[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.754
    Допаѓања:
    17.717
    И крајот на светот си има свои предности. Нема да имаме екстерно оценување. :)
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Време нема ама работа има... е ајде де сега. обратнопропорционално идеме
    Ме разнежни човекот :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=ii6LFjyRgQg
     
  3. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Нема бегање од мојата клетва, секогаш кога некој згоден тип ќе видам, мора да се збркам. Мора или да се затворам или да се излгупирам. :D Мило ми е што денеска не се случи второто, инаку ќе сакав во земја да си пропаднам.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Значи доста со проклетиот ЕБАН фб да ми извините на изразов. Ако објави дека сте во врска те сакал ако не нема врска. Зошто има женски пријателки а таа зошто машки ? Сите тие му се ебачици а таа се ебе ко фока со нив?? Ма дај бреее пораснетеее. Ме боли глава од такви работи мајке ми.

    ДОСТА со нервози.
    Убава работа денес се си напишав, ги чекам резултатите.
    Колешката ми мила убава, малку ќе се лигавам срцка е :D Да си прилегнам сега и да си бидам наспана сутра. Да си ги видам милите дечиња и да си поиграм со нив. Доста од опсесија со љубовта и со тоа проклето размислување, тумачење. Чао и добра ноќ.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.563
    Другарка ми - ај да одиме да вежбаме во Х,многу било јако!
    Да појаснам Х е одалечено така што треба да се качиш у автобус/кола и да се одвозиш до таму,пешки бога ми 10 мин од дома да ми е не би одела на (не)времево.
    И следи аргументот,ама знаеш многу биле добри,сертифицирани, еве и ваму и она му ги има... Жено значи слушај, сите се добри,битно е да вежбаш,ако си глупача и мрзлива,личен тренер ако сакаш плати џабе ти е и ко второ, ако возењето ми подразбира повеќе од 5 мин за мене тоа више не е задоволство,ами ОБВРСКА! Да треба јас да го планирам времето за вежбање во Пичковац! Дали си ти нормална?! Што ти фали во локалното да не речам маалското леба ти?! Башка мувата Цеце ако кивне во Африка,јас се разболувам,не па да затоплено тело да изнесам на ладново и да се возам лево-десно таква пошо ти прават бесплатна липосукција? Со поглед те стегаат, ич не мора да се мачиш знаеш. Они имаат само заморна агенда на рекламирање или шо би рекла јас,пропагандни гњаватори на кои жените упорно паѓаат и лесно се убедуваат дека она што го прават таму чепатењето е поефикасно од тие локалните. Оптеретија на сите страни! Ама им успева на база на женска глупост која увек скапо и вишеструко се плаќа!
    Ненормалности... баш ненормалности...
    И реков дека е ретардирана,ама пак ме сака.
    Глупости значи.
     
  6. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    хаха ме изнасмеа,исто како јас да сум го пишувала коментаров. Некоја чудна карма и мене ме прати хаха. :tmi: Ама ај ок накрај ке си се изнасмееме заедно со типот и како ништо да не било. :lol:
     
