[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
    Ме мрзи се да правамммммм!!!!!!!!
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... ќе земам оружје, ќе станам убиец ако треба и не одговарам. Некои работи и персони преминаа секоја граница! :@

    Само нека ми рече некој - Трпение, спасение ... ќе го депортирам кај што ни човечка нога не стапнува. :fubar:
     
    На Annie.mk1, tweety26, Cacy и 5 други им се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    ама ме мрзииииииииииииииии :@ и да јадам и да седам ме мрзиииииии сто ке е ова време за нисто немам желба :^)
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    И така јас, пицната и шпицната тргнав на женска пијанка и игранка. Очигледно тоа било само моја идеја затоа што надвор истура снег. Не врне, него моча без престан како после кригла пиво и полно женско веце. Амбициозно тргнав, стигнав до одредена точка, налево круг и назад дома.

    Сега се сушам, се местам пред лаптоп со вареното вино наменето за тројца и бидејќи пред некоја вечер не го изгледав Бриџит Џоунс. После вареното вино и едно All by myself караоке ќе им изведам на комшиите. А баш сакам онака разгаштена по снег да се растрчам. Додуша, никад се не зна.

    Комедија-трагедија.


    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... D0zfB1l1x0
     
    На Doozy и rosebush им се допаѓа ова.
  5. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Можеби немам се што сакам,ама сакам се што имам! :)
    Сите викате најбитен е карактерот ,а сепак ја гледате прво убавината :!: :*
    Тоа чувство Кога светот вели „откажи се’“, надежта шепоти „пробај уште еднаш“. !!!
    Џабе вложувам труд кога никој не го цени! :)
    Живеј го своето САКАМ, а не туѓото БИ ТРЕБАЛО! Не плачи за она што го немаш, пушти ги другите да плачат што те немаат тебе...!
    Упорноста е најсилната човечка особина, и затоа бидете упорни во посакуваните желби, за да постанат ... РЕАЛНОСТ
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    заборавив да пишам пред малку од како сум го поминала денешниот ден-ја видов Мимоза од к-15 на еден од штандовите, опасна женска е нема што :D
     
    На kikav, sesilija, Adi888 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Човек не се менува-е роден да заебува,да гледа-а не верува,да збори-а не делува...
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Оу Гад, уај, уај ми. :rofl:

    Ми ги украдоа нараквиците, пред нос. Пу бе, пу пу.
    Значи ако не ми се случи барем по еден бисер месечно, не сум жива. :rofl:

    Дремам по пат, топличко, јас со нараквичиња и дрндалашки на мене, замотана, радио си пее... Среќна оти заштедив на пат, оти не се кланкам со бувчиња, си дремуцкам најкежуал, темница надвор, милина. Запира колава, нели да ме истовараат, а претходно зборував на телефон, па се размуабетив, и ни на крај памет не ми текна дека ги извадив нараквиците да се јавам. Нели, телефон на ТАЧ. |( Сум си ги ставила во скут, скроз ги заборавив...

    Испаѓам, одам, ѕвонам и чекам да ми отворат. Си стојам јас среќна и задоволна од животот, и гледам на улица нешто црно. Си викам, ааа, види, некое ќесе, будала некој фрлал... Запазете го зборот будала. Додека така, запикасувам дека еден тип, што идеше одоздола нагоре со точак, го врти точакот повторно надоле, иде набрзина, ме погледнува во ФАЦА апла директно и го собира тоа ,,црното,, на улица и пак си продолжува нагоре. Во тој момент, мине друга кола и јас гледам дека црното што го собра типов биле нараквици. И јас онака среќничка, со ваква фаца :wasntme: , си стојам, нели си чекам...

