Тоа беше и помина.
     
    На Loritaa и tweety26 им се допаѓа ова.
  12. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    967
    СДК
    Конечно по пола година влечкање ја скратив косата, целата метла ми се направила и многу ми е истанчена. :( Скратив 20 см, што е многу е многу, ама ми се допаѓа оваа фризура. Од денеска си ветив себе си дека почесто ќе се стрижам. :!:
     
    На 1209, Doozy, kikav и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Нашите „маки“, „грижи“ и „проблеми“


    Човечноста е ретка особина, и тоа не само во денешно време туку отсекогаш била. Како и секоја друга прекрасна карактеристика, ја нема баш во изобилство, затоа треба да се цени. А му се смееле на Диоген што дење шетал со фенер барајќи човек. Тој си имал цел и поента, само што залудно си трошел време…

    [​IMG]

    Дали сме стигнале до ужасувачки степен на неблагодарност? Дали нашите божемски проблеми не ни дозволуваат трезвено да ја согледаме реалноста околу нас? Кои се нашите грижи и маки? Немам што да облечам вечер, подуен ми е стомакот, сум се здебелила две кила, паднав на испит, мама не ми ја купи маичката која ја сакав…? Има луѓе во светот кои буквално гладуваат, кои молат за покрив над глава и родителска грижа. Толку сме зафатени со мрчење, што никогаш нема да речеме Јас го имам ова и ова, туку Ми фали тоа и тоа. Погодете што – секому нешто му фали! Си имаме проблеми, не велам не. Некогаш навистина ни се чини дека работите тргнале по ѓаволите, има периоди кога сè се врти наопаку колку и да се трудиш да го исправиш. Ама никогаш да не успееш да издвоиш време, да си ја чукнеш главата и да си речеш Види со што сè сум благословен/а, навистина е жалосно.
    Сакам кога гледам луѓе опиени со страст за животот, насочени кон подобрување на светот, оние кои знаат дека не е сè така розово, ама задоволни се со она што го имаат, луѓе со човечност. Ако имаме пари за надградба на нокти, нови штикли или телефон, тогаш со сигурност имаме и за макар најмала и скромна донација, за која нема да бараме нашето име да биде испишано на билборд.
    За крај, само накратко би сакала да ви ја пренесам поуката која јас ја извлеков од едно книжевно дело. Бог огорчен од сè што се случува на Земјата, и од тоа колку луѓето станале себични материјалисти, ја испратил смртта да им навести дека наскоро ќе ги земе и дека би требало да излезат со пресметките за сите добри и лоши дела во животот. Излезе дека ништо од тоа во кое уживале на Земјата не би можеле да го понесат со себе во смртта. Ниту убавината, ниту парите, ниту предметите, туку само добрите дела кои ќе ги следат цела вечност. А каде се нашите добри дела? Што би понеле со себе? Што би оставиле за луѓето да нè запаметат?
    Некогаш не е потребно како белег за твоето постоење луѓето да именуваат улица по тебе. Најчесто е доволно тоа што си живеел среќен и исполнет живот, што си им ги разубавил животите на многумина макар и накратко, што си живеел, а не преживувал.
     