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    По чуден ден од денешниов сум немала никогаш.
    За секоја случка останував шокирана... :o
    Уште сабајле доаѓа сестра ми и ми вика да ми свари кафе и заедно да сме пиеле... :^) самоиницијативно??? Од нејзина страна тоа е нешто невидено,особено дека не сме баш во некои добри односи.
    Доаѓа дома мама и ете ти уште една вест што ме изненади.Непријатно секако...
    Си седев така убаво мислев поминаа изненадувањата и на раат кафе ќе си се напијам,ми требаше некоја битна информација и морав да ја најдам на неговиот стар маил.Кога таму аааа :o што да видам.Што ти не....договарања со други за кафиња,флертувања оф оф оф...зарем слепа бев цело време јас?Како ли успеа по којзнае кој пат да ме излаже добро...ама до мене е јас сум глупава.Самата уште на старт реков дека се покаав што му ја дадов таа последна трета шанса. :fubar:
    Ок ајде се смирив малку за да размислам со ладна глава како ќе постапам понатака бидејќи ако реагирав одма можеби и куќата ќе му ја запалев. :!:
    Додека размислував ми се јавува комшиката со која се немам видено којзнае од кога и на едно здраво сме да речеме,и ми го бара бројот од него. :^) За што ти е ја прашувам а она со некој безвезе тон ми вика онака ми треба не е битно.Хмм ај и го дадов и си викам он ќе ми каже,го чекав да се врати од којзнае каде и кога дојде така ми се испонаша ко идиот а ни здраво уште му немав речено. :fubar: Ненормален еден,па за да не се дерам како и секогаш овојпат на фин начин го избркав од кај мене.
    Влегувам дома и мама сите ги предупредува на цел глас: "Бегајте сите на страна кај и да е ќе пукне! Кој ќе и прозбори нека му ја мисли!" :D Ме знае жената навистина брзо екплодирам и се карам затоа ми треба некое време да бидам сама и да ми олади мозокот малку од тие глупости.
    Туку од вчера размислувам нешто...ми врти во 3 ипол сабајле некој со скриен...се јавувам и ќути.Хмм цел ден мислев ама си реков ај не се замарам.И кога пред еден саат сега ете ти пак.Се јавувам и еден мнооогу познат глас си збори глупости од типот Ме позна ли...ова она...
    Кој идиотизам. |( Кутрите не можеа да издржат и ете од таму го слушам тоа познато смеење на мојата екс другарка.Уште не порасна...штета за неа.
    И после како да не му се чудам на денов.До сабајле којзнае уште што ме чека.Но добро е до сега никој не настрада. :D
     
    На srcekrsacka и Johny им се допаѓа ова.
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    На мене никако да ми се погоди овој ноќниот живот :(.

    Де музика не ми се свиѓа, де гужва ми смета. Не велам дека се е така црно ама дефинитивно не сум личност која сака гужва, буткања и затворен простор. И како капак на се отиде пиво на новата блуза, и за џабе се толку средував.

    Не знам до што е работа но повеќе сакам да уживам на тивки и пријатни места. И аутфит и се да остане читаво.

    Ух, чудна петочна вечер. Уште, некако почуден ден.
     
    На Roxanne му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Тек сега ќе си легнувам...
    Бога ми, баш онака „викендашки“ ја поминав ноќва. :D
    Добра ноќ, или утро, или што и да е, феминки. :)
     
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Денес празнично и сабајлечки се фатив за средување...
    Собава не ми личи на ништо. Не сум расфрлана личност по природа, ама тоа ти е кога немаш време ни за да се свртиш околу себе...
    Си ми почна денов убав со музиче и така сакам да ми завршит.
    Ама не сум баш исполнета денес и не знам зошто...
    Како и да е имајте убав ден драги мои феминки :* :*
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Како за почеток ви поскаувам добро утро, зашто еднаш у годината ми се погдуваат утрата.
    Денов ми започна добро. Во план ми е да направам некои вежби, да направам една генералка у соба и да си ги посредам ноктите.

    Инаку ептен сум среќна кога разговарам за кпување облека. Односите со мајка ми се затоплуваат. Мајка ми ми приреди едно големо изненадување. Летнав од радоси. Ќе го споделам со вас за едно 6-7 дена. :D
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    И јас да ви посакам добро утро,убаво е времето,изнашетајте се.
    Денов уште сабајле ми почна лошо,добив лоша вест,ама после два часа,т.е пред некој минута добив добра вест :D
    Пристигна трепезариската маса што не очекував ни најмалку дека ќе стигне,бидејќи криевме од татко ми дека ја купив :D
    И сега,ем во акција цел спрат да го средам,ем да смислам што ќе му кажам на татко ми за новата и старата маса хах.
     
  13. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Станав во 7 саат за да учам. И само што јадев си го наполнив стомачето со пола кило леб и лутеничка. :D Сега како тупанче сум . :D

    И за чудо немав проблем со станување, освен фактот што вчера во 7 попладне си легнав :D
    Спанко сум.