    :tmi:

    ЛЕЛЕ кога ми светна дека стојам без нараквици... И ми светна дека типот се врати по нешто црно на улица.... и ми се врати филмот во кој нараквици светнуваат на фарови.... ЛЕЛЕЕЕЕЛЕЛЕ!!!! :rofl:

    Се пукнав од смеа.
    Значи добро бе, ме виде дека ми паднале, ме виде дека стојам и го гледам, абе за едни нараквици ли мајка му стара. :rofl:

    Наравоучение - Ако бившиот не го одбра другото пред мене, уште ќе одевме летото. Ако одевме со него, немаше да одам на одмор во тоа улавите таму. Ако не одев на одмор, немаше да ми го украдат телефонот. Ако не ми го украдоа телефонот на одмор, ќе имав телефон со копчиња. Ако имав телефон со копчиња, немаше да треба да вадам нараквици за да се јавам на телефон со тач. Ако немав телефон со тач, ќе имав нараквици моментално. :devil:

    Гледате ли сега кој е крив, а? :rofl:
     
    На Moira, Sanniii, bittersweet и 37 други им се допаѓа ова.
  10. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    СДК многу е убаво чувството кога после напорен ден човек ќе си седне со своето семејство и ќе испие топло чајче со нив. И иако денот ти поминал исто како сите други сепак се чувствуваш исполнето и среќно. :D ИМАЈТЕ УБАВА ВЕЧЕР :) :*
     
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.524
    Дома сум. Сите се трудат да ја задржат топлината во дневната. Ладнотијата брзо влегува, а парите со летање си излегуваат. Чуден период. Не сакам зима. Скапа е. Често се ѕверам по излозите, ама и сакото на попуст ми е скапо. На крај од краиштата, си помислувам, не е ни важно. Океј е и оваа јакна што ја имам. Рекламирањето на најновите трендови всадуваат таква страшна помисла дека мора да имаш полупроѕирна кошула со остри јаки за која без проблем девојките даваат и повеќе од 1000 денари за, повторувам, полупроѕирна кошула. Смешно ми е. Жално ми е. Блазе оние кои лесно се судираат со реалноста... и немаат гајле за последиците.
     
    На bittersweet, Lux, L-enna и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Moretti

    Moretti Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.051
    СДК дека го напуштам форумот..чао :* :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    • goodbye1.jpg
      goodbye1.jpg
      Големина на фајлот:
      40,5 KB
      Прегледи:
      408
  13. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Брат ми конечно наполни 18. Сега може слободно да си оди од куќава и да спие надвор со кучето.
    Епа, нели самостоен е веќе?

    Се зезам.. Што мени една година? Океј, стана една година постар, ама уште не му е сменет паметот, за тоа можам да гарантирам. И куќата на кучето можам да ви ја дадам под хипотека, абе можам илјада пати да ви се заколнам во неа. И ќе бидам во право. Брат ми не е сменет.

    Скраја да е, вчера беше 17, денес 18. Јас тука гледам само нумеричка промена, ништо друго. Финтата е у тоа што кога ќе го прашат колку години е нема да вика 17 - туку 18.

    И кога сум веќе кај годините и бројките, вчера ми се јавија на телефон да ми правеле анкета за мобилните оператори. Абе, арно вика тато само за анкети не бараат. Наместо анкети само да бараат да се јават, да кажат сте добиле 100 евра, или имате бесплатен купон за во ХХ бутикот. :wasntme: Ама не бе, они како да се снимале и само ти пуштат снимка, со едно навиено гласче кое богами најучтиво во животот ти вели дека ќе ти одземе само 5 минути за да одговориш на неколку прашања.

    Кај мене дома имаше гости, се правеше торта и јас онака невинко викам оти нема никој дома. И типката од другата линија ме праша колку години сум имала. И јас како од пушка - 13. Епа сега ќе лажам кога се толку упорни.

    И мислам дека типката од другата линија ме знае веќе. Милион пати ми се има јавено, милион пати имам кажано дека сум сама дома.
    Море, среќа што тато не и’ дига, иначе лом ќе ја направи. Кога ќе почне да и филозофира како сите оператори се лоши, па кога ќе почне некои приказни од пред 100 години, абе, таман да си пукне типката.
    Епа нека си пукне бе, да, следниот пат намерно ќе и го дадам тато. :wasntme:

    Туку, само сакав да кажам оти е прекрасно да имаш брат. Поголем.
    [​IMG]
     
    На L-enna, Serafima, srcekrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Сдк во огледалото се гледаме себе си, но дали ја гледаме сопствената душа, за да најдеме некаква замерка за истата? Ако воопшто се знае што значи душа...Некако се повеќе луѓето гледаат кон другите, а не кон себе си, туѓото се важи, а сопственото не? По се изгледа чим гледаат кон туѓото, веројатно гледаат нешто што го немаат кај себе си, како еднаш не бидат задоволни од самите себе за да не гледаат во туѓото? Незадоволството од самите себе си е она што ги тера луѓето да бараат замерки кај другите луѓе.Реализацијата на човекот како личност, веќе е апстракција.
    А стресот, знае да биде досаден и напорен, до толку што душата на човека ќе му ја извади.
    А насмевката, знак дека истиот веќе го нема.
     