    На luncika, Serafima, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    интересен ден во моја режија секако
    си ја посетов другарка ми на работа, се пријавив во Завод-ама додека одев натаму не сум да се тресела(од нервоза или незнам можеби од страв) да не го сретнам тој од партија за кој што многу пати ви имам кажувано па после си велам што си се преплашила будалче од цела населба баш на него ке налеташ :fubar а на вракање налетавм на еден дечко со кој учев осмолетка, се знаеме уште од деца и скоро се ожени и од тогаш почна да се загледува во мене -чуден чувек нема што.
    тоа што највеке ме интересираше-курсевите т.е. нивниот продолжеток ке морам да зиркам еднаш неделно на АВРМ и најверојатно ке продолжат после НГ, хаос ко и секогаш
    од таму, со автобус кој беше прееполн отидов на саем да зирнам што се случува-си земав проспекти, гледав како шминкаат едната од манекенките за вечерашната ревија со една од најскапите козметики Есте Лаудер,зирнав акрилни нокти како и прават на една девојка, си земав тестерчиња дури и ме позна една напокондирена тиква-незнам што се замислува ама би ја спуштија и тоа како на земја и тоа за коса си купив книга за убавите манири-бонтон и е потребен на секоја млада дама(она што мајка ми и баба ми не ме научиле како мала сега сама ке си го читам и ке го учам) а си најдов и уште една книгичка психолошка што сакам да си ја купам пред да заврши годинава а лично мене најчудно ми беше колку кратко носеа одредени персони во салата и тоа со прозирни хулахопки секоја чест на храброста :bow:
    најинтересно беше кога требаше да се вракам назад-стопалата ме болеа како да ми се распагаат од внатре а чизми со штикла имав облечено и немаше пешачки премин па со една жена рака под рака трчавме за да преминеме од другата страна за да чекаме автобус-за ова можеше и двете да добиеме една казна :lol: сега ми е смешно, ама некој по џеб да те мавме 50-60 евра ке се чешаш и кога најмалку очекував тогаш ми пиша претседателот порака-кога ја видов само си помислив што е пак сега, каде треба да одам :^) а тој да ме прашал за моето образование па ке видиме
    и тоа ме наведе да помислам што ке беше со нас младите ако потпретседателот беше претседател место овој сега-како што е дувни ветре развигорче :rofl: тешко богами :worried: да ме слушна некој :x :lol:
    му смислив ново име-вајс президент ке го викам од сега :P :lol:
    се видов и со една девојка со која заедно учевме средно-случајно отидов кај неа на работа-има 26 години а веке има 6 годишно синче истата што ја памтам од секогаш-насмеана и позитивна.
    не сум изморена и ако речиси цел ден го поминав во движење, напротив срекна сум што видов што ново се случува во градов и секако во светот на жената а најмногу што си ја збогатив мојата библиотека :)
     
    На sesilija, Doozy, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.480
    Допаѓања:
    13.616
    Пол:
    Женски
    Има еден деде, продава пријави, паломи, пенкалца, уплатници. На изгор топло и грч ладно седи надвор. Со излитена шубара, полутенка јакна и мил поглед. Иако имам пенкала и паломи за извоз, секогаш кога поминувам од таму купувам по нешто. И душава ми се кине кога го гледам така стуткан на триножното столче.
    Борба за живот.
    Некој може да си дозволи шопинг секој ден. Секој ден нова кошула, па фустанче, па ситнурајки од Џамбо или Базаро. Секој ден. Дома полн фрижидер, со неколку вида на месо и сирење. Со незаработени пари.
    А некој за парче леб ќе седи на 0 степени надвор, стар и изнемоштен.
    Не ми е срам да кажам дека иако еден ден ќе имам титула д-р, работам на страна за ситни пари. Колку ете, да имам за слободна барем.
    Не ми е срам да кажам дека кај мене во фрижидер има само кравјо сирење.
    Срам ми е што денес не му дадов едно топло кафе на дедето иако во близина има за носење, а 30 денари немаше да ме осиромашат.
     
    На bittersweet, L-enna, K.Mari4ka и 24 други им се допаѓа ова.
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК Животот е прекраток да го чистиш белото од мандарината :)
     
    На K.Mari4ka, Greeen и TinaM25 им се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам кога Фемина блеска во предновогодишно расположение.
    Сакам кога тие неколку денови пред и после Нова Година (и дента на Нова Година) сите си честитаме, си посакуваме убави работи тука, се поздравуваме, и покрај тоа што нели само две недели подоцна почнуваме со расправии и препукување, цитирање :lol:
    Нема врска, сигурна сум дека честитките и поздравите тогаш се искрени, дури и од оние со кои си мислел дека не се поднесуваш :)
    Кога ќе ве наредам за Нова Година... :) :)
     
    На Serafima, Monna.Monna, starbucks и 13 други им се допаѓа ова.
  18. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Конечно проектната која ми беше тешка и ужасна и се нервирав како ќе ја направам и решив да ја оставам за на крај е готова
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Само наминав да кажам дека сум добро... т.е. онака сум. Ма како и да е. Поздравче :hai:
     
    На Annie.mk1, Divinebutterfly, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  20. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Несебично подаруваме љубов секому. Насолзени очи,неповредена гордост,долги чекори. Мрак и студенило,отворено светилиште во срцето,кое некој своеволно го напуштил без да погледне назад. Доволни ми се и два дена на улиците полни спомени.

    Велат дека секој може да го почувствува мирисот на еден дом,освен домаќинот. Но,јас можам. Веќе не живеам таму,но во моето срце постои само една адреса,една висока куќа со црвена ограда,во која сум доживеала се. Мириса на чај од нане,пудинг од ванила,цимет.
    Мириса на подарената љубов.
     
    На Moira, Serafima, Glossy-girl и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.