    Сега се фрлив на учење и супер ми е.

    Инаку друга ми беше поентата кога пишувам во 10 сабајле.
    Многу е лесно да тешиш друг, но кога ќе дојде време да се утешиш сам, мислите не ти се доволни. Од цела тајфа „девојки“ кои со години работат со мајка ми, и се многу вредни, ја унапредиле најмрзливата и најлицемерната. Фактички кога мајка ми ме тешеше дека се што е мое ќе си дојде, кога на факултет, средно, такмичења, ме оштетиле, сега некако неможе да си се утеши сама. Падна болна зашто е тоа така.
    Епа така е бе мајче, така е. Да му е*ам системот да му е*ам.
    Се додека тетки, внуки се вработуваат, така ќе биде. Не дека мајче требала да биде унапредената, туку работава е зашто најнезаслужната. Епа зашто е нечија тетка, внука, баба..

    Чорба. Живееме во чорба. Ова не е опшество. И после зашто има морален хазард? Па зашто сме демотивирани. Затоа што кога ќе завршам со нешто нема да ја добијам наградта, бидејќи некоја смрдла ќе ми ја земе незаслужно. И после, како секогаш кога ќе ме оштетат, ќе му пишам на Коце Трајанов, и ќе добијам една повратна клоца во гс, и еден трофеј од општеството, како лекција, дека не се јаде се што лета.
    Ете затоа, кога утре јас ќе дојдам на позиција, има џигерот да им го јадам на оние, кои ќе сакаат со врска да поминат. Па не Коце, и претседателот нека ми се јави ако сака.

    Ми се враќа нервозата, кога бев најдобра на еден натпревар, кој ми беше многу важен, и кога после натпреварот кога ме шутнаа на второ место, дојде директорката на средното и ми призна дека Коце ја наместил рабтоата. Не дека натпреварот беше нешто светско, ама беше за лична сатисфакција, затоа што знаев дека сум НАЈДОБРА. И сеуште сум НАЈДОБРА во таа работа.
    За да биде иронично, откако ми ја откинаа наградата која скоро и да ми беше на дланки, требаше истата презентација на првото место да се претстави на друго место. И знаете што? Дечкото одби. Па ме викаа мене. Зашто бе јас да одам? Нели сум за второ? Отидов, и им ја затнав на сите вилицата.
    Затоа што и они знаат дека бев НЈАДОАБРА.
    А тапкањето на Коце, и она „ ај за тебе наредна година“ може да си го напика одпозади, и фино лепо, да оди во Серава и да се удави во гомната, зашто од такви местења, и такви идиоти на функција, на Македонија и е ДОСТА.
    Фала, чао, пријатно.
     
    На Mishela, moonlight-girl.55, MacaLove и 10 други им се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро утро феминки !

    Конечно сабота и малку одмор од работната недела.Би требало да ми е исполнет денов !
    Очекувам повик за сигурно.
    Да не должам многу.Вие имајте убав ден,а јас ќе си ја пијам чашката со јогурт и ќе си уживам со добра музика.

    http://www.youtube.com/watch?v=DPL_SV3n7IU

    Гушки :hug: :hug: :hug:
     
    На DzingrlakaDzikica, Glossy-girl, francais и 2 други им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    46.153
    Пол:
    Женски
    Дома не е дома ако во зима на сите столици нема распостелено облека на сушење :D
    Надвор ми се белее небово, сакам да падне снег, многу сакам.
    Имам еден куп планови за од понеделник, ќе имам гостин, конечно го намолив да дојде кај мене во Ск, ќе се гушкаме по цели денови, ќе се будиме заедно, ќе се дружиме, милина.

    Мада и за учење немам малку, ама ќе најдам време и за тоа, секогаш знам да си го организирам времето, кога сакам :!:
    Сега се мислам дали да си одам утре или во понеделник сабајлечки, ми е мака да станувам толку рано, ама па ми е мака и да си ја преполовам неделата.