    На Moira, Serafima, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    967
    СДК
    Јас секаде се испофалив за новата фризура. :lol:
    Дека дојдена сум дома, а другарките Скопје им кажувам колку ми е скратена косата и сите се чудат, како сум успеала толку да ја скратам. Јас како типичен претставиник на биковите тешко поднесувам промени посебно ако се однесува за мојата коса. Кај давав јас да ми скратат макар 5 см. Затоа и се чудат. :lol:

    Туку ај доста се запнав јас косата та косата, знам дека сум досадна.
    Конечно собрав пари за да си купам чанта, јас чанта од лани барам ама никако да најдам, се` ко ќе имам пари не можам да си најдам. Така новчаник цели 2 години барав па се` нешто скапо ми беше и конечно пред еден месец купив. :rofl: Значи понеделнички запичнува мојата потрага по совршената чанта, секако по пристојна цена. ^_^
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.231
    Допаѓања:
    125.068
    После дожд иде сонце,па секако нов дожд и се така натаму......
    Баш ради ова,откако малку изгреа сонце за нас,нешто за што се боревме со години и за кое се плашам да не го надвиснат сиви облаци ...многу работи ми се издешаваа за да бидам мирна и да уживам,постојано сум со страв и чекам нешто лошо (како и секогаш ) да се деси.
    И не ,не сум песимист,може од прв поглед делувам така,и давам предност на надежта дури и кога ми е бесмислено.Постојано сум во некои нови надежи и исчекувања,некогаш,макар случајно среќата и мене ми се насмевнала.
    ...кога мислам на мојот живот,во него се две личности.Сосема различни.Јас и јас,јас кога имав се,кога за ништо не се грижев,кога се беше совршено и јас откако кулата карти се сруши,немав ништо освен многу љубов и верба која едвај се пробиваше над темните облаци,која ми подаваше раче и ме влечкаше малку по малку понатаму........Убав е животот,непотребно го комплицираме,или пак не :?: Некогаш си велиш зошто да бидам тажна,секогаш имаш причина за насмевка,секогаш имаш нешто што друг го нема и обратно......Некогаш ти е доволна секојдневна ситница за да се чувствуваш среќен и полн живот,ама некогаш навистина ти е преку глава и се прашуваш-зошто секогаш да се смешкам со ситниците,зошто еднаш се не биде по ред,како што треба........зошто да немам се,зошто секогаш со утеха-дека и малку е доволно,некој го нема ни тоа.......

    Иако сега тонам во вакви мисли,утре кога ќе се разбудам јас пак ќе бидам среќна со него до мене,со заедничкото кафе и појадок,со тоа што ќе излезам низ град и ќе си подголтнам дека навистина тие чизми и капут не ми се потребни и така имам многу,.........и пак ќе останам на прашањето-а зошто да не :doh:
     
    На Moira, green.eyes, blond и 11 други им се допаѓа ова.
  17. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    [​IMG]

    :clap: :|
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Го имам најдобриот братучед на цел свет. Немам зборови да го опишам, да опишам низ што се’ минал во животот. Пишува поезија. Здравје, наскоро би требало и да објаве книга. Ме израдува најмногу. Единствено машко заради кое можам да речам дека не се сите мажи исти. И оној мал дел што ми е во потписот е лично негов. Ма, го сакам многу. Најпозитивен, најлуд, најдобар батко ми е.
     
    На L-enna, Serafima, cinderella5 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Морети , wait, why ? ;(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас, јас само се молам Господ да ми даде сила, храброст да заминам од државава некогаш...
    Моментално, не би имала сила да ги напуштам моите родители, семејство, пријатели...животот тука.Преболно би било...А овде, овде нема иднина...
    Ај, ако не ми даде храброст , нека даде бар голема плата и работата што ја сакам. :D
     
    На Hipster, cinderella5, srcekrsacka и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.