    Спремам некои изненадувања за најблиските за Божиќ, само се молам новчаникот да ги спрема со мене заедно.Се нервирав изминативе години што немав пари доволно да купам некое евтино подароче, а сакав, многу сакам да изненадувам.Планирам на баба и дедо да им пишам честитка, знам дека ќе се испорадуваат како деца, а на комшичињата да им купам по некое огромно лижавче од Џамбо и така.

    Ако си дојдам другиот викенд ќе ја суредиме елката, сум купила еден куп златни ленти, и уште ќе купам, само да си издвојам пари.

    Пари, пари, само тие ми се единствениот проблем, знам дека не се најбитни, ама да не се лажеме.Да имавме доволно татко ми немаше да офка по цел ден од болката во половината и `рбетот и мајка ми од отекување на колената и коските, ќе одеа на бања и масажи, ќе купеа лекови, вака ем неможат да работат ем не се здрави, значи без пари нема здравје, ако нема здравје нема ни среќа, ако нема среќа нема ништо, и така во круг, парите го вртат светот.И се лажеме небиле најбитни, аха, приказни за деца, а јас не сум веќе дете.
    И да имаше пари ќе си ставевме подно греење и брат ми немаше да се килави и од подрум до петти без лифт да качува вреќи дрва и тоа само да се стопли едена соба, е се изнервирав сега, кај ми требаше да мислам на немањето пари. :|

    Aј да не ви мавам депресии, ќе има еден ден, верувам, сите ќе имаат доволно, светот ќе биде убаво место за живеачка, со многу подароци за Божиќ и со шеќерни стапчиња за дечињата, мед и млеко.Имајте верба и трудете се.
     
    На Moira, bittersweet, danichap и 10 други им се допаѓа ова.
  16. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Bодам борба со умот :worried:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк се сретнав со еден комшија има 40 и кусур год и уште е неженет и ми вика дај намести некоја женска,му викам сува година а? да да,и го прашав што не се жениш? ми вика затоа што секогаш бев фин со девојките,гледав да не ги навредам да не испаднам сељак,и еве останав сам,додека моите другари што беа типични сељаци и не ги почитуваа девојките нон стоп ги лажеа се оженија,е касно си ја укапирал работава му викам јас,ај не се секирај што е твое ке си дојде,го тешам ;)
     
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    Премногу е рано за Christmas STAFS цел месец ќе отупиме со тоа па тоа.
    Јас сумм огромен љубител на Божиќ но се си има мерка , од толку тупење ке ја отупиме и самата маѓија околу празникот.
     
  19. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Утрешно изненадување ми пристигна!
    Ме очекуваат големи обврски, но изненадувањето баш ме расположи...сега сум полна со ентузијазам.

    Луѓе, некои работи навистина се случуваат кога најмалку ги очекуваме... :rock:

    Поздравче до сите вас :P

    http://www.youtube.com/watch?v=cLuOFmMYBVA
     
    На srcekrsacka, francais, cveke123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    43.969
    Пол:
    Женски
    Шубавко утро значи , се будам наспана ^_^ до мене бебево уште сабајлечки полна со енергија , се врти низ кревет
    А надвор.... Надвор се бело , небото сино ...Преубаво :inlove:
    И ние не ќе сме ние со мм ,ако не се искараме уште по сабајлечки ...навика ни е секоја сабота сабајлечки да се спукаме .ама тоа не значи дека може денот да ми го распие ,Не :!: И после ке си се смириме нели ..
    И ајде идеме по божиќни поклони , народов овде како збудален ...сите купуваат , градот полн :|
    него ја овде нова , а тоа традиција си е и мора нели :?:
    Ама па радост е кога малово ке почне да ги отвара поклоните од сите... не за друго јас повеќе се радувам од нејзе :$
    Имајте најпрекрасен ден :hai:
     
    На Moira, bittersweet, anggell и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.